Вариш јајца, моркови, компири, количина зависи колку ќе правиш. После ситно ги сецкаш, ги мешаш со шунка, кашкавал, кисели краставички, грашок од конзерва. Сол по вкус, црн бибер, лажица сенф и мајонез колку шо треба да се сврзе убаво (задолжително Томи да биде). Готовите мешавини од зеленчук не се добри за руската, барем мене не ми е тоа тоа кога е така приготвена.
Салама 400 гр 3 средни компири 3 средни моркови 3 кисели краставички Ги вариш и се сецкаш на коцки. После 1 лажичка сол и една вегета. Малку бибер. И пола тегла мајонез. Вака ја правам секоја година. Супер излегува Јајца и грашок не ставам. Не ми се свиѓаат на вкус.
Мојата омилена едноставна ама нај вкусна. Ставам марула, домати, краставици и црвен кромид со маслиново масло, јаболков оцет и сол.
варен компир, потпечен сусам, и сецкани кикирики, зачини и посен Томи мајонез сенф по вкус, компирот рендан. Убава посна кремаста салата. Руска посна можеш да направиш
Со макарони од ситните, краставички, печурки, златна мешавина, ако постиш со масло можеш посен мајонез.
Еден едноставен рецепт за салата со павлака ми е тој каде што се мешаат исечкана шунка или пилешки гради, сечкана краставица и павлака, вкусна и освежителна ми е, а некои додаваат и сирење, сецкан орев и лук внатре. Исто можеш и телешка салата да направиш со павлака, вариш телешко месо, го сечкаш ситно, додаваш сечкани шампињони и кисели краставички, мајонез и павлака.
Фрснцуска свежи крастсвици, шунка, фета сирење, павлака и мајонез за вкус. Бела салата си ја викам јас оваа Ситно сецкана црвена пиперка (тие како пеглани што се во тегла) или жолта кисела пиперка, орев сецкан повеќе, павлака, изварка мајонез по вкус и малку лукче. Одозгора можеш да сервираш со сусам потпечен, прекрасно мезе е. Таратур рендани можеш, изрендана свежа крастсвица убаво процедена, павлака зачини, тоа е тоа.
Еве ја и мојата омилена, туната може да се изостави, превкусна е за на масло. А и оваа сакам да ја пробам, посна урнебес салата со згрутчено соино млеко. https://www.instagram.com/p/C5VkBm0sG03/ А и оваа неќе шала, превкусна е
4 варени компири, 4 варени јајца, 200-300 гр сирење, 250 гр салама, 250 гр кисела павлака, 250 гр мајонез Оваа е наједноставната, сево ова се ренда и се меша. Брза редена салата - Moirecepti
Нема шанси некому да не му се допаѓаат оваа салата, онаа со макарони, руска.. Овие секогаш се полн погодок.