1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за здрава храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од Sckarlet90, 16 мај 2014.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Леќата е превкусна и без месо. Каква ќе правиш, црвена или зелена? Мене лично црвената ми е повкусна и побрзо се прави.
    Ако веќе сакаш со месо, прво убаво свари го месото, бидејќи леќата побрзо се вари, да не ти дојде преварена. После исечкај ситно малку кромид и неколку чешниња лук, продинстај ги на вода да се застакли кромидот, додај ја исчистената и измиена леќа, додај рендан морков, зачини по желба и стави доматен сос (домашен по можност). Секако стави го и месото. Стави и ловоров лист и нека се крчка на тивко. Црвената леќа ќе биде готова за најмногу половина час, а зелената нешто подолго се вари, може и два три часа, ама зависи од леќата.
    Може и варијанта со пропржување на месото наместо варење, ама не знам дали е тоа добра опција ако даваш на мало дете, не знам дали ќе биде доволно термички обработено и меко за да може да јаде.
     
    На Mrs.Bass и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Фала на советот.....испадна феноменалнооо :dance:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Рецепт за фалафели???
     
  4. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Еве јас денеска што си направив за ужинка , си исецкав 3 праски и 3 кајсии, им ставив по 1 лажичка мелено ленено семе, и мелен интегрален сусам, малку повеќе кокос, и мелен сончоглед, малку суво грозје, и ете помина еден оброк, а и убаво беше на мое изненадување :)
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки а и дечки на форумов. Не знаев каде да ви го постирам овој рецепт, па еве си велам сепак станува збор за здрав намаз, па може во здрава храна да се најде зошто да не. Станува збор за еден намаз од маслинки и сок од портокал, многу лесен за правење, а премногу вкусен. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав

    Домашен намаз од маслинки и портокал

    [​IMG]

    Лично обожавам разни домашни креми или намази, кои понекогаш, да си признаам, ги правам и како last minute кога ќе ми се најават гости. Еден од моите најомилени и многу специфични намази е оној од маслинки со сок од портокал. Верувајте ми, нема нешто поубаво и полесно за подготвување, а може да го користите за многу работи. Вкусот е многу специфичен, оригинален и освежителен. Ајде најнапред да дознаеме како се прави и кои состојки ни се потребни.

    - 200 гр. маслинки
    - сок од еден портокал
    - маслиново масло
    - лукче

    Доколку бирате маслинки без семка во тој случај ставете ги директно во бледнер, во спротивно (како мене) најнапред извадете ги семките. Може да користите било каква маслинка по ваш вкус, меѓутоа од искуство ви кажувам дека најдобра е солена масна темна маслинка (барем според мој вкус). Во блендерот додадете го сокот од портокалот , малку маслиново масло (онолку колку е потребно да се добие убава смеса) и малку лукче и блендирајте. Јас додавам ептен малку лук едно парченце само за вкус, но доколку сте љубители на вкусот додадете повеќе. Блендирајте неколку минути и потоа пробајте ја смесата и по ваш вкус додадете она што недостига. Јас најчесто додавам уште малку сок од портокал. Ете вашата крема или намаз од маслинки е готов и чека на вас да го употребите како сакате.

    Јас би сакала да ви предложам два начина на употреба кои мене лично ми се допаѓаат и тоа: како намаз на брускети (мали препечени лепчиња) или како сос за зачинување на паста.


    [​IMG]

    За првиот начин потребно ви е едно француско лепче кое треба да го ставите во загреана рерна и малку да го потпечете колку да стане крцкаво. Откако ќе го извадите од рерната, земете половина лукче и премачкајте го лепчето и додадете една капка маслиново масло. Нанесете од намазот со маслинки и врз него по желба ставете она што ви се допаѓа (сирење, салама). Јас најмногу го сакам со парче димен лосос. Вака приготвените лепчиња или брускети имаат фантастичен вкус и одлични се како предјадење.

    За втората варијанта потребни ви се тестенини (јас користев шпагети), пармезан, малку сецкано лукче, домати (јас користев шери) и неколку листови босилек.

    [​IMG]

    Додека се варат шпагетите, во еден сад помешајте го насецканото лукче, намазот од маслинки, ренданиот и пармезан.

    [​IMG]


    Потоа додадете ги шпагетите, зачинете со маслиново масло и добро промешајте. Додадете ги шери доматите, уште малку рендан пармезан и неколку листови босилек, и вашето јадење е готово.

    [​IMG]

    Се надевам дека ви се допаднаа овие навистина два лесни и здрави предлози за употреба на намазот од маслинки и дека ќе се обидете да го направите. Верувајте ми толку е едноставно, а премногу вкусно.

    Поздрав и до следната статија.
    Вики
     
    На Marossa, Mi-Ma, mama89 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Можеби видеава претходно ги имате споделено, сеуште немам прочитано, јас од овде неколку работи имам пробано:
    Код:
    https://www.youtube.com/user/Macbarbie07/videos
    Имам пробано палачинките, на пример.
    Една банана се мати со две јајца, се прави смеса, во сосем малце масло се пржат. Можиш да ги правиш подебели или потенки. Иии мини сендвичите со јаболка и путер од кикиритки. Многу сакам онака како идеи за здрава храна ми дава девојкава. :l:
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве ви рецепт за многу вкусни лајт бомбици како замена за традиционалните. Навистина се превкусни, а и многу здрави. Не содржат млеко, бисквити и путер. Се надевам дека ќе ви се допадне. Поздрав


    Домашни и многу вкусни лајт бомбици

    [​IMG]

    Огромен љубител сум на слатките работи и секогаш дома си правам по некоја торта или колачи. Не сум веган, меѓутоа ги обожавам слатките во кои нема јајца и млеко и на некој начин се “лајт“ варијанта на традиционалните рецепти. Секогаш кога ќе најдам некој рецепт кој ми се допаѓа, се обидувам да го преработам во лајт верзија, и верувајте ми, многупати оваа втора верзија не само што е поздрава од оригиналот, туку е и многу повкусна.

    Во денешнава статија сакам да ви предложам еден фантастичен рецепт за лајт верзија на бомбици во кои нема млеко, путер ниту пак бисквити. Многу се вкусни и здрави. За подготовката на овој рецепт потребни ви се:

    -100 гр. урма;
    - 100 гр. непечен бадем;
    - 100 гр. печен лешник;
    - 100 гр. темно чоколадо (она за готвење);
    - кокосово брашно

    Сите состојки ставете ги во блендер и убаво иситнете ги додека да станат прав. Додадете 4 мали лажички вода и блендирајте уште еднаш. Смесата која ќе ја добиете е оваа:

    [​IMG]

    Во едно тањирче ставете го брашното од кокос, земете малку од смесата, формирајте топче со рацете и валкајте го во кокосот. Постапката повторувајте ја се додека не ја завршите целата смеса.

    [​IMG]

    И ете, вашите колачиња се готови. Не е потребно печење или топење на чоколадото. Навистина многу брзо, вкусно и екстремно здраво слатко задоволство. Со овие количини ќе добиете околу 26 средни бомбици.

    [​IMG]

    Секако може да експериментирате и овие бомбици да ги направите со ореви, кикирики или она јаткасто овошје кое најмногу го сакате.

    Се надевам дека ви се допадна овој лесен и брз рецепт, и дека ќе се обидете да го направите. Доколку е тоа така, споделете ги слободно вашите искуства.

    Поздрав и до скоро читање
    Вики
     
    На Acka22, redmama, JasIvana и 5 други им се допаѓа ова.
  8. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Јас ги направив, само што користев чоколадо со 75 проценти какао на Горењка наместо чоколадо за готвење.
    Урмите обично не ги консумирам, ама многу ми се допаднаа во оваа комбинација, а и оние што ми ги пробаа бомбиците, ги пофалија. Би сакала уште вакви рецепти, голем поздрав до тебе. :hai:
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Јухууууу колку ме радува. Баш сум среќна што ти се допадна рецептот. Кажи колку е вкусен а сепак лајт верзија. Да знаеш дека подготвувам уште вакви здрави а вкусни рецепти. И тоа најразлични видови торти со џем и суво овошје, јаткасти плодови,и многу друго. Ќе ви ги пишувам овде. Голема благодарност до тебе драга за оваа информација што ми ја даде навистина сум многу среќна и многу ми значи фидбекот. Поздрав :*
     
    На CarrieBradshow и blueberry93 им се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите, еве ви уште еден многу убав рецепт за кус кус со зеленчук. Навистина е многу лесен да се направи а и доста е сварлив за организмот и не го оптоварува. Се надевам ќе ви се допадне и ќе го направите. Поздрав и имајте прекрасен ден.










    Tuesday, August 11, 2015
    Здраво и вкусно јадење: кус кус со зеленчук

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    со жешкото секако нашиот апетит се намалува и се повеќе и повеќе имаме потреба од освежувачка храна која за цел има да ни ги врати минералите изгубени преку потта, и на некој начин да го освежи нашиот организам. Затоа во денешнава статија би сакала да ви предложам едно прекрасно летно јадење кое е навистина лесно за подготовка, има огромни бенефиции за самиот организам, со оглед на тоа што е лесно сварливо, и претставува одлична алтернатива на тестенините во летниот период. Станува збор за едно од моите најомилени јадења, односно кус кус.
    Кус кус е всушност еден вид на житарица која претставува пченични гранули кои се веќе претходно малку сварени, така да за неговата подготовка потребно е навистина малку време. Една од главните карактеристики на кус кусот е големото присуство на хранливи влакна (а знаеме сите колку е важно во нашите диети да внесуваме намирници богати со диетални влакна), и е одличен алеат во регулирањето на целиот метаболизам и како помош во исфрлањето на непотребните материи од телото. Потоа, богат е со витамините од групата Б и витаминот А, како и потасиум, фосфор, магнезиум и калциум. Содржи навистина многу маслку масти.

    [​IMG]


    Ќе го најдете во специјализираните продавници за здрава храна. Јас лично го земав од продавницата на Beorg e fresh за која ви говорев веќе во статијата за органска храна, каде искористив и да земем свеж сезонски зеленчук за да ви го подготвам денешниов супер лесен летен рецепт. Може да го подготвите на разни начини комбинирајќи го со риба, месо или пак само со сезонски зеленчук. Во денешниов рецепт ќе ја направам третата варијанта, односно само со зеленчук, со цел да биде еден вид на универзален рецепт за сите оние што ме следат, па и за оние кои не конзумираат месо.

    За 4 до 6 лица потребни ви се:

    - 2 до 3 парчиња кромид (во зависност од големината)
    - 4 моркови
    - 2 тиквички (или една поголема)
    - 4 пиперки
    - 2 модри патлиџани
    - 1 црвен домат
    - 250 грама кус кус

    Најнапред на малку маслиново масло пропржете ги ситно исецканиот кромид, морков, пиперка и модар патлиџан додека не омекнат, додадете една лажичка природна вегета и малку водичка. Оставете зеленчукот да омекне на многу ниска температура.

    [​IMG]

    Откако зеленчукот убаво ќе омекне додадете ги тиквичките заедно со доматот и оставете да се вари уште околу 5 мин. Проверете го вкусот и ако е потребно додадете малку сол (со оглед на тоа што користам домашна веѓета која веќе има внатре сол, јас лично ретко додавам сол затоа што вкусот е во ред. Доколку ве интересира рецептот за природната веѓета погледнете ја статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_9.html)

    Кога зеленчукот ќе биде готов исклучете и тргнете го тенџерето од ринглата. Во посебно тенџерче ставете го кус кусот, и додадете малку маслиново масло и убаво мешајте со една лажица или вилушка, за да ги раздвоите зрната и да спречите да се залепат во текот на подготовката.

    [​IMG]


    На страна во едно друго тенџерче загрејте вода. Количината треба да биде пропорционална со количината на кус кусот кој го користите (во случајов 250 мл. вода). Додадете малку сол, која може да ја ставите во водата или пак во тенџерето со кус кус заедно со маслиновото масло. Јас ја ставам во водата уште кога е ладна. Откако водата ќе почне да врие, тргнете ја внимателно од ринглата и истурете ја во тенџерето со кус кус, покријте го и оставете го така од 5 до 7 мин. По истекот на времето, полека со една вилушка раздвојувајте ги зрната кус кус, и додадете го во тенџерето со зеленчукот и убаво промешајте.

    На крај може да го зачините ова јадење со еден од следниве зачини: кари, гарам масала или пак да му додадете куркума и малку црн пипер (во зависност од вашиот вкус). Вака подготвеното јадење може да се конзумира топло, но уште е повкусно доколку го конзумирате ладно. Одозгора по ваш вкус може да додадете и маслинки кои одлично се сложуваат.

    [​IMG]

    Се надевам дека овој летен, лесен и многу вкусен рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите.


    Голем поздрав и до следната статија.

    Вики
     
    На blueberry93, joy1, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве како за добро утро еден рецепт за вкусни интегрални лајт мафин кои се одлични за доручек или ужинка. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав и ви посакувам прекрасен ден.

    Thursday, August 13, 2015
    Многу вкусни интегрални лајт мафин

    [​IMG]

    Одличен за појадок или ужинка, мафиниот е едно многу вкусно слатко задоволство кое може да биде и навистина многу здраво. Се зависи од начинот на подготовката. Токму затоа во продолжение на оваа статија, со вас ќе споделам еден фантастичен рецепт за лајт верзија на традиционалните мафини. Овој рецепт е со интегрално брашно, не содржи јајца, млеко и путер, ниту пак квасец. Одлични се и за веганите.

    Се што ви е потребно да го подготвите овој навистина делициозен рецепт е:

    - 280 гр. брашно (јас користев мешавина од интегрално пченично и брашно од хељда);
    - 150 гр. шеќер (јас користев кафеав)
    - две лажички сода бикарбона (јас ја користам пекарската сода на биокосмос);
    - 250 мл. вода
    - 2 супени лажици оцет
    - 100 мл. масло од сончоглед (ви советувам да користите од сончоглед затоа што маслиновото се чувствува и дава тежок вкус на слатките)
    - 100 гр. полнење по ваша желба (јас користев 50 гр. капини и 50 гр. темно чоколадо)

    [​IMG]

    Е сега, сигурно која ја читавте листата се запрашавте...оцет??? Да не полудела Вики??? Оцетот во комбинација со содата е всушност природна замена за квасец. Ќе му помогне на тестото да нарасне, а воопшто нема да се почувствува ни мирисот ни вкусот во финалниот производ. Јас имам една листа на природни состојки кои се всушност одлична замена на индустрискиот кавсец (ќе ви ја објавам во некоја од следните статии), и секогаш ги употребувам кога правам слатки или солени работи.

    Ајде да започнеме со подготовката. Најнапред со помош на едно сито просејте го брашното заедно со двете кафени лажички сода во еден длабок сад, со цел да ја спречите формацијата на грутки. Во таа смеса додадете го и шеќерот. Доколку како мене користите кафеав шеќер, во тој случај знаете дека овој вид на шеќер се лепи и е склон кон создавање на грутки. Слободно убаво разработете го заедно со брашното во садот со помош на рацете, се додека не ги иситните сите грутки. Потоа тргнете го садот на страна.

    На друго место ставете ја најнапред водата, потоа двете супени лажици оцет и на крај маслото и убаво измешајте. Помешајте ја течната со сувата смеса.

    [​IMG]

    Не мешајте многу затоа што сепак смесата треба да остане потечна, и на крај во неа додадете го вашето полнење. Може тоа да бидат малини, боровници, ореви, чоколадо...по ваш избор. Јас лично смесата ја поделив на два дела и во едниот ставив 50 гр. капини, а во другиот 50 гр. темно чоколадо. Вака добиената смеса излијте ја во калапи за мафин каде претходно имате ставено украсна хартија за мафин, и одозгора украсете со она полнење кое сте го ставиле внатре.

    Е сега еден мал трик како успешно да ја излиете смесата без да направите лом насекаде. Префрлете ја смесата во едно поголемо ѓезве (она за чај или кафе) и на тој начин излејте ја во калапот. Мене вака ми беше најлесно и веднаш ги наполнив сите калапи за мафин,.

    Вака подготвената смеса ставете ја во загреана рерна на 180 степени.

    [​IMG]

    Доколку имате послаба рерна како мојата може и на повисока температура. Сепак раководете се според вашите рерни. Исто така и времето на печење не е исто за сите рерни. Секако во модерните рерни ќе бидат готови за 18 мин., додека во мојата беа потребни 25. Така да тоа е индивидуално, без да ви кажувам колку минути да ги печете, сепак готови се кога ќе поруменат убаво. Направете тест со чачкалица за да се осигурате дека се добро печени.

    По истекот на времето, извадете ги од рерната и оставете да се оладат. Ете вашите здрави и вкусни мафин се готови и чекаат на вас да ги конзумирате како што сакате.

    [​IMG]

    Верувајте ми според мене одлични се за доручек со чај или јогурт, или пак за ужинка. Навистина здраво и слатко задоволство кое дефинитивно треба да го пробате.

    [​IMG]

    Да напоменам дека со горенаведените количини се добиваат 10 големи мафин.

    Се надевам дека уживавте и во овој рецепт и дека ќе се обидете да го направите. Ако тоа е така, не ми преостанува ништо друго туку да ви посакам пријатен апетит.

    Се читаме наскоро.

    Вики
     
    На CarrieBradshow, Acka22, Alanna и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, киноата е едно од најздравите јадења кое има потекло уште од времето на Инките. Содржи многу витамини, минерали, хранливи влакна, протеини и јагленихидрати. Во продолжение сакам да ви дадам еден лесен, вкусен и многу интересен рецепт за киноа со зеленчук. Поздрав и пријатен работен ден.

    Киноа: мајка на сите зрна


    [​IMG]

    Киноата води потекло од Јужна Африка и многу често се смета како житарица што е погрешно. Без разлика на изгледот и вкусот, киноата всушност е дел од фамилијата на спанаќ. Нејзините лисја може да се прогитват на истиот начин како спанаќот и го имаат истиот вкус. Станува збор за една навистина многу античка билка одгледувана од страна на Инките кои ја нарекувале “мајка на сите зрна“. Киноата не може да се одгледува насекаде и најголеми производители се: Боливија, Чиле, Еквадор и Перу.

    Киноата е многу сиромашна со глутен затоа е одлична храна и за оние кои страдаат од целијакија (нетолеранција на глутен). Многу е богата со јаглени хидрати (55% ) кои во поголемиот дел се хранливи влакна, потоа протеини (12%) поради кои претставува одлична замена за животинските протеини кај веганите . Во нејзиниот состав се присутни две многу важни аминокиселини кои се од особено значење за организмот односно: лизин и метионин. Понатаму, содржи добро количество на витамини и минерали особено магнезиум, витамин Ц и витамин Е. Во 100 гр. киноиа има 64 гр. јаглени хидрати, 14 гр. протеини и 6 гр. масти, со калориска вредност од 370 kcal.

    [​IMG]

    Нејзините зрна се покриени со една горчлива состојка која се нарекува сапонин која ја штити киноата од уништување од птиците. Оваа состојка може да биде токсична за нашиот организам, затоа при подготовката на јадења, треба најнапред да се стави да кисне во вода околу саат време, а потоа убаво да се измие пред да се почне со термичката обработка. Постојат повеќе видови на киноа, меѓутоа основните се разликуваат според бојата на зрното и тоа: црвена, жолта и црна киноа.

    Откако ги разгледавме потеклото и хранливите вредности на киноата, би сакала да ви предложам еден навистина лесен, здрав и многу вкусен рецепт, погоден за сите со црвена киноа која е моја омилена.

    [​IMG]

    За подготовката на овој рецепт потребни ви се:

    - киноа (количината изберете ја сами во зависност од тоа за колку души ја подготвувате, меѓутоа имајте на ум дека со варењето нејзината маса се зголемува),
    - зеленчук по ваш избор (јас одбрав бамја, пиперки, морков, кромид, домат и тиквички),
    - вегета или зачини по ваш избор
    - вода

    Ова е мојот начин на подготовка на киноа со зеленчук: во едно поголемо тенџере на малку маслиново масло со сол зачини или веѓета, ставете ги кромидот, пиперката, доматот, морковот и бамјата и пропржете ги додека да пуштат од својот вкус и додека да омекне кромидот.

    [​IMG]

    Потоа додадете ја киноата и додадете два пати повеàе вода (на пример ако користите 70 гр. киноиа ставете 150 гр. вода). Варете на ниска температура околу 20 мин. Некаде околу 3 мин. пред крајот додадете ги и тиквичките. Откако ќе помине времето потрбно за подготовка, тргнете го тенџерето на страна и оставете малку да се олади.

    Ете вашиот здрав оброк со киноа е готов. Многумина киноата ја варат посебно од зеленчукот па дури потоа ја зачинуваат, меѓутоа мене лично повеќе ми се допаѓа вака, затоа што на некој начин при варењето ги впива вкусовите од зеленчукот.

    Вкусот на киноата е фантастичен, мене лично ме потсетува на сусам. Според мене дефинитивно треба да стане дел од вашата секојдневна исхрана, со оглед на тоа што вашиот организам ќе извлече милион бенефиции.

    [​IMG]

    [​IMG]


    Сервирајте ја онака како што вие сакате и збогатете ја со малку магдонос, соја сос или пак гомасио (по ваш избор).

    На крај ми останува да ви препорачам пријатен апетит и да ви закажам слена средба многу наскоро.


    Вики
     
    На Marossa, mama89, savana и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве уште еден од моите омилени рецепти во лајт или диетална варијанта. Станува збор за торта со џем или како што се нарекува кростата. Се надевам ќе ви се допадне затоа што е премногу вкусен/ Поздрав и убав продолжен викенд на сите.

    Многу вкусна торта со мармалад- кростата


    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    еве уште еден рецепт кој апсолутно го обожавам и го правам навистина многу често. Идејата за овој рецепт ја добив од еден многу познат италијански слаткар чии рецепти ги обожавам, меѓутоа јас малку ја променив со оглед на тоа што ги исфрлив маргаринот и шеќерот и на нивно место додадов масло и малтекс. Исто така и квасецот во оригиналниот рецепт го заменив со пекарска сода и оцет. Навистина е многу лесна како храна, не го оптоварува организмот, а идеална е за доручек, ужинка или пак како десерт. Многу лесно се приготвува а од состојки потребни ви се:

    - 300 гр. брашно (јас користев микс од повеќе брашна пченично интегрално, брашно од хељда, ржано брашно и брашно од соја);
    - две големи лажици масло;
    - една мала лажичка пекарска сода;
    - една голема лажица оцет;
    - 3 големи лажици малтекс (доколку сакате послатко, може да ставите и 4);
    - вода;

    [​IMG]

    Во еден сад најнапред со помош на едно сито иситнете го брашното и додадете ја содата. Потоа додадете го оцетот, маслото, малтексот и на крај водата. Како масло најнапред користев неутрално (сончогледово), меѓутоа еднаш пробав и со маслиново и воопшто не е силно и не се чувствува мирисот. Така да доколку ви се допаѓа маслиновото слободно може да го користите. Смесата убаво спојте ја и на една побрашнета површина со помош на сукало развлечете го тестото нешто поголемо од вашата тава во која ќе го печете.

    Откако ќе го сместите тестото во тавата (и ќе го тргнете вишокот на тесто од страните кое виси), еве ви еден трик како вашата торта да биде успешна и многу лесна. Со помош на една вилушка направете дупчиња по целото тесто со цел да може воздухот слободно да навлезе и тестото да остане што пониско. Доколку не го сторите ова тестото под дејство на оцетот и содата кои ги користиме како замена за квасец ќе нарасне и ќе добиете леб наместо убава ниска торта, а тоа не ни е целта, секако.

    [​IMG]

    Одозгора намачкајте го џемот. Може да одберете било каков вид на џем. Јас овојпат одбрав еден навистина многу вкусен џем, кој честопати го гледав и конечно се решив да го пробам. Станува збор за манастирки мармалад кој го прават во манастирот Св. Јован и верувајте ми навистина е превкусен. Овој мармалад може да го најдете во продавницата на Beorg e Fresh (мислам дека само таму и го има, не сум го видела на друго место), меѓутоа верувајте ми навистина вреди да се проба. Има повеќе вкусови, а јас го избрав овој од вишни.

    [​IMG]

    Откако ќе го нанесете мармаладот, од остатокот на тестото кое го извадивте додека го сместувавте тестото во тавата, направете мали ленти со кои делумно ќе ја покриете оваа торта или кростата.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Откако ќе го сторите тоа ставете ја да се пече во загреана рерна. Јас ја ставам на 200 степени затоа што мојата рерна е послаба, меѓутоа доколку имате понова и поубава рерна довлно е на 180. Откако ќе се испече извадете ја, оставете ја да се олади и ете, вашата кростата е готова и може да ја конзумирате како што сакате вие.

    [​IMG]

    Гледате ли колку беше лесен овој рецепт, веднаш се прави, не се потребни многу состојки или време, а сепак добивате здрава, диетална и многу вкусна варијанта на класичната кростата.

    [​IMG]

    Се надевам дека уживавте и во оваа статија, а ние се читаме многу наскоро.
    Поздрав

    Вики
     
    На MandyLane, Alanna, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Мафин со банана и боровинки

    Потребно: 5 пасирани банани, 4 јајца, 4 супени лажици кокосово масло, 1 кафена лажица екстракт од ванила, 140гр путер од бадеми, 75гр кокосово брашно, 1/2 кафена лажичка цимет во прав, 1 кафена лажичка прашок за печиво, 1 кафена лажичка сода бикарбона, 375гр боровинки.

    Измешајте ги бананите, јајцата, маслото, ванилата и путерот од бадеми, а потоа додадете ги сувите состојки и на крај измешајте се заедно со боровинките. Наполнете ги калапите и печете 25 минути. :hai:
     
    На Acka22, joy1, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Девојки кај купувате бадемово и кокосово млеко?И по која цена? Ги обожавам! Посебно незасладено бадемово со малку мед или кокосово со ванила:l:Ама во Македонија не знам каде има :)
     
  16. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Во поголеми маркети или во продавници за здрава храна, малце се поскапи околу 150-170 ден :)
     
    На sofijanoka и LaraSolare им се допаѓа ова.
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    http://www.surovoivkusno.com/product-category/napitoci/
    Еве и овде баш пред некој ден видов дека продаваат :)
     
    На sofijanoka и LaraSolare им се допаѓа ова.
  18. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    ама читам на амбалажата во составопт свашта има :(. Овие во сурово и вкусно скапичко ми е 100 ден 600мл а од 100 гр бадеми се прави литро млеко ама оди напрај го мрза пуста :):)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво за бадемовото може сама да си го направиш поевтино ќе те фати а може и со мед да си го засладиш. Кокосовото млеко го земав околу 200 денари од биокосмос. Во конзерва го продаваат чисто млеко. Инаку не е тешко да се направи дома може да користиш свеж кокос ( се продава околу 60 денари едно парче кокос) или пак од кокосово брашно кое може да го најдеш во сите супермаркети.
    За бадемовото млеко еве ви рецепт, а ако сакате ќе направам и еден туторијал и за кокосовото. Јас обично кокосовот понекогаш наместо кокосовото масло го ставам во чај, феноменално е. Поздрав
    Направи сам: домашно млеко од бадеми

    [​IMG]

    Млекото од бадеми е едно од највкусните растителни млека, а воедно и најхранливо. На пазарот постојат и готови производи, меѓутоа нивната цена е доста висока, односно за литар млеко цената се движи од 300 до 370 денари. Ова млеко може многу лесно да се направи и во домашни услови и постојат повеќе рецепти за неговото приготвување. Во продолжение на овој текст со вас ќе го споделам мојот рецепт кој е малку поразличен.

    Ајде најнапред да видиме кои состојки ни се потребни за подготовката на ова млеко:

    - 100 гр. непечени бадеми со лушпа

    - 25 гр. шеќер (јас користам кафеав) или една полна лажица мед (а може и некој друг засладувач по ваш избор, погледнете ја статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_29.html). Мене ми се доволни 25 грама, меѓутоа доколку сакате да биде послатко, во тој случај додадете 35 грама шеќер. се зависи од вашиот вкус.

    - 1 литар вода

    [​IMG]

    Како што веќе напоменав, постојат повеќе рецепти за подготовката на ова млеко и повеќето од нив предвидуваат да се користат излупени бадеми или пак доколку користиме бадеми со лушпа да се остават во вода преку ноќ, наутро да им се извади кожата и малку да се запечат.

    Со оглед на тоа што лушпата е навистина многу богата со витамини и минерали, според мене жалосно е да се отстранува, а задржувајќи ја истата нема потреба бадемот да се потпекува. така да подготовката е многу поедноставна и побрза, а квалитетот на млекото е ист.

    Во еден блендер ставете ги бадемите, шеќерот и дел од водата само колку да ги покриете бадемите и блендирајте.

    [​IMG]

    Добиената смеса префрлете ја во еден подлабок широк сад врз кој имате ставено прво цедилка (онаа за макарони,) а над неа една чиста памучна крпа. Многу е важно крпата да не мириса на детергент за перење на алишта затоа што тој мирис ќе се префрли и врз млекото. Затоа ви советувам ден претходно крпата да ја извриете во вода со сода бикарбона, а потоа како второ вриење само во вода (без сода). На тој начин ќе ги отстраните евентуалните траги и мирис на било каков детергент. Оставете ја крпата да се исуши и утредента може да ја користите за рецептов.

    [​IMG]

    Во садот префрлете ја добиената блендирана смеса, а остатокот од водата ставете го во блендерот за да ги растворите остатоците од смесата (да ја извлечете цела смеса, затоа што малку ќе остане во садот каде што сте блендирале) и додајте ја во садот со смесата.

    [​IMG]


    Течноста полека ќе почне да се цеди во садот (и тоа е вашето млеко), а одозгора во крпата ќе ви останат само иситнетите парченца од бадеми.

    [​IMG]

    Помогнете си рачно да ја исцедите целата течност од бадемите притискајќи ја крпата (цедејќи ја), се додека целата течност, односно млеко не заврши во садот.

    [​IMG]

    Откако ќе завршите со цедењето, ќе добиете сад полн со млеко, а во крпата ќе останат иситнетите бадеми.

    [​IMG]

    Никако не ги фрлајте овие бадеми затоа што може да ги искористите на повеќе начини во кујната и тоа: може да ги додадете при подготовката на вашите омилени колачи или торти, може да направите бисквити во кои ќе ги додадете овие трошки, или пак едноставно помешајте ги во малку јогурт или кисело млеко (може да биде и овошно) и ќе добиете прекрасен здрав оброк кој може да го конзумирате за доручек или како ужина.
    Јас најискрено ги употребив во доручекот помешани со мелена гранола, а во млекото од бадем додадов две лажички прав од јачмен, кој го пијам како замена за кафе (со оглед на тоа што воопшто не конзумирам кафе).

    [​IMG]

    Млекото од бадеми чувајте го во фрижидер најмногу 4 дена. Со овие дози добивате околу 900 мл. млеко (нешто помалку од литар), а ќе потрошите околу 90 денари.
    Енед трик кој сакам да го споделам со сите вас е следниов: доколку сте љубител на кафе со млеко, вака добиеното млеко ставете го во калап за лед и замзнете го. Секогаш кога ќе посакате да се напиете вкусно кафе со млеко од бадеми, доволно е да додадете една коцка од млекото во вашето кафе и да уживате во прекрасниот напиток.

    Се надевам дека оваа статија ви се допадна, и како и секогаш ви благодарам за вниманието и ве поздравувам до следната статија.

    Вики

    Едит: пред употреба секогаш добро протресете го млекото, затоа што водата и мастите се двојат.
     
    На Thallia, CarrieBradshow, soffce и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве рецепт како да направите дома кокосово млеко. Заштедувате премногу, затоа што со половина плод од свеж кокос кој ќе го платите 60 денари (половина плод 30 денари) добивате литар кокосово млеко. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав,

    Направи сам: домашно кокосово млеко

    [​IMG]

    Кокосовото млеко е растително млеко кое се добива од ренданата полпа на свежиот кокос и претставува одлична алтернатива на кравјото или козјото млеко за веганите. Ова млеко воопшто не содржи лактоза што е одлично за оние кои имаат проблеми со нејзиното варење во организмот. Како и сите останати млека од растително потекло, и кокосовото млеко не содржи холестерол. Богато е со лауринска киселина која го зголемува нивото на добриот холестерол HDL и одлично делува на срцето и крвните садови. Како и да е кокосовото млеко е доста калорично, купечкото обично содржи 197 калории за 100 грама, така да не треба да се претерува со козумирањето. Кога станува збор за домашно подготвено млеко, за жал не може со прецизност да кажеме колку калории има (ниту пак колку хранливи состојки извлекло од кокосот), меѓутоа сепак треба да се биде внимателни.

    [​IMG]

    Кокосовото млеко може да го направиме од свеж кокосов плод и од кокосово брашно, меѓутоа од искуство ви кажувам дека од свежиот кокос добивате многу поквалитетно и повкусно млеко, барем според мој вкус. Ги имам пробано и двата методи, и овој што во продолжение ќе ви го претставам најмногу ми се допаѓа како вкус и квалитет. Ајде да започнеме.

    Најнапред за да го отвориме кокосот, со помош за отворач на вино треба да направиме две дупчиња во оној дел каде има три темни точки на самиот кокос. Потребно е да се направат две затоа што од едното излегува водата, а од другото влегува воздух за да ја олесни процедурата. На овој начин ќе ја извадиме кокосовата вода која природно е присутна во плодот, и која верувајте ми е толку вкусна и здрава што ќе посветам цела една статија за неа.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Откако ќе ја извадите водата со помош на една цедилка и палома марамица за да спречите нечистотиите од кокосот да завршат во неа, со помош на еден чекан почнете внимателно да го кршите кокосот во средината. Откако ќе го скршите кокосот извадете ја со помош на еден нож (многу внимателно) кората од плодот. Ете вашиот кокос е готов за понатамошна обработка.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Исплакнете го кокосот со малку вода и едната половина изрендајте ја со помош на едно ренде (рачно или електрично). Измерете колку точно рендан кокос имате (јас користев чашки за мерење, а вие може да користите и сад со бројки за литар и грами). Откако ќе утврдите колку грама рендан кокос имате, знајте дека треба да ставите двојно повеќе вода за да добиете млеко. На пример, јас имав две ипол чашки рендан кокос, така да додадов пет чашки вода (значи дупло).

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ренданиот кокос ставете го во еден блендер, а во меѓувреме загрејте ја водата се до степен на вриење (не треба да врие, туку баш пред степенот на вриење тргнете го тенџерето од рингла). Врелата вода додадете ја во блендерот и убаво блендирајте ја смесата да ја иситните колку што може повеќе.

    [​IMG]

    Потоа во еден сад врз кој ќе ставите цедилка и чиста крпа процедете го кокосовото млеко и она што ќе остане во крпата убаво истиснете го за да го испушти целото млеко. Префрлете го во едно стаклено шише, и ете вашето млеко е готово.

    [​IMG]

    Зошто да го направиме сами дома?

    Најнапред затоа што заштедуваме премногу. Една мала конзерва кокосово млеко (околу 400 мл.) чини 200 денари (барем јас го земав толку минатиот пат).
    Свежиот кокос го платив 60 денари, за рецептов потрошив само една половина од него (значи 30 денари), а добив цел литар домашно кокосово млеко.
    Потоа, задоволството е секогаш големо кога ќе направиме нешто сами дома (барем за мене), а и знаеме дека ова домашно млеко е без конзерванси, масла и шеќери. Вкусот е одличен вака, меѓутоа доколку сакате, засладете го со малку мед.

    [​IMG]

    Полпата од кокосот од која сме го исцедиле цело млеко не ја фрлајте.
    Може да ја користите за подготовка на бисквити, да ја додадете во корн флејкс за доручек, или да ја употребите како пилинг за тело со додаток на некое масло (бадемово, маслиново, кокосово).

    [​IMG]

    [​IMG]

    Сетете се пред секоја употреба убаво да го протресете шишето со млеко.
    Може да го конзумирате за доручек, како ужина, да го користите за готвење, или да си направите вкусен веган милк шејк со овошје.
     
    На Giovanna, Mi-Ma, macunka и 6 други им се допаѓа ова.