Салата од морски плодови ала Руска слата рецепт лично од мене -две пакетчиња ракчиња или сурими стапчиња, јас ја правев комбинирано, едно со едно -едно кесиче смрзната пченка -една кесичка макарони, од Кам се најубави и најубаво се варат -мајонез и сенф по желба, колку сакате да биде кремаста толку, но отприлка иде околу 300 грама мајонез и 200 грама сенф, знам бидејќи толку имав купено во оние пластични кесички од полимарк -зачин, Биозачин на Виталија, бибер на Вегета и лук на Вегета, сол Се печат ракчињата во рерна со малку сол и бибер на нив, на фолија за полесно да се одлепат без да останат на тавчето пола, се печат смрзнати. Во меѓувреме се вари кесчето макарони во солена вода, и пченката исто така. Во голем сад се сецкаат морските плодови, се става пченката и макароните, се зачинува и се додава мајонезот и сенфот, се меша и се добива највкусната варијанта на Руска салата. По желба може да се стави туна или скуша пушена, капари, суви печурки... кој каква желба има.
Порано правев една прекрасна салата, ама ооооооодамна ја немам направено, па не можам да си го најдам рецептот. Ве молам доколку некој го знае, да го напише рецептот (ми е страв да не заборавам некој состојка и не ја памтам грамажата на продуктите). Беше со макарони (оние во различни бои), павлака, мајонез, кисели краставички, салама...не се сецкаа туку се сечеа на ленти. ПЛС ако некој го знае рецептот нека пише. ФАЛА однапред!
За Нова Година направив една салата онака, од око, и баш превкусна испадна, сите ја пофалија, ама и ептен брзо се изеде. Вака, на тенки ливчиња исечете десет поголемки свежи шампињони и пропржете ги во тефлонско тавче со минимална количина масло. Ставете малку сол, црн пипер и три лажици бело вино, нека се динстаат. Може да додадете зачини по желба, ама бидејќи моиве не сакаат зачини, јас не ставив. Откако ќе испари течноста, процедете ги печурките, ставете ги во подлабок сад, наросете сусам врз нив, изрендајте на ситно половина главица кромид и три-четири кисели краставички. Измешајте со една чашка кисела павлака. Превкусна е.
Салата од Авокадо 2 Парчиња Авокадо ги чистиме и од внатрешноста правиме таканаречено ''пире''(со мешалка убаво ќе изгмечиме). Смесата ја полејуваме со малку (отприлика пола лажиче) лимонов сок и повторно мешаме. 2-3 Јајца вариме, ги додаваме на предходната смеса и повторно со мешалката правиме пире. Пола главица кромид ја сецкаме на најмали можни парчиња и ја додаваме на предходната смеса. 1-2 лажичиња мајонез истотака додаваме на смесата. Додаваме многу малку сол, (врвот од едно лажиче) . Брзо, лесно и ептен вкусно
Ја јадев вчера во Тренд, има глупавко име Шарена зелена салата, ама е толку вкусна, некалорична и просто морав да побарам рецепт! И го добив . Па да ја споделам, препорачувам! За едно лице потребно е: неколку листови зелена салата марула 5 шери доматчиња (пресечени на половина) 5 зрна црно грозје (пресечете ги на половина и извадете им ги семчињата) крутони (или двопек претходно истостиран, две до три парчиња) листови гриер кашкавал или друго тврдо сирење сенф балсамико маслиново масло сол, бибер Во длабок сад измешајте ја марулата исечена на парчиња, доматчињата и зрнцата грозје, додајте ги крутоните (во мојов случај беа накршени како на поситни парчиња, ми рекоа можело и кубети обични), и истурете во широка чинија. На страна во мал сад ставете 3 лажички сенф, неколку капки балсамико, маслиново масло, насолете и прелијте со овој дресинг врз салатата. Најозгора наредете ги листовите тврдо сирење/кашкавал, исечени на тенко, со лупалка. Многу здрава салата, (единствено само кашкавалот може да е покалоричен), а вкусовите се незаменливо измешани.
Еве нешто и од мене: 1-сварени копанчиња разделени на ситно од коската и исецкани 2-свежи крставичќи сецкни на ситни коцкичќи 3-рендани малинки 4-павлака по потреба Сето тоа се измешува убаво да се соединат...мн..е вкусноо...
Салата со павлака -300гр. печурки -300гр. кашкавал -300гр. шунка -1кг. павлака "Спитико" Сè се сечка на покрупни коцки.Се става павлаката и 2 супени лажици мајонез.Се зачинува со црн пипер и малку сол.
Алпска салата Потребни состојки: 300мл мајонез 3 компири мала главица кромид 200гр кашкавал свежа краставица 100гр пченка сол бибер Начин на подготовка: Излупете го компирот, исечете го на коцки и сварете го во солена вода, внимателно да не се превари. Кашкавалот исечете го на тенки правоаголници. Кромидот исецкајте го на ситни коцки, а краставицата добро измијте ја, отстранете ја средината со семињата и исечете на коцки. Во поголем сад све помешајте со мајонез и зачинете по вкус. Ми изгледа доста вкусно и ефтина е,и лесна е за правење Сакам да ја правам па ако некоја од вас ја правела да каже дали е убава и вкусна како што изгледа???
Јадев оној ден една салата преубава со пилешко месо ситно сецкано и пропржено, марула, варени јајца, сирење, домат, пченка, маслинки и врз сето тоа имаше сос од павлака ама течен беше незнам со што го направиле таков Оваа ми е совршена зошто не јадам мајонез, пиперки и кромид, а ништо од тоа нема во неа
ПОсна салата Една кесичка ситни макарони 2 големи туни (цели, не сецкани) 10-15 маслинки сецкани Еден врзоп млад кромид Два цедени лимони Едно паковање смрзната пченка (zlatni secerac) Ова се се меша, само туните се ставаат комплет со маслото, не се цедат. Многу е вкусна, сол и црн пипер по вкус се става.
2-3 компири варени +2варени јајца+салама+сирење+кисели краставички+обарен морков што имаш од ова земи на ренде изрендај пример компирот па мајонез од кесичка стави така еден два круга врз компирот па врз компир рендај јајаца па пак мајонез еден два круга,па рендај салама па, пак мајонез , и се додека не завршиш со состојките јас обични ја рендам на еден тркалезен поголем тањир прекрасна е а и многу брза и не ескапа ич лесна еза јадење кога и да ти текне на неа направи ја па кажи мислење
Ако си за крем салата - свари ситни макарончиња, па во нив додај сецкана салама, кашкавал, кисели краставички и малку сирење. Додај павлака, измешај, посоли и готова е. Ако си за салата од зеленчук - исецкај марула, додај готови кубети, парченца кашкавал, сирење, стек испржен и се друго што ќе најдеш по дома и зачини со маслиново, сол и балзамико.
Благодарам Маја, повеќе сум за крем салата со макарончиња , сакам со ова пица , па др нз шо ке видиме..
тој сос одозгоре што се става се прави со павлака,мајонез,вода и оригано или босилок и сето тоа се меша и многу е вкусно ,инаку нема грамажа се прави онака
Салата од прокељ и печурки Во едно тавче се става прокељот (помалите се ставаат цели само од одоздола им се направи крстаст зарезок а поголемите се сечат на пола), малку зејтин или маслиново масло, пола главица црвен кромид, соја сос (ако имате по дома), сол, бибер и се ставаат да се печат околу 30 мин на 200 степени. Во тавче со малку путер се пропржуваат свежи печурки (однос со прокељ е 1спрема 1 значи ако имате пола кг прокељ толку и печурки, мада јас никогаш не мерам ставам од око ). Откако ќе им испари водата (нели кога се пржат пуштаат вода) се додава окол 50-70мл бело вино, 5-6 лаж. вода, 50 гр путер и се додава мајчина душица (ако немате тогаш и оригано ќе заврши работа). Се динстаат малку околу 5-10мин колку да испари малку виното ама не целосно. Пеќурките со сосот се додаваат кај прокељот и се промешува и се враќа во релна уште 5-10 мин колку да се соединат сите вкусови. На крај врз салатата се посолува со малку пармезан (ако ви се наоѓа по дома). Многу е убава и проверена од моја страна
Jас најчесто ја правам оваа салата. Рендам ред варени компири, па ред салама, ред сирење па мачкам мајонез , и пак така уште еднаш одозгора ставам повеке мајонез и некогаш рендам сирење , некогаш декорирам со маслинки , морков и друго. Брза , ефтина и едноставна
Салата од боранија,се давам во неа. Боранијата се става да се свари во посолена вода,се процедува и веднаш се става во студена вода за да ја задржи бојата.Количина произволна. Цедите еден лимон,сол и бибер,сецкате 2 главици црвен кромид,сирење Фета по вкус,маслинки црни 1-2 варени јајца,промешувате и уживајте!
Еве и од мене една брза и одлична салатка полна со витамини: 1 марула сецкана,малку помалку од пола зелка,3 моркова рендани,2 ротквици рендани,1 главица стар кромид,3 страка млад кромид,1 рендано цвекло и на крај една туна.Сето ова се меша со тоа што марулата и зелката претходно убаво да се изгмечи за поубаво да го примат балсамико,се додава сол и уште малце маслиново масло.Уживајте