Јас си знам една салата многу лесно се прави а многу е вкусна Прво во сад се ренда компир, па врз него се ренда јајце, па се става еден слој мајонез, потоа врз тоа се става рендана шунка, па рендани кисели краставички, после рендан кашкавал и пак се става слој мајонез и после пак од почеток се додека да се наполни садот
Еве неколку http://www.sk.com.mk/?ItemID=58315F7AC5 ... 8D6C2E88FE Спојлер ПИЛЕШКА САЛАТА За пилешкото: - 1.3 кг. пилешко месо - неколку зрна црн бибер и ловоров лист - 2 лажички ким - една рака бадеми За сосот: - 2 лажици павлака - 3 лажици мајонез - 2 исцедени лимона - 1 краставица исецкана на ситни коцки - свеж босилок Подготовка: Пилешкото месо заедно со биберот и ловоровиот лист ги ставаме во тенџере со вода и го вариме околу 40 минути. Го оставаме да се олади во истата вода, а потоа го сецкаме на ситни парчиња. Кимот и бадемите ги пропржуваме во суво тавче и ги оставаме да се оладат. Во садот каде ќе ја сервирате салатата, најпрво ставете ги павлаката, мајонезот и лимонот и добро промешајте. Потоа додадете го пилешкото месо, краставицата, кимот и бадемите, како и свеж босилок и измешајте ја смесата. Одозгора ставете парчиња зелена сезонска салата (марула, рукола) http://www.roditeliideca.com.mk/forum/37----/449 Спојлер Пилешка салата со макарони - 500гр. Пилешки гради - 4 моркови - 8 кисели краставички - 500гр. ситни макарони - Зеленчук коцка (супа) - 2 лажици сенф - 500гр. мајонез - 200гр. павлака - 2 варени јајца - Сол, црн бибер - Магдoнос начин на приготвување: 1. Во супа од коцка од зеленчук варете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните. 2. Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци (влечете ги со рака, нека бидат што потенки). Ставете ги во длабок сад и додадете ги ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер, сецкан магдонос. Смесата мешајте ја со лажица додека не се соедини. Кога ќе ја измешате додадете ги ренданите јајца со павлаката, измешајте додека не добиете хомогена смеса. http://www.top.mk/blog/17589 Спојлер Состојки * 1/2 кг бело пилешко месо сварено * 3 цвекла сварени * 2 компира сварени * 1 краставица................................................................................... * 1 кромид по мал * 1 китка магдонос * 1 мала тегла мајонез * сол и бибер. Припрема: Се се сечка на мали коцкички,се додава мајонезот се зачинува и се измешува добро. Фино би било салатата да одстои малку пред служење. http://www.hranaivino.tv/recepti/ciklus ... ta/rec.htm со павлака и шампињони Спојлер За подготовка на оваа салата за 4 лица потребни ви се следниве производи: - 350 гр. Пилешки стек - 1 морков - 2 компири - 200 гр. Кисела павлака - маргарин - 200 гр. Мајонез - 2 киссели краставички - 200 гр. шампињони - сол и црн пипер Потребно време за подготовка на салатата е 15-тина минути. На даската за сечење најпрво на ситни коцки го сечкаме обарениот морков. Го собираме во еден сад и го оставаме настрана. Потоа на исти такви коцки го сечкаме варениот компир и киселите краставички. И нив ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. Потоа на тенки листови ги сечкаме маринираните шампињони и ги собираме во еден сад и ги оставаме настрана. На исти коцки како и првиот го сечкаме и вториот варен компир и го ставаме ви еден поголем длабок сад. Во садот ги додаваме исечканите моркови. На даската за сечење на коцки го сечеме претходно сварениот пилешки стек. Парчињата месо ги ставаме во садот со компири и моркови. Во садот го додаваме и преостанатиот исечкан зеленчук. Смесата ја посолуваме и ја зачинуваме со црн пипер. Потоа го додаваме мајонезот и киселата павлака и се убаво промешуваме. Готовата салата ја вадиме на чинија за сервирање. Во еден сад од малку мајонез, разблажжен со бело вино, подготвуваме прелив со кој ја преливаме салатата на чинијата. Со помош на готварски шприц и мајонез ја декорираме салатата, а декорацијата ја завршуваме со неколку цели маслинки и гранче магдонос. Со пилешката салата ви предлагаме да се напиете бело вино. И уште многу други тука http://www.google.com/search?q=%D0%BF%D ... 08&bih=922 Еден поегзотичен рецепт на англиски... со јаболки, кари и суво грозје мислам беше Fruity Curry Chicken Salad Спојлер Ingredients * 4 skinless, boneless chicken breast halves - cooked and diced * 1 stalk celery, diced * 4 green onions, chopped * 1 Golden Delicious apple - peeled, cored and diced * 1/3 cup golden raisins * 1/3 cup seedless green grapes, halved * 1/2 cup chopped toasted pecans * 1/8 teaspoon ground black pepper * 1/2 teaspoon curry powder * 3/4 cup light mayonnaise Directions 1. In a large bowl combine the chicken, celery, onion, apple, raisins, grapes, pecans, pepper, curry powder and mayonnaise. Mix all together. Serve!
Има една италијанска салата што е многу брза за правење, а е превкусна... Пола марула се сече на тенки парчина, се ренда пола морков, потоа на тенки лентички се сече 100 гр кашкавал и исто толку шунка...На сето ова се додава една павлака и една лажичка мајонез и се зачинува со масло, сол и малку киселина по вкус...Се декорира со домати и маслинки ...Bon appetit..
Салата со спанаќ и козјо сирење -Спанаќ -Козјо сирење -Шампињони (свежи) -Лимон -маслиново -сол и бибер(свежо мелен) Спанаќот се мие и се сецка на крупно се става во чинија ,се сецкаат на тенки ленти печурките се додаваат и на крај сирењето на мали парченца се прелива со малсиново и лимон ,сол и бибер по желба
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/?p=346 Бидејќи во последно време сум во фазон на печени пиперки, еве една превкусна салата што често си ја правам. Потребно: 1 лажица јаболков оцет 1 лажица оцет балсамико 1 мало чешне лук, ситно сецкано 1/4 ладно цедено маслиново масло сол, бибер 1/2 кг. црвени пиперки (за ајвар) може и бабури 1 лажица ситно сецкан босилек 1/2 кг. свежи домати пола китка марула 300 гр. кравјо сирење Подготовка: Најпрво, направете го дресингот. Во мал сад, помешајте ги јаболковиот оцет, балсамико, лукот и маслиновото масло. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Во рерна, печете ги доматите и пиперките. Може да ги печете исто така и на скара или на рингла. Откако ќе се испечат пиперките, исечете ги на ленти. Доматите исечете ги на коцки. Попрскајте ги со дресингот, додајте малку босилек и измешајте. Листовите марула искинете ги на мали парчиња. Додадете ги во садот со пиперки и доматите. Измешајте ја целата смеса. Додадете ги коцките кравјо сирење. Измешајте. Оваа салата може да се јаде и топла и ладна.
Пробај наместо кубети со крокети, не ја уништувај салатата со кубети. Крокетите се мали ситни коцкички пржени во маслиново масло. Можеш и сама да ги направиш исечкај коцкички леб зачини ги со вагета и малку босилек и фрли ги да се потпржат на маслиново масло. Пробај, нема да зажалиш 10 пати повкусно е. Во оригиналниот рецепт, се додава и Ворчестер сос помешан со сенф и мајонез (тоа служи како сос) , а од страна на зеленчук се додава и варена пченка. Позз и пробајте !
Маринче, ти дефинитвно не знаеш што се ни кубети ни крокети! Инаку да, и јас си ја правам со кубети цезар салатката, затоа што така се прави, и мислам дека многу е поедноставно и повкусно - да дадеш 10 денари да си купиш пакетче кубетки (препорачувам со лук или тцацики сос) отколку да се мачиш да сечеш леб, па да го пржиш - па цел ќе ти се наполни со зејтин и.т.н.... Уф како добро би ми дошла сега една...
МАЈОНЕЗ САЛАТА 1кг.месо(пилешко,телешко)сварено и исецкано,пола тегла мајонез,2 мали лажички сенф,пола тегла шампињони,6 краставички,2 главици кромид,1 павлака.Се се меша и се зачинува по вкус. МАЈОНЕЗ САЛАТА 1 свежа краставица-рендана(може и кисела),250гр. бело рендано сирење,250гр. сецкана шунка,1 конзерва месен нарезок,3 рендани варени компири,100гр. рендан маргарин,100гр.сецкани орви,2 лукчиња.Сето ова се меша и по вкус се става мајонез и павлака. САЛАТА ОД КОМПИРИ И ТУНА 4 варени компири,185гр. туна од конзерва,250гр. мајонез,5 кисели краставички,200 мл. бело вино,100 гр.црни и зелени маслинки,магдонос,сол и црн пипер. Претходно сварените компири ги лупиме,ги сечкаме на коцки и ги ставаме во поголем длабок сад.Киселите краставички ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот.Магдоносот ситно го сецкамеи го додаваме во садот.Во садот ги додаваме и туната ,мајонезот и белото вино.Посолуваме,наросуваме мелен црн пипер и мешаме додека смесата не се соедини. САЛАТА ОД УРДА 1кг. урда,250 гр.шунка,1 свежа краставица,1 морков,150 гр.ореви,200гр. маргарин,250 гр. мајонез,2 лаж.сенф,150гр. маслинќи,сол и црн пипер.Оревите ситно ги сечкаме.Шунка и двете третини од краставицата ги сечкаме на коцки.Парчињата шунка и краставица ги додаваме во садот со урдата.Потоа во садот ги додаваме сенфот,мајонезот,сечканите ореви и маргаринот и мешаме додека не добиеме хомогена смеса.Посолуваме,наросуваме мелен црн пипер и промешуваме.
еве и од мене нешто- -пилешка салата- 4 парчиња бело месо а може и од цело пиле,варени и сецкани 4 варени јајца сецкани на коцки 100 грама рендан кашкавал 5 или 6 сецкани кисели крастајчиња сецкани на коцки 1 кисела павлака 1 мала тегла печурки исто исецкани околу една мала тегла мајонез 2 лајци сенф сол и бибер сево се меша и не се мазни.е сега мајонезот и павлаката најдобро е постепено да се додаваат и да додадете колку сто мислите дека е во ред и да не е многу течно. -мешана салата- пола кило варени компири,едно пакетче варени виршли,2 варени јајца,пола кромид,сол,киселина,бибер. сиве се сечат на тркалца и се меша салатата рецептиве се испробани 100% првата ја имав за именденот од синчето и со 3 кила месо и ништо не остана..мора да била супер
Јас имам поинаква рецепта за Урнебес салата: -урда -сирење -варени јајца -толчени ореви,толчен лук(заедно) на кои им се додава стопен маргарин (малку колку да ги прелие) Сето то заеднно се меша и се додава буковец,феферони(доколку сакате луто) и павлака.
Голем скептик сум кога се работи за брокула, ама салатава е супер - ко за чудо. 1 поголема китка брокула 1 павлака 2-3 лажици мајонез сол и црн пипер по желба Брокулата се мие убаво и се става во сад за варење на рингла, па се вари околу 15тина минутки и се трга на страна. Малку изладена се вади од водата и ситно се сечка, но само цветот, не и дршката. Се додава павлаката и добро се меша. На смесата и` се додава мајонезот и повторно се мша за да се соедини смесата. Се зачинува по вкус.
Мишела, многу е 15 минти да се вари брокулата. Се препорачува 3-4 минути, ајде и 5 нека се. Ама повеќе од тоа - и ништо нема да искористиш од брокулата, сите хранливи состојки ке испарат... Дури се препорачува и на пареа да се вари наместо во вода, бидејќи станува збор за многу здрав зеленчук , штета да се не искористат благодетите Ајде јас рецепт за салата со брокула. Ја варите кратко, ко што кажав, додавате масло, малку сол и многу лимон. Превкусно
Салата со туна и јаболка *туна *јаболко(зелено,црвено,жолто-не е битно) *мајонез *палвака *сол и бибер -туна и јаболко се става произволно,во зависно од тоа колкава количина сакате да припремите,и важно е да биде хомогено,иако според мене,поубав вкус има кога јаболкото доминира. Туната се раситнува на мали делчиња,а јаболкото се ренда.Во ист сад ги мешаме и додаваме малку мајонез за да се соединат и уште помалку од мајонез,павлака за да даде додатна свежина.Се додава и сол и бибер. Многу се скептични кога ке го чујат составот,но е премногу вкусна и не е воопшто тешка.Пробајте ја!
Рецептиве ги препишував од тетратките на мајка ми, а чудно ми беше и мене, си помислив дека сепак за 15 минути ќе омекне и ќе стане малце кашеста, ама не сум многу искусна во готвењето, па препишав онака како што стоеше таму. Сепак ти благодарам на вниманието и на корекцијата. А салатава си ја употребувам и како намаз, доколку брокулата е поситно исечкана - милина е.
Еве и од мене една салата со урда. Во пропржен сусам се става урда (количини произволно кој колку сака), многу малку буковец и сол по желба. Преубава е, се мачка на леб
Јас за со брокула омилено ми е, малку ќе повари заедно со 2-3 морковчиња рендани, после кисели краставички рендам, јајце и одозгора додека е топло мнооооооооооооогу кашкавал, и тој кога ќе се растопи...МХХХХ... празник за мојот стомак, а богами и организам и крвна слика
мојате омилена салата е со компири: 5-6 варени компири оцет масло компирите ги насечуваш на кругови и ставаш оцет и масло и тоа е се брзо и вкусно ;P
Салата со туна Може да се направи и со марула или до домати, подеднакво е вкусно и со двете. Се сечка марулата на поситно (или доматите на коцки) и се истура туната. Не се додава масло, затоа што доволно е она од самата туна. Се додаваат 2-3 лажици мајонез (или повеќе, значи по желба), малку бибер и сол доколку сметате дека ви е потребно. Неколку сечкани маслинки и та-дааааам! Нема поубава салата со туна, навистина е вкусна и свежа.