Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25

    може ли да ми пишеше колку сставаш количински мајонез и павлака?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    1-2 лаж мајонез и 1 павлака (може и повеќе во зависност колку ќе биде потребно за да се соединат сите состојки т.е колку ќе впијат павлака)
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Компир салата со павлака
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    * малку мала лажица Црн пипер
    * 1 лажица/ци Сол
    * 100 грама Марула
    * малку Магдонос
    * 1 парче/чиња Лимон
    * 150 грама Компир
    * 150 грама Кисела павлака
    * 2 лажица/ци Дафинка
    * малку Босилок
    КРАТОК ТЕКСТ:

    Компир салатата со павлака е ладно предјадење кое е лесно за правење а убав додаток во главниот ручек.
    ПОДГОТОВКА:
    Ги вариме компирите. Откако ќе се сварат ги сечкаме на коцки. Ги ставаме во подлабок сад.
    Зачинуваме со сол, зачин (вегета) и со црн пипер.

    Додаваме исечкан магдонос и босилек и на крајот ја додаваме и киселата павлака.
    Убаво промешуваме.
    Лимонот го сечеме на 2 дела. Од едниот дел ја рендаме кората.
    Ја додаваме и изренданата кора од лимон.

    Повторно промешуваме.

    Компир-салатата ја сервираме на чинија декорирана со три листа зелена салата.



    Цезар - салатa
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    * 20 милилитри Оцет
    * 1 лажица/ци Маслиново масло
    * малку Магдонос
    * 100 грама Мајонез
    * 1 Кришка/ки леб
    * 20 грама Краставица
    * 80 грама Зелена салата
    * 30 грама Домат
    * малку Дафинка
    * 30 грама Блага павлака
    * 20 милилитри Brandy
    * 60 грама Пилешко
    * малку мала лажица Црн пипер
    КРАТОК ТЕКСТ:

    Цезар - салата
    ПОДГОТОВКА:
    Зелената салата ја сечеме. Ја сервираме во длабока чинија. Пилешкото филе го сечеме на коцки. Го ставаме во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер, па се промешува. Кога ќе се пропржи пилешкото, го вадиме на чинија и го оставаме да се олади.

    Лебот го сечеме на коцки и него го ставаме во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешуваме и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб ги вадиме на чинија и ги оставаме да се оладат. Краставицата ја сечеме на коцки и ја ставаме во подлабок сад.

    И доматот го сечкаме на коцки и го ставаме во садот. Во садот ги додаваме испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешуваме и ги ставаме врз зелената салата. Мајонезот го ставаме во подлабок сад. Во садот ги додаваме оцетот, благата павлака и коњакот.

    Зачинуваме со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешуваме за состојките да се изедначат. Со ова ја прелеваме салатата. На крајот ставаме малку исечкан магдонос.
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пилешка салата со цвекло
    3 парчиња пилешки гради
    500 гр конзервирано цвекло
    500 мл кисела павлака
    4 лажици мајонез
    сол и црн пипер
    Месото се вари, а потоа се сецка на коцки. И цвеклото се сецка на коцки и се додава во месото, се додаваат мајонезот и павлаката и се зачинува.

    Салата од шампињони и компири
    1 кг варени компири
    500 гр свежи шампињони
    1 главица кромид
    300 мл кисела павлака
    120 гр мајонез
    зејтин, сол и црн пипер
    Шампињоните се сецкаат и се пржат во малку зејтин. Кромидот се сецка ситно и се посолува, компирите исто така се сецкаат и се посолуваат и се додаваат во садот со кромидот, во нив се додаваат и шампињоните и павлаката и мајонезот и се убаво се промешува.

    Салативе се превкусни.
     
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Се извинувам ако некој претходно ја има пишано.

    Не знам име, но се прави на следниов начин:

    Потребно е:

    - варен компир
    - варени јајца (се одделуваат белките и жолчките)
    - сирење
    - варен морков
    - мајонез и кисела павлака (во една павлака од 200г одат три лажици мајонез)
    - мешан зачин

    Во сад се рендаат три од состојките по желба, едно по друго, потоа се нанесува од измешаниот мајонез и павлака и мешаниот зачин. Ова се повторува неколку пати, додека не се потрошат состојките :D :D

    Некаде гледам дека ја мешаат салатата, ама препорачувам да не го правите тоа затоа што се губи вкусот. Не е тоа тоа.
     
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Италијанска салата
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    50 грама Сланина
    120 грама Сирење
    1 Пиперка/ки
    3 Пикантно пиперче/ња
    5 милилитри Оцет
    10 Маслинки
    30 грама Индиски ореви
    50 грама Зелена салата
    150 грама Шери Домати
    ПОДГОТОВКА:
    Во голем сад измешајте ги заедно доматите, сирењето, печената пиперка, сланината, маслинките, феферонките, индиските ореви и оцетот.

    Нека отстојат така 15 минути за да се маринираат. Додадете ја зелената салата и посолете по желба.
    Црвена зелка на чешки начин

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    30 грама Шеќер
    20 милилитри Оцет
    25 милилитри Масло
    малку главица/и Кромид/а
    1 мала лажица ким
    1000 грама Зелка Црвена
    1 лажица/ци Дафинка
    100 грама Брашно
    ПОДГОТОВКА:
    Црвената зелка исечете ја на тенки резанки и кратко проварете ја во вода, која потоа ќе ја исцедите. На масло пропржете го ситно исецканиот кромид, ставете ја и зелката да се допржи, додадете ги шеќерот, кимот и вегетата.

    По неколку минути пржење, ставете го брашното, добро промешајте и оставете го целото јадење уште малку на рингла. Пред крај додадете го винскиот оцет и, по потреба, малку сол.
     
  7. Ecii

    Ecii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    11
    На прв поглед салатава не е нешто нај ама затоа има прекрасен вкус :)
    1 кеса од тие најситните макарони (да се сварат)
    пола тегла кисели краставички (да се исецкаат на ситни коцки)
    1 конзерва туна
    и мајонез пола тегла
    сето тоа можете да го измешате во длабок сад, може во фриждер да се стави и кога сакате да ја користите :)
     
  8. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Зелка салата:

    Сечкајте ја на ситно,ставете зејтин сол, малку бидер и мајонез


    ____________________________________________

    Салата од Брокула:

    Брокулата ја сецкате на ситни цветови и ја ставате во врела вода и одма ја вадите
    Потоа сецкате краставица на коцки, лук и магданос.
    Зачинувате со зејтин,сол и оцет...мммм

    ___________________________________________
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Аргентина салата

    Потребни состојки:
    - магдонос
    - кисели краставички
    - варена пченка (конзервирана)
    - туна
    - мајонез
    Киселите краставички и магдоносот ги сецкаме, сите состојки заедно се мешааат и се зачинува по желба : сол, црн пипер. :)
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Салата од урда
    1 кг урда,
    1 маргарин
    200 мл масло
    2-3 кисели краставички
    Малку салама
    Лукче( 2 чешниња) исецкани
    Маргаринот се мати и се додава урдата, а потоа пополека маслото и се матат додека не се добие пенеста смеса, се додаваат сецкани(кисели краставички,саламата и лукчето)


    Се извинувам ако некој претходно ја има пишано
     
  11. milkamk

    milkamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Еве една необична салата
    [​IMG]

    Зачинета салата со јаболки и ореви

    Состојки
    1 марула
    300 гр. спанаќ млад
    70 гр. брокула или луцерка
    2 лажици оцет балсамико
    1 јаболко исецкано
    70 гр. наут сварен
    1 лажица ореви сецкани
    1 лажица суво грозје
    1/2 луто пиперче

    Упатство
    Ставете ги во длабок сад марулата, брокулите, спанаќот и добро измешајте ги со оцетот. Врз нив истурете ги останатите состојки.
    По желба додадете уште некој зачин или масло.
    Наместо луто пиперче можете да употребите зачинета сол.

    Линк до рецептата
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Салатава ја најдов на нет, планирам да ја правам, па да прашам дали некој досега ја има пробано и како му се допаднала? Мене ми изгледа малку необично и скептична сум за вкусот поради измешаниот морков и јаболко. Вуала, па кој ја пробал нека ми каже впечатоци, за џабе да не се кашкам иако е едноставна. :D

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    малку сол
    100 грама Моркови
    1 лажица/ци Масло
    2 лажица/ци Лимонов сок
    400 грама Јаболки

    Морковите и јаболката исчистете ги и изрендајте ги.
    Измешајте и посолете ги, па додадете сок од половина лимон.
    Ставете го маслото, па добро измешајте.
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Ајде рецепт за француска салата, ја читам на сите им е омилена, а не кажале рецепт :D
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Има неколку варијанти со тоа што некој додава + варени јајца и компири инаку основата е мешан зеленчук (оној смрзнат мешавина од морков, грашок, компир), ситно сецкана шунка (може и немора ако немаш) околу 150-200гр, ситно сецкани кисели краставички, сол, бибер по желба, 1-2 лаж мајонез (може по желба и 1 лаж сенф кој сака) и 1 павлака.
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Епа нели е ова руска салата?
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.509
    Допаѓања:
    201.494
    Пол:
    Женски
    Француска салата е со изварка, мајонез, павлака, оревчиња, кисели краставички и салама. А во кој сооднос, не знам точно. Мислам дека има и лукче, ама не става секој :)
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Јас руската ја знам со мешавина од варен компир, морков, грашок, јајце, кашкавал, шунка, кисели краставчиња, мајонез, сол, бибер.
    Француска или бела салата како што ја викаат по мој рецепт е со шунка, краставица, ореви, сирење, павлака и 1 лаж мајонез
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Каша-попара од салатите сме направиле :D
    Едно време мислев дека пилешката салата е француска, потоа во Бугарија видов дека е иста ко и руската, мада имаа и руска салата у понуда со минус некои продукти. На друго место имаше па плус итн.
    Руската салата и ние ја правиме со: верен компир, морков, јајце, грашок, кисели краставички, малку сирење, салама, мајонез и павлака.
    Онаа салата што ја споменува Анатх, дома ни е безимена салата (Бела салата била уствари) :D само освен извара, ореви, кисели краставички... ставаме и модар патлиџан.
    Ко варијанта од овие ја знам и Баварска салата, која е со компир, колбас, грашок, морков, мајонез, павлака...

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D1% ... 1%82%D0%B0

    :D
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Една моја омилена Салсалита мислам ја викаат по рестораниве
    -марула
    -краставичка
    -шери доматчина
    -варена пченка
    -свежи печурки
    -пармезан
    може тука да се додадат пилешко , кубети и сос направен по совоја желба и ке дојде нешто како Цезар.
    Исто Руската ја сакам многу, супер е за дома за гости за мезе :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.