Рецепти за коктели

Дискусија во 'Рецепти' започната од KejtiKaulitz, 8 мај 2011.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Овошни коктелчиња за подобра кожа

    Неодамна гледав на интернет една емисија(што неможам пак да ја најдам) и имаше 2 рецепти за коктелчиња кои се без шеќер и секакви конзерванси.
    Бидејќи во последно време се обидувам здраво да се исхранувам, секогаш барам коктели или храна без многу калории а сепак свежи, вкусни и природни.
    Мислам дека ќе ви се допадне и вас рецептот..

    Потребни состојки за првиот коктел:
    * Половина краставица
    * 1 јаболко
    * 1 кива
    * Мало парченце р'доква
    * Мало лажиче сол
    * 2-3 лажици јогурт
    - Најпрво излупете ја краставицата и исечкајте ја на 4-5 поголемки парченца. Потоа јаболкото исечете го на 4 парченца и тргнете ги семките. Излупете ја кивата и додадете ја во блендерот. Потоа излупете ја р`доквата и исецкајте ја на не многу мали парчиња, и додајте го јогуртот. И блендирајте. Би требало да добие светло зелена боја.

    Потребни состојки за второто коктелче:
    * 2 свежи папаји или дињи
    * Една рака замрзнати малини или јагоди
    * 1 лимон
    * Мала чашка вода ( од тие за ракија :$ )
    - Прво го вадите семето од дињата или папајата, и го ставате во бледнер. После додавате 1 рака замрзнати малини или јагоди, потоа цедите 1 лимон, и додавате малку вода. Сето тоа го блендирате и добивате убава црвеникава смеса.

    Коктелите се освежителни и содржат многу витамини.
    Уживајте.
     
    На oceangirl и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Кој знае нека каже некое коктелче , по можност без кој знае колку пијалоци . :lol: она што ни се наоѓа во бифе :D
     
  3. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Куба Либре
    Состојки
    50ml бел рум
    100ml Кока-кола
    ½ зелен лимон
    мраз

    Подготовка



    Ставете во чашата неколку коцки мраз, а потоа додајте го румот и налејте ја Кока-колата.
    Пресечете ја половинката зелен лимон на две четвртинки. Едното парче исцедете го во чашата, а со другото украсете.
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Па зависи што ти се наоѓа во бифе :)

    И зависи што преферираш повеќе, вотка, виски, џин ....

    Еве еден со малку состојки

    WHISKEY SOUR

    1 Цреша

    Џус од пола Лимон

    пола парче лимон

    2 oz. Виски

    пол лажиче шеќер во прав

    Протресете виски, џус од лимон и шеќер во прав со мраз во шејкер и процедете во чаша за виски. Украсете со половина парче лимон, додадете цреша и сервирајте.

    Тип на чаша: Чаша за виски

    http://kokteli.mk/index.php?page=new_cocktails
     
  6. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    268
    Lemon drop - може да се послужи во мартини чаша, или во мала чашка за на екс - шутер.
    Состојки:
    -Вотка
    -По правило се користи Sour mix - заблажен концентрат од лимон и лимета, а како алтернатива за тоа може да се исцеди свеж лимон и шеќер (не сум сретнала кај нас џус од лимон)
    Ова се става во шејкер (може и во обична чаша) со мраз и се меша додека не се излади убаво.
    Ако се служи во мартини чаша, многу подобро е кога чашата е претходно изладена.
    И по краевите на чашата се става шеќер - врвот на чашата (од кај што се пие) се натопува и се брцнува во шеќер, па кога се пие прво што ти доаѓа е шеќерот, па од благото вотката не е толку јака (наизглед)
    За декорација, кружно резне од лимон.
     
  7. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    451
    Black Russian е едноставен коктел од водка со арома на кафе.

    50ml водка
    25ml ликер од кафе
    мраз

    Во чашата ставете неколку коцки мраз.
    Налејте ја водката.
    Додајте го ликерот од кафе.

    Промешајте и ставете кратка сламка за пиење.
    Можете да пробате и Tall Black Russian. Се приготвува на истиот начин, само што се служи во висока чаша која се дополнува со Coca Cola.
     
  8. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    jas bi sakala da najdam recepti za domasni likeri ako znae nekoj neka pisi :)
     
  9. karamela24

    karamela24 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Чоколаден ликер

    100gr. чоколадно какао
    500gr. шеќер
    250gr. млеко
    Сето ова да зоврие и се остава настрана да се олади

    250gr. ракија
    2 лажици шеќер
    2 пакетчиња ванилин шеќер
    Се вари заедно и се остава настрана да се олади
    Потоа двете смеси се мешаат заедно :)
     
  10. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Ke moze nekoj da mi kaze recept za bezalkoholen koktel?
    ( po moznost da ima crvena boja)
    :)
    Vi blagodaram odnapred
    [mod-kirilica:18inbrjk][/mod-kirilica:18inbrjk]
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Bezalkoholni Kokteli

    Cranberry Bomber
    - 120 ml. сок од брусница
    - 15 ml џус од портокал
    - 2 лажици grenadine сируп
    - 1 лажиче мед
    - 1 лажиче кола (Пепси, Кока Кола ...)
    [​IMG]

    Cherry Spritzer
    - 60ml чист cherry сок
    - 120 ml минерална вода
    [​IMG]
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еве страна за коктели...
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Највкусните женски коктели
    Pink Lagoon (Розова лагуна)

    Ова е нешто што потсетува на летна авантура па додека да дојде летото, научете како да го подготвувате и станете вистински мајстори. Клучно е да ги употребите истите пијалаци кои се наведени во потребни состојки. За декорација земете овошје по ваш избор, или пак украсете го со разни украси за летни коктели.
    [​IMG]
    Состојки:

    60 мл Palm feni
    3 капки сируп од малини
    3 капки зелен лимон измешан со шеќер

    Frozen pink lemonade (Замрзната розова лимонада)

    Освежителен коктел со вкус на лимонада и ниска количина на алкохол. Доколку ја одберете вистинската декорација, коктелот ќе изгледа феноменално, но исто е многу важно да ја одберете вистинската пригода и да го конзумирате со добро друштво.
    [​IMG]
    Состојки:

    45 мл вотка со вкус на лимон
    1 лажичка шеќер
    5 мл свежо исцеден лимон
    5 мл сируп Gernadine
    кршен мраз

    Midnight rose cocktail (Полноќен розов коктел)

    Заводлив коктел со овошни компоненти. За украсување на коктелот, одберете било какво овошје со црвена или розова боја.
    [​IMG]
    Состојки:

    30 мл ликер Advocaat
    15 мл ликер од јагода
    15 мл ликер од цреши
    30 мл крем (блага хопла)

    Ooh La La (У ла ла)

    Не толку јак коктел со блага розова боја, соодветен за во друштво со најблиските пријателки. Коктел за оние со изразена женственост.
    [​IMG]
    Состојки:

    15 мл вотка со вкус на лимон
    10 мл Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал)
    30 мл џус од ананас
    30 мл Спрајт
    половина свежо исцеден лимон
    1 лажичка ликер Grenadine
    1 резанка лимон за декорација
    1 марачино цреша

    Начин на подготовка на коктелите:

    Потребните состојки истурете ги мешалка за коктели заедно со една или неколку коцки мраз (зависно од количината на другите состојки, по можност кршен мраз), мешајте долго и приготвениот коктел сипете го во коктел-чаша. За попрецизно мерење, имајте во предвид дека 30 мл се колку малечка чашка за ракија. Дадените состојки се доволни за една чаша коктел. Колку поинтензивна розова боја ќе добие коктелот, зависи од сирупот кој ќе го додадете. Одберете соодветна декорација овошје, цвет или нешто слично, и уживајте сами или со добро друштво.

    :d: :d: :d:
    Превземено
     
  14. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Алкохолни или безалкохолни,изборот е ваш.
    Еве еден од мене
    100 гр лубеница без семки издробена
    30 мл водка (каква имате)
    20 мл сок од лимета
    200 мл кисела вода
    Лед
    Е заедно изблендирајте убаво и коктелот е готов!
    По желба може да се додаде и свежо нане
    Sparkling-Watermelon-Punch-Bowl-12.JPG
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.