На пазарот постојат различни модели на мулти готвачи, кои служат да ни го олеснат секојдневието,во Америка се доста популарни и се користат многу.Овие апарати имаат различни опции за готвење меѓу кои опции за подготовка на ориз, паста, готвење на пареа,пржење, печење, бавно готвење а некои модели имаат и опција за брзо готвење под притисок.Дали користите мулти готвач?Ја отворам темава да разменуваме искуства и рецепти.
Зошто би го купил некој ова ако има рерна и рингли дома? И оној -rice cooker, па за варење јајца посебен апарат...Секое јадење што се прави едноставно во апаратов, се прави едноставно и ако го пикнеш во рерна или ставиш на рингла. Што може? Месо да испржи, запечи, тестенини да свари, ориз...колку копмлицирани се овие јадења и колку ќе ти ги олесни апаратов? Ич.
Има опција за готвење на пареа, првично поради тоа ќе го земам. Друго си темпираш од вечерва, утре од работа кога ќе се вратиш во 17часот да имаш готово топло јадење. Трето, троши многу помалку струја бидејќи многу побрзо се готви јадењето. Четврто не може да претече. Тоа е што ми текна во моментот
Класичен пример во америка е крок потот, сигурно си го видела Едно време сакав и јас да го земам, го гледав во бугарија.. само затоа што може да си темпираш кога да ти е зготвено јадењето иако не си дома.. После си реков - не ти треба уште една глупост нова кујна ќе ми треба
Овие крок пот и инстант пот се подобри варијанти, бидејки имаат опција и за брзо готвење под притисок.Јас ке си порачам инстант пот од ибеј, а овој што го имам ке го заменам за аир фраер, така се одлучив. За инстант пот има многу рецепти и книги и ептен ми се допадна, е сега дупло е поскап од делиманото ама се надевам дека вреди.
Оф да знам што е Баш овој на сликава е $99 на амазон. Како што велиш и јас ако прикупам уште нешто ќе треба и кујната да ја зголемам Му го имам фатено редот на слоу кукерот не ми треба и мулти кукер
Најдов Тефал во Нептун, со исти функции како американскиве, и цената е тука некаде, со тоа што ке имам плус 2 год гаранција, најверојатно ке земам ваков https://www.neptun.mk/categories/TAVCINA/EKSPRES-LONEC-TEFAL-CY-505-E30 Овој има опции и на слоу кукер и на прешур кукер. Те молам сподели некој рецепт за слоу кукер, да научиме нешто.
Месoтo ми е нaј убaвo вo слoу к. Немaм некoј пoсебен рецепт, истo гo зaчинувaм кo зa печење зa вo релнa. Прaвaм ребрa сo bbq (barbeque sauce) зaчинувaм сo сoл, бибер, лук и крoмид вo прaв и ги мaчкaм сo сoсoт и тoлку. Тукa се прoдaвaaт секaкви месa сo сите зaчини и зеленчук зaеднo спaкoвaни специјaлнo сaмo зa вo С.К. Рaзгледaј и нa youtube и нa Pinterest имa мнoгу интересни рецепти.
Го најдов и овој, да не го користи некој https://www.krusel.mk/iskra/iskra-h...tvach?sort=p.model&order=DESC&page=2&limit=50 има екста цена а колку што гледам малте не исти програми. За Тефал прочитав лоши критики, а овој пак е упола поефтин.Маж ми вика порачај си од ибеј оргинален инстан пот кога тие мерак, ама мене ми е мисла да не ми го царинат 136 долари излегува со шипинг кост.
Ако си во МК нормално дека ќе ти го царинат, освен ако селерот не прифати да ти стави пониска цена, согласно со законот. Не знам дали го усвоија новиот закон, рекоа ќе го зголемат лимитот..
Не се сеќавам точно но мислам дека имаше некое упатство но и гледав на интернет видеа со многу слични модели. Готвам грав, сарма, ориз, стек, грашок, леќа за разлика од обичното тенџере тука ставам помалку вода и ги ставам сите состојки што се потребни за јадењето одеднаш. Треба да се внимава колку е зафатнината во тенџерето внатре и да се намести правилно капакот и контролерот за притисок. Воопшто не е комплицирано само треба да експериментираш со времето за готвење и потребната вода за да се зготви потоа лесно е. Варам грав за 50-60 минути, грашок ,стек за околу 20 минути. Немам посебна постапка или рецепт исто си готвам како и во обично тенџере.
Јас имам обичен експрес лонец, и скоро сите ручеци ги правам во него,со тоа што на крај префрлам во друго тавче или тенџере и запржувам или потпекувам кратко бидејки е голем лонецот, од 9 литри е.Овие готачи ми се некако помодерна варијанта, и мислам дека се згодни за одмори каде што треба да готвиш.
Имам дома slow cooker - krcko. За варени сарми е тата - мата. Оризот и зелката бавно ги вари на пареа, а притоа не го растура зрното, додека содржината и вкусот оригинален. Одличен избор, со капацитети од 2,5 до 4 килограми. Multi cooker ми е сомнителен некако. Поприлично нова, мултинаменска технологија која нема долгорочна гаранција. Со други зборови, ќе те служи три години додека е предвидено и не истече гаранцијата. Едит: Не ги оставајте дома апаративе вклучени при излез. Од најмал спој може да дојде до пожар додека не сте присутни.
Рецепти ај што нема разбирам до некаде, ама што нема упатсво ептен безвеза е. Има некое кратко без детали како да го користиш. Постар нема шанси да се снајде на тач е и на англиски. Мана е што кабелот е ептен краток. Друго е ок, јас се снајдов како се користи ама не е во ред сами да откриваме и експирементираме со копчиња.