Ме насмеа, ем масло ем зејтин си наброила во потребни состојки.... Како и да е убава е салатава, само јас рендам и сирење и кисела краставичка, многу е повкусна и посвежо делува од краставичките.
Еве брза салата може веќе ја има некој пишано тука, но ако ја нема во случај еве да ви напишам јас. Брза салата со сусам и урда Сусамот се подпечува во суво тавче со постојано мешање додека зацрвени Во подлабок сад се става урдата и убаво се меша со павлаката и мајонезот. Се додаваат двете варени јајца-изрендани и на крај се додава и сусамот и буковецот. Целата смеса убаво се меша и се сервира. Салатата е едноставна и вкусна. Bon Appétit
Девојкиии, некоја фина салата со пилешко месоо на стекче мислам имам неколку парчиња стек ама не ми се јаде само така, сакам салата со тоа да си направам некоја.. Имате некоја рецепта или вкусна идеја??
^ E сега не знам дали ова може да се земе предвид дека е салата, но ајде ќе ти пишам. Свари макарони исцеди ги. Во тавче со масло загреано ќе го испржиш стекот на парчиња (несаламурен) убаво да се испржи. Потоа ќе земеш ќе оттуриш малку од маслото во што го пржиш стекот, и после тоа ќе додадеш павлака (доколку јадеш). Поубаво е да има што повеќе павлака. И убаво ќе ја измешаш павлаката со стекчето и едно 4-5 мин. павлаката со стекчето да се пропржи на тивок оган не на многу јако. И во еден тањир ги сервираш макароните и одозгора ќе му го туриш стекчето со павлаката. Е сега јас правам и друго со стек. Исто така ќе го исечкаш стекот на парчиња ќе го запржиш во едно тавче. Потоа во друго тавче ќе исечкаш ситно кромитче ќе го запржиш, во него ставаш печурки и заедно ги пржиш печурките со кромитчето и ќе видиш убаво кога се испржени па ќе им туриш исто така една павлака малку и 2-3 мин. да пропржи сето заедно па им ги ставаш веќе испржените парчиња стек во тавчето со печурките, павлаката и кромитчето и го мешаш сето заедно и 2-3 мин. да пропржи сето заедно. Не се воопшто тешки за правење, лесни се и вкусни. Ти побара салата, но не се и овие на одмет да се направат. Се надевам дека бев јасна колку, толку во објснување на "рецептиве".
Еве еден рецепт и од мене, пред малку ја направив: 1,5кг копани (може и пилешки стек) мала тегла мајонез 400гр павлака 6 кисели краставички 1 тегла шампињони Копаните се варат, секинат на парчиња и посолуваат. Се сечкаат печурките, краставичките на мали коцки и се додаваат на копаните. Се става мајонезот, па павлаката и се заедно убаво се меша. Многу лесна и вкусна салата
Француска салата 200гр ситно сецкана шунка 200гр кисели краставици 200гр варени моркови 200гр рендано сирење 200гр сецкани ораси лук по вкус Сето тоа се размешува со павлака и се прелива со павлака.
Еве го рецептот за мојата омилена салата мал варен компир исечен на коцки туна голема тврдо варено јајце варена пченка варен црн грав малце зелка краставица сечена на поголемки парчиња домат сино сецкан кромид морков зачинето со маслиново масло,лимон и сол...
Туна салата со тестенини Состојки 600 гр. тестенини (панделки, полжавчиња) 170 гр. туна од конзерва 2 парчиња целер 60 гр. павлака 25 гр. сецкани маслинки 1 кромид ситно сецкан 40 гр. мајонез 2 лажици лимонов сок 1/4 лажичка оригано 1/4 лажичка босилек сол и бибер 2 тврдо варени јајца Постапка Сварете ги тестенините според упатството на ќесичката. Потоа процедете ги од водата и оставете ги во чинија да се изладат. Во длабок сад измешајте ги изладените тестенини,туна и наведените состојки. Добро измешајте ги и оставете го садот еден час во фрижидер за да се искомбинираат вкусовите. Сервирајте ја салатата декорирана со парчиња тврдо варени јајца.
Салата со урда и сусам 100гр. потпечен сусам 2 свежи краставици 500гр. урда 50гр. павлака со поголема масленост 2 лажици мајонез сосема малку лук 50гр. мелени ореви Најпрво сусамот потпечете го. Кога ќе се излади додадете ја урдата, сецканиот лук и ситно сецканите краставици. Мајонезот измешајте го со павлаката и додадете ги во сусамот. Оставете ја салатата околу 1 час во фрижидер и пред да ја послужите наросете одозгора мелени ореви.
Салата од целер 1 целер 100гр. ореви 100гр. сирење 4 лажици маслиново масло 1 лажица вински оцет бибер сол Ислистете го целерот и исечкајте го на коцки.Оревите ставете ги во врела вода една минута, потоа исцедете ги и исечкајте ги. Измешајте ги со целерот и оставете ги неколку минути во фрижидер. Сирењето изгмечете го и додадете масло, оцет ,сол и бибер по желба, потоа ова измешајте го со целерот и оревите.
Класична компир салата ми е омилена, дури и на блогот ја имам (не дека е некој си рецепт). http://ennavegetariandelights.blogspot.com/2013/10/simple-potato-salad.html компир кромид маслиново масло јаболков оцет сол бибер свеж магдонос Мене ова ми е најомиленото јадење на светот!
лелеееееее колку сакам салати тие ми се омилен прилог во оброкот, сакам да ги јадам уз секое јадење, секако не баш секогаш ххххм.. најмногу сакам шопска салатичка, таа е нешто прекрасно, еве ви рецепта ако незнаете: краставици, домати и по можност ако имате во вашиот фрижидерко сиренце земете ренде и нарендајте одозгора, секако да не ги заборавиме и маслото и солта.. Хмм, е не се може без нив
Печени пиперки во павлака Состојки: 6-7 печени пиперки 2-3 варени јајца 400 гр. кисела павлака 100 гр. мајонез сол и зачин по желба Подготовка: Испечените пиперки исчистете ги и ситно исечкајте ги. Постапката повторете ја со јајцата, па измешајте. Додадете ја павлаката и мајонезот, па зачинете по желба.
eve edna brza salaticka.. 1 strak praz 2 vareni jajca malku sirenje vegeta origano bukovka prazot se drobi na sitno,jajcata isto,se dodava sirenjeto drobeno i zacinite,na kraj se stava zejtin i mnogu malku ocet,nekoj ako ne saka ne mora ocet. koj saka moze i pavlaka malku da se stavi,jas koga pravam stavam pavlaka.
Скоро ќе ми биде слава. Мрсна. па би сакал да ми кажете кои салати ги правите освен француската, таа со макарони и руска. И ако имате некој друг рецепт за руска можете да ми го пишете. Јас си ја правам стандард. Ако додавате некој зачин плус или нешто друго, кажете ми.
urda salata.. urda seckana salama(ja stavam posebna) kis.krastavicki seckani,a moze i svezi susam prethodno proprzen vo tavce ama bez zejtin(da zarumeni) pavlaka majonez bukovka kolku sakas ke si stavis,ke si ja probas.. se nadevam deka pomognav