Рецепти за соја

Дискусија во 'Рецепти' започната од Ice-age, 5 декември 2011.

  1. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    ми треба рецепт за соја како се подготвува, може и некој сос за неа :wasntme:
     
  2. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Рецепти за соја....

    Јас соините топчиња си ги правам од време на време, најпрво ги варам додека не омекнат, потоа убаво ги цедам ( ги стискам со раката) за да им излезе што е можно поголем дел од водата, ги ставам во тавче, им додавам вегета и масло за јадење и ги печам(со повремено мешање) додека не станат крцкави. Мене ми се превкусни. Мајка ми знам дека порано поховаше соја шницли, постапката не ја знам ама претпоставувам дека исто претходно се обаруваат, се цедат, потоа се валкаат во брашно, јајце и презла и се пржат на врело масло. И така се убави, но јас повеќе ги сакам потпечените топчиња.
     
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Рецепти за соја....

    Сојните шницли се варат за да омекнат.Се цедат убаво од водата и се реди во тавче.Еден ред од сојните чницли,еден ред (врз нив) печурки и најгоре кашкавал.Се потпекува додека да се растопи и малку зарумени кашкавалот.Вкусно е.
     
    На anakonda88 и flowergarden им се допаѓа ова.
  4. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Рецепти за соја....

    Ви благодарам јас еве сега ги пржам после ке си напраам некој сос со печурки и на здравје...па бујрум...:D
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    400
    Рецепти за соја....

    Јас правам нешто слично на болоњезе сос за тестенини, само со соини трошки. Запржувам прво малку кромид, потоа ставам печурки и чекам да се испржат. Потоа ги додавам соја трошките, ставам кечап, оригано, а некогаш додавам и туна. Се меша се додека не се запржат соја трошките (затоа што впиваат многу масло, за да не ми бидат многу мрсни, ставам малку масло, а повеќе кечап). Тоа е тоа. Ги ставате врз тестенините и имате превкусен здрав оброк.
     
  6. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    159
    Рецепти за соја....

    Соја топчиња.. Свари ги, исцеди ги па пропржи ги со маслиново масло и печурки. Малку оригано, и по желба сиренце или кашкавал..
     
  7. Normal

    Normal Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Рецепти за соја....

    Мајка ми прави тава со соја топчиња. Прво ги обарува да омекнат, 2 пати со сол, и 3тиот пат со вегета, затоа што имаат тежок мирис. Потоа запржува кромид и во земјена тава ги става обарените топчиња, печурки и пржениот кромид, со масло и по желба се става и бело вино и зрнца црн бибер.
     
  8. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    eve eden..
    Soja troski se stavaat vo voda da nababrat,vo tavce se zaprzuva kromid i morkov i se dodava iscedenata soja troski,se stavaat zacini po zelba i malku domatno pire..
    Vo tendjere se obaruva brokula ili karfiol koj sto saka,i potoa se redi vo tepsice so zejtin...red brokula,pa sojata i odozgora pak brokula,se stava vo zagreana rerna i se pece 15min na 200stepeni,se vadi i odozgora se narosuva so kaskaval i pak se stava vo rerna da se stopi kaskavalot..

    jas go pravam so karfiol,nekako poubavo mi e..
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.