Кога почнуваш со вкусови и даваш 1 кашичка на три дена. Првиот ден околу 4-5 лажички, вториот повеќе и третиот колку сака. Наредните денови ќе воведуваш нов вкус со веќе пробан. Пример после 3 дена дади морковче со јаболче и така. Прочитај во оваа тема за повеќе информации. https://forum.femina.mk/threads/Воведување-на-цврста-храна-кај-бебињата.417/ Знам дека немаме време толку за читање со бебкиве ама таму можеш и да прашаш се' што те интересира Поздрав мајка
Како приготвувавте киноа за бебе 1 година, како се вари, каков е соодносот и со што ја комбинирате? Сакм да воведам а не ма време да барам по интернет
Јас секогаш од око сум си ставала вода, ако има вишак си ја цедев со цедалка, од око гледав и кога е готова. Инаку киноата со овошје ја давав само, некако повеќе така ми доаѓаше. Со банана и некое овошје друго, или и суви сливи за блажина да има повеќе кашата. Но до година, после веќе не сакаше да чуе за каша. Јас порано ја воведов киноата, мислам накај 7м, но ретко давав, повеќе удирав на просо зашто е богато со железо
Здраво,ние од утре планираме да почнеме со безглутенски житарки овес,јачмен,просо и ориз.Па ме интересира како ги приготвувате оврсот,јачменот и просото ,дали треба да одсојат и во кој комбинации со овошје ги давате и за маслиновото дали го ставате додека се вари зекенчуковата каша или одкако е сварена?
Мајки ве молам за некој рецепт-предлог за зеленчукова каша за 4+ бебе? Досега имаме воведено морков, тиква, компир, батат и пашканат.
Здраво знам одамна е објавата ама знам дека си активна сеуште па те молам дај предлог за леб, јас и мм не јадеме некое време леб и не купувам а и купечки от и домашниот не е ист... 10м е малава и обожава леб и к.млеко а и во кашичките да и ставам по малку сакам
Купував интегрално брашно тогаш, ама не ми текнува од каде, одамна не јадат моиве таков леб, за мене тонус земам. Рецепти не паметам, ама мислам @eli25 дека може да ти каже, почесто користи интегрално брашно.
Фала душо, има мн видови на жито-лукс со семиња ама не ми се даваат на малава, не дека многу се преоптоварувам да ситничарам ама колку можам сакам да внимавам што јаде...
Ќе ги го сликнам после од дома. Или ѓито лукс или едно на биокосмос во вреќичка е ,го има во прод.за здрава храна
Здраво мамички. Колку често давате морков и по колку? Јас секој ден ставам во кашите колку за вкус но да не доминира во кашата. Незнам дали е во ред, што мислите вие?