Здраво, I need help, Вчера јадев седвич во Рамстор, а потоа истиот го имаше во Веро, 40 денара, вегетаријански. Сендвичот беше со италијанска салата. Имаше нешто павлака, моркови, краставица.... Барав на интернет ама ми даваат други рецепти. Дали некој случајно го составот на оваа салата?
Јас ја сакам Снежанка. Од Бугарите ми е, инаку - таму најчесто ја имам јадено. Слична е на Ѕаѕики... -цедено кисело млеко, сецкани кисели краставички, неколку јатки ореви /може и без нив/, едно-две чесниња лук /истолчен/, малку копар, сол, зејтин. И, не и го знам иметоСалата со модар патлиџан... -испечен и испасиран модар патлиџан, мелени ореви, едно-две чесниња лук, сол и павлака.
Импровизирај ако не,покушај.. стави се она што си осетила. од моркови до краставица, павлака...зачини.
Не, малиџаното е ко зимница... ко љутеницата,ајварот само со сенф, со пиперки пржење,модар патлиџан итн. Оваа е крем салата, ко сите други крем салати. заборавив да пишам урда дека се става во салатата со модар патлиџан Еден мозок што сум деновиве,мајко.... Мерки немам јас..се правам од око,мешам пробувам дал ми е добар соодносот
тоа ми е секако на to do листата денес се надевав некој да ја знае, па да ми даде вистински инструкции од старт. сепак фала
Mislenjevo ti e od pred 100 godini ama ja sega baram recepti za salati pa naidov na ovaa tvojava. E sega ako seuste ja pravis, sakav da te prasam kakvo sirenje stavas? Ako pamtis
Pa da, I jas pravam kompiri, jajca I malce kromid I salama...ama ova deka so sirenje mislam deka ke e ubavo. Samo ne znaev dali e izvarok sirenje ili kakvo. Poso za gosti mi treba I sakam ubava da e I nesto novo... Aj ke se mislam, ke napram malce za proba pa ako mi se svigjat moze I za gostite da ja napram
Во последно време ја правам салатата со урда и павлака, вкусна е и освежува Еве рецепт Потребно: Урда Павлака Сусам Буковец Масло Зачин Подготовка: Урдата ја ставам во подлабок сад и според количината додавам павлака (Јас ставам помалку павлака). На оган во тавче потпечувам сусам и го додавам во урдата, додавам сол, и буковец по желба (зависи колку сакате да биде луто), додавам 2-3 лаж. масло и мешам се убаво.
АЈ ТЕБЕ НЕКОЈ НЕКА ТЕ БАНИРА ОД ФОРУМОВ, ДОСТА СИ ЈА ПРОМОВИРА МРТВАТА СТРАНА ОТОК СТАНА НА СЕКОЈА ТЕМА
Две несекојдневни салати со павлака, кои се брзи. Зелена салата со павлака. Сецкате целка и марула, стандардно како и обично. Во сад, редите еден ред зелка, еден ред од дресингот( павлака, маслиново и лимон), па марула. Се така додека не се заврши мастрафот. Вкусна е и лесна. Крем салата Варено цвекло, морков и компир, се иситнува на коцки и се промешува со павлака. Уште една ќесичка мајонез додавате, сол и маслиново по вкус и готово.