1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за здрава храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од Sckarlet90, 16 мај 2014.

  1. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Kаде може да се најде плод од кокос ?Примамлива ми е цената баш би пробала.Јас се обидов со кокосово брашно ама не ми излезе...А бадемовото ми супер и јас од неодамна почнав сама да го правам,па би пробала и ова :)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, јас го земав од Тинекс, го има по сите супермаркети како Веро, Рамстор, Тинекс дури и во некои мали пињари кои се подобро снабдени. Е сега, со кокосово брашно постапката е малку поинаква не е иста како со свежото со оглед на тоа што е сув производ, значи водата е извадена комплетно од полпата. Го имам направено и со кокосово брашно за да ја увидам разликата и квалитетот не се споредува, а вкусот уште помалку. Свежо си е свежо! :)
     
    На joy1 и LaraSolare им се допаѓа ова.
  3. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Кажете ми рецепт за Raw колаче со какао, орев и кокосово масло?
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве еден рецепт за руска салата која не само што е вкусна туку помага во намалувањето на холестеролот, го подобрува варењето на храната и има двојно помалку калории и масти од класичната. Поздрав.

    Вкусна диетална руска салата без мајонез и јајца

    [​IMG]

    Руската салата е една од омилените јадења на многумина и присутна на скоро сите родендени. Навистина е вкусна, за тоа нема збор, меѓутоа со оглед на големото присуство на мајонез не може да се конзумира многу често особено од страна на оние кои следат избалансирана диета, имаат проблем со мастите или холестеролот, или пак летно време кога нашиот организам има потреба од свежа и полесна храна.

    Меѓутоа без грижа, во продолжение ќе ви го дадам мојот омилен рецепт за руска салата која, со сестра ми ја обожаваме и секогаш ја правиме. Навистина е многу вкусна, лесна за организмот има двапати помалку калории од обичната и одлична е и за време на летниот период. Може слободно да биде конзумирана и од страна на веганите со оглед на тоа што нема ниедна состојка од животинско потекло.

    За подготовка на оваа салата потребни ви се:

    1 тофу од 200 гр (сирење од соја);
    500 гр. зеленчук по ваш избор (морков, компир, пченка, грашок);
    3 до 4 супени лажици сенф;
    1 до 2 супени лажици сок од свеж лимон
    малку маслиново масло
    сол и зачини по ваш вкус

    Најнапред да го направиме здравиот мајонез за оваа салата.

    [​IMG]

    Во еден блендер ставете го тофуто, лажиците сенф, малку маслиново масло и сокот од лимон, и блендирајте додека да добиете убава густа смеса.

    [​IMG]

    Веганите сигурно знаат, меѓутоа еве за другите да напоменам дека тофу е всушност еден вид на сирење кој се добива од ферментирана соја. Не содржи лактоза, има протеини од растително потекло, омега 3 и 6 масни киселини, железо и што е најважно низок процент на сол. Во Јапонија, оваа состојка ја сметаат за еликсир на младоста, со оглед на тоа што има огромни бенефиции врз човековото здравје.

    [​IMG]

    Ви советувам да бирате секогаш органско тофу кое е сертифицирано, со оглед на тоа што сте сигурни дека сојата не е генетски модифицирана. За мојата руска салата најчесто користев обично тофу, меѓутоа еднаш немаше па пробав чадено и верувајте ми се заљубив во вкусот кој е многу подобар.

    Во едно тенџерче динстирајте го зеленчукот кој го одбравте со малку сол, маслиново масло, еден прст вода и зачини по ваш избор. Во зависност од сезоната може да одберете свеж зеленчук (кога го има во продавниците и на пазарите) или замрзнат сецкан зеленчук за руска салата.

    [​IMG]

    Откако зеленчукот ќе биде готов, додека е сеуште топол помешајте го со здравиот мајонез од тофу (од топлината мајонезот додатно ќе се стопи и ќе стане покремаст).

    [​IMG]

    Cервирајте ја салатата во еден длабок тањир и украсете ја по ваш избор.

    [​IMG]

    Секојпат кога ќе посакате да уживате во една здрава руска салата која освен тоа што е лесна варијанта на оригиналната, помага во намалување на лошиот холестерол и го подобрува варењето на храната. Оваа руска салата е сиромашна со масти, а богата со протеини.

    Се надевам дека овој рецепт ви се допадна и дека ќе го пробате за да се уверите дека навистина е вкусен. Доколку е така, слободно оставете ваш коментар под самиот текст.

    Вики
     
    На dayla, CarrieBradshow, the.vampire.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Барајќи низ форумот како и за што може да се искористи свеж кокос наидов на твојот рецепт.
    Се заинатив да го правам иако едвај го исчистив кокосот.
    Да се пораѓав мислам побрзо ќе беше :rofl:
    Мене од цел кокос ми излезе 2 ипол чаши и ставив дупло вода.
    Ставив од водата скоро до горе и од кокосот пак по втор пат да се изблендира почна да претекува (facepalm) :envy: од блендерот и после испразнив и за следнито блендирање додадов вода само колку да се покрие кокосот :envy:
    Ско некој го прави да не се зезне вака како мене..
    Незнаев дали треба да се олади па водата со се кокос ја оставив 2 минути и после процедив.
    Се надевам добро сум сторила.
    Е после пак се олади и го ставив во стаклено шише.
    Незнам колку долго би можело да стои.
    Го промешав и малку ко прозирно се гледаше дали дека цела вода не блендирав со кокосот.
    Инаку убаво мириса.
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, баш ми е мило што си се обидела да го направиш. Мене со количините кои ви ги предложив ми излезе литар млеко. Зависи и од блендерот колку е голем и како функционира. Инаку додека го отвориш кокосот е малку потешко тука си во право, ќе се помачиш малку. Ама вреди си имаш домашно млекце. Инаку за траење трае како до најмногу 4 дена во фрижидер. Поздрав.
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Смути од зрнести плодови, суво овошје, банана, млеко/вода, чиа семе, ленено семе и друго по желба.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Како спремате јачмен т.е јачменови снегулки?Колку време треба да се вари за една порција и со што најчесто го комбинирате?
    Имам една идеја со мед и банана, а за друго не знам.:?:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.735
    Пол:
    Женски
    Ако се снегулки не треба варење. Потопи ги.
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.