1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за УН диета

Дискусија во 'Диети' започната од AngelOfArh, 8 декември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.148
    Допаѓања:
    97.409
    Пол:
    Женски
    Листајќи ги странските форуми за диети доста често наидував на оваа диета, многу популарна помеѓу нас како УН диета. Е сега, бидејќи и јас сум на диетава се случува многу често да не знам што да зготвам, да не знам што смеам а што не смеам, гледам дека истата мака ја имаат и другите феминки диеталки. Во последно време не ми недостасува идеа ама пак знам често да се замислам и да не знам што да зготвам. На погореспоменатите странски форуми покрај темата за УН диета, Турбо УН и УН Одржување, има и тема за рецепти кои може да ги приготвуваме додека сме на диета. Мислам дека темава ќе ни биде од помош, бидејќи и јас самата понекогаш отварам да добијам идеја што да јадам. Веќе поставуваме што јадеме во темата УН, овде може да ги пишуваме рецептите.
    Ако темава е дупла, или пак не е потребна, слободно нека оди во корпа, нема ѓутиш ;)
    За почеток јас ќе си напишам еден рецепт кој откако го открив се препородив и го сменив скроз мислењето за Скробниот ден. Значи се работи за Скроб и му доаѓа како еден вид салата која слободно може да иде и како главен оброк, за оние кои можат да поминат и со полесна храна :D

    Салата од златна мешавина за да се издржи еден скробен ден со полесна храна

    Една ќесичка златна мешавина, по можност од онаа која во себе содржи и боранија, а доколку сте малку повеќе по медитеранските вкусови слободно пуштете си ја фантазијата, па набавете и црвен грав во конзерва, мали клавчиња скиселени и слично. Зеленчукот е полуобработен па ќе му треба многу малку за дообработка, ставете се заедно во вода да зоврие со малку сол. Во поголемо тавче растопете или растителен путер или загрејте маслиново масло. Исцедениот зеленчук претурете го во тавчето кое е убаво загреано и цело време мешајте за маслото или путерот да се залепат од сите страни, додека мешате додавајте сол по потреба и бибер, некој екстра зачин ако имате желба. Можете да го јадете во поголеми количини, дури и ладно е вкусно, а мене ми е најубаво со сол и биберот на Вегета со триста мирудии во него, го правам стандард со маслиново, но сум пробала и со путерот, не е лошо.
     
    На Barbie.g му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Браво за оваа тема, исто така фалеше за сите оние кои се на УН диета, а верувам после темиве одзивот на луѓе што ќе започнат да ја држат ќе биде голем.
    Ни фали темава, не дека е еднолично тоа што го јадеме, и без рецепти има избор, ама ете, за тие кои се поголеми гурмани и оние што сакаат повеќе да експериментираат со храна еве некои рецепти превземни од друг форум:
    Скробен ден:
    Состојки:
    1кг компири,
    100гр лук,
    2 лажички рузмарин,
    2 лажички босилек,
    2 чешниња бел лук,
    100мл вода
    Секој ден:(веројатно уз главното јадење)
    10гр масло(маслиново може)
    да се загрее и на него да се издинста 1 лук, 1 праз(или млад лук), да се додаде 100г свежи исечкани шампињони, 1 поголем морков и 100мл вода. Тоа се динста додека зеленчукот не се скува. Се додава по потреба вода и кога шампињоните се готови да има малку вода во шерпата или тенџерето.
    Ова му иде како некој сос, веројатно е многу убав уз макарони и шпагети и со кечап плус.
    Скробен ден:
    Мусака од ориз
    Ставете 120г интергален ориз, а во водата претходно додајте лаворов лист. Две патлиџани исечете на коцки, модриот патлиџан нарежете го на танки листови, потоа попрскајте со масло, ставете бибер, зачинете со босилек, а после тоа кратко потпржете го на масло, прво модриот патлиџан, па доматот. На дно на огненоотрпона тава ставете слој ориз, слој од пржениот домат, па модриот домат, па пак слој ориз, а на врвот слој од печен домат. Залијте со сокот од пржениот домат и модриот домат. Печете 15тина миниути на загреана рерна на 200 степени.
    Протеински ден:
    Пиперки полнети со сирење
    Потребно:
    6 пиперки
    поголемо парче сирење
    1 чешне бел лук
    1 лажица персун-некаков зачин веројатно, можда може да се замени со бибер
    Подготовка:
    Се печат пиперките во рерна. Од кога ќе се изладат да им се излупи кожичката.
    Да се изгмечи сирењето со вилјушка и да се додаде ситно исечениот лук и персунот(биберот или друг зачин по желба).
    Се полнат пиперките со смесата од сирење, лук и зачинот.
    Се става се тоа во рерна неколку минути малку да се запече и потоа се сервива во сос од домати.
     
    На lovemme, Barbie.g и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.148
    Допаѓања:
    97.409
    Пол:
    Женски
    Пошто пребарував и барав за мојата омилена зимска посластица, тиквата, научив две ствари, дека е зеленчук, богата со скроб и дека доколку е добро подготвена може да се конзумира и како пире, и што е денес на репертоар ај погодете, се разбира денот е Скробен.

    Пире од тиква и банана, двете изобилуваат со скроб, но според мене може да се јадат и во овошниот ден и во скробниот, дури ако не сте за некое поголемо слатко задоволство можете слободно да го каснете и во ЈХ наместо вечера.

    Едно парче тиква, една или две банани, во зависност од големината на тиквата, малку кафен шеќер кој ако тиквата е блага и не ви ни треба, лажичка до две цимет, по желба и малку рум или некој ликер, јас денес ќе го правам со естракт од бурбон. Тиквата се лупи и се сечка на помали парчиња, се налева со вода колку да се облие цела и се става шеќерот, се остава на максимум да зоврие и потоа се намалува за една до две јачини, зависи колку јачини има шпоретот. Врие додека цела вода не изврие и на дното да остане како карамелизирана течност, која се создава или од блажината на тиквата или од шеќерот. Откако ќе изврие водата и тиквата е сварена се става во сад во кој претходно е искршена на покрупно бананата и се додава циметот и ликерот или румот. Се пасира во зависност од желбата, јас за мене лично нема многу да го изпасирам, ќе оставам да има и парченца. По желба не мора да се става банана, може и само тиква, но бананата го врзува поубаво и му дава малку поголема калориска вредност на оброкот во скробниот ден, иако не е препорачливо да се јаде навечер. Ова јадење е најдобро да се проготвува пред вежбање, тиквата и бананата ќе ги апсорбираат сите киселини во желудникот и нема да имате мака додека вежбате.

    Овој рецепт е изваден од куварот на мојата баба, малку модификуван и пренесен на вас феминки за позабавна дета ;)
     
    На Lux и Barbie.g им се допаѓа ова.
  4. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Печена боранија/грашак:
    замрзната боранија се става во тавче за печење нелепливо и се додава кромид, морков сецкан, магдонос, може и некоја пиперка, и домат или домаатно пире. Се додава малку вода и маслиново и се зачинува со вегета, сол, оригано и сл...може и лукче мелено. се пече повремено се меша
    (ако е грашак место боранија прво се проварува)
    мерки: 1 кеса боранија
    1 главица црвен кромид
    2 големи моркови
    200 мл салца
    1-2 пиперки
     
    На Natali87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.148
    Допаѓања:
    97.409
    Пол:
    Женски
    Видов дека претежно јадете варени јајца за протеински ден, а варените јајца за мене се смрт кога треба да ги јадам, некако како ненајадена се осеќам, како да јадам закуска некоја :lol: Епа еве ви еден рецепт за јајца, печени :?:

    Две-три јајца, зачини, малку масло, најдобро маслиново, неколку гранчиња рузмарин и крупна сол. Тавче, најдобро од оние тенките, постари што се, ставете го во рерна да се загрее убаво, на 180-200 степени. Извадете го со крпа и ставете го маслото, колку едно лажиче и убаво намастете го тавчето, вишакот можете да го истурите и вратете во рерна заедно со гранчето рузмарин да се загрее и маслото. Јајцата доколку сакате изматени, доколку не цели, ставете ги во тавчето со загреано масло, откако рузмаринот ќе го извадите, во изматените јајца зачините ставете ги додека матите, а во целите јајца одозгора, на кра завршете со малку крупна сол и вратете го гранчето рузмарин на врвот и ставете ги во рерна да се печат, ќе станат како суфле матените јајца а овие целите ќе бидат како цело парче и лесно ќе се извадат од тавчето ако било убав намастено. Зачините и печените јајца ќе ви дадат вкус како на права храна, а не сувопарно варени јајца, многу е интересно и вкусно, не е досадно како што знаат да бидат варените јајца.
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Рецепт за СКРОБЕН ДЕН:
    Не знам точно по мера, ама отприлика ќе ви кажам што се става, а вие правете си го по мера колку што ви одговара.
    Замрзнат грашак, пченка и морков(може и заедно во едно пакетче, може и одделно) + варени компири + праз по желба, може и без него.
    Се варат компирите, се лупат и се сецкаат на коцки, се додаваат одмрзнати пченката, грашокот и морковите + се сецка празот или може и да се изостави. Се додава масло и киселина плус сол по желба.
    И јадењето е спремно.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.148
    Допаѓања:
    97.409
    Пол:
    Женски
    Мојот денешен скробен ручек, леќа, со кромидче и морковче, бидна многу бргу, за неполн час.

    На маслиново масло запржете малку кромид, не мора свеж може и сушен, јас таков користам во последно време. Откако ќе поцрвене малку кромидот додајде ги морковите, кои ќе пуштат малку боја и ќе се запржат сосем малку, додајте ја леќата и пржете уште малку, колку да се нафати на сите зрна од маслото. Додавајте топла вода цело време додека не се свари леќата, пазете да не направите грешка како мене па морковите да ги исецкате многу дебело и да не ви се сварат бргу. Кога ќе биде скоро готова леќата додајте ги зачините, откако започнав да додавам зачини пред крај многу повкусни ми се јадењата. Од зачин јас додадов малку доматно пире, сол, Биозачин на Виталиа, бибер на Вегета, сув лук на Вегета, оригано и малку буковец. Либето мое не можеше да издржи па уште одвечерта ја проба, мислам дека е прекрасна, јас денес ќе ја вечерам ;)
     
    На leo-n-tina и Angel.Heart им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
  9. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Еве да го споделам денешиот рецепт за протеински ден.
    Пилешки стек претходо сварен (јас го варам бидејќи така ми е побрзо) и исецкан на коцки.
    Во тенџере ставаме две лаж масло и на него пржам една голема главица црвен кромид кога ке почне да омекнува му додаваме морков изрендан на крупно и повторно пржам ако почне да ви лепи на тенџерето додадете малку вода на пола омекнат зеленчук го додавам месото и повторно се заедно се динста со додавање на привремено вода и една коцка за супа од зеленчук една лажица сенф и две супени лаж соја сос(ако немате може и балсамиран оцет),вегета ,кари,сол,бибер кој каков зачин сака може да си стави .
    Густината сами ќе си ја одредите дали поретко како во сос или погусто .
    Ова го јадевме со салата од кинеска зелка со дресинг од (сенф ,водочка,сол,бибер,и балсамико оцет)
     
  10. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Еве еден рецепт за скробен ден, сеуште го немам пробано, изгледа вкусно ќе го пробам во некој од наредните скробни денови
    http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B8% ... m=facebook
     
    На Anka.J му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    еве го мојот денешен рецепт за протеински ден.
    мусака со тикве,домат и црн патлиџан.
    зеленчукот се сечи на кругови во меѓувреме се запржува кромит и лук се додава меленото месо и зачини и домата.
    сето тоа се пржи убаво и мусаката се реди.
    ред тикве, ред црн патлиџан и домат па месото и повторно ред тикве, ред црн патлиџан и домат. можи да се стави и јајца откако ќе се испечи ама јас нема да му ставам.
    одвај чекам да се испечи...мммммммм
     
  12. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Еве нешто за инспирација.

    http://pinterest.com/treemail21/my-un-diet/

    Протеински ден:

    пилешко, мисиркино, телешко... на скара, во рерна, варено, печено, со многу зеленчуци...

    http://www.google.mk/search?q=healthy+c ... 24&bih=499

    пилешко со кикирики...
    телешки ќофтиња (без леб во смесата), гулаш (без компири)...

    Скробен ден:

    компири варени, печени, на пареа, во салата...
    грав варен, со зачини, варен па печен со малку путер и сол во тавче, тавче-гравче, салата...
    грашак\боранија\бамја варени, на пареа, манџа (без месо), бамја салата...
    Леблебии Хумус [Hummus] (живи леблебии, се варат, се пасираат, се додаваат зачини по желба, убаво оди со целер).

    Јагленохидратен ден:

    http://www.google.mk/search?q=healthy+p ... 24&bih=499

    варени тестенини (или печени) со било каков зеленчуков сос (без месо, сирење...)
    препорака:
    шпагети со доматен сос (само запржен домат на маслиново, лук, сол);
    фусили (или било какви макарони) со зеленчуков сос;
    трофии [trofie] со песто (џеновезе - сомелен босилок со лук, сол и пиноли ако најдете).........

    Овошен ден:

    http://www.google.mk/search?q=healthy+f ... 24&bih=499

    http://www.google.mk/search?biw=1024&bi ... 8YAyiD6NiY

    Има милиони комбинации на овошни шејкови и салати. Секој си знае што сака.

    Се надевам добивте по некоја идеја. :)
     
    На s.T.e.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  13. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Темава треба да се активира. :lol:
    Еве јас да споделам еден мој рецепт за скробен ден
    1 чашка ориз
    2 пиперки
    3-4 домати
    1 морков
    Малку грашок
    Карфиол
    Кромид

    Се динста се освен доматите, па откако ќе се свари оризот убаво, се додаваат доматите и омилените зачини и се пече 10-15 минути.
    Преедноставно и превкусно.:mm:
     
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    106.076
    Пол:
    Женски
    Ун-ки, ајде да ја активираме темава :)
    Денес овошен, мојот омилен.
    Ручекот ми е овошно смути кое го подготвив дома сабајлето и си го носам на работа : 2 помали банани, 3 киви, малини, 2 лажици овесни снегулки, малку лен, сок од аронија и малку вода.

    За вечера планирам смути од банана, авокадо, спанаќ и портокал.
     
    На CarrieBradshow, NarCis@, VedaG10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.