Сакам со вас да ја споделам мојата омилена зимска салата, која воедно ја сметам и како лесен оброк. Се состои од : - 1 марула - 4 глави варен компир - 1 топ млад кромид - 1 краставица - 1 домат Варениот компир го сечкам на коцки и го додавам во марулата, а потоа и останатиот зеленчук. Сол по вкус, јаболков оцет и масло... Бон Апетит
Еве ти еден рецепт, во варена пченка додадеш рендан морков (неварен, свеж), ситно сецкан магданос, брокула, малку маслиново масло, зачини по вкус, и за да ја повржеш целата смеса се става 1-2 лаж. посен мајонез (го има по маркетите) а мене ми е убава и со балсамиран оцет. Одозгора посоли ленено семе.
- марула - ситно сецкан магдонос - туна - масло и сол по ваша желба едноставна и многу лесна салата, соодветна за диети
Jaс во последно време си правам салата од свеж спанаќ, да да свеж. Претходно неможев да замислам да го јадам свеж, но бидејќи сум по салатите ми се бендиса.Е вака ми исгледа салатата -спанаќ измиен и не многу ситен исечкан -врз него зачинувам со маслиново и обавезно балзамико(ако е обичен оцет нема да биде вкусна) -две три лажици урда -и за крај потпржувам некои семки(во зависност што имам дома-сусам,сончоглед...) Се ставаат на крај семките и се додава сол или др зачин по желба. мммм Друга салата која ја открив експериментирајќи низ дома, а воедно и брат ми го заразив со неа Многу е едноставна и не бара многу материјал -свеж карфиол се меша со маслиново и балсамико, ќе му додадете оригано и сол и уживајте Едноставно,убаво и многу здраво!
Цвекло малку обарено и сецкано на по големки парчиња ( оригиналниот рецепт е со две врсти црвено и жолто цвекло ), сецкани ореви, свеж спанаќ, урда малку ... сол, маслиново и балсамико. Француска салата е и превкусна.
Зелка рендан морков мајонез 3-4 лажици сенф 1-2 лажици (не се ни осеќа само е за вкус) вински оцет ,сол , зејтин,црн бибер превкусна е !
Меѓу поомилените : Грчка салата Домат, краставица , сирење ( по можност фета ) - исецкани на коцки, прстени кромид , неколку маслинки - цели или исецкани на кругчиња , сол, бибер , оригано ( особено врз сиренцето ) и маслиново масло ( мада јас ја правам без ) Исто така сакам салата од рендан морков и рендано цвекло ( свежо ) , зачинети со сол и јаболков оцет , како и обарена брокула ( 4 - 5 мин ) со малку сол и кари
Зимска салата - сецкана кисела зелка со малку зејтин и црвен пипер или буковец Летна салата - сецкан домат, краставица, пиперка, малку рукола или блитва, црвен грав(од конзерва), пченка, сецкано лукче, млад кромид, маслиново масло, сол, копар, босилок, некоја капка лимон. Заменува цел оброк.
Мојата моментално омилена салата Марула ,домат,краставица ,морков , зејтин ,сол, малку балзамико и рендано сирење
Рецептот за мојата омилена салата е:измиената марула се сечка,се посолува и се полева со зејтин,а потоа се додава јогурт и се промешува.
Многу вкусна, брза и лесна ми е мојата туна салата што ја правам. Купувам туна мексикана, сецкма марула и ја додавам внатре. Од зачини ставам само сол и бибер затоа што другите ги има во маринадата на туната, цедам многу лимон и толку. Ова е наједноставната варијанта на салатата инаку додавам и црвен кромид на кругови, маслинки, златна мешавина, може да се направи дресинг, да се мези со доритос чипс и сл. Убава е , шаренка, содржи разни зеленчуци и ептен ми е здрава, а и ме најадува кога сум за нешто полесно.
Тиро салата Сирење кое не е многу солено Павлака Ситно исечкани феферончиња И по желба ситно исечкани кисели краставички Подготовка - Ипасирајте го сирењето да нема грутчиња, додадете ги павлаката, феферончињата и краставичките и измешајте. Јас додавам и зачини - кари, чили и оригано. Се јаде со двопек, печено лепче или само салата.
Урда салата Урда Ореви (ситно сецкани) Шумка Малинки (сецкани) ПАавлака Се заедно се промешува и се додава сол вегета по вкус,дури и со малку повеќе ореви е повкусна
Омилена и екстра калорична хехе Варени јајца шунка кашкавал црн пипер оригано босилек мајонез Јас обично ги сецкам многу ситно состојкиве и доаѓа како намаз, па си го мачкам на крцкаво потпечено лепче во рерна ^^
Мојата омилена Компир, јајца, масло, сол и зејтин Варените компири и јајца ги рендам во длабок сад, ги посолувам и ставам ептен малку зејтин.. мешам убаво и на крај ставам мајонез и повторно мешам едноставна, вкусна и евтина