Рецепти за бебешка храна

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 8 мај 2010.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    читам путер му ставаш, јас во зеленчуковите му ставам 1 лажича маслиново масло заради витемините ако сакаш можиш и така да пробаш.
    ќе му ставиш на почеток за да изврие убаво.
    од кога почнав јас така да му ставам (пред нецел месец) синчето и поубаво и полесно се кака :D :D :D :D
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    еве шдо и правев за ручек
    пченка со морков и компир и золчка
    пченка 3 раце 2 моркова и еден компир така јас од ѓутуре ставам се што правам за сите рецепти иза малата и за големите дома позз
    ;)
     
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Исхрана од 4 месеци па нагоре

    Вариво од јачменова каша

    40 гр јашменова каша
    40гр компир
    60 гр морков
    11гр корен од магданос
    6 гр корен од целер
    11 гр лук (а и немора)
    5 гр маслиново масло
    30 грама интегрално лебче или какво имате дома

    Јачмената каша добро да се измие во келку води,(најдобро е да одтстои о ода преку ноќ) и другиот ден се вари. Посебно се динстаат лукот,морковот,корените од целер и магданос.На крај се додава компирот исецкан на стапчиња. По потреба се зачинува.

    Крем супа од брокула

    50 гр брокула
    2гр путер
    15 гр компир
    5 гр кисела павлака
    сол,магданос и лук по желба

    Брокулата се двои на ситни мали делчиња.Компирот се сецка на коцки. Се варат брокулата и компирот заедно со путерот во посолена вода.Но претходно е подобро да се свари компирот зошто му треба повеќе време па потоа да се додаде брокулата за да не ги изгуби витамините.Кога ќе биде варено да се испасира и да се додаде вода ако е потребно.Се меша со киселата павлака.
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    41.733
    Пол:
    Женски
    Еве некои мои рецепти кои ги приготвувам на ќерками
    Појадок 10месеци +

    Пола банана се сецка на парчиња се додава 3 лажици сок од портоклал и и две лажици кисело млело и сето тоа се меша со два супени лажици овесни снегулки ! Превкусно

    Ручек
    морков,компир, младо кромидче , целер и малце магодонос и една лажичка путер
    Сите состојки ги сецкам на мали парчиња , го додавам путерот и оставам да се стопи !! потоа додавам бода и оставам на оган некои 20 мин
    На крај или блендирате или пасирате се заедно !
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас пасирам 1 банана и 1 портокал така премногу јади.
    баш ќе пробам со кисело млеко и снегулки. иначе ние последно време со кисело млеко јадиме вишни од компот и така сака многу,и јас сега мнаџите му ги правам со млад кромид, пред недела мм му даде да грицка така 2 дена на кромид мирисаше :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.712
    Допаѓања:
    202.443
    Пол:
    Женски
    За бебиња над 6 месечна возраст и секако - за дечиња, еве рецепт за домашен сладолед кој добро ќе ви дојде летово.
    6 банани, лупени и исечени
    2 манга лупени и сечени на коцки (може и друго овошје, не мора манго)
    280 мл кисело млеко или јогурт, може и павлака.

    Овошјето се замрзнува, а потоа се микса убаво во блендер заедно со јогуртот да се добие кремаста смеса. Се замрзнува во соодветен сад за сладолед.

    Овој рецепт е од 24Kitchen, го имам пробано неколку пати со различни овошја, при што банана ставам секогаш, оти ја згуснува смесата.
     
    На Unique.chick, ikame, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Мами знаете некој рецепт за каша со тиква 8+?
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас тикве најчесто му правам со ориз или компир, домат, морков, кромитче и лукче + мевце
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мамички по колку време ги чувате дома приготвените кашички?? ете на пр сабајле јас му направив на синко и не ја дојаде, па ја собрав во тегле и ја ставив во фрижидер, може да му ја дадам пак?? :?:
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Подобро не, оксидираат после некое време, така имам читано, а и јас не му давам нешто ако ми остане од кашичките дома приготвени, ги фрлам и наредниот ден нова му правам.
     
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    женчиња, јас палента му немамам дадено на синко мој, сакам да му дадам со сирење и јогурт.
    е арно ама незнам за кој оброк да му заменам како ручек или како вечера наместо житарици???
     
  12. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Може ли да ми кажете некој рецепт со ориз и пилешко? Денес планирам да правам ориз и пилешко маалку да му ставам за проба , инаку ориз прв пат ќе му правам до сега не сме јаделе обичен ориз варен , само во кашичките млечни има јадено ориз и пченка, исто така и пилешко ќе јадеме за прв пат. телешко пробавме пред 2 дена и многу не го бендиса.
    Па ве замолувам за некој рецепт за ориз со што да го комбинирам? М? :?:
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    41.733
    Пол:
    Женски
    ориз и морковЧе можеш да свариш заедно и мевце исто
    Па после да му испасираш (или блендираш)

    е сеа јас на моево и пеЧам ориз и морков со кромидЧе и пилешко месо , и на крај и додавам павлака
    Тоа го готвам за нас двете :) превкусно
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Морков вчера му правев со брокула и тиква, па еднаш во неделата му давам морков оти нели се жолтеело па да не ми пожолти детето :D
    Инаку смислив, имам и блитва дома па ќе му правам блитва,ориз,кромидче,лукче и пилешко ;)

    Морам да се пофалам, само што го изручкавме ова погоре напишаното, пилешко,блитва,ориз и кромидче, цела чинија си ја искрка и многу ми је кејф кога си јаде убаво, отвара уста пред да голтне, па дури уште сакаше ама како за проба 100 гр.кашичка мислам дека супер е, без молење и запечатување на устето :D
    На крај му дадов и 2 големи лажици кисело млекце, за десерт му дојде тоа :lol:
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2017
    На Twinja и silk им се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Едно брзо рецептче од мене-варам јуфки заедно со малку компир и морков сецкан на коцкички. Прво го варам морковот,па додавам компир и на крај јуфките.
    Посебно варам јајце, ја користам само жолчката.
    Се заедно блендирам во блендер кој ја сецка храната значи има ситни парченца (не е кашесто), додавам малку кисело млеко или јогурт и воила.

    Или место жолчка ставам патлиџан, се` во блендер и на ручкање.
    Може и без кисело млеко/јогурт...и така ручкаме.

    За деца над 10 мес. т.е. јас од тогаш давам јуфки (тестенини) со јајца. :)
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    еве ги и нашите тестенини:
    запржувам кромид, лук, домат, морков, го запржувам и мевцето, му турам малку кечап и вода и го оставам да се вари.
    од кога се свари месото клавам шпагети (ситно искршени) да се сварат.
    ја цедам водата и рендам кашкавал.

    прсти лижи син ми. :D :D :D
     
  17. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Дајте некои идеи мамички. Ние за жива глава не сакаме од купечките кашички па мама ќе се потруди да ги прави дома. Како ја правите паленатата? Гледам користите маслиново, путер - како/колку? Кисело млеко не сме пробале сеуште но ќе пробаме ....
     
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Twinja јас многу едноставно ја правам палентата. Значи прво зовривам вода со една капка зејтин, ја додавам палентата и мешам малце да се свари и згусне. После ја растечнувам малце со АД млекце (а и похранливо да биде), и ставам многу малце сол. Во еден сад го ставам ова (околу 200 мл) а во друг ставам само кисело млеко. И давам комбинирано, малце палента малце млекце, за крај неколку лажички само к.млеко (ова мислам од Калиас дека го научив и ептен добро ми дојде.Калиас :* ) И си јаде ептен со сласт. Ние к.млеко уште пред 1 месец пробавме, мислам дека можеш да им дадеш и ти... :*
     
    На kallias и Twinja им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.712
    Допаѓања:
    202.443
    Пол:
    Женски
    Јас правев палента така што ставам филџан вода и филџан млеко да зоврие. Бидејќи сте мали, ќе ставиш два филџани вода (имај на ум дека ова е за едно дете). Кога ќе зоврие, ставам половина филџан палента со постојано мешање, убаво да се свари. Кога ќе се свари, додавам путер, најчесто лажиче, лажиче и пол или пак лажиче маслиново масло, ама повкусна е со путер, покремаста доаѓа. И одозгора рендам сирење, затоа не ставам сол. А за твоиве исто нема потреба од сол и сирење (барем почекај до седум полни месеци, отсолено ќе даваш), доволно ќе биде киселото млеко, и онака тоа за нив е прилично интензивен вкус.
     
    На lolyta777 и Twinja им се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е јас ја правев исто јајо анатх палентата што плус ја блендирав оти син ми не сакаше да јаде од неа ако не е блендирана, да знаше ако ти ја одбиваат значи до тоа може да е :)
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.