Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за бебешка храна

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 8 мај 2010.

  1. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Прочитав дека најдобро би било да се даде домашно поткиселено млеко, решив денес свеки да поткисели но прашањето од какво пресно млеко? Оние од кесица, домашно ....?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.305
    Пол:
    Женски
    Најубаво домашно, ама ако не може такво да најдете, барај свежо млеко, баш од ќеса, како што кажа, подобро е. Не знам како е со тетрапак млекото, ама тоа и не е млеко веќе од толку преработување.
     
    На Twinja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене некое рецептче.

    1.Варам палента по рецептот на Анатх. Варам и мелен ориз со млеко во посебно тенџерче.
    Во блендер ставам палента, мелен ориз, 1-2 печени и исчистено од семки пиперки, патлиџан. Се` заедно блендрирам и многу е вкусно. Густината ја одредувам ...се` искркува во еден здив. :lol:

    2. Палента, мелен ориз (подготвени на истиот начин како погоре) и кисело млеко...ова пасирано со вилушка.
    (син ми не сака мелен ориз, а јас имам дома и сакам да го искористам па смислувам рецепти :lol: )

    3. Тиквичка сецкана на тркалца и потпечена во релна (тркалцата ги редам на хартија за печење за да не се залепат). Додека тие се печат пржам телешко мелено месо, додавам патлиџан и ориз, од зачини само малку вегета.

    Редам во ватростално-ред тиквици, посолувам, па од филот, па пак тиквици. Полевам вода и ставам во релна да се крчка. Кога оризот ќе биде полу сварен, истурам кисело млеко со изматено јајце и враќам во релна да се довари.
    Ова всушност е нашиот денешен ручек, ама ќе му дадам и на малиов....сега спие, па се надевам ќе му се допадне :?: , ако не, ќе јаде грав ама само од чорбичката, со лепче и патлиџанче (свеки прави грав за ручек), па така малиов има избор. :)

    Малиот има 13 месеци.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Ја пребарав темава, но не најдов рецепт за приготвување на каша од Хељда. Дали некој од вас мајки ја приготвува за бебенцата и на кој начин ? Дали треба да се кисне во вода преку ноќ па утредента да се свари или нема потреба од тоа? И колку количински подготвувате, знам дека треба сооднос 2:1 ама не знам колку количински- за 1 оброк се работи.
    Истово прашање ме интересира и за подготвување на Просо?
    Фала ви многу!!!
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    само ке додадам ако не ти сака сокчиња затоа што мозе да не ти фати цуцла( доколку не си давала) почни со кашички нема никаков проблем, ако не ти фати лазичка не се секирај пробај со прст, колку да вкуси и по 50 грама на ден па ке зголемуваш и тоа почни со јаболче, па јаболче морковче, па јаболка-слива....


    последно врем малиот многу сака манго со јаболче и плазма ете еден рецепт :clap:
    инаку исто така му правам
    - кексолино со капина,
    - јаболко малина плазма
    -грисолино со боровница
    -фрутолино со плазма
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marija27

    marija27 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    каков путер користите во солените кашички?
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    путер на мегле или било каков кој ке си го почнеш тој терај си го
     
  8. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    а да ве прашам, по колку количински треба да изеде за оброк едно 9месечно бебе? Минимумот ме интересира? Некако почна многу малце да ми јаде :(
    и ако може рецепта за гриз, кој сооднос вода/ гриз, не би и го давала со млеко со оглед на тоа дека сеуште цица и наместо шеќер со што да го засладам за да и е вкусно?
     
  9. xfactor55

    xfactor55 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    14
    малото мое е 5 месеци и пол,му давам два пати на ден по пола тегленце кашичка од јаболко...така секој ден плус и доење...ве молам кашете што друго да му дадам...педијатарот ми рече,,леле не смее кашички да давам,,после 6 месеци полни..ама гледам повеќето давват а и плус сака да јади...што да му давам нешто друго а да не е штетно кашете од искуство,,поззз
     
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    146.541
    Пол:
    Женски
    воопшто не е штетно ,давај слободно.и јас почнав од 5,5 и со двете деца.освен јаболче можеш и круша,банана,слива чисти иликомбинации на нова и веке пробана намирница.после тоа може и зеленчук компир,морков,тиквичка,спанак,брокула,ориз.
     
  11. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
  12. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Вчера се налапкавме компирче :) Детево не да било спремно за каши... Се тресеше по лажицата :) Едно мало младо компирче му го сварив и испасирав и на два пати си го излапка :) И си се изнаспа дете за мерак :) Денес и утре продолжуваме со компирче, задутре ориз :)
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Како ја продготвувате брокулата на пареа, односно колку време ја варите? Јас за нас ја киснам во вода со лимон некое време, и ја варам 10 мин на пареа. Дали и за бебе е доволно, или треба уште нешто?
     
  14. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    jas 20 min dur ne omekne ubavo viluskata kako vo puter da propaga
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Досега има пробано само овошни кашички но од утре ке почнеме и со зеленчукови сега кажете ми како ги подготвувате ставате некој зачин или ништо не треба
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.696
    Пол:
    Женски
    Ne nikakvi zacini,jas prvo kompirce dadov vareno i izblendirano mozes da dodades i malce od tvoeto mleko za da bide kasickata po meka.posle ndkolku dena na ist nacin morkovce pa kompir i morkov zaedno.posle postepeno ke voveduvas tikvicka brokula spanak i ke si pravis razni kombinacii.koga ke pocnes so mevce mozes da ja iskoristis i vodata vo koe se varelo mesoto i da ja dodavas na kasickite za poubav vkus :)
     
  17. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    На малата до сега и имам дадено само јаболче и јаболче со моρκивче што да и дадам следно? Има неκоја одρедена шема?
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.696
    Пол:
    Женски
    Aurora од овошје следно банана круша и слива...секое овошје на почеток посебно ке го даваш па после во комбинација,а од зеленчук компир па блитва па тиква можеш да дадеш.иЗборот е твој :)
     
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Мамички дајте совет како да се навикнеме да јадеме зеленчук. Значи пробав и дома да му направам кашичка и купена од сите фирми и не сака и не сака. Ја купувам за во канта.
    Само што ќе му го доближам до уста почнува да се мршти и да се гади како нагон за повраќање ми прави гримаси. :(
     
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ја топлиш ли кашата пред да ја дадеш? На дргарка ми малото исто како твоето не сакаше да јаде додека не почна да му ги затоплува малце.
    Или пробај да му измешаш зеленчук со овошје што сака, стави прво по една лажичка да видиш дали ќе осети разлика па наголемувај.