1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    1.927
    Знаеш како кога одиш во кафана ресторан, убав ми е вкусот нели ти ја донесуват не зачинета, сама ја зачинувам по желба, се се мислам или е до Балзамикото или зелката не ми е некогаш свежа кревка..
     
  2. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Често кога сум одела по родендени освен руска салата на масата имало сервирано и уште една салата и никад не сум прашала што е а била превкусна. Единствено што знам е дека е со павлака. Дали можеби некој знае рецепт или да ми каже за каква салата станува збор?
     
  3. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    14.309
    Пол:
    Женски
    Да не беше шунка,фета сирење,печен сусам и павлака?
     
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.047
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Машки
    Француска. Многу е лесна за правење. Често ја правам. Може и зимно и летно време да се јаде зошто е лесна салата.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    не. Немаше сусам.
    може рецепт што точно треба?
     
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.047
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Машки
    Јас ставам вака:
    Исецкана шунка деликатес на Солета
    Со нож ситно исецкано овчо сирење на Николови
    Канче Битолска кисела павлака
    Обична краставичка изрендана
    Мала лажичка мајонез Томи (колку за шмек)
    Сол
    Копар
    Маслиново масло

    Јас ја правам по овој рецепт и многу убаво ми испаѓа. Има различни рецепти, ама овој е најдобар.

    Плус ако сакаш можеш да додадеш ситно сецкани оревчиња.
     
    На Melissa_39, senjorita-v и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  7. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    фала
     
    На Ne znam koj и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.047
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Машки
    Е што фала. Ако правиш, прави и за мене. :D

    Прво кажи како испаднала твојата за тебе. :?:
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    ја најдов и оваа на нет Screenshot_20260314_135211_Chrome.jpg
    Ја направив точно како ти што ми кажа (освен зачинот копар јер немав) после тоа направив уште една ама од горе наросив буковка. Не онаа обична што ја има по маркети туку старине на пазар што ја продаваат со додатоци на ноктец ајдучка трева и такве стваре од трефки.

    Ама стварно фала пошто досега кај нас традиционално и за све и свашта се правеше руска,одсега ќе се прави на прво место оваа :lol:
     
  10. Buttermilk

    Buttermilk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    https://moirecepti.mk/post/пилешка-салата-7

    И оваа е убава, само јас не ставам кисели краставички.
    Скоро правев една со пропржен сусам, павлака и шунка сецкана, океј беше и таа :)

    Ако јадеш лук, исецкај го поситно и стави во зелката. Малку да ставеш одма се осеќа и сосем друг вкус има салатата. На цвекло не сум ставала, нез како е. И после со рака изгмечи ја зелката и стави повеќе оцет. Добро, да не е прекисела де :D
    Мене вака ми е многу убава, ама ретко ја правам заради лукЧето :D
     
    Последна измена од модератор: 21 март 2026
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.047
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Машки
    Јас ги додавам само тие работи што ти ги кажав. Пипер, буковка, магданос и тоа другото, не јадам. Ама можеш да си додадеш ако јадеш тоа.

    Оваа салата е идеална за секое време. Повеќе иде во комбинација со летните јадења, а поготово со компирчиња, пилешки прсти, кифлички, пилешки стек, вешалица.

    Купи копар и стави му, да видиш како го мења вкусот, на подобро. Јас често користам копар. Омилен зачин ми е.
     
    На Aleks.mar и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    3.004
    Допаѓања:
    6.985
    Пол:
    Женски
    Пробај додади и изрендано јаболко дава сочност. Инаку може и до морковот, зелката или цевколото да е, некогаш знаат да се погодат скроз без вкус да се.
     
    На Amelia и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    имам пробувано и таква далата со пилешко месо и да,без кисели краставички е подобра.

    Има и една салата, мислам урнебес салата се викаше. Ама не можам да најдам конкретен рецепт. Со печен сусам и дали буковка се ставаше. Предобра салата.
     
    На Buttermilk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Денес правев посна салата, за сите што постите убав рецепт е.
    Јас ставив вака, не ми е по мерка, од ракав ставав и на вкус:
    4 компири- варени
    3 моркови- варени
    4/5 кисели краставички (ги исцедив од водата)
    конзерва грашок
    4/5 лажици посен мајонез
    2 мали лажички сенф
    сол, бибер и лукче во прав.

    Слична е на руска салата.
    По рецептот пишуваше дека може да се додаде и печена пиперка, немав во моментот и не ставив. И вака излезе убава.
    Уживајте.:f:
     
    На Ne znam koj и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  15. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    од посна салата од ваков тип јас правам варена тарана кисели краставички сечкани варени моркови и посен мајонез. Ок е по вкус. Ама здравје и оваа би ја пробала. Родендените на двете деца ми се во пости. Едниот за време на велигденскиот пост а другиот за еден ден го фаќа богородичниот пост и мора да се внимава
     
    На Ne znam koj и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  16. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Баш ќе ја пробам и со тарана.
    Јас не постам ама мајка пости и јас често и правам и носам пошто на работа е она, а јас од дома работам и полесно е и само барам рецепти.
    Следно сакам да пробам да најдам рецепт за ќофте од леќа, ако знаеш/имаш ако може да ми го пратиш.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Печен сусам
    Урда
    Мелени ореви
    Сол
    Бибер

    Незнам како се вика, ама е превкусна :)
     
    На Ne znam koj и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Свежа зелка, марула, копар, магдонос, рукола, црно семе, сончоглед, црна леќа: Screenshot_2026-05-29-20-31-16-387_com.miui.gallery.jpg
     
    На hermosa, МикиМаусовка, Manako2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Потпржена свежа зелка и потпржен кељ, варен стек, црвен домат, краставичка, кромид, црна леќа, сол Screenshot_2026-05-29-20-31-26-472_com.miui.gallery.jpg

    @Mishela еве сонц споделив 2 фотографии што ми останале, ќе продолжиме со салатите сеа :inlove:
     
    На МикиМаусовка, Manako2 и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.909
    Допаѓања:
    83.361
    Пол:
    Женски
    Ќе се пробаат и двете, вторава со пилешко на крај памет немаше да ми текне, одлично звучи. Фала ептен.

    Мене на некој Инста рил ми излезе една крем салата со сусам и урда, со мали модификации ја направив и превкусна беше.

    500г урда
    1 мало канче грчки јогурт
    100г сусам
    130г пченка
    3-5 кисели краставички ситно сецкани
    100г пилешка шунка
    3 лажици мајонез
    1 мала лажичка сенф

    Од зачини: бибер, копар, малку сол

    Сусамот тостиран обавезно.
    Ја направив со мисиркина шунка затоа што таква имав, а следен пат би одела со ситно сецкан пилешки стек. Мајонез не ставив, претежок ми е за овој период. Сосем доволен беше грчкиот за да стане кремаста и навистина беше топ.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.