Najnovata mi salata mi e mn vkusna, ja napraviv so toa sto si imav doma. Za edna porcija: 2 zdenki 2 parcinja kaskaval 2 parcinja pecenica 5 parcinja cajna 2 kiseli krastavicki Sirenje Majonez Senf Se pasiraat zdenkite so sirenjeto, majonezot I senfot ostanatite raboti se seckaat na kocki I se dodadavaat. P.S. staviv I malku zejtin. Tip top me bendisaaa mnjam
Павлака, кисели краставички, сирење и копар. Краставичките ги сецкаш или ги рендаш на ренде. Јас ги сецкам на ситни коцкички. После на ренде го рендаш сирењето, ставаш павлака и копар и толку. Многу е лесна и едноставна, а и многу вкусна.
Салатава ја пробав кога бев на гости кај пријателка-Французинка. Просто, едноставно и вкусно: Зелка дробена Морков рендан Две лажици мајонез Суво грозје Во салатата не се става никаков зачин.Ни зејтин ни оцет ни сол.Само наведените состојки. Пробајте !
Со ракија....со ракија исто оди....и со ракија оди, а може и со ракија Има чуден солено благ вкус од сувото грозје. Не е одвратно, интересно е
ај кажете ми како го правите сосот за цезар? Имам пробано да направам со тоа што мешам павлака мајонез сенф... ама некако не ми беше баш како за цезар .
1 лажица сенф 1 жочка од јајце 2 лажици свежо исцеден лимон 1 лажица маслиново масло 1 чешне лукче добро исецкано ако не ти успее побарај во маркетите има готов
А пак јас вака го правам 3лажици мајонез 2павлака 1лаж.мала коњак 1лаж вочестер малку сок од лимон сол бибер
Ај и јaс мoјoт рецепт ќе гo oткријaм. Вo тaвчетo сo зејтин кaј штo е пржен стекoт дoдaвaш еднa пoгoлемa чaшa вoдa рaзмешaнa сo oкoлу 3 лaжици густин(вo зaвиснoст oд тoa кoлку вoдa имa)и oстaвaш нa тивoк oгaн дoдекa не се згусне. Oткaкo ќе се згусне дoдaвaш јoгурт и oригaнo, тoa се се мешa и чекaш дa се oлaди. Кoгa ќе се oлaди стaвaш мaјoнез. Јaс стaвaм три кaфени лaжички, нo aкo сaкaш пoвеќе дa ти удирa нa мaјoнез мoжеш и пoвеќе.
edno paketce pecurki ke gi proprzis i ke gi ostavis da se izladat potoa so edna pavlaka ke gi izmesas i ke dodades sol i crn biber prevkusna e da ja probas jas mnogu cesto ja pravam
Салама и краставица свежа ситно сецкани ги ставаш во сад рендаш сирење и една мала павлака и малце бибер се ова мешаш и готово,мене оваа ми е најбрза и највкусна
УРНЕБЕС САЛАТА: - 500 гр. урда - 2 павлаки ( од по 200 гр) - 100 гр. сецкани ореви - сецкани корнишони (според желба, јас обично по 6-7 краставички ставам) - 3 варени јајца( се сецкаат исто) - масло(маслиново, сусамово, сончогледово, кој што има) - 2 лажици буковец( може и љут) - лук сецкан по желба, јас зимно врем по 1 главица ставам Се ова се меша заедно во поголема здела. Во зависност од урдата каква е , сува или повлажна, може да се додаде и јогурт за да се добие похомогена смеса. Ова е брз рецепт. Одличен начин да се облагороди урдата. Готова резервна храна во секое време во фрижидер за гости и домашни. Оди со кифлички и пиво. Утредента по одложување е уште повкусна. Во последно време ја правам без павлака само со повеке јогурт. Наздравје.
Голем љубител сум на салати еве некои рецепти Салата со ореви, павлака, сирење и урда Подготовка 1. Сирењето и сите останати состојки ситно се дробат 2. Оревите се мелат и сечкаат ситно (пола-пола) 3. Сите состојки се мешаат заедно со павлаката, се посолува и служи ....брзо, експресно и мммм вкусноооо.... Урнебес салата 500 г. урда 3 лажици мајонез едно чешне лук (ситно сецкано) ореви (толчени) пипер буковец Сите состојки се мешаат заедно и салата се сервира како топчиња. Салата од печурки и телешко Вкусна богата салата погодна за секакви прослави. Телешкото месо се вари во посолена вода, а потоа се сече на коцки. Краставичките, кашкавалот и шампињоните исто така се сечат на коцки. Во подлабок сад се става смесата и се додава мајонезот и сенфот и биберот и убаво се меша. Во салатата може да се стави и половина главица кромид изблендиран за побогат вкус а и не мора-тоа останува на вас да одлучите. Брза редена салата Салата која е едноставна и брза за подготовка. За да ја направам и не ми треба некој посебен повод. Се рендаат прво компирите, па ги премачкувам со слој од мајонез. Рендам јајца, па ги премачкувам со павлака. Потоа рендаме салама, ја премачкуваме со павлака, па на крај го рендаме сирењето (јас користев козјо) и него го премачкуваме со мајонез. Така рендаме, мачкаме, додека не ни се потрошат состојките или додека не го наполниме садот во кој ќе ни биде салатата. Сол не ставам, самото сирење ја дава потребната соленост. Забелешка Компирите и јајцата откако ќе се сварат, треба да бидат изладени. Пилешка салата со макарони 1. Во еден сад ставете ги месото и морковот, а во друг макароните да се варат. Кога ќе се сварат убаво, исцепкајте го месото на парченца, а морковот ситно исецкајте го. 2. Ставете ги во еден поголем сад, па додадете ја пченката и ренданите краставички, зачинете по вкус и убаво промешајте. Ставете ги мајонезот и тартар сосот, промешајте да се соедини, ставете во кутија со капак па во фрижидер барем 2 часа за убаво да се соединат вкусовите. Француска салата 400 гр шунка свинска 3 краставици поголемки 3 лажици супени мајонез сирење (количина по желба, не помалку од 100 гр) 3 павлаки 100 гр ораси Исецкајте ја краставицата и шунката на коцки. Краставицата оставете ја пола саат да се исцеди целата вода од неа, ако треба и со рака истискајте ја, само да нема вода. Оревите се дробат со сукало или се сецкаат, сирењето се ренда на покрупно и се мешаат сите состојки со мајонезот и павлаката. Авокадо салата Потребни состојки: Две авокада (помеки), главица кромид, три варени јајца, сол, сок од цеден лимон, мајонез Подготовка Авокадата се сечат на пола им се отстранува семката и внатрешноста се вади со лажица. Авокадата, варените јаца и кромидот се бленидираат додека не се добие хомогена смеса како паштета, се додава сокот од исцедениот лимон, сол и мајонез и се промешува. Се служи со пченкарен чипс. Таратор Има ли нешто повкусно од нашата позната македонска салатичка-таратор. Прекрасна и освежетелна за овие летни, топли денови. Краставицата супер ситно насецкајте ја. Лукчето истолчајте го со малку сол, па додадете ја краставицата и киселото млеко и се убаво соедините. Додадете ги насецканите ореви (ова е опционо, ако сакате), сол ако мислите дека ви треба (јас додавам малку вегетичка го сакам тој шмек) и накапете со маслиново масло Убаво изладете пред сервирање Декорирајте со насецкан свеж магдонос. Ѕаѕики салата Краставиците и кромидот исецкајте ги ситно или изрендајте ги на ренде, додадете ги сите преостанати состојки и убво промешајте се да се соедини. Многу убава и освежителна салата нарочито кога е топло. Нарочито со една чашка мастика како оди ))))
Некој рецепт освен класничниве шопска, македонска и сл. за скара? Зеленчукова и освежителна? Ич немам некоја идеја моментално...
Зелена салата, краставица, домата, млад лук, млад кромид. И обавезно оцет и зејтин. А може и со малку сол да се посипе.
Марула,младо кромидче и пченка зачинета со балсамико или лимонов сок и сол - преубава е едит : Морков рендан и краставица на кругчиња со балсамико
Зелка салата со краставички и морковче со балсамико. За тие со јако срце сецкан кромид со магданос и оцет и вегета.