Nova веќе одговорила, ладно цедено. Не многу, да не им мириса. Лажиче е доволно. Инаку, јас путер ставав од 6.5-7 месеци, педијатар ми кажа дека може или путер или маслиново масло за да му се послатки зеленчуковите кашички. Немам инфо дека се чека до 11 месеци па дури и година, и поради која причина.
Мене педијатарот ми рече се додека можам со маслиново да терам ради мастите што ги има путерот. Некои и до 60% масленост се и дека за бебешкото меше е непотребно толкаво оптеретување. Мене ми звучеше логично и почекав. Сега и давам еднаш до два пати неделно на врвот на лажичката. А маслиново два до три пати неделно по пола лажичка и другите денови кокосово во овошните.
а има некоа врска од каде го ,,извадив,,??? моето знаење е мое,јас барем не мислам дека ако се вика ,,ладно цедено,, мора само ладно да се користи.клај го во фрижидер да се излади поќе,можи поздраво ќе биди мајтап и јас не натерав никој со сила да пржи (а не се загрева до 210 степени со пржење,туку помалку) ниту па да го вари. кој како сака нека прави. а ликнот го отвори???таму јасно е кажано дека е лага тоа дека не смее да се загрева. па сега и јас тоа што го имам читано го кажувам и не те терам со сила да примениш. колку ми се интересни вака некои како joy1 кој од неколку реченици можат да заклучат за каква линост зборуваат.....
Да доволна ми е само една реченица за да осетам нечија некултура и дрскост.Тоа од километар се познава.Ако си ваква виртуелно којзнае каква си во живо. Што се однесува до линкови јас можам барем десетици да ти постирам каде се тврди дека маслиново масло не е масло наменето за пржење. И ај цитирај ме каде реков дека ладно значи ЛАДНО КАКО ОД ФРИЖИДЕР? Ма шо уопште и го губам времето со тебе.
за фржидерот реков мајтап заради ова,знаев дека ќе искоментираш. а ладно цедено маслиново масло и маслиново масло каде не е напоменато дека е ладно цедено се различни. и да не си го губиш времето оти неможиш да ме убедиш дека не се пржи со него оти сите познати готвачи напонуваат дека пржат на маслиново. и темата не е јас каква сум или ти каква си.и ти воопштоне ми остави впечаток на културна и приатна личност,па не коментирам. Температурата на димење е онаа температура на која маслата почнуваат да се разложуваат, а продуктите на ова разложување се штетни по здравјето на човекот. Според тоа, маслото чија температура на димење е повисок е попогодно за пржење. Кога станува збор за пржење, треба да се знае дека пржењето се случува на температура од 162 до 190 степени целзиусови. Оттука, би можело да се каже дека рафинираните масла, како маслиновото така и сончогледово масло, се попогодни за пржење. Тука мала предност има маслиновото масло, но ако се земе предвид цената на чинење на малиновото масло, тогаш барем јас би се замислила на какво масло би пржела. Запомнете, нерафинираните масла заради ниската температура на димење НЕ СЕ ПОГОДНИ ЗА ПРЖЕЊЕ. Тие треба да се користат за зачинување на салати или ладни јадења и предјадења. Секогаш пржете соРАФИНИРАНО масло, никако со нерафинирано или виргин масло. Ваквите прегорени масла се канцерогени. извор http://migusto.mk http://migusto.mk/koe-maslo-e-podobro-maslinovoto-ili-soncogledovoto/
Женски здраво и од мене. Ќе може ли некоја да ми каже прокељ од колку месеци се користи и дали би било добра комбинација со ориз и спанаќ? Ви благодарам
Eve uste malku ke pravime godina, do sega jadevme ovosni i zelencukovi kasi , pasirani tecni, sega veke sakam da pocnam so hrana za dzvakanje i da vmetnam meso (znam, toa go pravat od 8mi mesec no jas odluciv do godina da pocekam so mesoto) pa da prasam kako gi podgotvuvate mandzickite, vareni, zaprzeni, zelencukot rendan, iseckan?
Исто како што си правела досега само месо плус, кое колку и да е варено мораш да го изблендираш за почеток. Запржени манџи никако, и за нас не е здраво. Ако сакаш да преминеш на пасирано пробај постепено да пасираш варен зеленчук, некое меко овошје. И тој процес е подолг, не може од денес за утре.
Како се подготвува палентата? инаку имаме 7 месеци.фала И дали смее овај гриз да му го дадам и како е начинот на подготовка
Една супена лажица палента на 100мл зовриена вода, и мешаш уште 2-3 минути да се згусне. Ако мислиш дека ти е ретко, стави две лажици. Откако ќе се олади ставаш лажичка масло (ако користиш од тие нерафинираните како маслиново екстра вирџин), и што друго сакаш, можеш овошје а можеш и зеленчук.
Нормално, да. Но тоа најмногу ќе си следиш по апетитот на бебето. Јас еве сега гледам дека јадеме отприлика 100 до 150мл од оброк, зависи од расположение А подобро за ова може ќе ти каже и некоја поискусна мама, како постапно да се зголемува исхраната.
Да, јас ако имам свеж одвечер го потопувам во вода со малку сода, па го варам на тивко со поклопен капак, па ги додавам другите намирници и потоа се заедно блендирам, ама кога ставам ориз многу течна испага кашата, па затоа ставам и морков, може и пашканат да се додаде.