Јас од праз салата ставам само праз, маслинки, масло и оцет, ама Бигорски имаат малку поинаков рецепт можеби и со таанот ќе е повкусно... Секој по вкус.
Најдобар рецепт за руска: 400гр. Ајдамер Милрам -400гр. Шунка деликатес Екстра Мејн -1/2 грашок мала конзерва од Кам -5 кисели краставички од Подравка -2 средна големина мокрови -2 средна големина компири -2 јајца -1-1,5 тегла Мајонез Томи Сето ова да се исецка на поситно, да се стави со сад/тенџере, да се промеша убаво за да се измешаат состојките, после тоа да се стави мајонез и убаво да се измеша со лажица. Откако убаво ќе се измеша, да се затвори тенџерето со алуминиумска фолија и да се остави така до следниот ден. Наредниот ден е спремна за конзумирање.
Мрсна верзија: макарони, варен стек, варен морков, кисели краставички, печурки, павлака, мајонез и црн бибер. Посна верзија: макарони, туна, кисели краставички, печурки, посен мајонез и црн бибер. Јас правам со мали макарони така ми е највкусна.
Можеш да правиш буквално секакви комбинации. На пример со додавање на некоја од следниве состојки: туна, варена пченка, варен грашок, кромид, кашкавал, сецкана пиперка, краставица, домат, чери домат, маслинки, кисели краставички итн. Потоа зачинуваш по желба и можеш со или без мајонез.
Со зеленчук ,сос некој убав сочен за тестенини,зачинето пикантно ,со пилешко месо и печурки,многу варијанти има
Фурнаринки, запечени лепчиња со веѓета или ќифли. -златна мешавина, компир, јајце, сувомеснато по избор, ќисели краставички, кашкавал. Така ми е нај нај.