Здраво Феминки, ја отворив темава за да споделуваме различни рецепти за здрава храна. Јас одлучив да се хранам здраво затоа што има безброј придобивки. Кога пребарувам рецепти за здрава храна на англиски најчесто ми дава некои со состојки кои не се наоѓаат кај нас, така да ако знаете некои рецепти кои можат да се направат со состојки што можат да се најдат во нашиве краишта слободно постирајте.
Ми треба идеја за здрав оброк наутро... Нешто што дава енергија и што држи сит. Моментални состојки што ги имам дома се само мандарини, банани, млеко и семе од чиа. Знам дека ваљда може се тоа да се направи во блендер, ама ако може некој што знае да ми каже како поточно? Ми се здосади само од банани насабајле веќе ми се одјадоа, па да сменам нешто.
TeddyGrey, еве лесен и вкусен рецепт во линкот. Единствена маана му е што треба да се подготви од претходната вечер, ама затоа пак следното утро имаш супер појадок. Млекото од бадеми слободно замени го со какво што имаш, јаворовиот сируп може да се замени со мед или било каков друг засладувач, а екстрактот од ванила можеш и да го прескокнеш. Значи, ова не е некој стриктен рецепт, може да си експериментираш со различни вкусови и комбинации. http://www.girlichef.com/2013/12/ChiaSeedBreakfastPudding.html
Јас наутро обавезно пијам зелен чај со лимон и ѓумбир и си правам смути или како и да се вика. Овесни снегулки, лажица-две, јогурт, суво или свежо овошје какво имам во моментот, значи може банана, јаболко, ананас, манго папаја (добро тие сушени). Портокали и мандарини избегнувам да ставам со јогурт грд вкус има. Додавам семе чиа и ленено семе. Додека тоа се блендира грицкам по некој бадем, лешник, (индиски,бразилски)орев и брусница или суво грозје. Мене ова ме држи до ручек негде 4 саат, а го пијам сабајле пред 8. Во меѓувреме не дека не ми се пријадува ама немам баш време да мислам на тоа, ако ептен ми се пријаде јадам некое овошје или суво овошје, обично од сувото си носам во ташна секогаш за непредвидливи ситуации . За ручек обожавам една чорбичка што ми ја прави мајка ми, чорбата е со зеленчук. Става морков, грашок, пченка (може од онаа мешавината што е замрзната), брокула, пашканат, целер, малку ориз, магдонос и морска сол, можда и некој друг зачин додава. Обично се со таква сол готвиме. Чорбава може да варира со се што ќе ви падне на памет, битно е да не употребувате онакви гадни коцки за супа и да биде само со зеленчук без месо и такви работи. Ок понекогаш става и пилешко бело месо може и така. Може да додадете и компир, карфиол, црвена леќа....
Знаеш ли колку е штетно млекото со ниска масленост. За да се намали маснотијата се користат разградливи прашоци. Има дел документарец на руски, баш за како се прави нискомасленото млеко, како сирењето, урдата, кашкавалот, зденки, павлака итн Млечните прозводи со ниска масленост се поштетни од останатите.
Не е ниту здраво ниту корисно млекото за возрасниот човек. Ок е за бебиња и деца кои растат и им треба калциум ама за возрасниот човек е тотално непотребно па дури и штетно. Освен калциумот кој можеш да го внесеш и преку суплимент или друга храна никаква друга корист нема организмот. Лактозата те дуе и што ти го успорува процесот на варење на храната, висока количина на млечна маст, а гледаш и тие со ниска масленост имаат нешто зезнато во нив.
Се хранам прилично здраво извесен период, па ќе ви кажам едно нешто, нит корнфлексот нит млекото се здрава варијанта. @do-re-mi замените што си ги напишала воопшто не се здрави, не за џабе е бадемово млеко, не за џабе е јаворов сируп. До неодамна користев шеќер и засладувачи, сега веќе само повремено во чај ставам мед на врв на лажиче или воопшто не ставам. Маж ми го замени дури за маџун, него не можам од млеко да го одвикнам па го пие него со мед а во се друго става маџун. Не викам дека ако одам на гости и ми извадат нешто нема да јадам, пијам, ама не правам големи исклучоци. Јадам леб од целозрнесто брашно, јадам храна базирана на зеленчуци и овошје, зборувам за доручекот а за ручек гледам што и да готвам да биде здраво, свежо зготвено и да изобилува со зачини. Правев детоксикација која се состоеше од 3 недели исхрана со овошје и зеленчук, а планирам 4 пати годишно да ја правам. Пијам по 3-4 литри вода на ден и мислам дека откако се држам на овој режим, еве веќе месец дена, јас сум наспана, одморена, немам главоболки, немам тегоби, ослабев 8 кила, помина и еден циклус без ужасните менструални болки и супер ми е. Замена за грицкалици ми се овесни плочки со банана, мешам две банани со едан шоља овесни снегулки, малку суво овошје исецкано, малку лешници и ги печам на хартија, ги јадеме до бесвест овие плочки и се многу здрави. Најдов куп рецепти кои наместо шеќер и мед користат киснети урми. Топло ви ги препорачувам Ситносецкано блогот, Сурово и вкусно и Веган груп на ФБ, јас сум и повеќе од среќна со овој начин на исхрана и живот.
Ангелче, девојката постави конкретно прашање, имам тоа и тоа на располагање, ми здосадија банани, имате ли идеа за нешто поразлично? И пратив линк со едно рецептче што мене ми е омилено и е лесно прилагодливо според разни вкусови и буџети. Предложив замени затоа што не секој дома има бадемово млеко во два саат сабајле и не секој има јаворов сируп, а навистина рецептот е многу флексибилен. Дадов конкретен одговор, без да навлегувам во тоа што јас мислам дека е здраво.Впрочем и темата е за рецепти, а не за тоа што мислиме дека е здрава храна, а што не. Од темата за владината кампања, ми стана повеќе од јасно дека различни луѓе имаат различно разбирање за поимот здрава храна. Ако за мене и за тебе е здраво бадемовото млеко, за некого тоа е нискомаслено млеко од тетрапак. Ако за мене и за тебе здрав оброк е чинија полна со зеленчук, за некого тоа е мевце и гарнир со зеленчук. Ако за мене кокосово масло е задолжителен продукт во секојдневната исхрана, за некого тоа е луксуз. И ова не го кажувам со цинизам, едноставно така е и тука нема ништо погрешно. Секој со своите потреби, гледишта и ставови. Не може сите да ги преобратиме во вегетаријанци. Верувај ми, на иста бранова должина сме во однос на исхраната и повеќе одколку што мислиш. Те читкав во темата за детоксикација, ти се радувам на успесите и оптимизмот со кој споделуваш и ти го кажав тоа еднаш. Не е тука место за себе да раскажувам, ама и јас сум го поминала твојот пат, пред години. Имав период кога се хранев точно само со сурова и веган храна. И блоговите што си ги навела ги следам со години. П.С Никаде не споменав корнфлекс.
Не бре музикална не ми беше на тебе само наменето напишаното не се сеќирај, видов на неколку места млеко и корнфлекс па затоа реагирав. Нели затоа сме тука да се укаже ако некаде се греши. Стрикно за бадемовото млеко, јас искрено го правам по моја желба сама со тоа што си имам на 3-4 дена покиснато бадеми во фрижидер, ги ставам во блендер, додавам вода, малце маџун и ниедно млеко кравјо од картон не ми е слатко како тоа. Стрикно вчера направив палачинки со целозрнесто брашно, јајца и бадемово млеко, наместо шеќер, маџун, хималајска сол еден прстофат и од мерак палачинки. Наместо нутела лешници накиснав демек да правам млеко од лешник уште сабајлето ама ми текна на нутелата, со урми и една лажица какао си направив здрава нутела. Ми се пријаде и солено па наместо Дукатела, Абц или којзнае какви конзерванси, си пикнав во блендер една коцка путер, една коцка сиренце меко и си напраив и намаз со копарче, со нане и со малку бибер. Абе вистинска гозба, а да ви кажам и дека ме кошташе многу помалку од тоа што досега сум давала грдна пара за храна. Најозбилно, месец дена јадам здрава храна и многу помалку пари трошиме од порано. Па откако и лебот го откачив не му ја мислам и на тоа, еден црн леб ме трае една недела а ми останува и за потпечено во рерна со маслиново лукче и солца, за богатиот неделен ручек де. Уште да успеам мажот да го одвикнам од кајгана, млеко и месо, на коњ сум. Инаку мене намерата не ми е да идам нит во Сурова, нит во Веганска, сакам само да се хранам поздраво, па на сметка на некои работи кои си ги обожавам и не можам да ги исфрлам, се откажувам од други. И се така, ми стана менито компензација. Ќе изедам едно парче торта ама нема да ставам шеќер во кафето, какаото, чајот, наместо газиран сок ќе се напијам водичка или цедено сокче, наместо смоки ќе си каснам бадем, лешник, орев, е сеа годинава се огин скапи, ама па нема да изедам кило денес, ќе изедам едан шака од миксот. Инаку приметив дека сме на иста бранова должина Мојот коментар најмногу е за останатите, гледам дека си прилично запозната. На сите ви советувам, кило месо кошта многу помалку од кило печурки, убаво тетовско гравче или леќа. Наместо еден тон пржен стек земете си само едно батаче мисиркино, направете со него една убава чорба а со мевцето гозба за мерак, запечете го само колку да зарумени, ви гарантирам нема никогаш повеќе да пробате стек пилешки. Не велам дека се е поефтино, ама доста работи се поефтини. Се зачинете со една убава голема салата и ќе сфатите за што ви зборувам. И ве советувам уште ова, еднаш до два пати во годината направете ја детоксикацијата за да ме сфатите за што ви зборувам
Многу работи сум, ама музикална ич не сум. Го објаснив мојот ник во друга тема и сакам да го сменам, ама нема како. Ептен е терсене за лично обраќање,ама тоа е. Туку да се вратам на муабетот. Суровата и веган исхрана ја споменав во друг контекст и од денешен аспект, не мислам дека е најоптималната исхрана за мене. А, за мажот ми да додадам, додека зборував и укажував на грешки, ко на ѕид да му зборував. Го оставив на раат и еве го полека почна сам да инсистира на повеќе овошје и зеленчуци, мешунки, месото доста го намали, обожава домашни овесни колачиња со ореви наместо купечките чајни колачи, наутро протеинско смути итн. Жонглираме, компензираме, се пазариме, ама не му ускратувам по некој оброк со месо или јајца. За него и овие промени се повеќе од доволни. Не форсирам веќе. Baby steps. Ако желбата за промена не доаѓа одвнатре, а е наметната претставува само мачење за организмот. Затоа и многу диети се неуспешни. Кога ќе посакаме промена, веќе сè доаѓа само по себе и не само што се усвојува без отпор, туку е и вистинско задоволство.
Ја па мислев ради никот и музикална дека си Исто, баш исто, и кај нас беше така ама ете го сам вика, ај стаи грав. Он уствари не е по месото во манџите, ич не сака манџа со месо, сака повеќе посни манџи, ама за мевце испеченко, вешаличка, душа дава. Пополека, ко што викаш, baby steps, смуди не му правам пошто станува после мене, ама за викенд без цеден портокал, цитрон и лимон не стануваме од кревет. Кај нас се јаде многу пржен компир, се јаде леб, се јаде салама, се тоа што нејќам ама пополека, еве сам ми рече не ми купувај више салама
Гледам што е можно поздраво да се храниме ,до душа маж ми знае да зеза ама полека го привикнувам. Секое утро мене ми почнува со сок од цвекло и моркови, или пак лимон со малце мед, аронија, овошна салата јадеме секој ден. За појадок обично јогурт со житарици, овесни снегулки. Месо не сакам ама ич, правам посни манџи, боранија со супа од печурки, грашок, леќа со гравче, гравче тавче со спанаќ, полнам бабури со ориз и печурки, тавче ориз со спанаќ, имам за ова побуни од мм зашто е голем месар па некогаш да му ја исполнам желбата правам пилешко месо печено со печурки и компири. Во никој случај свинско. Јас да можам секој ден би јадела грав , просто го обожавам. Секако салатата ни е неизбежен дел, било каква, зелка, марула, краставица, домат , рендано цвекло со моркови... Риба исто така знам да испечам само не ја сакам баш.. Важно се гледам да е печено и варено, пржено никако, затоа и маслото ни трае по два месеца Ако ни се грицка нешто варам пченица, или еве сега костени , од јаткасти плодови ореви најчесто зашто имаме наш орев, останатите се изгор. Како поевтина варијанта семки од тиква и сончоглед ама непечени. Доколку ни е потребен шеќер користиме кафеав, иако сега сакам маџун да пробам да видам што го фалат толку Сувомеснати не јадеме, ама затоа јадеме па многу сирење,крем сир колку е ова здраво не знам ама не можам па се да исфрлам од исхраната. Во однос на леб купуваме интегрален, ржен ама сепак мислам најубаво е да се конзумира и ваквиот што помалку, зашто колку е интегрален се знае.. Благо не јадеме ни двајцата, освен ако не фати стрв зимам црно чоколадо
@anastasijaki ако ти е шубе за кремсирот, знам дека било која замена е многу калорична, ама за да не внесуваш прашоци и конзерванси, измешај во блендер или со миксер еднаква количина путер и фета сирење, можеш да си зачиниш со нане, оригани, копар и да добиеш и подобра варијанта од Дукатела, Кајмакино и слични на нив. Ние еве извесен период јадеме тоа, свежо го правам, мешам и јадеме, утре пак Бар знаеш што си ставила внатре, ако не друго
Путерот го добив од една бабичка која сама прави, а сирењето да, купено ми е. И да е купечки путерот и сирењето, многу е подобро него ли Дукатела намаз која се прави од изварка и прашоци. Од сите гревови од продавница само овој си го признавам и си го правам свесно. Од се да се откажам немам намера и не сакам, затоа што колку и да се трудам не можам да се заштитам, но можам готовите спакувани намази кои имаат рок на трајност од неколку години да ги заменам со нешто за што самата сум контролирала што сум ставила