да ве прашам поискусните мамички утре сакам да му дадам на синчето да проба слива имам домашни сливи од тие жолтите мали тркалезни познати како петровки е сега дали можи таква да дадам и дали треба да ја обарувам или свежа да ја испасирам
Здраво на сите Еве јас прв пат пишувам на оваа тема и јас имам синче 7 месеци искрено да ви кажам уште од 3/5 месеци почнавме со овошни каши од хипп а од 4 месеци со зеленчукови сите вкусови и педијатарот матичен што ние од 5/5 месеци ни дозволи жолчка со палака ,жолчка со спанаќ и ориз и јунешкомладо месо од 6/5 месеци и да ви кажам право педијатарката ми се изначуди како ја толку млада а како го чувам маото и све што готвам за мене и малото јаде од тоа ништо посебно не му правам се заедничко зашто он јаде ако јадам и јас со него исто фаламу на Бога одлично е и педијатарката кажа се што он се пружа да јаде да му давам ништо да не му скратувам зашто така внесувале од сите витамини што им сепотребни затоа му давам се освен грав,боранија,грашок и леќа исто и зелка зашто се тешки за стомачетто исто и запршки не му давам али манџички без запршка си руча .тогаш таа ми кажа ако го навикнам повеќе на каши ,путер и посебна храна ќе сум си имала проблем кога ќе порастело оти немал да си руча све . Извинете за долгиов пост поздравчиња до сите
Пробаја да не е киселка малце, ако е добра додај малце млекце ако не вари малце па потоа дај и да не биде киселка така.
мамички како му ја подготвувате палентата на вашите бебушки за некој ден полниме 6 месеци и сакам да му дадам палента ама без ништо без масло сол и други додатоци зашто само во круг вртиме со неколку намирници и незнам што да давам а ептен си сака да јаде како се радува само што ке ја виде лажичката а иначе практикувам на сабајле даму давам овошна кашичка околу десет- единаесет часот апоручек зеленчукова дали добро постапувам и дали некоја знај каква млечна или како се викаат тие житните кашички можи да му давам или ние рано
Од таквите каши во кутија имаш за од 4 месеци па нагоре што значи можеш да даваш. Јас давам на хип каша со 5 житарици и слива. Сега последно купив на Хумана со кекси. Бебуш ги обожава и преферирам тие да му ги давам навечер односно пред/после капење околу 9 ко демек за да му држат повеќе ситост во текот на ноќта, но нема некои ефекти. Мислам тој и онака си спие 7-8 часа без разбудување и со кашите и без нив.
не ми е проблем тоа што станува на секој два сати за цицање со задоволство се будам само ми е тие кашите со што се прават со вода или со млекоо оти ако се за со адаптирано не сакам и незнам тие да ги воведам како трет оброк или да заменвам понекогаш зеленчуков оброк
Јас една купив од ориз за над 4+ и ја подготвив со ад млекце,ми пишуваше со млеко ама не бев сигурна со кое млеко иако мислам дека со обично би било во ред. Инаку веке можеш да даваш каши се што е со 4+ или 6.
Со вода се прават мила. И ние се доиме сеуште и јас се двоумев дали да ги воведам, но добив зелено светло од педијатарот и ги зедов. Понекогаш дури и му правам повеќе вода помалку од прашакот за каша и го давам преку шише, можеш и така.
Пробајте ја на Хумана Млечната каша со хељда со круша(има и со јаболко) и се прави со вода ,и е без глутенска .Три во едно
Ова моево од орис пишува со млеко да се подготви,на сликата е подебелка каша а мене ми дојде тенко па додадов уште и еве ја малава ја гледам има мака со стомачето Да не треба така потенко да биде? Речиси малце погусто од млекото беше а јас додадов уште за подебело да е и сега ја мачи мешето. Вие што сте на почеток давате погусто или потенко? Мислам ја утнав требаше како ‘то си пишуваше ај да и помине со лесно па за нареден пат да знам.
Јаболко и праска кога ги ппдготвувам дома не ги сака а да додадам шекер мала е за тоа, како да го сака фкусот од овие две овошја ама дома да и правам? Купените ги сака а дома не. Исто и компир не сака и не сака едвај 2лаз пробува... Тиквицата како ја правите вие?
Јас тиквицата ја подварував малце ,и ја мешав со др зеленчук сама по себе не е мн вкусна.Компирот најмногу со спанак го сакаше.за праската и јаболкото незнам што да ти кажам ние праска не јадевме се нафрлаше од неа.Можеби со банана ако и ги мешаш ке ги јаде?
пробај млекце стави малку во тоа што не го јаде. тиквичка јас во сите зеленчукови каши ставам.всушност, освен на почеток кога пробувавме вкусови,секој ручек му е мешавина од сите зеленчуци што ги имам дома и досега се ми јаде. вие сте на почеток ама пробај мешај ново со веке пробано,мислам дека повеке ке прифати така.компир ,морков и млекце или водичка во која се варело е супер комбинација.
Компир млекце компир вода не сака ама ај на почеток сме а првин сакав да пробам морков со млекце или вода па потоа да промешам морков компир, исто и тиквица ке пробам. Тиквица со што највеке одговара компир или морков? Извинете вака ама на почеток сме и незнам што и како треба со зеленчуков а со овошје добро се снајдов
Јас тиквицата и ја давав со кајсија , сега веќе и со маслиново масло и со кисело млеко. Мораш да пробуваш комбинации кои ќе ти ги сака, зошто секое дете е различно. Можеш и со компир, можеш и со морков.
кај мене тиквицата највејке ја јаде со ориз заедно ги варам послем му ги пасарим и се си појадва а исто и со компир ми ја јаде а јас додавам од водата кај што се варат
Чисто тиквата не ја сака, и со компир пробавме ни така. Ама со јаболко, се изеде. Туку кажете ми палентата како ја правите, пробував и со вода и со млеко...ама некако тешко ни оди.