Не се колачи овие, крекери се. Нема да мириса маслиновото масло, нема ни да се осеќа во оваа комбинација. А виното ќе им даде убав шмек, баш како крекери ќе бидат.
@Annath работата е да бидат здрава храна А маслиновото да, иде во комбинација овде, но и сончогледовото нема да биде лошо.
Е добро де, виното не е штетно, таман работа. Башка овие ќе се печат, ќе испари алкохолот. Па сега како сакаш. Јас сум поборник на здрава исхрана, ама и на тоа дека клучот е во умереноста. Алкохолот на пример, не го исфрлив целосно, туку повремено си уживам во него (особено виното). Сигурно дека овие интегрални крекери што содржат вино се стопати поздрави од оние готовите интегрални крекери на рафтовите во маркетите А за маслото, право на избор. Јас би ставила маслиново.
И јас би ставила вино, алкохолот дефинитивно нема да се осеќа. А за поздрави од купечките - многукратно!
Таман работа, за поздрави, поздрави се сто пати, прво правиш тазе и имаш контрола над намирниците, а после тоа дека стварно состојките не се толку страшни. За виното, дефинитивно и јас би ставила. Всушност рецептот веќе ќе го направам викендов
Уф мојот начин на здраво хранење е доста ригорозен и во грамови ради покачениот инсулин па дури и сега во бременоста. Посни манџи, тавчиња се неизоставен дел, салата секакви, најомилени периодов ми се дајконот и зелената салата секој ден ги јадам Туку ве читам за млеково, зашто го направивте толку штетно па уште жедна ќе седам нема млеко да пијам..чиниш отров има во него, башка мене докторката од ендокринологија ми рече за да немам проблеми со лекот за инсулин да внесувам сложени јаглехидрати како млеко и корнфлекс Читајќи ве вас си викам женава сака да ме потруе Знам понекогаш да направам смути со банана, малце млеко и аронија. Преубаво е Како и да е сигурно пре би се напила чаша млеко отколку да внесувам суплементи со калциум ( можи зашто ми е смачено од толку сумпеленти и лекови) сега во бременоста калциумот е попотребен и нема шанси да пијам суплементи, освен ако секако лекар не ми наложи. После за овошјето, обожавам авокадо, најомилено ми е , и знам навечер да си поткаснам овошје ако ми се пријади и сега засега немам проблеми, мислам болје тоа отколку смоки или чипс, а и пуканките не знам , не беа и тие калорични? Бар како такви ги знам и не ги конзумирам. Туку ми текна за ова рекламиве за здрава храна, добра работа се, ама овој готвачов тој стомак не ќе да му е од тавчиња со лиснати зеленчуци
Невестулке, не е штетно млекото, штетно е тетрапак млекото. Калциум нема само во млекото така да не е прв избор секогаш. Не е проблем да се напиеш денес една чаша млеко, проблем е да испиеш литар денес, два... Не велам дека докторката погрешила, скраја да е, ама не е прв избор корнфлекс и млеко за сложени јаглехидрати. За овошјето супер што си го јадеш, така продолжи, но за пуканките дека се калорични прв пат слушам, како што реков нормално спремани, не со путер, сол или преливи, само со зејтинче малку и со сол малку, супер ужинка или вечера се. Прво пченката нема глутен, второ и ако ја најдеш од сигурни извори да си знаеш што и како се одгледувало, на коњ си. А за готвачот, знам еден куп вегетаријанци дебели, не значи дека јадат месо. А и тој е готвач пред се, потоа готвач ангажиран за серијалот за здрава храна.
леле морам и јас да искоментирам за готвачот. Седиме со мм и ги гледам рекламиве, јас како нешто запишувам рецепти, и само зборам на мм, гледаш? Ете вака треба да јадеш, а не ти тоа виршлите и саламите си запнал и он ми вика, добро а стомаков на готвачов од што му е , не ќе да му е од блендиран зеленчук и овие теста од леблебија, кој знае колку буреци и кифли има изедено не верувам од месо да му порасне стомак, се знае стомак од што расне, од теста, благи работи јас познавам вегетеријанка која е со покачена килажа, ама секое утро бута симит погачи и чоко локуми
И јас првпат слушам ова за пуканките дека биле калорични, јас можам и несолени да ги јадам (со путер не ми се ни убави). Многу ја имам солта исфрлено од исхрана, ради камчиња во бубрезите. А инаку мене од пуканки одма ми се оди во вц, ми се рамни стомакот, даска сум
Феминки дајте некој рецепт за здрави соленки ? Јас вчера земав едни крекери од продавница за здрава храна со тофу сиренце и некои семки, многу се вкусни.Ми дојде идеја дека слични можам да си направам дома, па барам рецепти
Ke ги замесиш состојките,тестото ке го развлечеш,да биде со дебелина од околу пола cm.Со калапи ке извадиш какви сакаш облици,ке ги наредиш на хартија за печење и на тава ке ги печеш околу 15 минути на 180 степени.
Луѓе aј кaжете некoи пo кaлoрични јaдењa, прoдукти или рецепти oти сaкaм дa се здебелaм a ми се гaди веќе oд тoстoви и хaмбургери.
Во погрешна тема си, имаш тема специјално за тоа и дискутирано е таму на долго и широко, ова е тема за нас кои сакаме да јадеме здраво, а не хамбургери и тостови и не калории http://forum.femina.mk/threads/Како-да-се-поправам.179/
Тава со зеленчук: Компир, морков, кромид, свежи печурки се се сецка и се пече. Зачини по вкус, а се додава и малку вода колку да се обарат убаво зеленчуците, после тоа водата си испарува и баш се добива онаков крцкав вкус однадвор, а внатре сочно. Соодносот исто така одредете си го сами. Одлично е за ручек.
Пa и зaтoa пишaв тукa, бидејќи ме интересирaше зa здрaвa кaлoричнa хрaнa кaкo кикиритките, a не зa нездрaвa кaкo хaмбургерите
Салата за двајца. Со едно одење на пазар изнакупив се, и имам од претхоната недела...намирниците стојат во фрижидер една недела, немаат мака. - 3 варени јајца (една жолчка фрлена), мало снопче рукола, една ротквица, пола марула, една третина од еден страк праз, маслинки, една шака свеж спанаќ , сиренце малку, двопек како кубети накршен, маслиново масло и сол. Излезе превкусно. Вториот пат кога ја правев, малку ја пресолив салатата, па се чудев што да додадам (а немав веќе двопек) па ставив една шака измешани непечени јатки. Милина...се чудам како волку добар вкус излезе.