1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.421
    Допаѓања:
    91.477
    Пол:
    Женски
    Се става така, тој е веќе обарен.
     
  2. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски
    Салати..(овошни,зеленчукови..)

    Еве неколку рецепти за салати
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    200 грама Урда
    малку Сол
    200 грама Сирење
    1 Пиперка/ки
    2 лажица/ци Масло
    1 главица/и Кромид/а
    180 грама Кисела павлака
    150 грама Домат
    малку мала лажица Црн пипер
    Време за подготовка: 10 мин.
    Време за готвење: 0 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Бела салата
    ПОДГОТОВКА:
    Доматите, пиперките и кромидот измијте ги, па исечете ги на парчиња.
    Исечете го сирењето на парчиња па додајде го доматот. Урдата изматете ја и измешајте со магдоносот и киселата павлака, па полијте ја салатата.
    Потоа вмешајте ги останатите зачини, убаво измешајте проверете го вкусот и послужете.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    50 грама Сланина
    120 грама Сирење
    1 Пиперка/ки
    3 Пикантно пиперче/ња
    5 милилитри Оцет
    10 Маслинки
    30 грама Индиски ореви
    50 грама Зелена салата
    150 грама Шери Домати
    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 15 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Италијанска салата
    ПОДГОТОВКА:
    Во голем сад измешајте ги заедно доматите, сирењето, печената пиперка, сланината, маслинките, феферонките, индиските ореви и оцетот.
    Нека отстојат така 15 минути за да се маринираат. Додадете ја зелената салата и посолете по желба.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    50 грама Сланина
    120 грама Сирење
    1 Пиперка/ки
    3 Пикантно пиперче/ња
    5 милилитри Оцет
    10 Маслинки
    30 грама Индиски ореви
    50 грама Зелена салата
    150 грама Шери Домати
    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 15 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Италијанска салата
    ПОДГОТОВКА:
    Во голем сад измешајте ги заедно доматите, сирењето, печената пиперка, сланината, маслинките, феферонките, индиските ореви и оцетот.
    Нека отстојат така 15 минути за да се маринираат. Додадете ја зелената салата и посолете по желба.
     
  3. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    еве една овошна салата од мене
    Овошна салата од ананас
    * 25 грама Ореви
    * 100 грама Киви
    * 400 грама Грозје
    * 100 грама Банана
    * 1 грама Ананас
    * 100 грама Јагоди
    Подготвување:

    Извадете ја внатрешноста од секоја половина ананас. Извадените парчиња ананас иситнете ги и префрлете ги во поголем сад.
    Додадете го остатокот од овошјето. Овошјето префрлете го во издлабените половини од ананасот.
    Во помал сад измешајте ги сирењето и оревите. Додадете ги на врвот на салатата сервирана во оригиналниот сад направен од кората од ананас.
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Од мене имате две :)
    Овошна
    Потребни состојки:
    -Киви
    -Портокали
    -Банани
    -1 Пудинг од ванила ( Можете да си купите готов) ;)
    Се сецкаат на ситни парчиња кивите, портокалите и бананите ( обично по едно парче од порција) и се додава малку пудинг. Сето тоа се меша :)
    Салатава е многу брза и е многу вкусна мммм

    Салата со туна
    Потребни состојки:
    - конзерва туна
    - 1 главица кромид
    - мајонез
    Се сеце кромидот на ситни парчиња и се меша со туната, подоцна се додава и малку мајонез. Смесата се изедначува и салатата е готова. :)
     
  5. S-A-N-D-R-A

    S-A-N-D-R-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Еве една посна салата со туна

    3 - 4 конзерви туна
    конзерва грашок
    конзерва пченка
    ајвар

    Прво во туната се редат грашокот и пченката, па на крај се редит и ајварот и добро се меша, па на крај може и маслинки за декорација.
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    А мене најомилена ми е онаа со макарони, салама, кашкавал, грашок, краставички кисели, мајонез и бибер, ама мислам дека го видов погоре рецептот :)
     
  6. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Јас многу често ја правам оваа салата :
    1 пак. макарони (било какви)
    туна (1 или 2 по желба)
    печурки
    мајонез
    Сварени макароните се мешаат со печурките,туната и мајонезот.Само мора прво туната да ја исцедите бидејќи има масло во неа и може печурките да ги исецкате ситно или онака како што се сецкани во тегло.Мене ми е многу вкусна и лесна за правење... :)
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    За оваа туна салата ви се потребни овие нешта.
    200 грама туна,малку сол,150 грама пченка,500 грама макарони и 300 грама кисели краставички, мала лажица бибер
    варете ги макароните со маслото од тунaтa. Исецкајте ги киселите краставички и добро исцедете ги.
    На сварените макарони додадете ја пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер. Мешајте ја целата смеса додека не добиете хомогена маса. Многу освежува салатава а богами и најадува, јас ја сакам дека нема мајонез..конечно
     
  8. Kasija

    Kasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Нешто поневообичаено ама ја пробав пред некој ден и е прекрасна, немам зборови.
    Состојки:
    -сиров спањак
    -мелени ореви
    -дробено сирење
    -пропржени шампињони во путер со оригано
    -маслиново масло
    -малце бибер
    -сол по потреба

    Спањакот добро измиен и сиров се сецка на покрупни парчиња и на него се додаваат останатите состојки и добро се промешува. Топло ви ја препорачувам, нема да погрешите :))
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Салати

    Обожавам салати и особено во овој период од годината збеснувам по свеж зеленчук како краставици, патлиџани и зелка. Омилени ми се шопска, таратур, салата од патлиџан со малку кромид, француска или таканаречена бела салата. Обично ги комбинирам со ручекот, а некогаш ги јадам и како доручек или вечера. За диета се измислени!
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Јас имам ваква пробано,но не ја пржев во маст или зејтин,туку малце на скара ја пропржив,да не биде нити претерано пржена,нити претерано свежа.И на крај јас освен оцет,сол и зејтин додадов и малце лукче и исечкан магдонос.МММ многу ми се допадна.Е сега не секој сака да јаде магдонос и лук.тоа по вкус.
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Ќе ги свариш макароните-ситни макарончиња,ситно ќе исечкаш шунка и кисели краставички ,ставаш мајонез зачинуваш со ситен бибер и све тоа убаво ќе измешаш.лесно се прави и преубава е а можеш и печурчиња да додадеш ;)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    еве винеколку салата за со ракијче
    сушени домати
    урда
    малку мајонес
    лукче
    (сето ова колку сакаш толку, зависи од количината)

    рендан морков
    ситно сецкани оревчиња
    лукче
    јогурт
    (солта ставете ја на крај за да не пушти многу вода)

    вчера ги правев одлични се :inlove: сите ме пофалија
     
    На justegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Здраво :) Еве еден рецепт 2 домати ,1 краставица , пола зелена салата и едно-две парчиња млад кромид. Сето ова се сецка и се зачинува со маслинов зејтин и сол и мала лажичка сенф.
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јас нели ко изврсна домаќинка :D еве ќе ви кажам една која мене ми е една од моите омилени.

    Потребно:

    3 поголеми компири
    350 гр туна
    1 морков
    150 гр. маслинки
    грашок од конзерва по желба.

    Значи се варат компирите,се сецкаат на парчиња,им се додава туната,маслинките кои се претходно исецкани на ситно исто така и грашокот.Масло не се става многу бидејќи има и од самата туна нели,вегета,малку бибер и малку нане.Се меша и наравно дека се јаде...и тоа кој колку може :D

    Ок,значи салатава е посна и е пригодна ко на пример за Бадник или за некој друг ден кај што се пости.Мене ме бендисува многу и си ја правам почесто,не е скапа а е одлична.Ако некој ја проба,нема да не почасти сигурно ама нека каже како го бендисала ;)

    Едит:Морковот не се вари,жив се ренда и се додава во смесата.
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ТЕЛЕШКА САЛАТА СО ШАМПИЊОНИ
    1/2 кг варено телешко месо
    3 главици кромид
    4 варени јајца
    1 тегла кисели краставички
    1 тегла сецкани шампињони
    1 тегла мајонез
    сол и црн бибер по вкус

    Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.
    САЛАТАТА Е ПРЕУБАВА,А КОЈ НЕ ЈАДЕ ТЕЛЕШКО МЕСО,МОЖЕ ДА ЈА НАПРАВИ И СО ПИЛЕШКО.
    ;)
    BON APETIT
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Италијанска салата. Ја обожавам.
    -рендана шунка
    -рендан кашкавал
    -рендан морков
    -ситно сецкана марула
    -павлака
    Лесна е за приготвување и многу вкусна.
     
    На Osamena devojka и maja8 им се допаѓа ова.
  17. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас ја знам оваа со макарони :
    се прави со туна, кисели краставички, макарони и можеш да бираш дали сакаш мајонез или павлака.
    се ова се става во сад и се меша додека не с е соединат работите. Брзо и едноставно. :)
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    наједноставна салата
    потпечен сусам во релна
    урда
    малку павлака
    ептен ми е вкусна ја приготвувам почесто кога правам некои солени грисини и си мацкам од неа
     
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас правам една, претходно беше спомната, но мојата е со свежи краставици.
    1 пакетче ситни макарони
    1-2 свежи краставици на коцки
    шунка сецкана
    кашкавал сецкан
    2-3 павлаки
    1-2 лажици мајонез
    сол
    јас додавам и копар.
    Салатата е многу убава и ептен е refresh ;)
     
  20. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Мајка ми прави една салата со урда мн е убава. Се става урда , мајонез , павлака и сусам (печен да биде). Се тоа убаво се меша...мм :P :P