Бискоти хопла ресана кујско чоколадо суво грозје Еден ред редеш бискоти на фил од хопла со суво грозје па ресана па хопла и на крај бискоти а бискотите ги мачкаш огозгора со чоколадо растопено......стое неколку чаша во ладилник и може да се јаде.....
Еве една посна торта За тесто: - 500гр мелени ореви - 500гр брашно - 500гр шеќер 1 кафена лажица сода бикарбона 1 пакетче прашок за пециво 1 пиво 1 ванила Состојките се мешаат се додека убаво не се соединат, па се остава да отстои тестото 15 минути. Потоа од тоа се дели на две дела и се печат две кори посебно(може и една па потоа да се сече) за фил: 500гр шеќер 500гр вода 600гр мелени ореви рендана кора од лимон 2 ванили шеќерот и водата се остава да зовријат, се додаваат останатите состојки се меша додека се соединат и згуснат. Предходно оладеното тесто го премачкуваме со топол фил. На крај се прави глазура од 2 чоколада за готвење со малку масло и малку соино млеко. Целата торта се премачкува со глазурата и се посипува со дробени ореви П.С. Превкусна е
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Сакам денес да направам овошна торта и ке ја правам со пудинг од ванила, па ме интересира какво овошје да ставам. Што оди со пудинг од ванила?
Јаболков колач (избуричкај-испечи) Состојки Суви состојки 1 шоља гриз 1 шоља мелени ореви 1 шоља шеќер 4 лажици брашно 1 прашок за печење 1 лажица арома од ванила или 4 ванила шеќер Мокри состојки 1 шоља млеко 1 шоља масло 2 јајца 4 рендани јаболка Глазура 100 гр чоколадо (можи и млечно) 50 гр маргарин Подготовка Самото име на колачот покажува колку е лесна постапката за негово подготвување. Измешајте ги сувите состојки и посебно мокрите, па потоа се заедно. Истурете ја смесата во тава 28 и печете ја на 180-200 степени некој половина час. Растопете го чоколадото со маргаринот. Исечете го скоро оладениот колач на парчиња и прелијте го со глазурата. Колачот е едноставен за правење и многу сочен и вкусен за јадње. Уживајте! ***Го прочитав рецептот од moirecepti.mk, колачот ми изгледа вкусен и премногу лесен, сакам да го направам само ме буни ова со јајцата, дали треба да ги матам со миксер или со вилушка или само така да ги ставам, мене најлогично ми е со миксер некако. Ако има некој што знае нека пише. Исто и ова со шоља, на колкава се мисли незнам, ама јас ке мерам пример од 250г. Еве и слика како изгледа. Ќе ја направам деновиве, па да видам што ќе испадне
Сникерс торта Состојки: За кората: 10 белки 20 лажици шеќер 5 лажици брашно 1 лажица какао 1 прашок за пециво 200 гр мелени печени кикирики 1 лажица масло За филот: 1 маргарин 250 гр шеќер во прав 10 жолчки 100мл вода 200гр шеќер 200гр чоколадо 400 гр мелени печени кикирики Глазура: 100гр чоколадо 10 лажици млеко 6 лажици шеќер 100 гр маргарин Изматете 10 белки со 20 лажици шеќер, па додадете 5 лажици бражно, 1 лажица какао и прашок за пециво, 200 гр кикирики и лажица масло. Ставете ја смесата во добро намастен и побрашнет плех, и ставете ја за печење. Добро изматете 1 маргарин со 250гр шеќер во прав, па додадете ги 10те жолчки. Сварете 100мл вода со 200гр шеќер, па додадете 200 гр чоколадо. во изладената смеса додадете го кремот од жолчките и уште 400 гр од кикирики, па филувајте ги корите. Соединете 100гр чоколадо, 10 лажици млеко, 6 лажици шеќер и 100 гр маргарин, па прелијте ја оваа смеса преку филот. Дали некој ја има пробано, и ако да, колку отприлика испаѓа? Во кој број тавче печете?
Вака на мајками утре му е роденден и сакам да му направам некоја торта Некоја полесна ама да е вкусна фала однапред
Реформ торта ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 грама Шеќер 50 грама Чоколадо 250 грама Путер 300 грама Ореви 30 грама Кафе 10 Жолчка/ки 30 грама Брашно 10 Белка/ки Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 60 мин. ПОДГОТОВКА: Белките матете ги со 300 гр. шеќер во цврст снег, па постепено додавајте ги мелените ореви наизменично со брашното. Добиената смеса поделете ја на 5 еднакви округли дела, па секој дел испечете го во рерна загреана на 180 степени, 15 минути или додека не добие златна боја, така што ќе добиете 5 кори, па оставете ги да се оладат. За кремот измешајте ги жолчките со 200 гр. шеќер, додадете ја изренданата чоколада, ставете на пареа и варете додека смесата не почне да се згуснува. Потоа тргнете го кремот од огнот, додадете го кафето, убаво измешајте, па оставете да се олади. Потоа, пенесто изматениот путер, вмешајте го во кремот и уште еднаш убаво измешајте. Испечените и оладени кори премачкајте ги со кремот, наредете ги една врз друга, па тортата целосно повторно премачкајте ја со кремот. Jа има некој правено? убава е?
Реформ тортата е торта од моето детство, заедно со Тунел, Бомба и Виндзор торта. Лудо, нема да згрешиш ако ја направиш... само не штеди на состојките (иако може на шеќер да скратиш малку) - тестото убаво е да се пече во плех од рерна и се сече на три ленти, секоја се мачка со фил и одозгора со ореви, лешници или шлаг
Не штедам јас на храна при готвење . Или правам мерачки или не. Па сподели ги твоите торти, сигурно дека би сакале многу девојки да ги пробаат .Твоите рецепти се без утка
Реформ тортата е многу убава. Слободно наптави ја и чувај парче троа поголемко. Ако сакаш рецепт, зашто овој некако ми е ко варијанта на тортава, слободно кажи,лп.
Киндер Торта, е една од моите нај милени торти,има различни рецепти за оваа торта ама јас овој рецепт си го сакам нај многу,рецептот е од списанието храна и вино.и сакав да го споделам со вас
Чоколадна торта Потребно 10 јајца,1 маргарин,100гр шеќер во прав,100гр обичен шеќер,5 чоколада за готвење,1 пециво,3 лажици брашно,100гр млеко. Подготовка Фил Чоколадата се топат на пареа на тивок оган заедно со млекото.Откако ќе се стопат чоколадата се матат 10 жолчки.Настрана се бие маргаринот со шеќерот во прав.Откако ке се избијат жолчките се додава маргаринот заедно се мешаат и се бијат и потоа го додаваме растопеното чоколадо и матиме додека да се соединат. Пандишпан 10 белки се бијат со обичен шеќер.Откако убаво ќе се избијат му се додаваат пецивото и 3 лажици брашно и половина од филот.Сето тоа се бие и печиме во плех на 200 степени 20 минути потоа се сечи на три дела и потоа филоваме.