Како што разгледав нема никакви рецепти за салати јас сум голем обожавател на салати но само знам да ја правам мајонез салатата па ајде ако знаете рецепти за салатите со урда,пилешките и др слободно пишете и споделете ги вашите рецепти овде ПОЗДРАВ ДО СИТЕ
Caprese ја открив пред 4 години, прв пат јадев во Австрија и ич не ми се допадна. Во Шпанија често ја служат и таму се навикнав да ја јадам, после некое време ми стана хит , а гледам дека и по некои ресторани во Ск ја служат ама не онака како оригиналната. Рецептот е многу лесен. Домати, ама да не се премногу сочни ,се сечат на тенки кругови. Моцарелата ( ама бела, жолтата е за пица) се сече исто на кругови , се реди врз гоматите , се зачинува со свеж исецкан босилек, сол, многу малку магдонос (може и сушен ) , маслиново масло и балзамико. Лесно се прави, свежа е, оди со ракоја, узо, вотка... се што е жестоко. Обично ја правам кога имам гости, ептен добер впечаток дава и ја личи масата
Ммм шопска салата, моја омилена! Едноставно е. Сечеш домати, краставички, ставаш зејтин, оцет и на крај рендаш сирење! Брзо и вкусно..
незнам дали е баш некој вид на салата но јас си ја вбројувам во салати....салата со тиквички....најпрвин ја миеш тиквичката и потоа на кругови ја сечеш на колца по мое....и потоа ги пржиш...во маст или зејтин се едно е...и накрај кога сите ке ги испржиш...ги ставаш во чинија и им ставаш оцет и сол и може и зејтин ама малце бидејки тие си пуштаат мрсно од самото пржење и накрај ке го измешаш сетотоа убаво..оваа салата се јаде со пржени компири и е многу убава.... позз и кажи ми ако си ја правела дали ти се допаднала
Јас обично пржени тиквички ги ставам во земјена чинија и ставам малку оцет некогаш и малку лукче колку за вкус ммм прекрасно е сепак фала девојки кажете некој рецепт за салатите пилешки со мајонез што се прават и тие другите поздрав и фала на сите
Свежа салата 500 г. сирење (гмечено со вилушка) 300 г. шунка (сецкана) 2 краставици (сецкани) 3 павлаки мајонез
исто ја правам и салатата со туна туна марула мајонез и го мешаш целото прекрасна е,а понекогаш ја правам и со јајце варено наместо туна
Освен што е вкусна, салатава е освежителна. Наместо краставици ставам макарони. Салата со јајца јајца (варени) компири (варени) салама сирење Ова се ренда и се додава мајонез.
Еве ви уште една салата која се прави релативно брзо варен компир сирење јајце варено павлака мајонез Ова се може да се изренда и ќе се измеша убаво
Урнебес салата 500 г. урда 3 лажици мајонез едно чешне лук (ситно сецкано) ореви (толчени) пипер буковец
Еве и салата со пилешко и макарончиња: варено бело пилешко месо пакување макарончиња (мали ситни макарончиња, само за салата) кисели краставички варени моркови грашок од конзерва мајонез кисела павлака Сето ова убаво се меша, се зачинува по вкус (сол, црн пипер, зачини како оригано и слични, ако сакате, но не мора).
наједноставна салата потпечен сусам во релна , многу потпечен и многу количински сусамот се става со кајмак, павлака и сецкани краставички и сето се промешува многу е лесна и вкусна и освежителна, пробајте
Анатх колку се става количински мајонез и павлака колку да се соедине цела смеса се става од нешто повеке пример помалку павлака повеке мајонез или обратно иначе обозавам вакви салати ммм фала на рецептот
Па јас обично ја правам повеќе на павлака, значи три лажици павлака на една лажица мајонез. А количински, за една ќесичка макарончиња ќе ти требаат 3-4 пилешки стекови, една мала конзерва грашок, половина тегличка кисели краставички, три поголемки моркови и отприлика ќе видиш колку мајонез и павлака ти треба, за да се направи салата. Не мора само да се соедини, може и малку повеќе да има мајонез или павлака, што повеќе сакаш
Тиквички пржени на тркалца може да се редат и со павлака , многу убава комбинација павлаката обично ја зимам онаа во кантичка на кри кри , погуста е , одделувам колку ке ми е потребно за салатата и на павлаката и ставам една лажица мајонез кога се реди се става лукче и магдонос врз тиквичките и се посолуваат по вкус
Во длабок сад 1. рендаш сварен компир 2. шунка 3. мајонез Во зависност од садот ставаш различна количина..ммм прекрасна е
Најубавата салата на целиот свет - Црвена зелка, исецкана ситно како за во обична салата ( во длабок поголем тањир) и посолена по вкус Павлака ( 1 ипол од тие малчките чашки) Една кесичка мајонез И дробено (не рендано) сирење по вкус Салатава е превкусна и лесна, баш за лето и се јаде со Бејкролс (со сол или сусам ) Пробајте, лесно се прави и кажете дали ви се свиѓа
Еве и од мене една вкусна и брза салата. 200 гр. ориз недоварен само омекнат малку 200 гр. шунка сецкана 1-2 краставички 200 гр. дробени ореви зачини по вкус 3-4 павлаки (2 и пол внатре за да се соединат сите состојки заедно и една за одозгора да се премачка)
Еве најдов на еден сајт рецепт за ранч сос, но на англиски е, се надевам ќе се снајдеш. Ranch Dressing Ingredients * 1 cup mayonnaise * 1/2 cup sour cream * 1/2 teaspoon dried chives * 1/2 teaspoon dried parsley * 1/2 teaspoon dried dill weed * 1/4 teaspoon garlic powder * 1/4 teaspoon onion powder * 1/8 teaspoon salt * 1/8 teaspoon ground black pepper Directions 1. In a large bowl, whisk together the mayonnaise, sour cream, chives, parsley, dill, garlic powder, onion powder, salt and pepper. Cover and refrigerate for 30 minutes before serving.