Мимс, не ме бива многу за готвење па ќе можеш ли да ми го пишеш точниот рецепт? Поготово колку време се пече, на која температура, и со колку вода и компир од прилика?
Па и немам некој точен рецепт, три четири големи компири од прилика, ги сечам ко за пржење само подебели. Свежи печурки цела кутија, кромид една главица е доволно и моркови неколку. Се тоа по желба, зависи што сакаш да преовладува. Морковите само на пола ги сечам. Се пече околу саат време на 250 степени, вода не додавам, печурките пуштаат. Пак ќе пробаш кога ќе мислиш дека е готово, по компирот ќе приметиш.
http://degustator.mk/brzo-i-vkusno-palacinki-od-kompiri/ еве ви еден интересен и добар рецепт, со многу малце мака може да добиете супер вкусен рецепт, а со модификација на рецептот истиот да биде и здрав. Би додала интегрално целозрнесто брашно и трици, би ги печела на маслиново а не пржени на сончогледово и би додала белка од јајце, жива нормално за да ги врзе http://degustator.mk/sami-napravete-tortilja/ и уште еден рецепт за вкусни тортиљи, вегански и здрави, експериментирајте со брашното И уште една салата со која ги заразив на работа, здрава е, вкусна, диетална и пред се лесна. Зелка, нормално ситно исецкана, морков изрендан, слатка пченка, туна, лупен сончоглед, лупени семки, ленено семе и интегрален сусам. Зачинето со малку маслиново и балсамико, хималајска сол и имате целокупен оброк, а можете да ги ставате и во оние тортиљи кои ги направивте претходно од интегрално брашно Туната може да ја замените и со стекче од мисирка печено на скара
За доручек: - едно јаболко - една лажица ленено семе - една лажица семе Чиа - 3 лажици овесни снегулки - малку суво грозје - малку цимет (по желба) - јогурт колку да се соедини смесата Ставете се во бленер и блендирајте додека не добиете еднолична смеса и јаболкото не се испасира убаво. Може да се јаде и неблендирано само баболкото исецкајте го на ситни парченца. Мене ми е поубаво и полесно да изблендирам се, полесно ги јадам снегулките така практично измелени.
Девојки дајте некој проверен рецепт со хељда, му се токмам некако деновиве Гледам дека е многу здраво да се конзумира, а верувам и вкусно според описот. Ми здосадија веќе овие неколку семиња што ги вртам, баш ми се пробува нешто ново. Има доста рецепти на нет, ама прво би сакал да пробам нешто сигурно. Сеедно ми е во каква варијанта, само да е се прави лесно и да нема милион намирници.
За доручек: - мелен микс од овесни снегулки, семки од сончоглед (непечени), ленено семе, чиа семе, семки од тиква: 3 големи лажици - една кива - едно мали јаболко - една банана - неколку зрна суво грозје - мала лажичка мед - малку цимет Слично е ко погоре смутито што го имав пишано ама ова е подобро зошто е без јогурт и има повеќе овошје. Се блендира се заедно и се добива многу убава и здрава кашичка, многу повкусна од чоколино . Ужинка: шака бадеми, индиски ореви, лежници и брусница (значи една шака од се вкупно, а не од се посебно по една, иако и така знам да направам, немам осет со овие грицки) За ручек: Варен интегрален ориз со микс од зеленчук (грашок, пченка, морков) и печени свежи печурки со зачини (магдонос, кари, куркума, шарен бибер). И чорба со брокула, пашканат, целер, морков и малку компирче. Вечера: Салата со трупка, цвекло и рукола зачинети со масилново и балсамико.
Не дека немам блендер, имам 2, ама немам Витамикс Кликајте, може ќе ви се посреќи http://therawfoodfamily.com/giveaways/win-a-vitamix/?lucky=4878
Салата: Марула, варени јајца, туна, варена пченка и сусам малку запечен во микробранова. Јас ставам малку мајонез, знам дека е нај нездраво, ама не ми текнува со што би можело да го заменам. Сето тоа се меша, иначе мајонезот се става за да се соедини смесата. Многу ми е вкусна салатава, од состојките се става онолку колку што мислите дека треба во зависност од тоа колку особи ќе јадат.
Направи си сама мајонез, во блендер истури одредена количина сенф, малку масло и сок од лимон, со мешање ќе добие бледа боја но не како мајонес, ама за мене поубаво од ова нема. Го правам за се живо и диво, како дип за со похувани(печени) зеленчуци, за со компири, за со салата, за со се.
И јас правам многу сличен прелив за салата како Angel само што наместо сенф ставам таан. Друг омилен прелив ми е со авокадо, разреден јогурт, малку бибер, малку свежи билки (било што имам под рака) и лимонов сок. Понекогаш додавам дури и малку лукче во прав. Вкусот е загарантиран.
Buttermilk го замени со нешто друго во рецептот? И јас сакам да го направам, супер ми изгледа. Ко што не ги јадеме баш јапонските јаболка, ова ќе биде добар начин да ги внесеме на менито.
Сама си правам, во една чаша млеко една лажица сок од лимон, 5 минути стои и го употребувам. Според ова претпоставувам Бутермилк е нешто ко сурутка. Иначе на 3/4 шоља отприлика капнав сок од лимон. И да, користев целосно интегрално брашно, тритикале и хељдино, наместо бел шеќер кафеав и тоа го намалив на дупло скоро, го јадеме со бело кафе за појадок или десерт, од мерак.
Јас ќе го правам со мед, и со интегрално брашно. Благодарам за информацијата, ќе пробам така да го направам и јас. Ако не го биде, обично млеко да ставам, би можело?
Анат, тоа ми е рецепт од Фичо од Мои рецепти, за батермилкот, он така го напраи и ја слепо му верувам така да си правам по негово.
@Annath немај гајле, не може да не го биде. Ангел убаво напишала, тоа е замената за buttermilk. Чисто информативно, вистински buttermilk може и дома да се направи, особено е лесно ако имате статичен миксер. Се прави од хопла (знам дека не е генеричкото име за овој тип продукти, ама пократко е. Поздрав до Мимс ) од животинско потекло со 35% масленост. Не се лажете со растителната, нема ништо да испадне. 200 мл хопла во статичен миксер на висока брзина и за 20 мин. имате путер и buttermilk. Истава постапка успева и со рачен миксер, ама е понапорно. Вака подготвениот путер е превкусен. @AngelOfArh што е тоа тритикале? Го знаеш називот на англиски? За жал, не им ги знам македонските називи на добар дел од овие поновиве житарки и семиња. Можно е и да го користам, а да не знам дека така се вика.
Тритикале е житерка која е меѓу пченица, овес и рж, многу убаво брашно има, многу меко и сочно кога месиш, многу убав вкус и не е подложна на ГМО. Тоа е житарка која ја има само кај нас мислам, балканот. Не би знаела англиски израз.