Денес јадев прекрасна салата, вкусна и здрава и имам намера да ја приготвувам барем два пати неделно. Салатата се состои од коренот од целер, кој се ренда, се става и неколку гранчиња и ливчиња ситно сецкани, па се меша со сецкани ореви и сето тоа се поврзува со косело млеко или павлака...преубаво.. јас изрендав два корена целер, ситно сецкани ливчиња, 150 грама ореви и две павлаки...на крај попрскав со чија семе(тоа ми стоеше одамна)...
Да споделам рецепт - 2 ќесички сусам потпечен на сува тава - едно кофе Маестро павлака - 1 средна конзерва пченка - 1г.лаж мајонез - прстофат сол Се се меша, може да ставите и малку лукче
Малку помош ако може за една салата ги стаават најчесто по свадбите имаше внатре урда салама сусам дали знааете за која салата ако го знаете дали може да ми го кажете рецептот
Крем салата со макарони 1.Ситни макарони 2.Ситно сецкана шунка 3.Павлака 4.Мајонез Оваа салата е превкусна нема да згрешите ако ја пробате
Рендани зелк,морков и павлака (плус бибер и сол) Оваа нз како се вика,ама супер е- Потпечен сусам,варен компир,варено јајце,сирење ( се се пасира) ,конзерва пченка ,павлака и мајонез. Количински не правам по рецепт туку од "голо " око
Свинска шунка и кашкавал каков имаш, јас сакам мешан на Екошар ама кога сум у шкрипец и Ајдамер ставам од Стокомак. Еве сега маж ми купил Мацко мешан, па тоа ќе ставиме. Поз
Пред година или две забележував некоја салата, лесна за формирање во облик на новогодишна елка со свеж магдонос, чери домати, најгоре ставена звезда направена од кашкавал (колку што се сеќавам). Е сега си испланирав конечно да го разгледам детално рецептот и да ја направам, но никако неможам да ја најдам. Дали некој (доколку сте го виделе тој рецепт) случајно се сеќава поточно на состојките од салатата и нејзиниот изглед? Можеби некој зачувал слика итн.?
https://www.facebook.com/CafeDelite...Tg1MDgyMA/?lst=740685819:740685819:1576074255 Повели една верзија
Јас во последно време правам диетална, здрава салата (не знам дали е 100% здрава ама јас така си ја викам зошто ја кунзумирам за вечера, може и како ужина и сл.) Состојки: марула, 1 голема краставица или 2 мали, 3-4 прокеља, пченка од конзерва, околу 150 г. пилешко (обично ставам пилешко филе), може да ставите и семки од тиква, сончоглед (по ваш избор). Пилешкото се сецка ситно заедно со зеленчукот, може да се додаде сос и кубети како декорација но сосот да биде нискокалоричен (или исцедете сок од лимон како со си правам јас). Количината на сотојките може да ги намалите или зголемете во зависност од тоа за колку луѓе ќе биде салатата.
Дали некој знае рецепт за македонска салата ама онаа што ја служат во визиана? Имаше оревчиња, лукче, тиквички, спанаќ....