1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за вегетаријанска и диетална исхрана

Дискусија во 'Рецепти' започната од FBI, 13 март 2011.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Оваа тема би требало им послужи на вегетаријанците и оние кои одржуваат некој здрав начин на исхрана.
    Јас пред две години бев принудена да го сменам начинот на исхрана и да исфрлам некои продукти од моето мени. Морам да признаам дека многу тешко ми паѓаше фактот дека јадењата кои ги конзумирав не беа вкусни и не заситуваа како оние кои ги конзумирав претходно. Од друга страна пак, не можев никаде да најдам рецепти кои би ми помогнале да направам храната да има подобар вкус.
    Сега купив една книга и во неа има интересни вегетаријански рецепти. (Јас не сум вегетаријанец, но книгава ќе ми помогне при здравата изхрана)
    Споделувајте рецепти од овој вид на јадења, разменувајте мислења за комбинирањето на состојките.
    Сметам дека темава ќе биде од корист на сите.

    За почеток ќе споделам рецепт за салата (доцна е сакам да си легнам)

    Брза црвена салата

    -200 гр јаболка
    -150 гр моркови
    -150 гр цвекло
    -30 гр мелени ореви
    -лимонов сом

    Сите состојки се рендаат, се мешаат и на крај се додава исцедениот сок од лимон и мелените ореви.

    Бон апетит ;)
     
    На BabyStyle, DeMelo, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Посен сутлијаш

    -2 јаболка
    -200 гр кафеав ориз
    -цимет
    -кафеав шеќер
    -морско оревче

    Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди, се додава шеќерот и се рендаат јаболката. Сето тоа убаво се меша. На крај се додава половина лажичка цимет и се наросува со морско оревче.


    Десерт од јагоди

    -1/2 чаша непечени индиски оревчиња
    -3 лажици природен сок од јаболко
    -2 чаши свежи или смрзнати јагоди

    Оревчињата се потопуваат во вода и стојат час или час ипол (доволно за да омекнат). Потоа сите состојки се мешаат во блендер, за да се добие хомогена-кремаста структура. Потоа се става во фрижидер околу еден час и се служи ладно.
     
  3. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    рецептава не е нешто посебна, но е многу вкусно и различно

    пица :D

    доколку знаете сами да си замесите тесто за пица би било одлично, и можете да искористите интегрално брашно, а бидејќи јас не знам, го купувам, она полуготовото.
    на тестото наместо кечап ке ставите свежи домати (може покрај нив и суви)
    потоа свежа пиперка исецкана на кругчиња, и сосем малку ке посолите
    не солени маслинки, кругчиња кромид (воопшто не се осеќа после печењето), брокула сварена, свежи печурки, и целото тесто ке го поросите со малку сув лук и сусам.

    се надевам дека ке ви се допадне :inlove:
     
    На Rose-tulip, Special.Someone, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Fbi имам една книга за деца што да јадат,здраво,ама спага и месо!! :^) Mене прво што ми текнува е пржена брокула со јајце ја чистиш брокулата,матиш 2-3 јајца,валкаш во брашно,па во матените јајца,за мене барем е лесно тоа :$ паста без месо пржиш кромид,малку лук,печурки,морков,и додаваш сос,и сето тоа го мешаш со варените макарони,или шпагети,за мене тоа е прелесно,а месо кога има те прејадува,и мачно после ти е,можеш ова да го јадеше,а во моментот ти се јаде паста :) уште едно ми текнува,зеленчук со бадеми,ако имаш смрзнат зеленчук,стави во микро,или свеж можеш(брокула,морков,боранија,мини-пченица,печурки)и ставаш да се пржи на тивко,и му канпнуваш маку лимон,на сето тоа,и ако имаш бадеми,(не печени)натурал,стави ги и тие да се испржат,после кога ке се испржи,го тргаш и јадеш,можеш да ставаш зачини,но одбегни да ставиш сол :)
    се надевам ти се допаднаа,тие ми текнаа засега :D еве ти веб страна за вегетиријанска исхрана*****http://www.vegiedelights.com.au/
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Сите сакаме да јадеме шпагети со некој сос, макар и со сиренце за да добијат на вкус. За да не се мешаат протеини и јаглехидрати, јас ги јадам со пропржено лукче и оригано. Поубаво јадење од ова - амин. :)

    Значи, најосновно си варите шпагети, ги цедите. Иситнувате лукче, ставате оригано и ги пропржувате 3-4 минути. ПРЕКРАСНИ СЕ. :inlove:
     
    На An4e24, Hipster и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    ОВЕСНИ КОЛАЧИЊА
    За подготовка на 12 колачиња е потребно:
    1 чаша интегрално пченично брашно;
    ½ чаша овесни снегулки;
    1 прашок за печиво;
    ¼ лажичка цимет;
    ¼ лажичка сол;
    2 лажици малтекс;
    ½ чаша кафеав шеќер;
    3 лажици оризово млеко;
    1 ванилин шеќер;
    ¼ чаша сечкани ореви;
    ¼ чаша суво грозје.
    Подготовка:
    Се комбинираат заедно пченичното брашно, овесните снегулки, прашокот за печиво, циметот, солта, и се мешаат во сад за мешање.
    Во друг сад се комбинираат малтексот, шеќерот, оризовото млеко, ванилата и добро се измешуваат.
    Потоа двете смеси од двата сада се смешуваат и сето тоа добро се измешува. Потоа се додаваат оревите и сувото грозје, и повторно добро сè се меша.
    Врз плех, на кого е ставена мрсна хартија за печење, со лажица се формираат колачињата и се печат во загреана рерна, околу дваесетина минути.
    Го превземав од 8ка...
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Веганска салата со кикирики и лимон
    Потребно:

    * 1/2 кг. несолени и непечени кикирики
    * 1/2 парче зелка
    * неколку чери домати (може и еден-два големи домати)
    * тортиљи (печени во рерна па кршени, како чипс)
    * магдонос
    * 1/4 сок од исцедени лимони
    * маслиново масло
    * морска сол

    Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи.

    Екстра полн вегетаријански клуб сендвич

    Супер здрав, полн со свежина и разни шарени бои, овој екстра полн вегетаријански клуб сендвич ќе Ви го подигне расположението и ќе направи да се чувствувате одлично што сте го изеле. За ручек или лесна вечера, овој сендвич потполно ќе Ве изненади.
    Потребно за 10 клуб сенвичи:

    * лепчиња за тост - Тост леб
    * 10 фино одбрани листови марула
    * 8 парчиња домат, сечен на кругови
    * 10 кругови кромид
    * 1 авокадо
    * една свежа краставица, сечена на кругови
    * 8 тенки парчиња фета сирење
    * 3 варени јајца
    * сенф, мајонез (препорачувам соја мајонез)
    * сол, бибер

    Подготовка: За еден клуб сендвич, потребни се три лепчиња. Првото лепче намачкајте го со мајонез. Врз него ставете лист марула, па два кругови домат, потоа неколку мали кругови краставица. Посолете. Потоа, два кругови кромид. Ставете го второто лепче. Од горе, намачкајте го со сенф. Ставете едно кругче јајце. Попрскајте со бибер. Ставете едно парче фета сирење и најгоре, малку пасирано авокадо. Поклопете со последеното лепче. Исечете го сендвичот на два тријаголници.


    На овој линк имате стотици рецепти за вегетаријанско јадење.
    http://vegetarijanstvo.kauza.mk/
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Денес јадев и си викам да го споделам рецептов, па мислам дека оваа тема е најсоодветна.
    Чорбава е превкусна.

    Чорба од тиквички

    4 млади тиквички
    1 морков
    1 компир
    1 лажичка путер
    1 дл павлака
    зачини
    1.5 л зеленчукова супа од коцка (мајка ми не стави коцка за да е поприродно, наместо тоа исецка малку кромид, стави вегета и др зачини - бибер, многу магдонос,).

    Тиквичките се сецкаат на коцки. Морковот се ренда на крупно ренде, а компирот се сецка на коцки.
    Во сад се варат кромидот (ако не користиш коцка), компирот и морковот додека не омекнат. Потоа се додаваат тиквиците, путерот, мирудии по вкус и се вари додека да омекнат тиквиците.
    Обарениот зеленчук се процедува, а течноста во која се вареше се чува.
    Процедениот зеленчук се миксира во блендер со малку од течноста.
    Добиената каша се соединува со останатата течност, се додава магдоносот на крај.

    Во секоја чинија се сервира со топче павлака.

    Истава рецепта може и со грашок, ама со тиквици е далеку подобра. Исто така може и со зрела портокалова тиква да се направи, така немам пробано а ќеиф ми е одамна.
     
    На zhap4e, Phyramide, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Обожавам такви макарони само со зачини. освен лук и оригано додавам и веѓета и кари, ради мирисот посебно тоа карито :mm: така ги пропржувам сосема малку зачините за да испуштат тоа миризбите и вкусовите и ги ставам макароните, исто како и ти.

    Друг начин за макарони со зеленчук.
    Морков, кромид, пиперка, тиквичка и се друго на што можете да се сетите, а што непцето ваше го сака пропржено без додатоци.. го пржам со веѓета, лукче во прав и оригано на сосема малку загреано масло (веѓетата ја додавам откако ќе се подзапржат малку, бидејќи инаку ќе почне одма да ви загорува) и ги додавам сварени макарони... мљац.

    Омлет со пиперки (може и со тиквички, со печурки, кромид -се пропржено или ко што јас ги правам печени на тостер.. демек без зејтин :wasntme: :D , со маслинки..)
    Пиперките ги печете на рингла како за пинџур, ги лупите стандардно и ги сецкате на парченца ги ставате на малку намастено и загреано тавче да се пропржат една минутка и ги распоредувате долж тавчето. Матите две белки со една жолчка и го додавате врз пиперките. Превртете од другата страна да се испржи омлетот и кркензи со едно патлиџанче.

    Тава од домати и пиперки.
    Во тава земјена исецкајте кромид, домати, пиперки и лук. Ставете сосема малку масло, веѓета или сол, црн бибер и во загреана рерна да се запече. Пред да биде готово му рендате малку сирење го враќате да се подзапече сирењето и лапајте :D

    Бургер од кикирики (го јадев кај онаа сендвичарата со макробиотска храна кај Нино и Стоилко и си го најдов потоа рецептот на нет.. http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=352)
    * 6 лажици масло за јадење
    * 2 главици кромид
    * 3 чешниња лук
    * 4 варени компири
    * 500 гр. мелени кикирики (може, 100 гр. сецкани и 400 гр. мелени)
    * сол, бибер
    * соја сос
    * 100 мл. супа од зеленчук, без фиде
    * презла и брашно, по потреба

    Подготовка: На масло за јадење, пржете ги ситно исецканите кромид и лук додека не омекнат убаво. Компирите згмечете ги како за пире и додадете ги во тавата со кромид и лук. Додајте ја супата од зеленчук и оставете да испари течноста. Тргнете ја тавата на страна. Откако малку ќе се олади смесата, додадете ги кикириките, соја сосот и зачинете со сол и бибер. Ставете една или две супени лажици брашно(не многу)за да се спо смесата и потоа додадете презла за да биде се компактно. Оставете еден час во фрижидер да се стегне. Потоа, формирајте плескавици, извалкајте ги во презла и пржете на врел зејтин.
    Домашни тестенини со вкусови ^_^ ова се работи што ги правам за домашните љубимци викендите пошто сум од правачите на теста :D во секакви форми, облици и вкусови.
    200 гама брашно обично или 150 гр. интегрално брашно помешано со 50 грама обично
    1 јајце и една жолчка плус
    штипка сол

    тестото се меси стандардно, како и секое друго тесто. Доколку додадете и капка масло, полесно ќе се размеси и тестенините ќе ви бидат помеки, макар што нема да ја имаат жолтата боја и тогаш ќе морате истиот ден да ги готвите :P од истата смеса инаку можете да направите и кори за лазањи, канелоне и други тестенини.
    Доколку немате машинка за да ви се направи совршена кората, како што немам ни јас, тогаш никој нема да ве тепа заради несовршенството и ќе си го искористите вашето убаво дебело сукалце. Еднаш ќе ја развлечете кората со сукалото во дебелина на еден прст. Пота ќе ја спакувате во правоаголник и пак ќе ја развлечете уште два пати, доколку е потребно и три пати, ќе си осетите сами по кората, колку е помека, поеластична, а не крута и жилава (што многу зависи и од тоа како сте си го направиле тестото)
    - ако сакате вкус на спанаќ, т.е зелени тестенини, тогаш уште кога го замесувате тестото, на секое јајце што го додавате во смесата.. зависно од количината нормално додавате 20 грама бланширан и ситно исецкан спанаќ и 200 грама брашно.. тоа зависи од количината, за колку луѓе ќе правите. Пробајте прво колку за вас една чинија да не ве тепаат по дома ако не им е вкусно :D

    - ако сакате со домати, т.е црвени тестенини, тогаш на секое јајце по една лажица сос од домати, густо пире и 100 гр. брашно

    - ако сакате со зачини да ви се тестенините, уште во замесување на тестото додадете ги сите зачини што сакате: босилек, оригано, суво лукче.

    Ваквите тестенини мислам дека немате потреба од ништо плус да ги јадете.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Феминки дајте некој добар рецепт со зеленчук, за печење, а уште подобро некоја чорба вкусна, да им изменам на децава малце :) позз :*
     
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Кога бев болна еден човек од Ресен на татко ми му дадил припачник за здрава исхрана за сите типови на крвна група, но јас за брзо време се опоравив па не ни го погледнавме и денес случајно ми падна во рака и зготвив едно лесно и здраво јадење. Но бидејќи мислам дека е вегетарјанско за тоа го ставам во оваа тема.
    750грама вода се става да зоврие и се става во неа маслиново масло и вегета, подоцна 3 исецкано моркови и еден млад кромид исто така исецкан се ставаат во водата и се цека да извријат околу 20мин, подоцна се додава еден филџан за кафе ориз. на крајот кога ке се сваре се додава сол и црн бибер.
    ова е за една личност, да јаде 2 пати од истото во текот на еден ден.
    Јас денес го направив и искрено многу е вкусно. :hai:
     
  12. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Инспирирана од некои личности кои се хранат здраво денес си направив веги хамбургер :lol: :tmi: :P
    Не одев по рецепти, дозволив магијата и љубовта кон готвењето да ме водат :rofl:
    Па вака најпрво подготвив плексавици, во една поголема чинија изгречкав 2 големи компири, додадов две лажици путер, едно јајце, околу 100 грама сецкано на коцки тофу, две супени лажици соја сос, бибер, лук! И така си направив во форма на плескавици, ги „посолив„ во презла, и ги џитнав в масло!
    Земам една али две погачици, во нив редам зелена салата, над нив плескавиците и одозгора ситно сечкан кромид! И ете ме воодушевена си јадам сега веги хамбургер.....само има едно осиште ме спречува во уживањево......... |( |(
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    На hermosa, pamelche и funkygirl им се допаѓа ова.
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    за време на летото најчесто го рпиготвувам следново јадење
    ништо специјално не е ама морам да го споделам ;)
    ставам на тава тиквица на коцки , морков на коцки пиперки зелени и црвени и кромид . сето тоа малку го пржам сосем малку и додавам вода еден филџан и вегета . го покривам со капакот на тавата и на тивко крчка се додека не омекне . со пире или само со салата е одлично. истово ова од тавата може да се направи и со ориз во тавче
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас постојано барам на нет некои лајт јадења, кои се со прилично мал процент на калории а имаат високи нутрититивни вредности. Значи ептен погодни за оние кои пробуваат да ја одржуваат моменталната тежина или пак можеби да намалат некои кило. Последно што ми фати око беше Супата од овес. Во продолжение следи рецептот. Јас да купам овес (последно барав во Тинекс, ама немаше) и обавезно ја правам, одличен оброк би била.


    Супа од овес

    Во помала количина вода да се сварат 2 чаши овес со 3 исецкани јаболка. Добиената смеса да се измеша, да се исцеди, да се прелие со зовриена вода, да се додаде сок од половина лимон и 2 лажици попарено суво грозје. Смесата да се вари неколку минути. При послужувањето може да се додаде и 1 лажица растително масло.
    [​IMG]



    :)
     
    На supersonic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Еве уште нешто интересно, здраво и диетално.

    Посни (+ диетални) тропски мафини.

    Ако постите или сте перманентно на диета,ова е фантастичен рецепт за вас. Овие мафини се супер вкусни, а сите состојки се здрави и имаат малку калории. Во нив нема ни зејтин, ни путер ни јајца. Дури нема ни шеќер! Најпрактично од се, во овој рецепт ќе најдете едноставна (и посна) замена за јајца која може да ја користите и за други рецепти за печени колачи и мафини, па дури и за палачинки.

    Посната замена за јајца се прави едноставно: со мелено ленено семе и вода. Најдобро е лененото семе да го смелете во мелница за кафе (или ако немате мелница за кафе, пробајте во блендер). 1 јајце = 2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода. Измешајте ги двете состојки и оставете ги да стојат околу 5 - 10 минути. "Јајцето" за тоа време ќе се згусне. Зголемете ги количините на состојки во зависност од бројот на јајца кои ви се потребни.
    [​IMG]

    за сувиот дел од тестото
    3/4 чаша овесно брашно
    2/3 чаша интегрално или обично брашно
    1 лажиче прашок за печење
    1 лажиче сода бикарбона
    1 ронка сол
    1 чаша кокос

    за влажниот дел од тестото
    2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода
    1 банана, испасирана
    пола чаша мед (или јаворов сируп)
    1/4 чаша сок од лимон (1 лимон)
    1/4 чаша соино млеко (или оризово млеко, ако имате оризово во прав, измешајте го со вода според инструкциите на пакувањето)

    Измешајте ги сите суви состојки во една голема посуда. Во помала посуда измешајте го течниот дел. Додајте го течниот дел во сувото тесто и измешајте ги убаво со лажица (миксер не е потребен). Во тавчето за мафини ставете хартиени чашки за мафини (без нив ќе мора да го измачкате тавчето со масло за да не ви се лепат). Може да користите и силиконски чашки. Ако немате тавче за мафини, можете да го печете тестото како колач, во широко тавче, за да не биде премногу високо колачето. За да не се лепи покријте го тавчето со хартија за печење. Печете ги на 180 степени, околу 25 минути. Уживајте!

    [​IMG]

    рецептот е преземен од: http://sitnoseckano.blogspot.com
     
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Женски
    Ако ви послужат.. еве некои:

    Шницли од зеленчук
    Потребни состојки:
    мала лажица малку Црн пипер
    50 грама Спанаќ
    малку Сол
    100 грама Моркови
    100 милилитри Масло
    300 грама Компир
    50 грама Карфиол
    50 грама Грашок
    100 килограми Брашно
    50 грама Боранија
    1 Јајце
    Подготовка:
    Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода.
    Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно.
    Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат.

    Крем салата од урда
    Потребни состојки:
    1000 грама Урда
    малку Сол
    250 грама Маргарин
    2 чешниња Лук
    малку Бел бибер
    200 грама Кисела павлака
    Подготовка:
    Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата.
    Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака.
    Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.
     
  18. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    овде маргаринот ми боде очи малку ;)
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Проја со пченкарен гриз ха!

    Наместо пченкарно брашно си земете гриз, ко оној што си правите кнедли домашни за у супа,
    3 или 2 шољи да речеме за чај наспрема 1, 1ипол шоља бело обично брашно...
    (јас не цепидлачам со мерки, оти, сите работи што ги готвам ги правам од око, така да немам поима од прецизности во готвење... според лажици, чаши, грамови и дрн дрн јариња)

    Значи гриз,
    бело обично брашно ради да ја соедини смесата,
    јогурт и вода (имам пробано и со млеко , имам пробано и само со вода и секако ми е мене убаво)... повторно од око ќе си видите.
    Можете да ставите и јајце, а можете и да прескокнете... ваш избор.
    Солца од око (што да ви речам кога со шаки работам јас)

    Можете да го направите чисто без ништо друго внатре, т.е да биде само со зачини. Јас ептем си го сакам така, особено кога стомакот не ми трпи премногу храна... оваа комбинација ми доаѓа ептем добро оти ми го смирува. Ставам веѓета, оригано, рузмарин, копар, сушен лук, кари... се‘ што си имате по дома, се‘ што носот и непцето ви трпи во комбинација. Мешате во брашното и гризот, додавате течните состојки... смесата треба да е средно на густина, нешто ко и за мафини можда.. намастете едно тавче со маргарин (може и зејтин)... јас ставам врз намастеното тавче од гризот оти така ми има она крцкава кора... истурете смесата од горе... со лажица распоредете ја. Одозгора повторно можете да ставите малку од гризот... во загреана рерна 250 степени или на послабо печете... што знам 15-20 мин. да стане бронзено од горе.

    Во смесата инаку може да се додаде и маслинки исецкани (прекрасно е со маслинки). Печурки, перца млад кромид, сирење... што ви душа сака, само да е помалку калорично де... нели тоа е целта [​IMG]
     
    На imelda и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106