1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Урнебес салата (имево е урнебес ! :D )
    500 гр. сирење
    2 кисели павлаки
    250 гр. шункова салама
    100 гр. толчени ореви
    1 краставица
    250 гр. готов мајонез
    3-4 чешниња лук

    Исечкајте го сирењето, саламата и краставичките. Истолчете гo лукчето и оревите. Сега соединете ги сите состoјки и убаво измешајте ги. Наредете ја салатата во чинија и украсете ја по желба.
    ______________
    Ова е некоја Мешана салата
    250 гр. биено сирење
    2 поголеми домати
    300 гр. краставици
    300 гp. зелка рендана
    100 гр. маслинки
    масло
    сол
    оцет

    Редете од горенаведените состојки во овал по желба исечеи парчина од сите состојки како и рендана зелка. Украсете ја салатата со маслинки.
    _______________
    Оваа дома ја правиме
    не знам точна мера (и дали има мера) ама знам дека во еден подлабок сад се става грашок (ние ставаме замрзнат купечки), варен компир исечкан на парчиња, се додаваат варени јајца исечкани, потота компири варени излупени исечени се додава кашкавал исечкан на парчиња, шунка (или салама по ваш вкус) и на крај се додава мајонез и убаво се меша за да се соединат мајонезот и состојките и спремна салата. ;)
     
    На duffi и didi1982 им се допаѓа ова.
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    незнам точна мерка затоа што го правам од око и зависно колку количина ми треба
    урда
    помалку крем сир
    малку мајонез
    крставички ситно сецкани
    потпечен сусам
    букова сол
    лук во прав, може и ситно сецкан (ставам во прав колку за мирис)
    тоа е тоа се меша и за 5 мин имаш одлична салата или умак за чипс или бејк ролс
    лајк ит! :up:
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Мислам дека не прочитав никаде за МИМОЗА САЛАТА. Превкусна е и многу едноставна,

    Се мијат марулите и се сечкаат, потоа во нив се додава сецкано младо кромитче и сецкани варени јајца на тркалца.Потоа се ставаат маслинки и сето тоа се зачинува со масло(обично или маслиново), сол, лимонов сок и биберче по желба..Ммммм...
     
  4. tasijka

    tasijka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
     
  5. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Јас повеќе сакам свежи салати. Една, особено ја обожавам за овој период, кога на организмот ми треба чистење, а воедно и витамини, а тоа е:

    САЛАТА СО СПАНАЌ
    - свеж спанаќ, исецкан
    - кисели краставички
    - стар кромид
    - оцет (или сокот од киселите краставички)
    - маслиново масло (може и без него)
    - сол
    - бибер
    - маслинки (по желба)

    Количините може да ги додавате зависно од вкусот. Уживајте :)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Оваа салата сама си ја измислив :D И повеќе ми е оброк одколку салата :D
    Вака се си ставаш намирниците по желба :
    *Пилешки копани (сварени и ситно сецкани)
    *Макарони од најситните (сварени и исцедени)
    *Свежа зелка ситно сецкана и зачинета
    *павлака
    *Мајонез
    *Мксиканска слата
    И сето се меша :D


    И друга е оваа не е моја :)
    * Пилешки копани предходно сварени
    * Сварен ориз
    * Цвекло сварено
    * Мајонез
    Пилешкото,оризот и цвеклото се мелат во машина за мелење на месо, се додава мајонезот се посолува и прекрасна е . Е благодарение на оваа салата мајка ми не научи мене и сестра ми да јадеме цвекло ;)
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па не знам како се вика, ама мене ми е омилена и често ја јадам.

    Пирамид салата :lol:

    марула
    рукола
    домат (или cherry tomatoes)
    зелени маслинки
    сок од лимон
    маслинест зејтин
    сончоглед, семки и ленено семе (малку пропржени на суво, без зејтин)
    оцет балзамико (само малку)
    по желба можете да додадете малку сол

    Се меша. Се јаде. И убава е - абе таман за сега ;)

    Добар тек на свима! (како на оној сајтот со експертот на хрватскиот јазик)
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Додека читав салати се загледав во на Малечко0 салатата шопска. Некако не ми оди оцет на домати. :?: Но нема врска. :)

    Иначе салата која ја дознав пред некое време е Салата од зелка ( зелка-расолница. Вака мислам дека се викаше, но не сум сигурна па затоа ќе објаснам со каква зелка ).
    На повеќе зелки им се вади кочанот и се редат во буре, а пред тоа се полни дупката од кочанот со морска сол. Откако ќе се наполни бурето се става во него вода за да се покријат нели зелките. По незнам колку време стоење, ваљда дур не омекне се вади од бурето и се користи за сарма и за една ваква салата. :)

    Се зема ете една зелка и се сече на поголеми да кажам ленти и се става во сад подлабок. Одозгора се става црвен пипер колку да добие поубава црвеникава боја салатата и спремна е за јадење. Толку видов, толку кажав. :)
     
    На Hortenzija и Mashni4ka им се допаѓа ова.
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Eве уште нешто од мене:
    Пица паста салата
    50 грама Шампињони
    малку мала лажица Црн пипер
    50 грама Сирење
    1 Пиперка/ки
    1 Пикантно пиперче/ња
    5 милилитри Оцет
    малку Оригано
    30 милилитри Маслиново масло
    400 грама Макарони
    1 главица/и Кромид/а
    30 милилитри Доматно пире
    150 грама Домат,сето ова се меша во сад и готово е ;)

    Салата од макарони

    200 грама Туна
    малку Сол
    150 грама Пченка
    500 грама Макарони
    300 грама Кисели краставички
    мала лажица Бибер
    Инаку да напоменам дека макароните се варат и со маслото од туната,салатат е закон и баш освежуваат пченката и краставичките,некогаш туна не ставам па си додавам павлака,оти ен ми оди да мешам туна и павлака :^)

    Салата со јајца

    100 грама Фета сирење
    малку Сол
    30 милилитри Маслиново масло
    100 грама Мајонез
    300 грама Кисела павлака
    4 Јајца
    Сварете ги јајцата. Ставете ги во блендер и измиксирајте ги.

    Смесата ставете ја во еден сад и додадете ½ лажичка сол.

    Додадете ја павлаката, сирењето и мајонезот и мешајте.

    Додека мешате додадете ги и 2-те лажици маслиново масло.

    Саалата од компири
    4 Јајца
    500 грама Домат
    100 грама Кисели краставички
    1000 грама Компир
    50 грама Мајонез
    малку Магдонос
    15 милилитри Оцет
    30 грама Сенф
    малку Сол
    Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите.

    Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата.

    На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува.
     
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.213
    Мојата омилена салата - Рендани моркови прелиени со малку маслиново масло и оцет и коцкички фета сирење. Некогаш додавам и сечкана свежа краставица. Мене доста ме освежува и не е ептен многу калорична :)
     
  11. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    moјата омилена за време на постот....да не писам друга оти лиги ке поцнат да ми теЧат еве вака....едно пакетЧе сурими стапЧинја(прЖени и сеЦкани на парЧенца) ,една Шолја варен ориз,сецкана свеЖа краставица ,рендани моркови;посен мајонез и заЧини....лесна прелесна
     
  12. MartinaSk

    MartinaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    4
    Најомилена салата ми е салатата со макарони,малку павлака,мајонез и печеницаа :)
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maci4kaa

    maci4kaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ќе можете ли да ми кажете некоја салата со грашок
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.112
    ^^ Варени макарони, грашок, ситно сецкани шунка и кашкавал со павлака и мајонез, повеќе станаш мајонез а помалку павлака. Многу е вкусна. :)
     
    На Osamena devojka и kristii им се допаѓа ова.
  15. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Салатата мајонес ми е најубава :) Прво, во едно големо тенџере варам компири, моркови и грашок. Во друго јајца. Додека се варат мелам пола салама и кашкавал. Потоа сварените компири, моркови и јајца ги мелам со машинка. Ставам и кисели краставички 1 тегла кои исто така ги мелам. Сето тоа го мешам со мајонез Томи и ја ставам салатата во една чинија. Убаво со лажица повторно ја поминувам со мајонез и ја декорирам со магдонос, морков, маслинки :)
     
  16. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Денес си направив салата со грашок, компири и моркови. Компирите ги излупив и исеков на половина. Се вареа 20 мин па ги додадов грашокот и морковите и ги оставив уште 20 мин :) Салатата ја јадев со кечап. Многу е вкусна, пробај :)
     
  17. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Не е многу застапен грашокот.. но пак го има :D

    Шарена салата
    1 главица карфиол 500 гр смрзнат грашок
    2.5 дл млеко
    благ црвен пипер
    малку шеќер
    црн пипер
    сол

    Прелив:
    200 гр мајонез
    1 главица кромид
    1 чешне лук
    1дл јогурт
    1 лажица киселина
    малку црвен пипер
    магдонос
    сол

    Убаво измиениот и исцеден карфиол се разделува на покрпуни цветови. Млекото се раздредува со малку вода, се посолува, се додава црниот пипер, една лажичка црвен пипер, малку шеќер и се става да се вари. Кога ќе проврие во него се става карфиолот и смрзнатитот зеленчук, па се вари на тивок оган додека да омекне. Потоа се процедува и се остава да се излади. На страна се подготвува преливот од исечканиот кромид, лук и се додава мајонезот, јогуртот и киселата павлака (горе пишува киселина, а овде кисела павлака-незам што е точното :D ). Овој прелив се дадава на салатата, се промешува и се зачинува.
     
  18. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Ммм имам една хит салата, можам од неа да живеам секоја ден :$


    Туна(ситната)

    Пченка

    Кромид на покрупно

    И свежо магдонсче

    И една мала павлака(а може и без павлака) :mm: :mm: :mm:



    Исто и овчарската салата е No1

    [​IMG]

    Пармезан(ама не рендан, на листови), шунка(сецкана по должина), исецкан домат(на средни коцкички), сецкана карставица, сецкан кромид, шампињони сецкани и варено јајце.

    Освен јајцето се друго се меша или се реди на слоеви и се додава маслиново масло и сол.
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Една доста свежа и лесна салата баш ко за овој период
    Кинеска салата
    -250 гр шунка, ситно сецкана на коцкички
    -600 гр (или две средни) свежи краставици, исто сецкани на коцкички
    -100 гр ориз, сварен и оладен
    -мајонез по вкус
    -павлака за соединување на смесата
    -сол
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    КИКИКИКИРИКА салата си ја кртсив по мене :D :D

    Вчера на ТВ ја гледав денес ја направив
    450г пченка од конзерва
    200 г кикирики :D :D
    200 г мајонез
    една чашка павлака
    две варени јајца

    Кикириките се сецкаат јајцата сварени се рендаат се се меша се додаваат зачини и се јаде.
    Полесно здравје а и вкусна е