Рецепти за салати

Дискусија во 'Рецепти' започната од swety, 11 јули 2010.

  1. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    41
    Девојки, еве и од мене 3 салатки, што во летниов период ме освежуваат:
    * Салата со брокули
    1китка поголема брокула
    500 грама сирење
    1 голема краставица
    100 гр ораси, лук
    1 кисело млеко
    Брокулата се обарува 5 6 мин во вода со сол, се процедува. Се ренда сирењето. Се ренда краставицата, и се цеди од вода. Сето ова го мешаме заедно, додаваме лук по вкус, ораси. Убаво мешаме да се спојат состојките и додаваме едно кисело млеко, кое претходно го матиме, убаво промешуваме. Салаткава е преубава и освежува.
    * Салата со целер
    Зелка, целер, морков, кромид, пиперка, магдонос, маслинов зејтин, оцет и сол. Се рендаат, зелката, целерот и морковот, кромидот и пиперката се сецкаат, се меша се заедно, се додава маслинов зејтин, оцет и сол, се наросува магдонос.
    * И салатка што сите ја правите дома, само што јас си додавам многу зачини. Патлиџан сецкан на тенки ливчиња, пиперка ситно сецката, кромид ситно сецкан, се додава маслинов зејтин и сол, и јас додавам: копар, оригано, нане, босилок и магдонос.
    Се надевам ќе ви се допадне!
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Можда ја има некој пишано претходно,али небитно,еве пак.

    Туна салата
    -1 конзерва туна
    -2 варени јајца
    -неколку кисели краставички
    -мајонез
    -сол,бибер,лук во прав

    Значи, на туната и се додаваат јајцата,рендани, се рендаат и неколку краставички. Се става мајонез,околу две лажици и на крај сол,бибер,лук во прав, по желба.
    Секако, количинава на состојките релативна,дали ќе ја направите вака,или со две конзерви-4 јајца или дупло,тоа зависи од вас колку ви треба.
    Пред јадење,по можност да стои во фрижидер,најмалку поласаат,поубава е ладна.
     
    На stefiy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ЦЕЗАР САЛАТА

    Состојки:
    150 гр. домат
    100 гр. краставица
    1 главичка кромид
    1 црвена пиперка
    1 јајце
    неколку потпечени лепчиња
    неколку листови марула
    неколку филувани зелени маслинки
    маслиново масло
    сол
    прелив за салати
    Начин на подготовка:
    Марулата ја сечкаме на поголеми парчиња. Ги додаваме доматот, краставицата и пиперката. Кромидот и јајцето ги сечкаме на кругови и ги додаваме во салатата. Потоа ги додаваме и маслинките и потпечените лепчиња. Посолуваме, додаваме масло за јадење и прелив за салати. Се заедно измешуваме.
    ПОСНА САЛАТА ОД БУКОВКИ

    Состојки:
    200 гр. буковки (печурки)
    500 гр. ориз
    50 гр. растителен кашкавал
    100 гр. домати
    50 гр. кечап
    маслиново масло
    црн пипер
    сол
    вегета
    Начин на подготовка:
    На претходно сварениот ориз му ги додаваме буковките (маринирани или печени и исечкани на ситни коцки), кашкавалот и ситно исечканите домати. Ги додаваме маслиновото масло и зачините и сето тоа заедно го измешуваме. Се сервира во чинија, одозгора попрсканa со кечап.

    ПОСНА ЗЕЛЕНА САЛАТА СО ТУНА
    Состојки:
    150 гр. марула
    185 гр. туна
    100 гр. домати
    100 гр. краставици
    100 гр. млад кромид
    1 лимон
    маслиново масло
    сол
    Начин на подготовка:
    Марулата, претходно убаво измиена, ја кинеме на парчиња. Краставицата и доматот ги сечеме на крупни парчиња. Ја додаваме туната од конзерва, ја зачинуваме салатата и внимателно мешаме. Салатата ја сервираме во чинија, и одозгора ја попрскуваме со сечкано младо кромитче и со исцеден лимон.

    ПИЦА САЛАТА

    Состојки:
    1 тесто за пица
    50 гр. пилешко месо
    50 гр. маслинки
    1 кромид
    100 гр. крем сирење
    100 гр. краставица
    100 гр. домат
    Начин на подготовка:
    Готовото тесто за пица испечете го. Откако ќе се олади намачкајте го со крем сирење (подебел слој е поубаво) па наредете ја салатата, но без течностa која сте ја подготвиле од сечканите краставици, домати, кромид и маслинки. Нафрлете го испеченото месо.
     
    На stefiy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Салата од од ориз

    300 гр. варен ориз се вари во солена вода. Се плакне со студена вода се цеди. Ситно се сечка 100 гр. шунка и 6 кисели краставички па се посолува се додава црн пипер и доколу краставичките не се мрногу кисели се додава и сок од лимон
    Брзо, лесно и здравоо
    ВИ СЕ ДОПАЃА ??
     
  5. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    41
    1 голем домат- сецкан на коцки
    1 кромид тенко изрендан на кругови
    2 пиперки свежи тенко сецкани
    маслинки исчистени од семка и исецкани ситно
    тиквички- претходно исецкани на круг и испржени
    оригно 1 лажичка
    нане, босилок, рузмарин
    Ова ми текна сама да го направам и е преубаво и освежително.
     
  6. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    -Баварска салата-
    Потребно:
    -300 гр. шунка
    -250 гр. грашок
    -100 мл. бело вино
    -200 гр. мајонез
    -200 гр. ориз
    -150 мл. павлака
    -100 мл. пиво
    - 1 коцка за супа
    -сол и црн пипер
    Подготовка
    Во тенџере на оган се става коцката супа и оставаме да се свари.Шунката ја сечкаме на коцки и ја ставаме во подлабок сад.Грашокот се оварува и се додава во садот кај шунката.Во тенџерето со супа го додаваме виното оризот и пивото.Откако оризот ќе се свари го ставаме и него кај шунката.Во садот ставаме 2 лажици мајонез една лажица павлака сол и црн пипер.Сето ова убаво се меша.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    бев на слава и пробав една салата имаше внатре варен ориз шунка и сирење а беше со павлака целата изедначена ако знае некој некој рецепт нека пише
     
  8. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Јас исто на гости пробав една многу убава ! :D
    Беше со ситни макарончиња, шунка и кашкавал рендани,кисели краставички ситно сечкани и павлака, мхмхммхм се заљубив во салатава и си ја правам сеа почесто :inlove:
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Еве неколку рецепти за салати со ориз :

    Шарена салата со ориз

    Потребно:

    Шоља ориз
    100гр шунка
    Зелени маслинки
    Сол, бибер
    100гр обарен грашак
    2 сецкани, обарени моркова
    100гр пченка
    100гр сирење
    100гр обарено пилешко месо

    Подготовка:

    Обарениот ориз процедете го и измијте го со ладна вода. Во него додадете ја сецканата шунка, малку маслиново масло, бибер, сол, обарениот грашак, морковот и пченката, сирењето исецкано на коцки и белото месо исцепкано на парчиња.

    Прелијте ја салатата со малку масло и наросете сецкан магданос.

    Салата од ориз во сите пролетни бои

    СОСТОЈКИ
    • 250 гр ориз
    • 250 гр слатка пченка од кон­зе­рва
    • 500 гр мали домати
    • 100 гр зелени маслинки
    • сок од 1 лимон
    • 2 мали лажици масли­ново масло
    • сол

    ПРИГОТВУВАЊЕ
    Чекор 1: сва­рете го ори­зот. Во пого­лем сад, насе­чете ги дома­тите на четвр­тинки, дода­дете ја пчен­ката и исеч­ка­ните маслинки. Убаво про­ме­шајте ги сите состојки.


    ЛАДНА САЛАТА СО ОРИЗ

    Потребни состојки:

    200 до 250гр. Варен ориз со вода во однос 1 : 3,5, 200 гр. урда, рендано сирење или кашкавал, 2 тврдо варени или сечкани јајца, 1 свежа или кисела краставица-изрендана, зејтин, павлака , сол и црн бибер.

    Подготвување:


    Производите се мешаат, се зачинуват и се сервират на лист од зелена салата со прилог од печен џигер или ребра.
    Чекор 2: варе­ниот ориз пре­лијте го со млаз ладна вода или оста­вете да се излади на собна темпе­ра­тура. Потоа, дода­дете го во садот со оста­на­тите состојки.

    Чекор 3: откако добро ќе ги про­ме­шате сите состојки, дода­дете сок од еден лимон, две лажици масли­ново масло и сол по желба.
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас оваа салата ја направив за роденденот на керка ми,го видов рецептот на оваа страна...
    Eве линк http://chasovipogotvenje.blogspot.com.a ... st_05.html

    Cтварно е лесна за јадење,освежителна,сите ми ја бендисаа :)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Во последно време оваа ми е фаворит.

    Салата од модар патлиџан домат и сирење.

    Се пече модриот патлиџан и се лупи. Потоа се става во сад, плиток и се пасира со виљушка. Врз него се додава зејтин и сол по вкус и се рендат домати, за еден патлиџан доволно се 2-3 домати. Најодозгора се ренда сирење. Салатава е најубава на свет, јас ја обожавам. Многу често кифлички сечам на средината и ставам од салатава и ги преклопувам пак. ПРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕВКУСНО. :wasntme:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Росоње салата со цвекло

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    3 Јајца/це
    3 Јаболка
    380 грама Кисела павлака
    100 грама Кисели краставички
    400 грама Компир
    1 главица/и Кромид/а
    15 грама Сенф
    500 грама Сланина
    2 лажица/ци Сол
    30 милилитри Суво бело вино
    2 Харинга/ги
    200 грама Цвекло
    12 грама Црн дроб
    10 грама Шеќер кафеав

    Компирите сварени и изладени
    Цвеклото сварено и изладено
    Корнишоните исецкани
    Јаболките излупени и исецкани
    Јајцата да се тврдо сварени


    Исечкајте ги состојките за салатата на коцки од 1.5 сантиметри и ставете ги заедно во садот за матење.
    Во друг сад за матење измешајте ги киселата павлака, сенфот, оцетот, шеќерот, солта и биберот.
    Измешајте го блендираниот прелив со измешаната салата и сервирајте ја свежа или ставете ја во фрижидер, да отстои една вечер пред да ја конзумирате.
     
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Веана салата
    Потребни состојки
    5 варени јајца
    5 варени компири
    300 грама сирење
    300 грама кашкавал
    5,6 лажици мајонез
    Една павлака
    300 грама салама
    Сол и црн бибер по потреба
    Во еден длабок сад прво се редат компирите,па јајцата и се така со ред се додека не се потрошат си те состојки.На крајот се додаваат мајонезот и павлаката.Стварно е вкусна и лесна за правење :) .
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Слична ваква правев пред некое време, само без саламата и други грамажи.... и се изеде за пола саат. :emo: Превкусна е ;)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Вчера им ја правев дома и татко ми ме пофали :rock:
    Рендани кисели краставичиња
    Рендани варени јајца
    Ситно сецкани печурки
    Една туна
    Мајонез
    сол и вегета :)
     
    На rhapsodia и Emma89 им се допаѓа ова.
  16. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    порано зелената салата ја јадев со француски сос купен а сега мм ме науци еден мн лесен и преееевкусен сос :P знаци по сад се става една мала лазицка сенф три големи лазици оцет,3-4 лазици зејтин,1 цесне лук,сол,црн пипер,и малку магданос се тоа се меса и се истура врз зелената салата лесно и превкусно ;)
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Изрендајте цвекло и морков, ставете сол, масло и оцет и потоа изрендајте сирење, сето тоа убаво промешајте го. Преубаво е! Јас прво бев скептик заради сирењето и оцетот малце заедно :^) ама прекрасно е, пробајте нема да зажалите :)
     
  18. sementa

    sementa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    zdravo na site aj ve mola ako znajete nekoj recept za francuska salata ili nekoja druga slicna na taa da mi napisete ?? ...
    [mod-kirilica:2znl8ts4][/mod-kirilica:2znl8ts4]
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас направив една Pуска салата за Hова, па сама си искомбинирав што да и ставам :)
    и ставив

    -златна мешавина со грашок компир и морков, една кеса
    -10тина кисели краставички
    -3 варени јајца
    -салама пилешка

    и мајонез одприлика пола тегла, ете да кажеме малку повеќе од пола тегла

    Mалку излезе, едно тенџерче, ама така и се договоривме со татко ми, малку да се направи.Kо за прв пат добра е, вкусна е :)
     
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Следниот пат кога ке праваш руска стави и павлака, поубаво е и нема да е толку мрсно :) :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.