Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604

    Ова не е салата :) ова е сос, Гуакамоле и се јаде претежно со чипс на аперитиви.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.768
    Јас колку што знам Авокадо е дел од состојките кои се основни за добивање на Гуакамоле, но неопходни се и други.
    Патлиџани, значително поголем број на зачини и луто во класичната варијанта.
    Во друга без патлиџани но со лук, бибер и повторно луто.
    Лимон, петерсилие, лук, бибер во трета.

    Постои варијација на состојките, поради која претпоставувам оној предходно споменатиот рецепт од моја страна се категоризира помеѓу салати, а не дип.
     
    На la-chicka и do-re-mi им се допаѓа ова.
  3. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    41
    Луѓе имам ја една салата што ја правам ем за слабеење ем за освежување во летниот период се што ви е потребно е 1 тиквица 1 краставица 1 парче сирење 1 кисело млеко малку лукче малце ораси, тиквицата и краставицата ги рендаме и ги цедиме од водата, сирењето го рендаме и го додаваме во нив лукчето и орасите и на крај се става киселото млеко и се се меша, стварно е убава и ефикасна за слабеење.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.743
    Пол:
    Женски
    Некој интересен рецепт за салата со урда? :wasntme:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    81.660
    Пол:
    Женски
    Па не е баш интересен, ама урнебес салатата мене ми е омилена, а верувам дека ја знаеш. :wasntme:
    Ставаш црвена пипер во садот за матење во кој претходно е ставена урдата, ја обработуваш за да добие праска боја, сецкаш некоја чесничка лукче на многу ситно, по желба додаваш мелен црн пипер или букова сол и тоа е тоа.
    Некоја интересна декорација направи и' и ќе ти биде жал да брцкаш со вилушката за да не ја расипеш. :D
     
    На tessie и duffi им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.767
    Допаѓања:
    145.269
    Мхмх, сега ме настрвивте.. јас ги правам како топчиња за декорација овалени во сусам..
     
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    1 кг урда ,
    1 тегла кисели краставички,
    300 гр шункова салама,
    1 помала главица стар лук,
    3 големи лажици павлака,
    3 големи лажици мајонез,
    1 голема лажица буковец,
    100 гр сецкани ореви,
    3 варени јајца,

    се се ренда на крупно ренде, се меша, зачинува и декорира по желба :)
     
    На zalosna и tessie им се допаѓа ова.
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Состојки
    1 чаша ориз варен и цеден
    100 гр. кашкавал сецкан на коцкички
    100 гр. салама сецкана на коцкички
    150 гр. сирење дробено
    5-7 парчиња кисели краставички сецкани на коцкички
    400 гр. кисела павлака
    5-6 чешниња лук толчен
    100 гр. ореви мелени
    Упатство
    0
    Сите состојки се мешаат заедно и се додава малку сол, по вкус.
    Се става во помали чинивчиња, а одозгора се премачкува со павлака и се украсува по желба.
    Се чува во фрижидер.
     
  9. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    ****француска салата*****
    300гр салама
    300грама сирење
    300гр ореви
    500гр компири
    2 свези крраставци
    2-3 лажици мајонез
    павлака

    се сесецка и се меша заедно
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Еве една салата која јас ја обожавам,а откога им ја направив и на моите дома сега постојано ме тераат да им ја правам :lol: Постојано си ја правам и многу е вкусна.. :)
    Потребни состојки:
    Пилешки стек
    Домати
    Краставица
    Кромид
    Марула
    Ротквици
    Сирење
    Кубети
    Вегета
    Бибер
    Останати зачини по желба
    Најпрвин го сечеме стекот на мали коцкички и го зачинуваме со вегета и останати зачини по желба..Потоа го пржиме на маслиново масло се додека не добие некоја златеста боја..Го вадиме и парчињата стек ги ставаме на салветка да се исцеди маслото.Во чинија ставаме сечкани домати,краставица,марула,ротквици,кромид..Одозгора ставаме сирење и кубети..потоа се ставаат парчињата месо,одозгора наросуваме малку бибер за вкус и на крај ставаме маслиново масло.
    Пробајте,нема да зажалите ;)
    Добар апетит :)
     
  11. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Моја омилена :
    зелена салата (марула), пилешко (сецкано на коцки) месо, кубети, шери патлиџанчиња, кашкавал, масленце и киселинче мх мх :lol:
    Исто така сакам и марула во комбинација со туна и павлака. Марула во секој случај- омилена ми е.
     
  12. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Павлака салата
    во еден сад се ставаат 3 чашки павлака, се сецкаат 4-5 краставици на ситни коцки, и 400 гр маринирани шампињони и се заедно се меша ( многу брзо и вкусно)

    Праз салата
    Се сецкаат 2 страка праз на тенки кругови, се ставаат во еден сад 3 чашки павлака, 3 лажици мајонез и 250 гр ситно издробено сирење , се додава празот и се заедно се меша. ( ова е хотелски рецепт, ми го кажа сестра ми која одеше на пракса во хотелска кујна, и искрено се изненадив од извонредниот вкус)
     
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.471
    Пол:
    Женски
    Рецептите во споилер

    Зелена салата со кисело млеко
    Потребно: 4 зелени салати
    200мл кисело млеко
    50мл масло
    сок од еден лимон
    30гр шекер

    Приготвување : Салатата добро се чисти и се мие во ладна вода. Кисело млеко, сок од лимон и малку шекер се разматуваАТ со жица. Пред сервирање салатата се прелива со овој раствор

    Зелена салата со шампињони

    Потребно е : 1 главица зелена салата
    10 шампињони
    100г домати
    10г пиперки
    50гр кромид
    100гр моркови
    50мл јаболков оцет
    мелен црн пипер, масло и сол

    Приготвување: Зелената салата се сече на широки парчиња. Морковите се рендаат крупно, пиперките и кромидот се сечат на резниња, доматите на четвртинки, шампињоните се сечкаат на тенки листови. Сиот зеленчук се меша, се посолува и се додава црн пипер. Салатата се прелива со јаболков оцет и масло

    Салата од домати и јајца

    Потребно е : 500г домати
    4 јајца
    50гр кромид
    една китка магдонос
    масло и сол

    Приготвување: Тврдо варените јајца се лупат и се сечат на тркалца. Доматите, исто така се сечат на тркалца. Во плиткА чинија се реди венец од домати и јајца. Се посипува со ситно сечен кромид, се посолува и се прелива со малку масло.На крајот салатата се наросува со иситнет магдонос.

    Скопска салата

    Потребно е : 500г домати
    главици кромид
    зелена пиперка
    200гр овчо сирење
    2 краставици
    сол и масло

    Приготвување : Доматите и излупените краставици се сечат на коцки. Кромидот се сече ситно. Смесата се посолува, се налива со масло. Се попрскува со ситно сечени лути пиперки, рендано сирење и ситно сечен магдонос.
     
  14. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Рецепт за некоја екстра брза крем салата со ситни макарончиња?
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Мој рецепт :)
    брзо,лесно и едноставно,а пред се многу вкусно :D

    Се сецка салама(било каква по желба) околу 200 гр,една свежа краставица,се додава 300 гр павлака и се убаво се меша.Не се остава подолго од саат време зашто краставицата пушта вода и не е убаво.
     
    На Samomarija.056 и Twinja им се допаѓа ова.
  16. kristijana88

    kristijana88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    здраво на сите, мене ми треба некоја посна салата дали некој знае ми треба за слава ако некој знае пишете поздрав до сите
    :)
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Некој рецепт за салата со свеж спанаќ? Одамна сакам да пробам, никако рецепт да најдам. :)
     
  18. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Посна слата
    Едно пакетче ситни макарони
    2 големи конзерви туна (цело парче, не сецкана), заедно со зејтинот, не треба да се цедат
    Неколку млади кромитчиња, може во замена една главица стар кромид
    10-15 маслинки сецкани
    Едно пакетче смрзната пченка (шеќерац) претходно обарена, никако немој од таа во конзерва, не е вкусна
    Сок од два цедени лимони
    Сол и бибер по желба

    Се се меша и многу е вкусна :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Јас открив една и многу ми се допаѓа
    Потребно е - свеж спанаќ по можност од оној со помали ливчиња за да не мораш да го кинеш на парчиња, ставаш во една здела па додаваш козјо сирење (ако немаш можеш и друго кое го сакаш), сецкани бадеми и зачинуваш со маслинов зејтин и балсамико оцет. По желба можеш да додадеш и малку рендан лук.
    Оригиналиот дресинг е со сенф, мед и бело вино.
     
    На Annath и Rubiii им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.953
    Баш сега кај колешкава кога бев на гости, се прејадов малиџано салата со павлака, лук и ореви.
    Не е за пред излегување.

    Многу е едноставна. Толчиш цело чешне лук со малку сол во аван, истураш една павлака, малку оригано, една тегла малиџано и рака толчени ореви, да се осеќаат додека мезиш.

    Совршено за со ракија и студени денови.
     
    На Trendafilka, Peppermint, captivating и 1 друга личност им се допаѓа ова.