http://moirecepti.mk/post/kineska-pileska-salata/ - ова не е класична но интерсна ми е мнг. http://hitportal.com.mk/Life_Style-...alata-zadolzhitelna-na-novogodishnata-trpeza/ - ова е класичната
Пилешка салата Варен пилешки стек или копан маринирани печурки сецкани кисели краставички павлака ,мајонез ,сол ,вегета, бибер Сите состојки се сецкаат и се меша салатата со мајонез.Правилно мислам дека е само со мајонез но јас додавам 50-50 мајонез и павлака за да ја ублажи мрснотијата од мајонезот а и поубав вкус има со павлака
Пилешка салата Потребни состојки: - Неколку парчиња стек - Шампињони - Кисели краставички - Мајонез - Кисела павлака - Сенф - Бибер - Сол - Зејтин или масло (по желба) Подготовка: Го сечете стекот на мали парчиња и го ставате во лонец со претходно зовриена вода да се вари. Додека се вари ги процедувате шампињоните и нив ги ставате во лонецот, но дури откако ќе се свари стекот. Потоа, и киселите краставички ги процедувате. Откако сето досега подготвено добро ќе се олади во фрижидер, ги додавате сенфот мајонезот и павлаката. Нема некоја мерка, но секогаш внимавајте на соодносот павлака и мајонез, бидејќи салатата е освежителна, што значи дека вкусот на павлаката треба да доминира. Сенф додавате една до две лажички (по желба). Малку бибер, сол, и масло по вкус. Сето тоа заедно добро го промешувате, и тоа е тоа.
Јас пак никогаш не сум јадела пилешка салата без печурки @Marick14 пробај бе нема да се случи ништо што не треба
Купи си маринирани во кесичка, ако толку се сомневаш во свежите, иако ти гарантирам дека свежите печурки на Бонум или оние на Тинекс (Веро и Рамстор сигурно имаат) се сосемна безбедни и нема да се случи масакр. Патем, свежите се и повкусни, овие другиве се полни со конзерванси.
Momentalno pravam vareni jajca rendani, kaskaval, pileska salama, pavlaka, majonez, zacini bosilek I Kari ( kaloricna bomba) I toa zavitkano vo palacinka pa na tivko podpeceni vo relna.....posle ova se preporacuva 5 dena samo ovosje I zelencuk
Де бе Марика нема да ги истровиш не се плаши.Јас ја правев овие денови и многу беше вкусна.Ставив копани 4 со плешка ама друг пат пола пола ке правам со стек и со копани мислам таман 4 копани со плешка и пола кило стек може, краставички свежи пошто кисели немам 3-4, ставив ореви 100 гр.толку имав 1 кг павлака и сол ставив.И габи 600 гр.Толку имав во моментот (читај сиромашна сум) касно беше за пазарување инаку 1 кг ке ставам друг пат, многу ги обожавам.И мајонез може 2-3 лажицци.Чао Марикас и со успех готвењето.Амин
Здраво, со оглед на тоа што славата ти е мрсна еве ти една многу вкусна и оригинална салата од урда, павлака и сусам. Сусамот го потпекуваш кратко во тавче на рингла (само сусам без масло за да добие убав мирис), потоа го ставаш во еден сад и додаваш урда и павлака (во зависност од густината која сакаш да ја добиеш). Сервираш и ги гледаш реакциите на луѓето како нешто толку едноставно може да биде толку вкусно.
Омилена салата во последно време: сецкана марула сецкан свеж спанаќ рендано свежо цвекло рендан морков сецкана краставица Сето тоа посолено, по можност, со хималајска сол (ми дава некако посебен шмек, многу е вкусна), забиберено, залеано со маслиново масло и јаболков оцет. Витаминска бомба. Другата опција е: наместо марула и спанаќ, со кинеска зелка да биде. (смајлиштоселигави).
Јас ваква правам ама без спанаќ пошто не обожавам, ама затоа ставам малечки роквички и младо кромидче.
Најомилена салата зелка салата и ѓеврек со мнооогу сусам А салатата со маслинов зејтин, а може и обичен и сол нормално...
Edna od omilenite salati. Potrebno: - kompiri - Jajca - Salama - Majonez - maslo - sol i crn biber Podgotovka: Kompirot i jajcata se varat. Otkako kje se svarat i izladat vo dlabok sad se rendaat, se renda i salamata, se poprskuva sosem malku so maslo i se zacinuva so sol i crn biber. Se mesa i se dodava majonez. Povtorno se mesa i se posluzuva.
Веке цела недела си правам редена-рендана салата... осет немам ко ке и седнам хахаха Нема точна доза колку сакате толку продукти ставете... Варам компири и јајца. Рендам компит малце посолувам и мешам, па рендам малце обарен морков(некад и свеж ставам), па кисели краставички, па јајцата, па сирење. вака ми е најубава заш лесна е. Кога ја правам за гости или за моите дома, тие сакат и рендана салама и мајонез одозгора мачкано ко финиш. Јас заш не јадам салама не и ставам и мајонес несакам заш мрсно ми е многу.