1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за здрава храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од Sckarlet90, 16 мај 2014.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    А сирењето кое го ставаш нема рок на траење и не се прави од млеко во прав?
    Јасно ми е мене дека не може се под конец да е кога решаваш здраво да се храниш, ама да кажеш дека јадеш свеж и здрав намаз само затоа што си ставила две-три работи во блендер, логика нема.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Бриџет потполно ти го разбирам муабетот, но кога прв пат го направив го направив со домашни и двата продукта, правени од истата бабичка од која го добив путерот. Според мене подобро е да направам од купечко сирење и путер него ли да купам намаз дукатела со тристапеесшес емулгатори, згуснувачи, засилувачи на вкус и мојата омилена гумарабика ;)
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Па тоа ме интересира зошто мислиш дека е подобро, во сирењето и путерот купени од продавница ги нема сите овие работи што ги има во намазот?
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.946
    Пол:
    Женски
    Мене ми текна да прашам за оние интегрални тестенини , ги видов баш пред некој ден во Рамстор и гледам доста се поскапи во однос на овие обичниве. Што мислите за нив?
    Исто да прашам и некој рецепт за домашна тунина паштета, значи луда сум по онаа тунина паштета на Аргета, ја јадам со маслинки и многу ми е убава, свесна сум дека е полна конзерванси ама не можам да и одолеам, па некој рецепт ако знаете да споделите :)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Затоа што како прво не ги пушува во составот, а составот е законски ставен како задолжителен на пакувањето, а како второ сум ја имала таа среќа вработен во фабрика за млечни производи да ми каже како се прави превкусната Дукатела, нејќеш да знаеш верувај ми, единствениот млечен произовод во неа е сурутка, и таа во прав. Мојот намаз од путерот на баба Станка и сирењето од приватна млекарница во која работат мои блиски на југ е сто пати подобра опција него ли Дукатела, се запнав за неа а исто мислам за сите. И кога веќе јадам путер и сирење, кога сакам да јадам и намаз, ќе си го направам од путер и сирење и нема да доставам засилувачи на вкус за да еден прашок изгледа како да е направен од млечни масти. Тоа е мое мислење не мора да е точно и исправно.
     
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај намазот еве ви идеја за еден вкусен, здрав намаз! :)
    Авокадо, домат, лук, семки од сончоглед или тиква и хималајска сол!
    @AngelOfArh мила, рецептата за овесните плочки со банана е супер, само без сувото овошје, освен ако не го сушиш сама.
    Се користат токсични конзерванси во производството на сушеното овошје!
    Еве линк:
    http://somelikeitraw.mk/109-mrachnite-tajni-na-suvoto-ovoshje
     
    На mims-89 и macalavica им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Јагода и јас баш сега го читав ова, иначе дел од овошјето сушам сама а друг дел зимам од проверени извори. Да бидеме начисто, не верувам дека може да се оградам од се, но се трудам колку можам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Еј видовте дека на Рузвелтова се отворила нова продавница за здрава храна. Вега се вика. Бил некој?
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Баш ми е драго што се разработи темава, видов претходно немаше 3 поста, а сега веќе е извор на идеи.
    Ја сум ептен тазе во идејава за здрава исхрана, и исто така почнав да компензирам, уште се откажувам од многу работи, ама имам желба, имам мотив и пред се, како што рековте ми доаѓа од внатре, се чувствувам убаво.
    И јас јадам строго посни манџи за ручек, без запршка. Со свежа салата во изобилие.
    Јас имам проблем со лепчето. Не можам да го оставам... си го мацкам тањирот на крај, па што сака нека е, не можам да не изедам една до две кришки на ручек, ама компензирам, не јадам благо.
    Искрено, за млекото дека не е корисно, тука прочитав првпат, јас секако не го пијам, боље гладна и жедна ќе седам него млеко да пијам, ама па на татко ми му го препорачаа од доктор кога имаше проблеми со стомакот и навистина му помага.

    Кој што како спрема за ручек, доручек е добредојдено за вакви како мене.
    И нешто што грицкате навечер, да не се јаткасти плодови, кога ќе ве фати стрв? Овошје?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.946
    Пол:
    Женски
    Да, најчесто овошје, си правиме овошна салата сецкам секакво овошје какво што имам дома. Или пак варам пченица со мед, или пак печам тиква, заборавив предходно да напоменам дека тиквата ми е фаворит периодов :) ем вкусно ем здраво :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање. Кое е вашето мислење за замрзнатото овошје?
    Мислам на оној микс од овошја што се продава низ маркетите - малини,капини,боровинки и јагоди.
    Ова интернетов колку ќе ти помогне толку и ќе те збуни. Некаде читам се здрави бидејќи се замрзнати кога се најзрели и спремни за јадење, а некаде дека поради замрзнувањето им се губи хранливата вредност.

    А многу често ги јадам. Со мусли, палачинки, вафли, смутис итн итн.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Црвените овошки претежно ги зачувуваат состојките при замрзнување. Нормално е, немаме постојано свежи сосојки па затоа и замрзнуваме. Јас лично имам замрзнато боровинки, кои патем и ги продаваме, јагоди и рибизли. Ги користам за смуди, за десерти и многу ми се вкусни.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.732
    Пол:
    Женски
    Јас летово си замрзнав свежи јагоди, вишни, малини и капини, само аронија замрзната купив, зошто да ги купуваме замрзнати 3-4 пати поскапо кога може сами да си ги замрзнеме,и ги користам во овошните смуди во комбинација со овошните мусли од виталиа и овошен јогурт,знам дека не е многу здрав ама обичниот јогурт ми е многу грд.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не ви е тешко кога јадете овошје навечер? Овошјето посебно ако го јадете со лушпа многу тешко се вари и може да створи тегоби во текот на ноќта. Барем кај мене е вака, а некаде имам читано дека не се препорачувам да се јаде навечер дури ни неколку саати пред спиење. Ако ви е тешко од нешто, а незнате од што можно е да е од овошјето кое го јадете навечер, јас го јадам само наутро.

    Еве една идеја за ручек, јас обично ручам накај 4-5 саати и после ова јадење немам потреба за вечера или додатни грицки. Варам интегрален ориз, свежи печурки се пропржуваат па се додава оризот одкако ќе се свари и исцеди. На маслиново се пропржува заедно со печурките и додавам малку соја сос. Секако салатата ми е неизбежна.
     
    На okcenzi и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Мене ми е тешко од овошје навечер, посебно од јаболка.
    Мандарината ми е лесна, за во секое време и доволно блага дури да ме засити, ама не сум и голем љубител баш поради што е блага, па не ја ни јадам во големи количина, делам по пола со некого обично.

    Јас за ручек, највеќе сакам манџа.
    Грашок, грав, боранија, чорбичка ми се права уживанција за ручек.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Навечер не се јаде овошје бидејќи содржи шеќери на кои многу повеќе време им треба да се разградат отколку на зеленчукот. Ако ви се јаде навечер подобро пуканки, со многу малку сол и зејтин, но не со путер и многу сол. Салата зелка, марула, златна мешавина со лимоче и солче... Јас вчера за прв пат јадев доцна, ама немав ручано и цел ден некако лошо јадев, затоа денес ќе се детоксицирам. За појадок овошје, за ручек зеленчук и чај од ѓумбир, цимет и кардамон измеѓу.
     
  17. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Женски сакам да ги правам овие интегрални колачи...еве го рецептот.


    700 гр интегрално брашно
    200 гр семки од сончоглед
    100 гр семки од лен
    100 гр сусам
    200 гр путер или маргарин (на собна температура)
    200 мл масло
    200 мл бело вино
    1 прашок за пециво
    1 лажиче сол


    Ме интересира дали виното може да го заменам со обична вода или нешто друго?Не сакам да ставам вино...
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па да, можеш да го замениш со вода само вкусот ќе се смени, друо ништо. Или стави чај ако сакаж со некои билки ќе добие интересен вкус.
    Секако ако сакаш да се здрави употреби путер наместо амргарин, не дека и тој е нешто здрав ама подобро животнски одколку билни масти, и маслото исто немој обично сончогледово, подобро стави маслиново или кокосово...
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Да ја расчистиме небулозата околу сончогледовото масло, тоа не е штетно ако не се загрева на многу висока температура, да се лади и повторно да се загрева. Впрочем нешто слично на маслиновото. Значи сочогледовото масло не е штетно ако не се пржи, лади, пржи, лади и се така во недоглед! Наместо путер и маргарин можеш и кокосово да ставиш или ете путер. Вино не би додала, би додала пре вода ;)
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Сите масла се штетни во таква комбинација, така што се слагам со тебе :) Маслиново во колачи не би ставила, сепак има појак мирис (и вкус) од сончогледовото.