Здраво, Пекачот е нов апарат во мојата кујна, па сакав да ве прашам. Каков сув квасец користите? Јас штом правам со некој наш квасец лебчето се утнува, а ако користам еден грчки свасец, се е во ред. Што е работата незнам.
Нема врска фирмата. Мерката не ја погодуваш и распоредот на ставање. Квасецот ако брзо допре до водата се зезнува тестото. Обичен бел леб ставаш по овој распоред 1 чашка вода, 1 лажичка сол, 1 1/2 лажичка шеќер, 3 чашки вода и на крај 2 лажици (или пола кесичка) сув квасец. (чашка и лажичка мериш со тие од апаратот) Иди во КАМ имаше на РАФ квасец на попуст има мали пакетчиња и поголеми паковања, исто има од Долчела.
Баш таков РАФ користев и ми се зезна лепчето. Инаку го запазувам редоследот на на ставање, впрочем лебчињата претходно неколку пати ми излегуваа со грчкиот квасец. И сега кога треба да користам квасец од нашите маркети, не ми излегува.Туку се прашувам, дали ставам повеке квасец или пак ми престасува тестото? Лепчето излезе со воздух внатре а сепак сплескано и набиено.
Од која фирма ти е апаратот? Штом ти нараснало па ти се сплескало значи повеќе квасец си ставила, ако ти лупа по страните кога го меша тестото значи треба малку повеќе вода да доставиш. Големината на векната ја одредува мерката на пример 4 чашки брашно ја ставаш на 1000 кг. Штом не ти одговара тој квасец пробај со ЗИКО инстант сув квасец битолска фирма е. Мерата е многу важно да ја погодиш и не гледај по книгичкките барај по американските рецепти тие мерат со чашки и лажички како тие од машината.
Ви благодарам на одговорите. Изгледа ке да е тоа грешката, повеке квасец во тестото, затоа што јас ставам 1 пакетче на 1000 кг тесто. А од грцкиот користев 2 мали лажичиња, (мерката е со тоа лажиче од пекачот). Ке пробам вечер повторно. Може ке ми успее со помалку квасец.
Само мерката пази ја. Јас француски леб никако не можам да погодам еве и овој со хељда рецептот го пробав кој знае што направив ама многу е горчлив и како недопечен. Деновиве пак ќе купам брашно и ќе го пробам. Можеш да пробаш и мармалад да направиш. Јас земав кајсии од комшиката околу 700 грама кајсии ги сецкам на 4 им додавам малку шеќер, малку повеќе од 1/8 чашка и печам во апаратот. Пробувај се не се откажувај брзо. Еднаш ќе погодиш еднаш ќе згрешиш. Јас го сакав апаратот што има и за јогурт правење ама немав пари. Снаа ми овој веќе го купила овој и ми го даде, абе детска радост ми е!!!
Здраво, Со апаратот за печење почнав да си ги правам најубавите лепчиња. Сега сакам да прашам, дали некој има некоја рецепта за пченкарно лепче. Ако имате пишете. Поздрав
Еве рецепт за лечпиња за хамбургер. Спојлер: Рецепт 1 cup hot water (yes, it says hot water) 2 Tablespoons unsalted butter (softened) 1 Large egg (beaten) 1/4 cup sugar 3 1/2 Cups all-purpose flour 1 1/4 Teaspoons sea salt 1 Tablespoon instant yeast 3 Tablespoons unsalted butter (melted, for topping) Се печат 15 - 18 минути на 200 степени (рерната предзагреана на 250, ставате ја тепсијата и намалувате на 200). После 5-10 минути малку оставете ги да зорат во затворена рерна.
Imame pekac za leb na severin...novo ni e mesec dena go imame..majka mi pravi samo crno lebce i realbo go kupivme radi nea zas pravese operacija i mora da jade samo takov leb. Ako znae nekoj sa kaze recept za testo za pizza...da go izmesi i pos sako da redeme i u rerna
Мериш со мералките од машината, јас го делам тестово на 3 дела за тенко да биде. Тестото го потпекуваш 5-6 минути на 200 додаваш што сакаш и го допекуваш уште 10тина минути зависи од рерната. Во рецептов пишува млака вода јас ставам ладна од чешма за да не ми престаса. (Шеќер обичен, сол обична а можеш и крупна ќе се стопи во месењето и масло најобично.) Рецепт за црното лепче може?
Здраво женски што убаво ме потсетивте на мојот пекач, и јас ко Дани го купив, го измалтретирав извесно време и сеа стои у шкаф.... Еве неколку рецепти. Ми ги има пратено една Феминка, не се од мене Искрено, бајаги одамна немам направено, и не се сеќавам што точно од предложениве рецепти имам направено за да ви предложам Рецептите за 900 грамски леб, Совет бидете точни со мерките и лебот треба да излезе убав бел леб: млеко 275 мл маргарин или путер 25 грама сол 1 голема лажица шеќер 1 гол.лаж. обично брашно 500 гр сув квасец 3/4 од кесичката програмот за овој леб е BASIC кај мене леб со ораси и суво грозје вода или млеко 275 мл маргарин или путер 30 гр сол пола голема лажица шеќер 1 кафена лажичка обично брашно 500 грама сув квасец 3/4 од кесичката суво грозје 75 грама мелени ореви 40 грама програма за овој е леб е SWEETBREAD Интегрален леб вода 350 мл маргарин или путер 25 гр сол 1 кафена лаж. шеќер 1 кафена лаж обично брашно 270 гр интегрално брашно 270 гр сув квасец 3/4 од кесичката програма BASIC Леб со црвен кромид Вода 350 мл сол 1 кафена лажичка шеќер 1 к.л. пропржен сецкан кромид 50 гр обично брашно 540 гр сув квасец 3/4 од кесичката програма исто basic сладок леб свежо млеко 275 мл маргарин или путер 25 гр 2 јајца сол 1 кафена лажичка мед 2 големи лажици обично брашно 500 гр сув квасец 3/4 од кесичката програма SWEETBREAD компиров леб вода или млеко 300 мл маргарин или путер 25 гр 1 јајце пасиран сварен компир 150 гр сол 1 кафена лажичка шеќер 1 кафена лажичка обично брашно 630 гр сув квасец 1 кесичка програма BASIC иначе Феминката користела сенаменско брашно на жито лукс и зделата во која се пече обавезно ја премачкувам со маргарин. исто така овие состојки со ред се пишани, значи се по ред си ставаш како што се пишани. на здравје
Антебелум, испробан ти е рецептот за тесто за пица што го постираше? Чудно ми е дека се става вода, па квасец. Инаку ако имате некој добар рецепт за пица, ве молам споделете. Јас имам пекач на Мулинекс.
Да квасецот се става најпосле. По овој ред вода, сол, шеќер, брашно и квасец. Така ми пишуваше во прирачникот а гледам и американците по тој ред прават. Мојот рецепт е совршен и ти го препорачувам.
Супер, ќе го пробам деновиве. Туку, отприлика колку тесто испаѓа? Не по грамажа, туку за колку поголеми пици, да речеме.
3 подебелки теста за пици правам во тепсија 28 е сега можеш за потенки во 4 тепсии. Испаѓа доста тесто, сум сакала да го измерам ама немам кујнска вага. 3 чашки брашно од машината се околу 600 грама брашно плус вода и масло значи околу 250 грама тесто треба да дојде 1 пица. Моите тепсии се 28 и 26 затоа ми излегува повеќе тесто. Пробај го слободно ич не му се плаши.
Многу ми е, затоа те прашував. Дома мм е со целијакиа, па само јас ќе јадам, евентуално и ќерка ми ако сака. Ќе пробам со пола доза, па ќе пишам впечатоци