1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за здрава храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од Sckarlet90, 16 мај 2014.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Не е млекото нездраво, нездраво е млекото од тетрапак, тоа е само прашок и вода, ништо нема во него здраво. Таа баба сигурно не јадела млеко од тетрапак, а и да јадела млекото од тетрапак последниве неколку години е жива катастрофа. Соја бар кај нас не е нешто на цена, да бидам искрена, сојата е направена за да се лаже сиромаштијата, мајка ми доста долго време ја користеше, не е дека нешто немаме ама она секогаш додаваше во меленото за да заштеди на месо, не знам само на што штедеше ама ајде, но еден ден ја седнав и и прочитав се па се свести. Не знам кој јаде соја а мисли дека е здраво ама добро.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Општо млекото не им е потербно на возрасните луѓе, тој калциум што го содржи неможе целиот да се апсорбира во организамот значи за џабе го пиеме. Лактозата го отежнува работењето на дигестивниот систем, а знаеме дека како старееме така и тој се забавува, додај мелко на тоа и имаш забавен метаболизам, се дебелееш итн... Содржи премногу млечни масти кои не се здрави воопшто, не само млекото туку општо млечните производи. Да ги додаме и хормоните во ова, хормоните што им ги даваат на кравите за да произведуваат повеќе млеко (океј нема секој можност дирекно од селска коза или крава да купува млеко) ова да речеме дека важи само за фармите, иако јас сметам дека и индивидуалните сточари даваат такви работи на добитокот освен ако не ги чуваат за своја душа и за млекце колку за нив дома. Значи такво млеко е тешко да се најде, а и да го најдеш пак земи ги во предвид погоре кажаното. Имаше и некоја врска со ензимите во млекото, пред се дека млекото на кравата е наменето да израсне вол од 200 кила па сега...

    Во врска со манџите што сте запнале толку дека се здрави. Кога термички ќе го обработиш зеленчукот тој веќе пола и више од витамините и минералите ги изгубил. Дали ќе го вариш или печеш исто е, витамините испариле. Така да не е нешто многу здраво ни тоа. А ние ко што знаеме да додадеме запршки и такви работи ај што изгубило секаков витамин туку и нездраво го правиме.
    Ова ко на мајками муабетот со киселата зелка колку била здрава. Како?
    Прво ја ставаш во буре, и ставаш тон сол и конзерванси, после ја вадиш па ја готвиш ја вариш/печеш и после здрава била. Абе ај...
     
    На CarrieBradshow, UnordinaryOne, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    На крајот на краиштата не за џабе суровата храна е толку на цена годинава што измина. Јас сфатив едно нешто изминатава недела, храната е и отров и лек, не тоа што мислите, не е до владините реклами, едноставно таа е вистината. Како го сфатив? Имав изминат период полн со чести посети на детска клиника, нормално таму имаше дечиња болни од се и сешто и додај на тоа стресот кој го чувствував заради тоа што внука ми беше едно од тие дечиња, резултираше со настинка пропратена со мала температура, дијареа и повраќање. Ден претходно прочитав дека кога нашиот организам се бори макар и со најмало воспаление дигестивнио систем не ја вари храната, а тоа значи отрови кои се шират низ телото од необработената храна. Па така 2ипол дена не јадев ништо, пиев само вода и толку, вториот ден бидејќи симптомите се влошуваа се напив хомеопатија, но јас за 2ипол дена бев веќе многу подобро. Јас настинка никогаш не сум поминала за толку кратко време, секогаш ме држи барем една недела, што значи ова има голема вистина. Затоа храната е и отров и лек :D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Рецептов е од фб ,вкусно делува мн
    Бадеми,урми,суво гројзе,
    Ореви,ленено семе,суви смокви,овесно брашно и сок од неколку мандарини.Се се става во мултипрактик и потоа се формира кора(како пандишпан) се ставаат две цели банани и се витка во ролат.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Би додала само уште брусница на ова, ама не во мултипрактикот, туку отпосле да останат цели. И плус бананите би го изблендала и би им додала малку киснети и мелени индиски ореви, одозгора чоколада направена од кокосов путер, какао путер и сурово какао и ќе имате торта ипол ;)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    А овесно брашно каде купувате и по колку лажици би идело во рецептов ?
    Не пишуваше од што по колку се става.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Џој, јас ваквите рецепти ги правам буквално од око. Овесното брашно е сулудо да се купува, јас го мелам, овесни снегулки потпекувам малку сосем на тавче без масло исто како сусам што се потпекува и мелам во блендер или во машника за кафе можете. Инаку налик на овој ролат што си го пишала имам правено торта во калап за торти како што опишав и ми излезе топ, права торта, кремаст филот со банани, слатко кисело “тестото“ и на крај чоколадниот дел одозгора. Мераци :D
     
    На joy1 и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    И јас би правела се од око, таков е рецептов. Е сега, за да добиеш убава основа, прво ќе ги измелиш овошјата со сокот, па ги додаваш мелените јатки и на крај брашното да добиеш цврста подлога за ролат или торта. Не би ставала многу јатки, да не дојде тешко од нив, особено од оревите.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    И да не заборавиш овошјата да ги потопиш во врела вода, поготово смоквите се неверојатно тврди и никако не се мелат, ја еден блендер му онадив мајката со нив, а не е лошо и урмите покиснати да им ги извадиш семките и лушпите. Урмите ти се регулатор на благо, така да пази, колку поише стаиш толку поблаго ќе биде, јас отприлика би стаила 10 урми на 300 грама се останато.
     
    На Giovanna, Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Еее опасна си била со здравава храна :) Се знаеш.Фала на советите.Јас почетник сум во сето ова.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Хехехехехе.... Јас до неодамна само вака по малце, ама скоро 4 месеци сум на така поздрава храна и да не речам сурова па ги фатив сите цаки. Ќе видиш, а влезе во ова одма ќе те фати меракот, не си ги давам моите вкусно raw колачи за ништо на светот.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Да прашам уште нешто.Треба да внесувам повеке хлорофил кој е добар за слаба крв.Читам го има во магданос,спанак,нане,брокула.Бидејки дојам нане и магданос како чај несмеам да пијам .Го намалуваат млекото.Како да спремам сирова брокула или спанак дајте идеја за салата.Ми пага скроз имунитетот ,хемоглобинот ми е 90 башка дојам и немам енергија ич :(
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Спанаќот во смуди, заедно со овошје со висок процент на ц витамин. Секое сабајле прави смуди чија основа ќе биде една банана, потоа стави две киви, сок од портокал или мандарина, една рака исчистен спанаќ, ленено семе, може и малку семе од коприва. Изблендирај и додај вода да стае потечно за пиење, испиј го во рок од два три часа. Може и цвекло да ставиш. А брокулата ми е омилена со лукче, сок од лимон и маслиново масло.
     
    На Edie.S, ozbilnazena и joy1 им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Јас сурова не ја јадам, само на пареа или обарена, ја јадам и потпечена малку и секако, ама не ја сакам сурова ич. Спанаќот ги јадам младите ливчиња како салата. Истиве зеленчуци ги јадам и во смуди, е тогап ги јадам сурови, измиксани со повеќе цитруси само бидејќи не ми се вкусни само они. За хемоглобинот јадам и цвекло и доста вит Ц со него, бидејќи тоа го врзува. Баш сега ќе си направам еден убав сок од цвекло, портокали и лимони, да ме освежи малце на ладново :lol:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.457
    Пол:
    Женски
    Се ренда тиквица и се додава мелен сусам,мелено ленено семе,мелен сончоглед,буковец,хималајска сол.Се меша и се става смесата да се пече/суши на тивко во рерна (околу 50 с )
    После може да се сече и како чипс да се грицка
     
    На Ema.Sk, Giovanna и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    За кравјото млеко се согласувам со горе пишаното дека навистина не се препорачува за возрасни, јас користам бадемово со житарки, плус пола мала лажичка какао и супер излегува (брз и сладок појадок, а релтивно здрав со правите житарки).
    Прашање: дали палентата ја сметате за здрава?
     
  17. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.987
    @Madalina , по дефиниција, сама по себе палентата (како пченкарен продукт) е здрава, т.е би требало да биде, ама тука не завршува муабетот. За жал.

    Проблемот е во тоа што денес повеќе од 90% (не ме држи за збор за бројкава, но секако е голема) од светското производство на пченка отпаѓа на генетски модифицираната (патент на големи корпорации). Слична е приказната и со сојата. Се користи како сточна храна, но и како суровина во прехрамбената индустрија во облик на скроб (corn starch) од кој се добива сируп (сorn syrup). Спореден продукт при добивањето на скробот е и пченкаркото масло. Сите овие имаат широка примена прехрамбената индустрија, па колку и човек да внимава и да чита етикети успеваат, во еден или во друг облик, да стигнат до нашата трпеза.

    Како мала многу сакав и јадев варена пченка, но имавме сигурен набавувач - дедо ми си одгледуваше и тоа од т.н старо семе, не хибрид ( а уште помаку пак гмо). Сега се трудам да ја одбегнувам пченката во сите форми и облици. Во ретки моменти на слабост си купувам по некоја кесичка сертфицирано, органско пченкарно брашно (поретко палента) и се обидувам да го доловам вкусот од детството, но ниеден качамак не ми бил вкусен ко оној што баба ми го подготвуваше во ладните зимски утра.:)

    :)
     
    На MiaNmaR, Marossa, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    @do-re-mi фала на информацијата :)
     
  19. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    За ефикасно подобрување на крвната слика ти препорачувам семе од коприва. 100 г семе од коприва се помешува со 500 г мед и се јаде една лажичка наутро на гладно. Ако пак од некоја причина не смееш да внесуваш мед може по една лажица семе од коприва наутро да мешаш во кисело млеко. Проверен лек за анемија без несакани ефекти!
     
    На LUCERKA, Mishela, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Да потврдам.
    Скоро цела бременост конзумирав и крвната слика беше супер..
     
    На Vertigo TJ и joy1 им се допаѓа ова.