Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Салатава е многу вкусна, пред некој ден ја направив :D
    Ај ако знае некој да ми каже рецепт за салата со грашак :)
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    еве рецепт за Руска салата во која има грашок, можеби ќе ти се допадне :)

    - 250 гр. шунка
    - 250 гр. моркови
    - 250 гр. компир
    - 150 гр. кисели краставички
    - 200 гр. грашок
    - 3 јајца
    - 3-4 кесички мајонез
    - сол по вкус
    - бибер
    __________________________________________________________
    Компирите, грашокот и морковите се варат. Се цедат и се остават да се оладат. Потоа компирите, морковот, шунката, киселите краставички и јајцата се сецкаат на ситени коцкички, се зачинуваат со сол и бибер, се додава мајонезот и добро се меша.
     
    На okcenzi, Klaudi и Anettka им се допаѓа ова.
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Еве и една и од моите омилени, иако видов тука слични.

    1кгр урда
    1 или 2 свежи краставици (зависи од големина и дебелина)
    200-300 гр кисела павлака
    200 гр потпечен сусам (1, 2 минути на загреано тавче колку да порумени)
    1 лажица мајонез
    Се се меша :)

    И ова (повеќе е како предјадење):

    Пржените тиквиња, откако ќе се подисцедат од маслото ( на приемр на салфета), се редат во стаклен сад (незадолжително стаклен :) ) . Над нив се сецка лукче, магдонос малку и се премачкуваат со кисело млеко.Потоа пак се редат тиквиња, пак лукче, магдонос и кисело млеко. Додека не ви се потрошат тиквињата :) По рецептот не се става киселина, ама јас еднаш им турив и малку киселинка, убави ми беа. И да не заборавам, садот треба да се почува во фрижидер, колку подолго, толку повкусно :)
    На здравје :P
     
  4. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    еве уште една (вака може звучи чудна но е преубава :D )

    сецкана марула
    1_2 патлиџани
    2 варени јајца
    1 туна
    1 краставица
    (по желба може и сирење)

    сето тоа се меша,се додава оцет и е спремна за јадењеее :D
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Еве една моја омилена, едноставна а вкусна:

    1 марула
    патлиџан по желба
    маслинов зејтин
    балзамико оцет
    копар
    сол по желба

    Пријатно :)
     
  6. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Салата од печен лук
    * 1 Главица лук
    * 400 грама Кисело млеко
    * 200 грама Мајонез
    * 100 милилитри Масло
    * 100 грама Сенф
    Го лупиме лукот.
    Ги ставаме во тава, попрскуваме со маслиново масло го печеме во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути . (или додека лукот омекне).
    Печениот лук заедно со сите состојки ки ставаме во блендер и ги миксаме.

    Салата од компири
    * 4 Јајца/це
    * 500 грама Домат
    * 100 грама Кисели краставички
    * 1000 грама Компир
    * 50 грама Мајонез
    * малку Магдонос
    * 15 милилитри Оцет
    * 30 грама Сенф
    * малку Сол
    Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите.
    Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата.
    На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува.
     
  7. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Валдорф салата
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    100 грама Целер
    90 грама Ореви
    150 грама Мајонез
    1 парче/чиња Лимон
    500 грама Јаболки


    Време за подготовка: 10 мин.

    ПОДГОТОВКА:
    Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки.
    Целерот исечето го исто така на коцки, а оревите исецкајте ги на крупни парченца.
    Сите состојки соединете ги, поврзете ги со мајонез и украсете ги со першун.


    Пролетна салата со грав
    [​IMG]
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    малку Мешан зачин
    100 милилитри Маслиново масло
    малку Магдонос
    3 чешниња Лук
    500 грама Зелена салата
    500 грама Домат
    малку Дафинка
    200 грама Грав
    50 милилитри Вода
    малку Босилок
    15 милилитри Оцет

    Време за подготовка: 20 мин.

    ПОДГОТОВКА:
    Исчистете ја зелената салата, измијте и иситнете по ваша желба.
    Сварениот и изладен грав убаво исцедете го, помешајте со салатата и доматите сечени на коцки.
    Сите состојќи за преливот помешајте ги и оставете да стојат 5 минути.
    Сè добро промешајте и полијте ја салатата. на салатата можете да и додадете и коцкички препечен леб.
     
  8. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Бела салата редена:
    Потребно е:
    2 јајца тврдо варении на кругови сечени
    300 гр пилешка салама посебна сечена на четвртинки
    и свежа краставица сечена на кругови
    300 гр рендано сирење
    2 павлаки и пола тегла мајонез се меса заедно за да стане како прелив.
    Се реди вака:
    1-јајцата
    2-саламата четвртинки
    3-краставицата
    4-преливот од павлака и мајонез
    5-сиренје рендано
    И се се повторува додека не се потрошат сите состојки на крај се завршува со преливот од мајонез и павлака:) мн е вкусна пробајте
     
    На valeristoska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    18.594
    Пол:
    Женски
    Марула,потпечен сусам,копар ммммммммм најубаво нешто :)
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Едноставно и лесно и вкусно...Павлака,буковка пипер и потпржен сусам.Се измешано..лесна и вкусна.
     
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ве молам да ми кажете некој рецепт за салата со макарони: на пр. варени макарони со павлака и сл, или некоја друга салата, поубава за гости . Фала :)
     
  12. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ете на 2 страна Annath има пишано една со макарони :) Многу е убава, јас ја знам истата само без моркови и грашок , само со пилешко и краставички и павлака и мајонез ... Направи ја , нема да згрешиш :) :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Цезар салата
    Салатава ја пробав во еден ресторан,прекрасна е ,нешто поубаво немам јадено.Баш пред некој ден имавме гости и и ја препорачав на мама и ја направи .
    Се состои од: зелена салата(марула или зелка),околу 60 грама пилешко месо,30грама павлака,мајонез(едно пакување),половина домат,малку краставица и кубети.
    Начинот на подготвување е следен:се сечка зелената салата и се става во длабока чинија,пилешкото се става во загреана тава со масло и се прижи и се зачинува.Потоа се остава да се олади.Откако ќе се олади се меша со павлаката и мајонезот и се додава во садот.Потоа се додаваат и доматот и ситните краставичиња.Потоа по желба може ситно рендано сирење да се додаде и приготвена е :)
     
    На Hortenzija, marince87, Hova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. jasic

    jasic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Мојата варијанта на ЦЕЗАР САЛАТА е:
    1 марула
    1 пакетче кубети
    1 конзерва туна
    1 пакетче замрзната пченка
    маслинки по желба

    Се мие и се сецка марулата како вообичаено, се меша со кубетите, туната, подварената пченка и маслинките се додава оцет и сол по желба
    Поз
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Еве една и од мене
    -2-3 патлиџани сецкани на коцкички
    -шунка сецкана на коцки околу 150-200гр
    -кашкавал сецкан на коцки околу 150-200гр
    -краставица сецкана на коцки - пола краставица
    Прелив (сос) - 2-3 лажици сенф, 1 лаж мајонез, сол
    Ја јадев во еден ресторан и преубава е а и дома ја правев


    Мајонез салата

    Се варат 1-2 компири, 1-2 јајца
    Во подлабок сад почнуваш да рендаш - ред варен компир, ред сирење, ред варено јајце, па премачкуваш со мајонез. Потоа пак ја повторуваш постапката, ред компир, ред сирење, ред јајце, мајонез.
    Многу е убава и брзо се приготвува
     
  16. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Салата со цвекло
    1 тегла цвекло
    2 јајца
    1 супена лажица мајонез
    2 павлаки од малите
    И сирење околу 50 грама

    Цвеклото, јајцата и сирењето се рендаат и се мешаат со се остало
    :mm:
     
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Девојки ми треба рецепта за посна салата :) Ако знаете некоја ке ве молам да пишите за утре ми требит.Поздрав
     
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве се надевам ќе ти се допадне

    Салата со грашок и туна
    500гр сварен и исцеден грашок, се зачинува по желба ( сол, црн бибер, малку масло)
    Ситно се сечка 1-2 главици кромид и се додава во грашокот, се додава 300гр туна од конзерва со се маслото и 20 маслинки ситно исечкани.
    Сето ова заедно убаво се меша, се украсува по желба.
    Многу е вкусна :)
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Девојки кога правите руска салата (или друга во која ставате грашок!) Ме интересира дали оној грашокот што е во лименка треба да се вари, или пак се става директно така... :)
     
  20. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Ако пишува дека е бланширан, само нека зоврие и користи го. А ако не, нека проврие едно 15 минути во бистра вода.