Не ја затопувам, ја цувам на собна температура не во фрижидер. Ќе пробам утре ќе затоплам да видиме дали ќе сака. Фала за советот
Дали знаете каде може да се набават убави и квалитетни садови за приготвување бебешка храна ( тенџерчиња на пареа, блендери и сл. ) ??? Се приближуваме до шестиот месец и сакам да бидам подготвена
поздрав мамички,,,ми треба совет од вас искусните...моето малечко е 7-ми месец сега...како да и ги распоредам оброците со кашички и дали 2 или 3 пати во денот..што и како да давам?... до сега наутро кај 8-9 часот и давав кашичка од јаболко печено..некогаш варено,,и круша некогаш...слива.... попладне кај 17часот сега веќе две недели почнав да и давам компир варен блендиран со малку сол,,сега и ориз варен блендиран.....јаде по едно тегличе од кашичка.. но дали 2 пати е малку,,,да не треба 3 пати во текот на денот да јади кашичка... и житарки какви да давам ,,и кога..бисквити?дали навечер..како да ги искомбинирам,,ве молам за совет..
Na седум месеци можеш веке и со месо да почнеш.прво водичката во која се варело месото па за ден два и мевце телешко или пилешко.пилешко обавезно домашно да бараш никако купено ради хормони што содржат.од овошје исто можеш ораска кајсија тиква,од зеленчук тиквица модар патлиџан спанак...се тоа оделно нормално .векје сте поголемки и можете мн комбинации да правите
јас и давам 3 цврсти оброци: овошје,зеленчук и житарки баш и по тој редослед и нормално имаме подои измеѓу. Треба асортиманот малце да го прошириш: банана,кајсија,праска,тиквичка,брокула.морков,спанаќ,блитва,телешко...за бисквити рано ви е со оглед на тоа што многу побитни работи сеуште немате пробано. Ние користиме житарки на нестле и малата ми ги обожава
ок,фала...а житарките со што да и ги давам...како?..и како ги рапоредуваш оброците...житарки кај колку часот и даваш?...и какви се тие житарки..наменети за бебиња или нема врска?
житарките најпрво ќе ги даваш чисти,а потоа можеш и да им додаваш овошје. Иначе ги давам накај 17-18 часот и се специјални за бебиња. А и мене ме интересира дали смеам и др житарки да давам и од која фирма. бидејќи доаѓаат малку скапички...кажете мајки?
Моето бебче е 7.5 месеци и јас давам вакa: Кога се буди 07ч-подој 08.30-09ч-житна каша (ги купувам на Нестле и Хипп-и со мешани жита, и со овошје и само ориз, така да давам различно кога што ќе ми текне) 11.30-12ч- овошна кашичка (некогаш купечка на Хипп, некогаш правам дома, мешам овошја што имам дома, најчесто две во комбинација). 14-15ч-ручек, зеленчук или со месо или без (досега имам дадено телешко и пилешко).Ретко давам купечки зеленчукови кашички зашто се мнооогу грозни. Плус сега почнав и жолчка. 17-18ч-овошна кашичка 20ч житна каша Плус бебчо многу цица измеѓу оброци. Е сеа овака изгледаат многу оброци ама мојот синко не јаде многу количински, на пример од овошните кашички јаде по пола исто и од житните и тие му ги правам по пола доза. Во еден прирачник за исхрана на доенчиња што го имам горе доле овака се препорачува плус вода минимум 120 мл за 7 месечно бебе и природно цедени сокови во мегуоброци ама нешто ние многу не ги сакаме.
Мамички дали до сега некоја давала малина и на кој начин. Сепак таа има семчиња и незнам дали со семки да му ја дадам само со блендер или да ја цедам?
*- Јас на син ми му правам кашичка од компир, спанаќ брокула и малку јогурт. Многу често користам јогурт, кога му правам кашички, повкусни се така
6 мес. сме. Ме чудите баш за малинава, јас имам една книга за бебешки рецепти и во неа пишува дека малина може од 4 месеци да се дава. Јас му дадов. До сега немаме реакција фала Богу се надевам така ќе остане
Свежа јаболка не сум дала, или ја варам или ја печам, а за така мали бебиња мислам дека од свежата може само сокче да се исцеди.
јас сакам сега да го пробам и со праска и касија дали тие треба да ги обарувам до сега имаме пробано јаболче банана и компирче сега се мислам дали морковче да пробаме или од овошје нешто а иначе сме 5 месеци и десет дена и само ме интересира ако не дај боже имаме алергија на нешто како ке ја препознаам како се манифестира