Рецепти за торти

Discussion in 'Рецепти' started by white-chocolate, Mar 25, 2010.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    3,782
    Likes Received:
    6,987
    Шлаг пена :lol:
     
    i-v-a-n-4-e likes this.
  2. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Joined:
    Aug 16, 2011
    Messages:
    617
    Likes Received:
    1,116
    Gender:
    Female
    па можеби ќе испадне убаво ако додадам сецкани бадеми и лежници, крем бананки и сл. сепак фала :)
     
    kallias likes this.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,009
    Likes Received:
    203,606
    Gender:
    Female
    Еве за Лудото, специјално, некој рецепт за постари, покласични торти кои денес домаќинкиве ретко ги прават :wasntme: се нема време, знам. Ќе ја пишам и Реформ тортата, како што ја прави мајка ми.

    Реформ торта

    За тестото (нема брашно :!: ) се мати шлаг од 10 белки. Во текот на матењето се додава 250г шеќер за да се добие цврст снег, и сок од половина лимон. Кога убаво ќе се изматат, се додаваат 300г мелени ореви и лесно се промешува за да не спласне. Се пече во плех од рерна на хартија за печење, на макс. 180 степени.

    Крем: се матат 10 жолчки со 250г шеќер на пареа, и откако убаво ќе се изматат се додаваат 4 реда чоколадо за готвење (може и цело). Посебно се мати 250г маргарин (цело пакување - Кристал е најубав за тортиве) и се додава во оладениот крем.
    Пандишпанот се сече на три ленти и секоја посебно се филува. Одозгора се завршува со кремот и се посипуваат мелени ореви или пак се премачкува со шлаг (по избор).


    Тунел торта

    Тесто:Се матат 6 јајца и 6 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици мелени ореви и 2 лажици брашно и лесно се промешува. Се пече во плех од рерна, и се сече на три дела при што сите се со различна големина - првиот е најширок, вториот нешто помал и третиот најмал (најтесен).

    Фил: Се прави крем од пола литар слатко млеко, 4 жолчки и 4 лажици густин - се става млекото на оган да зоврие со 6 лажици шеќер, а жолчките се матат со густинот. Кога ќе зоврие млекото, се додаваат жолчките и се меша да се направи како пудинг. Посебно се мати 250г маргарин со малку шеќер во прав и кога ќе биде убаво изматен му се додаваат 250г мелени ореви. Се меша со оладениот крем и се дели на два дела. Во едниот се додава 200г чоколадо за готвење.

    Како се прави тортата: за основа се става вториот дел од кората, па се мачка со филот без чоколадо, се реди третиот (најмалиот) дел од кората, па филот со чоколадо и одозгора се става првиот дел и се формира полукруг. Ако ви останал фил се премачкува одозгора и се украсува со шлаг. Има полукружна форма.


    Торта „Седмо небо“ - не ме прашувајте за името, ама тортава е супер :)

    За првата кора се матат 5 белки со 150г шеќер, се додаваат 200г мелени ореви и се пече на обланда во плех (не се вади обландата откако ќе се испече тестото.
    За втората кора се матат 5 белки со 150г шеќер и се додава 200г кокос. Исто се пече на обланда.

    За кремот: на пареа се матат 10 жолчки и 200г шеќер, а посебно се мати 250г маргарин (или несолен путер) и се меша со оладените жолчки. Се дели на два дела, во едниот се ставаат мелени ореви или лешници, а во другиот едно растопено чоколадо за готвење.

    Се реди првата кора, па филот со ореви, па втората кора и филот со чоколадо. И одозгора шлаг.
    Тортава мене ми беше од омилените како мала.

    Инаку, приметувате дека во кремовите има маргарин - мора за да биде цврст кремот. И не се плашете, не мириса кремот на маргарин, воопшто, за разлика од слаткарските торти кои порано ги правеа.
     
    La.Reina.Del.Sur and ludoto19 like this.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2012
    Messages:
    2,478
    Likes Received:
    10,927

    Ја направив оваа торта и е премногу вкусна :clap:
     
  5. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Joined:
    Nov 24, 2011
    Messages:
    311
    Likes Received:
    124
    Рецепт за Три Лече:
    Пандишпан:
    10 јајца
    10 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    пециво
    ванила , пандишпанот се пече во ѓувеч тепсија 20 минути на 200 степени.
    Откако ќе се испече се вади од тепсијата и се остава да се олади.
    Во тепсијата се истура хопла 500 милилитри, па потоа во неа го враќаме оладениот пандишпан. Одозгора ја поливаме со 1,5 литар млеко и 350 милилитри кондензирано млеко. Тортата на крај се премачкува со карамел.
    Јас ја имам правено по овој рецепт и е многу убава, но не трае долго заради млекото ден до два веројатно најмногу.
    Кондензирано млеко има во КАМ маркетите, на друго место не сум сретнала.
    Пробајте ја супер е. :)
     
  6. sirena4

    sirena4 Истакнат член

    Joined:
    May 2, 2011
    Messages:
    59
    Likes Received:
    23
    Gender:
    Female
    рецепт за киндер пингвин ако знае некој :)
     
  7. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2012
    Messages:
    593
    Likes Received:
    2,053
  8. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2012
    Messages:
    593
    Likes Received:
    2,053
    Домаќинки сакам да правам торта со филот што се прави од блага павлака(хопла), која се вари и се додаваат 400г чоколада и се меша додека не се растопи чоколадата, а притоа да не зоврие, и се става да се олади па се мати со миксер за поголема густина. Досега го немам правено тој фил и ме интересира дали од пола кг хопла ќе биде доволно да ја филувам тортата, планирам да правам 3 кори, или пак малку ќе биде пола кг. Споделете искуство и може доколку знае некој убаво подетално да ми го пише рецептот за овој фил, по интернет што имам гледано на слики изгледа вкусно и баш би сакала да го пробам, доста ми е од торти со фил од пудинг веќе :D
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,009
    Likes Received:
    203,606
    Gender:
    Female
    Мислам дека ќе ти биде доволно 500мл слатка павлака за филот, ама зависи и колкави се корите. Јас правев нешто слично, 500мл слатка павлака, 500 мл овошен јогурт и парченца чоколадо и три кори исфилував и дури и остана фил. Ама ако ти текне да правиш по ова моево, стави помалку овошен јогурт инаку ќе ти се растече филот ;)
     
    Angel.Heart likes this.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,229
    Likes Received:
    25,846
    Gender:
    Female
    Девојки ми требаат 2 различни филови за торта,еден за меѓу кори а другиот за одозгора за премачкување,ама да нема хопла во нив.па ај ќе ве молам ако имате некој убав пишете ми го :)
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,598
    Likes Received:
    5,943
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,940
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    19,133
    Likes Received:
    109,316
    Gender:
    Female
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Женски пред некоја недела на нет видов една торта како руските капи , исти облик и исто се внатре ама само торта ( не колачиња)
    Некоја од вас можеби го знае рецептот? Во недела ке ми биде роденден па затоа ми треба :)
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,774
    Gender:
    Female
    Овошна торта со банана и киви

    Фил: 3 ванила пудинзи со 3 г.л шеќер се варат во 1 л. млеко. Се остава да се излади. Посебно се изработува еден маргарин Кристал со 250 гр. шеќер во прав. Се додаваат 2 жолчки (белките ги користам за правење на шлаг) и откако ќе се излади пудингот заедно се меша се заедно. (Секогаш прво го спремам филот, оти му треба време да се излади).
    Пандишпан: 5 јајца се матат со 6-7 големи лажици шеќер. Се додава 5 г. л брашно и прашок за пециво. Смесата се истура врз пекарска хартија која е ставена во подмачкан со масло кружен плех. Се пече на претходно загреана рерна на 250 степени околу 15 мин. (вие си ги знаете вашите рерни како ви печат) може ќе треба повеќе или помалку време. Откако се испече тестото се обраќа и со полева ептен по малку со млеко или со течноста од конзервирано овошје доколку користите. Се мачка малку од филот, се редат банани исечени на тркалца, пак малку од филот, па киви исечени на тркалца и останатиот фил и на крај се завршува со шлаг пената од белките.
     
  15. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Joined:
    Aug 26, 2012
    Messages:
    72
    Likes Received:
    77
    Здраво душички каосте сакам да ве замолам дали ќе може мала помош од вас ;) имам сега слава св никола ајде кажетеми некоја рецепта за посни благи ми здосади некако секоја година се едни скоро исти да не бидат тешки и да не се печат :D :D :D ве гушкам сите
     
  16. mariatim

    mariatim Популарен член

    Joined:
    Apr 29, 2010
    Messages:
    1,159
    Likes Received:
    12,529
    Gender:
    Female
    овошна торта 4јајца,12лаж.млеко 12лаж шеќер,12лаж.зејтин,14лаж.брашно,1 пециво!!се мати и се пече .откако ке се испече се попарува со шербет од 200гр.млеко и 12 лаж.шеќер!!настрана се вари филот(1/2 вода.овошје по желба,300гр шеќер,2 пудинга од ванила )и одозгора се става шлаг....е сега јас рецептов го правам така што не варам овошје туку земам компот зависи од што имам и во течноста од компотот го варам пудингот и на крај овошјето го ставам во пудингот и филувам.тортава е преубава а кога ме мрзи да печам земам бисквити ги потопувам малку во млекото(шербетот)и после редам ред фил ред бисквити и шлаг одозгора
     
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    285
    Likes Received:
    1,124

    Јас ја правам според истиов рецепт, само што одозгора ставам чоколаден прелив, нели едно чоколадо за готвење, растворено со путер, или евентуално, желе одозгора. Може да се украсува со било какво овошје. Превкусна и преубава. И ептен е лесна, а и не мора да се мати со миксер. :inlove:
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,882
    Likes Received:
    102,041
    Gender:
    Female
    Сникерс торта испробана и пофалена од комшивките и пријателките :rock:
    2 кори со по-8 јајца
    8 лажици шеќер
    12 лажици мелени ореви
    2 лажици презла
    2 лажици брашно
    половина прашок за пециво

    Прв фил - 300 гр шеќер
    200 мл. млеко
    250 гр.млеко во прав
    1 маргарин или путер (250гр)
    250 гр сецкани потпечени кикирики

    Втор фил - 16 жолчки
    200 гр. шеќер во прав
    200 гр чоколада
    1 маргарин или путер (250 гр)
    2 ванили

    Корите стандардно се матат и се печат.Внимавајте да не ги пресушите.Првиот фил се прави кога шеќерот ќе се стави да се топи,убаво да се искарамелизира,да добие златно кафеава боја.Внимавајте да не го прегорите.Се додава млекото и се остава да се стопи шеќерот и да се вари се додека не се гледаат траги од лажицата по днотото на тенџерето.Се трга настрана и се додава млекото во прав.Се враќа уште половина минута на рингла и се остава да се олади.Кога е оладен се додава маргаринот или путерот.На крај се додаваат кикириките.
    Вториот фил ,жолчките се матат на пареа со шеќерот во прав.Кога ќе се изматат пенесто се додава чоколадата да се стопи,ванилата,се лади и се додава маргаринот или путерот.
    Оригиналниот рецепт е кора фил еден фил втор кора,ама јас го преправив испеков 3 кори и нафилував кора прв фил,кора втор фил.Изборот е ваш.
     
    Peppermint, Annath and Serafima like this.
  19. A.Fenty

    A.Fenty Нов член

    Joined:
    Nov 24, 2012
    Messages:
    289
    Likes Received:
    124
    Сахер торта

    Ајде и јас еден рецепт да ви пишам :P
    Потребни состојки:
    1.за пандишпан:
    7јајца
    шеќер во прав
    2.за фил
    Густин
    Млеко
    Џем од кајсии(немора од кајсии, ама вака е правилно :) )

    Подготовка: Се одвојуваат белките од жолчките во посебни садови, и во секој сад се додава онолку лажици шеќер во прав колку што има јајца, значи 7. Прво се матат белките со шеќерот, потоа жолчките и на крај се мешаат тие 2. Сето тоа се става во подмачкана тава, и се пече.
    филот не е комплициран, џемот си е џем, така се става, а густинот (сличен е со пудинг, а може и пудинг да се стави) се вари со млеко.
    Откако ке се испече кората се сече на половина и едната половина се мачка, прво со џем, потоа со густин( ВАЖНО: густинот кога ќе го ставате нека биде топол, за да може подобро да се размачка), другата кора се става одозгора, и по желба, се прелива со топено чоколадо, или пак со шеќер во прав. Добар апетит 8) !
     
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,197
    Gender:
    Female
    Еве за Чоколадна торта..

    Состојки:

    200мл вода
    2оогр шеќер
    100гр какао поквалитетно
    100гр чоколада за кување
    8 жолчки
    250гр маргарин
    200гр шеќер во прав
    8 белки
    100гр шеќер
    4лажици двопек мелен
    4лажици брашно
    1 пециво
    4лажици од филот

    Подготовка:

    Прво се вари филот.
    200мл вода се става на оган со 200гр шеќер, 100гр какао и 100гр чоколада да проврие. Постојано се меша и се добива мазна компактна смеса. Одкако ќе се олади кон смесата се додава маргаринот пенасто изматен со шеќерот и 8 жолчки. Двете смеси убаво се соединуваат и се добива прекрасен чоко фил
    Кора
    8 белки се матат во цврст снег, па им се додава 100гр шеќер, 4 лажици двопек, брашно, пециво и 4 лажици од претходно подготвениот фил. Смесата се меша и се истура во плех на хартија да се пече. Откако ќе се испече се сече на пола и се филува внатре и одозгора. Најгоре може да се стави посебно чоко глазура, ама не мора затоа што филот е толку мазен може да се изведе некоја декорација.



    Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE% ... z2HOq4mcNs

    Од moirecepti најдов една..

    поздрав.. :inlove: