Салата - макарони, мајонес, к.краставички Потребни состојки: * 100 грама шунка (по желба, свинска или пилешка) * 100 грама сирење * 400 грама макарони * 100 грама мајонез * 400 грама кисели краставички * 200 грама кисела павлака * 100 милилитри јогурт * 4 јајца Начин на подготовка: Сварете ги макароните во вода со сол, исцедете ги и измијте ги со студена вода. Оставете ги да се исцедат во цедалка. Потоа, излупете ги јајцата и ситно исечкајте ги заедно со шунката, сирењето и киселите краставички. Потоа, во длабок сад ставете ги макароните, додајте им ги јајцата, шунката и сирењето и краставичките. Во одделен сад измешајте ги мајонезот, киселата павлака и јогуртот, измешајте ги состојките за преливот, полејте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење,за да зацврсне.
Jас пред некој ден кога бев мртва гладна,а немав што да јадам по дома,направив ваква туна салата 1 голема конзерва туна 1 пиперка лута или туршија пиперка лута исечкана пола кромид исечкан малку киселина црн бибер Mене превкусна ми беше
многу ми се допаѓа Француската салата.Најчесто оваа салата ја приготвувам кога цекам гости оти порано се руската па руската од кога ја пробав оваа се сега оваа салата.Рецптот е 1свежа краставица,250 гр.пилешка шунка,250 гр.сирење,250 грама павлака и ораци по желба.Краставицата и саламата ситно се сецкаат,сирењето се ренда на рендето на ситно а орасите на машинката се мелат.Сето овоа заедно се меша со павлака и за сервирање одозгора пак ставам од сомелените ораси како декорација.Стварно многу добра салата а овоа е пола доза прилишно добро испага ако имас повеке гости а ако чекаш некоја прослава треба со цела доза дупло од се.
Денес јадев една нова и вкусна салата .... Состојките се шкампи, ракчиња, варени јајца, нормално се ова сецкано, па рендан ситно морков, кромид, многу ситно сецкан или рендан не знам точно ама се чувствуваше вкусот и марула свежа која беше сечена на тенки мали лентички ... Се ова зачинето со сол и црн бибер и измешано со мајонез. Навистина нешто поинакво и доста вкусно.
Salata so izvarok 1/2kg. izvarok 5 jajca (vareni i rendani) 200gr. susam (ubavo isprzen) 1 pavlaka 5 lazici majonez Seto zaedno se mesa. [mod-kirilica:1131rxea][/mod-kirilica:1131rxea]
Јас многу сакам вакви салати ама во 99% од салативе има мајонез а ја не јадам мајонез така да најмногу ми се свиѓа француската салата со краставица,шунка,сирење и павлака
Азија - салата состојки: -кинеска зелка -2 пакувања кинески нудли (оние тенките за пилешка супа) -100 гр сецкани бадеми -5 големи лажици семки од сончоглед (излупени ) за дресингот: -6 големи лажици маслиново масло -4 големи лажици оцет -3 мали лажички шекер -1 мала лажичка сол малку бибер и зачините од кинеските нудли (што се во посебно мало кесе во пакувањето) Зелката се сецка,се користи само зелениот дел,белите делови не се јадат.Се сечка на ленти,се мие и се остава да се суши.Нудлите се кршат ,се додаваат врз зелката (полесно е ако ги ставите во крпа и така да ги искршите,бидејки се многу тврди,се исеков еднаш малце ) Се прави дресингот од состојките и се додава врз салатата. Бадемите и семките од сончоглед се пропржуваат во малку маслиново масло (на тивко,многу бргу загоруваат) и се додаваат во салатата.Се меша се заедно и се остава да стои најмалку 2 часа (да омекнат нудлите,кои иначе ги има по сите поголеми маркети) Ја правам најмалку еднаш неделно и се давам во неа,нема утка,и многу заситува Некои ставаат и младо кромидче,мене повкусна ми е без тоа
Кинеска салата 1 (ја викаат така зашто има ориз ) -250 гр варен ориз (не многу за да се раскашави како за сутлијаш, само да омекне) -250 гр ситно сецкана шунка -600-800 гр ситно сецкана краставица (да и се извадат семчињата внатре за да не ви пушти вода) - 3 мали павлаки -3 лаж мајонез -сол и црн пипер по вкус Кинеска салата 2 -1 зелена салата -1 црвена и 1 бела пиперка -1/2 краставица -100 гр мајонез -2 варени јајца -150 гр варена пченка -маслинки (колку сакаш по вкус) -50 гр сецкани ореви -сол и црн бибер по желба Неколку листови марула се ставаат во сад во кој ќе се послужува салатата а останатите се сецкаат.
Арапска салата од спанаќ Потребно е: - едно главче спанаќ -200 грама козјо сирење - 100 грама урми - ситно сечкани ореви и бадеми (од око) - балсамико оцет -маслиново масло - мед -сенф Спанаќот измијте го со млака вода, лист по лист, и искинете го на ситни парчиња (не го сечете, зошто ќе пушти зелен сок), и оставете го во сад за салата. Во друг сад, измешајте 100 грама мед, едно мало кесиче сенф, додајте маслиново масло, балсамико оцет и направете го сосот да биде густ, но не тегав. По желба, зачинете со сол. Козјото сирење исечкајте го на ситни коцки, стопете го на тивок оган во тавче со малку масло. Додајте ги оревите и бадемите, урмите ситно исечкани и пропржете неколку минути додека сирењето не се стопи. Додајте го ова во садот со спанаќот и промешајте. Одозгора истурете го сосот и убаво измешајте за да се спојат состојките. Бон апетит
500 кг јунешко месо 2 цвекла пола тегла кисели красатвички 1 кромид китка рукола павлака сол и бибер Месото се вари и потоа се цепка на конци.Се ренда свежото цвекло, се додаваат сецканите кисели краставички,се сецка на тенки тркалца свежиот кромид, руколата, се зачинува со сол и бибер и се меша салатата со павлака. Едит Најдов уште една салата со цвекло, потребно е -Цвекло -Варено јајце -Павлака -Сенф -Лук -Сол и Бибер Се се сецка или ренда и се меша со павлаката додека да добие хомогена смеса.
Оваа ќе ви се допадне -1 пакетче ова, јас си го викам кукуруз (пченка) -1 мрков свеж -1 пакетче Кубети -сол, бибер, ситно сецкан магданос и 2лаж мајонез Во сварената пченка се додаде изрендан морков, Кубети, ситно сецкан магданос, сол, бибер и мајонез
Овој рецепт мислам дека го имам напишано и во друга тема ајде и овде. Салата со цвекло и пилешко: - се варат копаните и се мелат во машинка за мелење на месо - исто така се мели и цвеклотот во исто таква машинака -се додава бел ориз исто така смелен заедно со цвеклото и пишркото - се додава мајонез и се зачинува и сето тоа се меша Мене оваа салата мие една од поомиленти салати и благодарение на неа уште од мала го обожавам цвекото Добар апетит
Јас имам 3 омилени салати, ама проблемот е што скоро се си ставам отприлика 1. Пилешка салата 500г пилешки стек 1 тегла сецкани печурки неколку кисели краставички Се ова се сецка и на смесата се додава павлака отприлика 2. Француска салата 1 свежа краставица салама урда лук неколку чешниња павлака саламата и краставицата се сецкат на коцкички, лукот исто така ситно се сецка или се толчи, се додава урдата и се заедно се меша со павлаката. Краставицата може откако ќе се исецка да се исцеди да не пушти многу вода. ( за сите салати со павлака користам Спитико павлака, некако ми е нјдобра. 3. Рендана салата во поголем длабок сад се ренда по следниот редослед ред компир ред сирење ред јајца ред салама па се мачка мајонез и пак се повторува рендањето по истиот редослед само што на крајот врз мајонезот се ренда сирење
Не е рано, зошто да е рано ?!? Еве една убава салата за новогодишната вечер. Јас таква ќе правам. Руска салата „Новогодишен Пламак“ 200 гр. варени компири 2 бр. варени јајца 50 гр. варен грашок 100 гр. салама зачини по избор 3 супени л. мајонез магданос 1 бр. печена црвена пиперка 50 гр. кашкавал Компирите се сечат на ситно, става се грашокот, ситно исечените јајца, става се сол, мајонезата и се меша убаво со лажица. Во чинијата се става од салатата во круг, се става парче кашкавал како свеќа, пламокот се справи од лентичка црвена пиперка, исто и панделка. Од магданозот се става цели листенца од страна на салатата, да изгледа како венец и парченца морковчиња.
Имам ама сега да ја напраиш, тешка работа, на пролет Наједноставен а највкусен рецепт. Рендаш цвекло, сецкаш марула, евентуално морков рендаш (јас го избегнувам затоа што сум алергична ама знам дека и со морков ја праат салатава), додаваш јаболков оцет и маслинест зејтин. ТоВа би било Исто така зелка можеш да исецкаш ептен ситно и да ја помешаш со цвекло. Црн бибер, малку сол, зејтин, оцет. Абе цвекло - на се иде, го обожавам а и многу е здраво и е силен антиоксидант, дали свежо или пак онакво, варено па теглирано , како да го кажам бре не ми текнува
Може и сега, на пазар има и цвекло и марула (некој одамна не бил на пазар ) Еве и од мене една салатка -200 гр цвекло ама го свариш и го исецкаш на мали коцки -200 гр пилешки гради или телешко (кој како сака) се вари и сецка на коцки -1 варен компир, варен и сецкан на коцки -2-4 лаж мајонез (по вкус) -2 мали павлаки -сол, бибер
Салата од макарони ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 200 грама Туна * малку Сол * 150 грама Пченка * 500 грама Макарони * 300 грама Кисели краставички * малку мала лажица Бибер * Време за подготовка: 15 мин. * Време за готвење: 10 мин. ПОДГОТОВКА: Сварете ги макароните со маслото од тунaтa. Исецкајте ги киселите краставички и добро исцедете ги. На сварените макарони додадете ја пченката, исцедените краставички и туната, малку сол и црн бибер. Мешајте ја целата смеса додека не добиете хомогена маса. Освежителна салата ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 100 грама Шунка * 100 грама Сирење * 400 грама Макарони * 100 грама Мајонез * 400 грама Кисели краставички * 200 грама Кисела павлака * 100 милилитри Јогурт * 4 Јајца/це * Време за подготовка: 15 мин. * Време за готвење: 15 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Освежителна салата ПОДГОТОВКА: Макароните сварете ги во малку насолена вода. Исцедете ги и веднаш измијте со ладна вода. Оставете ги во цедалка. Јајцата излупете ги, ситно исечкајте ги и шунката и сирењето. Во длабок сад ставете ги макароните , додајте им ги јајцата, шунката и сирењето. Киселите краставички ситно исечкајте ги, малку истискајте ги со раце и додајте во садот. Посебно измешајте ги состојките за преливот, полијте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење.
Девојки пред некој ден, од една пријателка на мајка ми, дознав рецепт за една многу необично, но интересна и вкусна салата и мислам дека е вистинско место да го споделам со сите заинтересирани Оригиналниот рецепт е со кус-кус, меѓутоа јас ја направив со тарана и воопште не беше лоша. Ситно се сечкаат 1 зелена пиперка(свежа), 2 домати, 1 помал кромид (или 1/2 поголем) и 10-15 маслинки. Сето тоа се меша со 1/2 пакетче сварена тарана, се додава маслиново масло, оцет балсамико, неколку капки лимонов сок, сол, оригано и други зачини по вкус. Се надевам дека ќе ви се допадне. Освежителна е и според мене може да замени 1 оброк во лето Уживајте !