Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.332
    Пол:
    Женски
    Оваа со потпржена зелка е уствари со карамелизирана зелка, и ако ме држи сеќавање, ја комбинирав со пире како прилог. Јас салатите ги имам правено како целосен оброк зошто леќата е протеин нели, дали со црно гравче, дали со мунг, дали со бел... Има интересни комбинации :)

    А оваа со урдата ја имав направено за Велигден и со јарешкото беше врв, се топеше врз месото. Ќе ја пробам и другава комбинација само саламата ќе ја сменам со нешто друго дефиниривно

    ✨✨✨

    Врв Намаз:

    Урда
    Путер
    Авокадо


    ✨✨✨
     
    На Mumoftwo30 и Mishela им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.878
    Допаѓања:
    83.243
    Пол:
    Женски
    Да, да, скроз можат да бидат целосен оброк салативе, затоа и си барам верзии да ја искористам леќава. :)
    Си ми го решила ручекот за утре @merriel0, оваа со пилешко и зелка ми се чини дека скроз ќе ми стане дел од менито.

    А салатава со урда, сега на топлово мислам дека не ни има потреба од нешто месно внатре. Ја правам и во поизменета верзија, без месо и без краставички. Другото сè исто, само соодносот на урда и грчки да биде обратен - повеќе грчки јогурт, помалку урда. Може да оди малку повеќе пченка од првичната доза (количина од око), истите зачини и без мајонез и сенф. Малку е потечна од "оригиналната", ама многу е лесна и нема нешто со што не ми оди.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.332
    Пол:
    Женски
    Може да се проба :)

    П.С. Исти ручек ќе имаме :wasntme:

    П.П.С уште една идеја што најдов, леќа плус ориз = комплетен протеин. Башка печен сладок компир со леќата мислам ќе е врв.

    IMG_20260530_101416.jpg
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама некако вакви салати овој период би јадела секој ден
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    4.332
    Пол:
    Женски
    IMG_20260603_202943.jpg
    Test&Trial да видиме кој печен зеленчук највише иде со салатата од црна леќа во комбинација со младо кромидче, краставичка и црвен домат. Одговорот: Печена зелка, печен сладок компир & маслинки. :)


    @Mishela дали ги проба претходните комбинации?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.878
    Допаѓања:
    83.243
    Пол:
    Женски
    @merriel0 ги пробав, да. Свежата салата со марула, зелка, рукола беше хит. Ептен, ептен ми се допадна.

    Оваа со пилешко малку ја модифицирав, ставив сув домат - си правев домашен во тегличка со маслиново, па ми се виде добра прилика да пробам што сум направила. Супер испадна, си одговара леќава со пропржена зелка. Мислам дека ќе ја биде и за во stir fry со оризови нудли, ама тоа веќе не е салата додуша.

    Би ја пробала леќава и во некое комбо со грчки јогурт, копар и уште нешто. Само да смислам што. :lol: