Женски дајте некој рецет за торта од малини, некоја полесна летна торта, да нема многу тешки филови нешто така. Спојлер Ме мрзи да барам низ темава
ТОРТА СО МАЛИНИ Состојки: 10 јајца, 10 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 7 лажички мелени бадеми, 3 ќесички пудинг од малини, 2 ќесички шлаг пена, 100 грама мелени бадеми, 15 грама путер, за декорација – сок од малини, ќесичка желатин, сецкани бадеми. ПОДГОТОВКА Направете цврста смеса од белки, додадете шеќер и една по една жолчка од јајце. Матете додека смесата не стане пенеста, па потоа додадете брашно и мелени бадеми. Истурете го во кала за торта подмачкан и попрскан со брашно и ставете го да се пече. Во меѓувреме, сварете го пудингот, па кога малце ќе се олади, додадете путер и матете го додека пудингот не се олади целосно. Потоа додадете ги шлагот и мелените бадени. Печената и изладена торта пресечете ја на 3 дела, и филувајте го пудингот. За украсување разматете го желатинот во малце ладна вода, додадете го во вриење сирупот од малини, малце изладете го, па кога желатинот ќе почне да се стега, прелијте ја горната кора. Остатокот украсете го со кремот и бадемите. еве една ........
Дечки за 2 недели на сестра ми и е роденден (полни 12). Уште од 5тиот роденден па се до минатата година тетка ми и ја правеше тортата бидејки таа работи во слаткарница.Но оваа година одат на одмор во Преспа и нема да бидат тука.На сестра ми (и на мене) омиленти торти ни се овошната и мачмалоу. Овошната може да биде или со праски или со јагоди.Ако знаете некој рецепт посебно за овие овошја ве молам напишете го.А за мачмалоу торта гледам има рецепти само тетка ми ја правеше и со желе внатре.Ако ја знаете и варијантата со желе ве молам кажете ми ја
6 јајца се матат со 18 лажици шеќер, 18 лажици топла вода, 18 лажици брашно и пола пециво. Смесата се пече на 200 степени околу 25 минути. Испеченото тесто се остава да се олади. Фил: 700 мл вода се става да зоврие со 300 гр шеќер, потоа во истата вода се става сецкано овошје, да се свари и потоа се вади овошјето настрана во друг сад. Во водата се стават 2 пудинга од ванила да се сварат и потоа се сипуваат врз тестото. Одозгора се реди свареното овошје. Се филува со шлаг крема и декорира со овошје. Се става во фрижидер околу 2 часа да се олади и стврдне. еве ти рецепт за овошна торта ако не ти се допага може да најдам и други рецепти сошто и мајками работи во слаткарница и има многу рецепти
Рецепт за торта со крем и овошје, вкусна многу. Тесто: 5 јајца, со 150 гр шеќер се мати убаво да сатне пенесто. Се додава лажица зејтин, 30мл минерална вода, 60 мл млеко, 200 гр брашно и прашок за пециво, ванила. Ова се соединува убаво со матените јајца и се додаваат 70 гр мелени ореви. Се пече во намрсено и набрашнето тавче или обложено со хартија за печење во добро загреана рерна на 200 степени. Се пече дури убаво се зарумени. Од кога ќе се олади добро, се попарува со овошен ликер или рум. Крем: 600-700 мл млеко заедно со 150-200 гр шеќер и ванила се загреаваат убаво и во млекото тргнато настрана се додаваат 5-6 цели јајца изматени со 5-6 лажици брашно. Се враќа млекото на оган и се меша дури се згусне. Се трга на страна да се олади добро. Настрана во сад се мати 150-200 гр маргарин со 3 лажици шеќер во прав. Се додава на оладениот крем и се меша дур се соедини. Може во кремот да се дадат и 3-4 лажици шлаг за уште поубав вкус. Тестото откако ќе го упие ликерот или румот се премачкува со тенок слој крем, па се редат или малини, или сечени парчиња праски или што сакате вие по желба од овошје. Па над нив се додава останатиот крем. Над кремот се нанесува шлаг. Вкусно и лесно, уште откако ќе го смрзнете е ко сладолед торта.
Кокос торта Потребно: -1 обланда -200 гр. кокос -6 јајца -250 гр. мармалад од кајсии -100 гр. путер -300 гр. шеќер -50 мл. вода -50 гр. какао Подготовка - Јајцата се кршат и се делат жолчките од белките.Белките се матат и во нив постепено се додава 200 гр.шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи се додава кокосот и се меша со лажица. Обландата се става во тава за печење и врз неа го нанесуваме филот со кокос.Тавата се става во рерна и се пече 20 минути на 180 степени. -Во тенџере на оган се става 100 гр. шеќер,50 гр. какао и 50 мл. вода и се промешува. Кога ова ќе зоврие се додава путерот и мешаме. -Испечената обланда ја вадиме од тавата и ја сечеме на 3 ленти. Првата лента ја премачкуваме со мармалад.Врз неа ја ставаме другата лента и и неа ја премачкуваме со мармалад, на крај ја ставаме и последната лента и целата торта ја мачкаме со мармалад.
Павлова е многу лесен за подготовка десерт, ептен погоден за летен период Потребно е 5 белки, 250 г шеќер, 2 шлаг пени, овошје по желба. За долниот дел, односно кората убаво се матат 5 белки со 250 г шеќер. Ќе најдете рецепти според кои во матењето се додава 1 лажица оцет, некои додаваат малку густин. Јас не ставам ништо од тоа само малку сол на врвот од ножот. Битно е да се добие многу цврст шам (кога ќе се сврти садот наопаку да стои цврсто). Понатаму на плех обложен со хартија за печење се црта круг со дијаметар околу 25 центиметри, се нанесува белката и убаво се обликува според кругот. Рерната ја загревам на околу 180 степени и ја оставам белката на оваа температура 2-3 минути, а потоа намалувам на 120. На оваа температура се суши околу 1 час. Во зависност од рерната, оваа температура на сушење може да варира од 100-130 степени. Доволно е исушена кога ќе потемни малку (како на сликата) и ќе почне да напукнува што не е страшно. Потоа во изгасната и отворена рерна ја оставам да се олади. Внимателно треба да се пренесе во соодветен тањир за торта. (долго мечтаам по оние со постоље, но никако да купам). Убаво оладена се филува. И во однос на ова можни се секакви варијации - слатка павлака, шлаг креми од ванила. Јас ставам 2-3 изматени шлаг пени. Одозгора се украсува со овошје- јагоди најчесто, а изминатиов период јас ја правев со малини и боровинки.
Девојки дали е можно некој да ми го пише рецептот за еурокрем торта? По можност да биде без пудинг..? Бидејки мразам пудинг... И да ве прашам дали наместо обично чоколадо може да се стави милка? Не ми се смејте бидејки млада сум и многу не се разбирам од овие работи.
многу убава работа, да пукнеш ми се пријаде... http://moirecepti.mk/recepti/desert/%D1 ... %87%D0%B5/ http://www.youtube.com/watch?v=Of6S1mVl ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=HmQL_L8uMxY
да, еве http://lmgtfy.com/?q=%D0%B1%D0%B5%D0%BB ... 1%82%D0%B0 http://www.oklagija.rs/mk/recepti/deser ... ela-dolina
http://www.tortijada.mk/mk/torti/233-bingo-torta.html Превкусна е, ја имам правено повеќе пати. Пробајте не е тешка и не е мала, баш е така поголема.