Јас мислам многу е јако козјото како за почеток. Не ли е подобро да почнеш со кравјо? Отсоли го ако е солено прво. Нарендај врз палента или некакви тестенини. Намаз можеш со авокадо, пиперка и луче во комбинација.
Не е солено. Денес е пρавено. Пρеκρасно е, здρаво, домашно... и ми се чини подобρа опција отκолκу κупено κρавјо.... што знам!
Мајки да ве прашам, денес сакав да дадам тиквичка млада со ориз и авокадо, ја излупив ја сварив го додадов оризот и во блендер со авокадото, но прашањето ми е имаше мали семчиња и не ги тргнав да не требаше? Ама многу малце беа и плус во блендер се се направи како каша? 6 ипол месеци сме.
Ајде да ја живнеме темава малку. Што ручкавте денес? Еве го нашиот ручек. 7+ тиквица, морков, брокула, карфиол и малку пашканат и лукче и просо. Изручкано се до крај.
Предлог жолчката како да ја комбинирам? Не ми ја јаде...а не ми иде некако со банана да ја мешам... Или да ја спремам на некој друг начин освен варена можеби?
@kalinaka dobra ti e idejata za zivnuvanje na temava Sinko e 7+ eve sto ruckase denes. Pojadok: banana,proso i sliva Rucek: piperka,morkov,kompir,brokula,celer i telesko mevce
I jas se.mislam ato denes. Sabajle jadese zolcka so banana i ovesni. I dadov i Osminka belka pev pat. 12+ e inaku, neznam dali sme za vo temava ili e golema ☺. Za rucek mislam nesto ao proso ili ribce aj ke razmislam a za vecera zdravje ima vreme
Ние денеска за Доручек: Банана со Јаболко и оривче а за Ручек планирам: Амарант со компирче, тиквица и малку пашканат ( Инаку 6+ е) во меѓу време и еден цеден сок од Морков
Vecerata denes mi izleze top. Proso svareno so 1 urma malku suvo grozje 1lac kokosovo maslo i 1 madzun. Izblendano izleze smesata kako onie noknite vo teglicka na hipp. Prv patda ja pogodam gustinata. Mn bese vkusno go izede za cas Eve inace eden recept vcera sto go probav. Proso so zolcka i 1/8 belka (vo faza na voveduvanje belka sum) i 1 maslonka nesolena. Seto ova blendano. Mene vkusno mi bese malovo malku se mrstese ama go izede. 12+ e mojata
Изгледа вкусно, од кога можам ваква каша да давам? Еве рецепт за доручек. 7М Едно јаболче, едно младо морковче се варат. Јаболката малку покасно ја ставам. Во водата што претхпдно се вареле јабочето и морковот ставам една лажица палента. Миксам се и имам прекрасен доручек. Бебуш ептен и се допадна. А искрено и мене ми се допадна вкусот.
Citam recepti so palenta. Maka mi e stvarno. Koga ja vovedov si ja lapase bez nisto, samo toa. Tuku naednas nejke da ja pomirisa, more so nisto u kombinacija. Sto neprobav, ne bre.
Овесни снегулки потопени со јогурт или кисело млеко да одстојат 15-20минути, убаво да омекнат. Одкако ќе омекнат, додавам една банана (може и друго овошје) и убаво блендирам. Многу вкусно! мали ситни парченца ако има од овесот, не пречат. Бебуш се најаде слатко.
Денес и дадов за доручек гриз варен на вода, една банана, рака сварена брусница и неколку замрзнати вишни. На врвот на лажиче додадов кокосово. Многу вкусно, излапано за секунда. Во глобала детето ми е ннејадач, освен некои денови кога немаме мака со заби. Е тогаш обожавам да готвам хаха.
Го имав некаде запишано, поим немам каде е. Може и на форумов да го има. Пасирана банана, една жолчка, и овесни снегулки по твој избор да добиеш погуста смеса. Може и кокосово масло, рогач и цимет. Редиш на хартија во плех, печеш на 180 степени да потемнат и толку. Мислам дека @Jagoda123 имаше убав рецепт, ама не можам да најдам, изгледа пребарувањето пак не работи.
Да споделам со вас еден рецепт, го видов на интернет, па планирам да го пробам Пилешко домашно околу 200гр, цело варено јајце, павлака, хималајска сол и малку маслинов. Мислам дека може за 12+