Благодарам @do-re-mi, викендов ќе го пробам, сакам да видам дали ќе ми успее. Инаку, тритикале (ако не сум грешка), е некоја житарка (хибрид) од пченица и 'рж, ја нема во комерцијална продажба, мислам дека во Скопје може да се купи на пазарче од поединци, а фабрички спакувана тешко. Англиски исто се изговара, пробај, може ќе ја најдеш.
Не знам за по Европа, Америкине ама кај мене бутермилк е јогурт, јогурт е кисело млеко, киселото млеко е павлака итн, итн
Алелуја, ја па мислев на секој рецепт аман овие со бутермилков ја претераа, а тоа да ти биде просто ко грав
Ако ми дозволите мала исправка, според мене најадекватен превод за buttermilk е матеница (или ко што спомена Ангел - сурутка). По конзистенција е поретка од јогурт (оној што го знаеме од малопродажба), но ако се остави некој ден почнува да ферментира и го добива специфичниот киселкаст вкус. Еве како изгледа: http://www.istrazijamakedonija.com.mk/recepti.aspx?id=34
Кога сме кај замената за мајонез, знам дека едно време на форумов се вртеше еден рецепт за мајонез од сончоглед, еве сега и го најдов, од Анатх е. Делува премногу едноставно за правење, а богами и вкусно, баш ќе го пробам!
Buttermilk-от е матеница. Тоа е она што ќе остане од малку скиселеното млеко откако ќе се иступа маслацот т.е. традиционалниот путер. Денес фабричкиот buttermilk (барем во САД) е сличен на јогурт, само што има малку покремаста текстура (не густина, туку кремавост) и путерест вкус. Погуст е од млекото. Затоа оваа замена за buttermilk се користи само за тесто (batter). Не може да се користи за рецепти каде е потребно матење со миксер.
Женски ај кажете ми здрав и лесен рецепт за ќиселата зелка,немам многу време да се замарам со готвење.
и ајс сакам здраво да се хранам еве од мене еден рецепт.....си правам буррито ...тое е во вид како тесто за палачинка а внатре ставам свежа марула,туна,црвен грав,калиумска сол и маслиново масло и премногу е вкусно..а секој ден како ритуал ми е цеден лимон и ако имам портокал или мандарина....
Да го споделам моето искуство . Го испробав рецептот за мајонезот на @Annath и морам да кажам дека е незаменлив. Превкусен и дефинитивно отсега го заменува секој друг мајонез. Благодарам мила за споделувањето на рецептчето . Спојлер Вака изгледа. Јас направив половина доза со 100 гр. сончоглед и ми излезе една мала тегличка и плус уште една до половина.
Навистина е предобар, но рецептот не е мој, туку го најдов на ФБ на страниците за сурова исхрана. Превкусен е, дури и салати може да се прават со него, посебно во пости, ама не знам со маслото колку е дозволено. Јас секој ден би го правела, ама мм не јаде лук во никаква форма, а без лук не е вкусен. Само за гости ми е резервиран
Леле Анат ние го убиваме од јадење, со ручек, со доручек, со крекери, со свашта. Ме зарази другарка ми додека бев на детокс, само тоа јадев
http://moirecepti.mk/post/овесни-плочки/ Еве и овде женски, пратете ме и лајкајте ме, да се добие некој ваучер не е лошо. Ова е здраво, но има и нездрави рецептчиња.
Го направив и јас вегетаријанскиот мајонез според рецептата на @Annath.Како за првапат половина доза. Навистина е превкусен, но и маж ми негодуваше заради лукот. Велите без лук не е вкусен? Не знам што би додала следниот пат за шмек ако го исфралам лукот. Како би било со сецкани маслинки, но така ќе испадне како салатичка??
Зошто да не излезе, супер ќе биде, стави лукче во прав помалце, маслиново масло и паста од црни маслинки и ќе има вкус на маслинка.
Стави кари ќе биде ко од 7ца само здрав И јас го правев со лукче со се како што пишува, ставив и кари секако затоа што во сите можни солени јадења го ставам, зависна сум од кари. Преубав шмек дава, не дека знам каков е без кари само го пробав малку пред да додадам кари.
Карито е одлична идеја и јас сакав таква варијанта да пробам. Инаку јас лук многу сакам, ама стварно не е за секој ден, не можеш на раат да излезеш меѓу народ Лукот во прав помалку мириса, ама па сакам да користам исклучиво свеж, повкусно ми е. Инаку мислам дека секаков друг зачин ќе одговара, кој што си сака. Мене на пример копарот не ми оди секогаш ама затоа карито очекувам кај и да е и во некоја торта да го ставам Исто и ким во прав многу сакам, ама треба да се внимава колку се става затоа што многу лесно може да се претера. Како и да е не би мешала се' тоа заедно, затоа што премногу им се доминантни вкусовите, па би одбрала едно, зависи со што ќе го јадам и каков ми е планот за наредниот ден.
e за мене супер доручек е овесни снегулки од фрижидер...се прават навечер и се ставаат овесни снегулки, може chia, путер од бадеми, грчки јогурт ( као кисело млеко е), мчлеко, замрзнато овошје и лажече мед...нјсм нјхам! јас овој доручек го обожавам инаку а бе од каде се информацииве за млекото дека не е добро?!?! ми личи на америчка работа пошо овде го туркаат соиното млеко и бадемовото, па не ќе е лошо да прочита човек како тие две работи имаат улога на телото. Баба и на моја братучеда јадеше млеко за доручек и вечерса попарс цееел живот и живееше 90+. Млекото има калциум и низа хранливи состојки кои осдобено се здрави за жените во 50+ возраст. Или поздрсво е калциум од шумечи!?!? или процедирано сирење или јогурѕ полн со нишесте?!? Мислам дека македонската кујна е ддна од накразновидните и најубавите и највкусните зошто има ниуза манџи и супи кои се итекако потребни за телото. А оваа нова мода на соја и низа други работи баш и не ќе е ок. Само за инфо...целата соја од америка е ГМО, и го држат речиси целото светско производство на соја. Исто добар доручек е варена пченица или јачмен со ореви мелени и мед и цимет