Ели морам да ти ја пофалам оваа салата со потпечен сусам и пченка Значи преубава е,мене ептен ме бендиса.Викендов со гости и сакав нешто ново да пробам,читав тука и твојата ми фати око. Ептен ти ја испофалија сите
Да споделам и јас еден рецепт за салата, прво бев малку скептична за вкусот ама сега редовно ја правам. Ја обожавам и јас и мм. Рендан морков, зелена салата и патлиџан со балсамико, зејтин и сол. Превкусно
Зелена салата мислиш на марула? И патлиџанот како го додаваш во салата? Сецкани мали парченца или на покрупно?
Еве слика најдов што сум правела. Иначе зелена салата било што, марула, ајсберг, рукола додавам некогаш, само со зелка не сум пробала. @asdas ако пробаш некогаш со рендан, сподели јас не би пробала
Еве ви и од мене една, кога еднаш ќе ја пробате, после редовно ќе си ја правите. Кога и да ми дојдат гости ја правам и секогаш добро проаѓала. Одлично мезе е за со ракија. Салата со ориз. Мерка немам бидејќи си правам од око. Ориз, се мие и се вари во вода со малку сол. Шунка Кашкавал (може или сирење по желба кој како сака) Кисели краставички Павлака и мајонез. Откако ќе се свари оризот се мие со ладна вода и се става во чинија или подлабок сад, и во него се додаваат сите останати состојки, се меша се и се остава малку во фрижидер да се стегне, може и одма да се јаде ама кога е малку сторена поубава е. Зачини не користам често, за вкус може да се додаде оригано, лук свеж или во прав, кој што сака. Наздравје.
Многу негативна личност си ти. Гледаш на сликата горе дека и се големи парчиња патлиџан. Јас прашав дали би било ок и на ситни.
* урда, лук, ореви, рендани краставици свежи, 1лаж. мајонез, 2 лаж. павлака и сол по вкус * урда, потпечен сусам, и 2 лаж. павлака и сол по вкус * урда, ситно сецкан кулен, 2-3 лаж. павлака и сол по вкус * урда, пасиран лук, врело масло со црвен пипер и сол по вкус
Оваа последнава ми личи дека е перверзија Маслото го загреваш со црвениот пипер или мешаш урда, пасиран лук, црвен пипер и сол, па попаруваш со врело масло одозгора?
Zovrivas maslo, go trgnuvas od ogan, i dodavas ½ malo lazice crven piper vo masloto i odma go dodavas vo urdata, da crcne, pa lukot i na kraj sol.
Со булгур не, јас ја правам со киноа, ама можеш да ја пробаш со булгур наместо киноа. Киноа варена 1 чаша, 1 авокадо, пола главица кромид средна големина, 10тина маслинки без семка, 80 гр моцарела, сусам една голема лажица и правиш прелив од маслиново масло 1 голема лажица, лимон 1 голема лажица, лук столчен и малку мед ( со мед беше оригиналниот рецепт, но јас не редам не ми убаво мешање благо/солено).