1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Каде можам да најдам прелив за овошни торти?
    [​IMG]
    Барав во Тинекс маркетите и други поголеми... Немаше.
    Anyone? :?:
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Баш од Супер тинекс имам зимано вакви. А со сигурност можеш да најдеш во Веро во ГТЦ. :)
     
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Вчера ја направив тортава , прекрасно испадна ,ем лесна ем вкусна :)
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Доколку сакате да пробате необична торта со освежителен вкус повелете рецепт.Ве предупредувам не личи на ниедна торта, а е толку освежителна :)

    БРОНХИ ТОРТА

    8 белки
    малку сол
    8 лажици шеќер
    4 лажици брашно
    1 полна лажица густин
    2 лажици какао
    2 лажички оцет

    ФИЛ:

    500 ml млеко
    150 g бронхи бомбони
    8 жолчки
    2 пудинга од ванила
    120 ml слатка павлака
    100 g путер
    50 g чоколада

    За листовите се матат белките шеќерот брашното густинот оцетот.Се дели на 2 дела во еден дел се додава какао.
    За филот во 400 гр млеко стопете ги бомбоните на тивко.Изматете ги жолчките ,додајте го пудингот.Сварете го филот.Кога ќе се олади се додава изматениот путер и посебно изматената слатка павлака.Се дели на 2 дела во едниот дела се додава чоколадата.
    Листовите се сечат на 2 дела да се добијат 4 исти ленти. Се филува бела кора,бел фил,црна кора црн фил.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.110
    Пол:
    Женски
    Луничка како се пече? Кој број плех? Изгледа убаво, мора и на вкус да е убава :D
    И уште нешто, се вари како нанормален крем од жолчки? Во него се додаваат растопените бомбони или? Малку ми е нејасно околу филот, прво дали се додаваат значи бомбоните растопени, второ, што со млекото 100 мл што останува? За пудингот е да се раствори?

    6 пати редактирав ама морам да напишам уште еден рецепт, не сум сигурна дали го има ама ја да си го напишам, преубав е.
    Карамел торта

    300 гр. шеќер
    750 мл. млеко
    2 пуднига од карамел
    4 лаж. густин
    10 јајца
    100 гр. шеќер+10 лаж. шеќер
    1/2 маргарин
    5 лаж. сецкани ореви + 50 гр. мелени со 50 гр. сецкани ореви
    5 лаж. брашно

    Фил
    Шеќерот се топи на тивко како карамел, внимавајте да не прегори бидејќи ќе горчи, се додава млекото и се остава да зоврие. Пред да започне да врие убаво се додава пудингот и густинот. Филот се остава да се олади, во меѓувреме, 10те жолчки од јајцата се матат со 100те гр. шеќер и се ставаат во ладниот фил од крамел, се додава и изматениот маргарин и 5те лаж. ореви.

    Тесто
    Преостанатите 10 белки се матат со 10те лаж. шеќер и се додаваат 100те грама комбинирани ореви, сецкани со мелени, мој совет е да пробате со лешници, заменете ги сите ореви со лешници, се додава и брашното и се мати со лажица. Се пече во плех од рерна, се дели на две и се филува. Врз целата торта направете карамел или купете готов карамел и прелијте ја. Ова е тортата која прва ме натера да ја прекршам диетата, прекрасна е :)
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Абе не знам која димензија е.Јас листот го печев на 2 дела.Средна големина.Отприлика е некаде 20х25 см.
    Ако сакаш да земам лењир да го премерам. :D
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.110
    Пол:
    Женски
    Не мора бе мила, само види ова со кремов, ми иде тортава да ја направам уште вечер :D
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Фереро торта (со Нутела)

    Состојки:
    Кора
    4 јајца, 100 гр шеќер, 100 гр чоколада за готвење, 110 гр путер, 50 гр потпечени мелени лешници, 100 гр брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за пециво
    Фил
    300 гр нутела, 200 мл ладно млеко, 250 гр маскарпоне, 2 кесички(80гр) шлаг, 150 гр мелени лешник наполитанки, 100 гр потпечени мелени лешници
    За прскање на кората
    140 мл млеко, 1 лажица несквик какао
    Подготовка
    Најпрво подгответе го филот. Шлагот изматете го со млекото во цврст снег, потоа додадете ги маскрапонето, нутелата, наполитанките и лешниците и изматете ги убаво да се изедначи. Филот ставете го во фрижидер и подгответе ја кората. На пареа ставете ги чоколадата и путерот да се стопат. Одделете ги белките и жолчките. Белките со прстофат сол изматете ги и оставете ги на страна. Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата да се добие светла кремаста смеса, потоа додадете ги путерот и чоколадата и продолжете со матењето да се соединат. Додадете ги брашното, лешниците и пецивото и со жица измешајте ги. Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет плех израмнете ја и печете на 180 степени околу 15 мин. Оладената кора исечете ја вертикално на 3 ленти. Се попрскуваат со млекото измешано со несквик и се филоваат со филот. Тортата се украсува по желба, со чоколадо, шлаг, лешници или сл.

    Дали некој пробал да ја направи оваа торта, колку е тешка за правење и дали е вкусна?
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Некој бараше Ајфон торта најдов само за телефонот со фондан а тортата смислете ја вие :)
     

    Прикачени фајлови:

  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Грчка торта-насловот ако не ви се допаѓа слободно сменете го :D
    лист
    7 белки
    11 лажици шеќер
    7 лажици мелени ореви
    7 лажици мелени бисквити
    Лист се пече и се дели на 2 дела

    Фил 1-500 мл млеко
    2 пудинга од ванила
    1 лажица шеќер


    Фил 2- 2 путера од 250 гр
    250 гр шеќер во прав
    1 лажица млеко
    се мати да добие бела боја

    Фил 3- 7 жолчки
    150 гр шеќер во прав се матат пенасто
    Бидејќи во оригиналниот рецепт пишува да се стават живи жолчки јас ги изматив на пареа,некако посигурно ми е.

    Сите три фила се мешаат и се додава
    250 гр сецкани бисквити
    300 гр сецкана чоколада
    250 гр сецкани ореви
    150 гр мелени ореви

    Се се меша ,се става едната половина од листот се става филот и се поклопува со втората кора.
    Баш е калорично кремасто бомбастична :inlove:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    некоја торта со гриз да не знаетее??
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Знам јас ... сакаш да е сува, кремаста ?
     
  13. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    може и двете..која ќе ми се свиде повеќе ќе ја направам :)
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Уште една торта што ми ја пофалија :)
    Торта Мандолина
    1-лист-
    5 јајца
    7 лажици шеќер
    200 гр кокос
    2-лист-
    5 јајца
    7 лажици шеќер
    3-лист-
    5 јајца
    7лажици шеќер
    1 лажица брашно
    6 лажици мелени бисквити
    Фил 1
    2 пудинга од ванила
    5 лажици шеќер
    5оо гр.млеко
    150 гр маргарин
    100 гр.прав шеќер
    Фил 2
    15 жолчки
    150 гр шеќер се матат на пареа
    кога се олади се додава
    150 гр маргарин
    Се мешаат двата фила се делат на 3 дела
    1-дел се додаваат 250 гр мелени ореви попарени сонеколку лажици врело засладено млеко
    2-дел се додава 300 гр стопена чоколада
    3 дел останува како што е
    Се филува по кој ред сакате, важно е листот од пуслица да е во средина.
     
  15. The.king

    The.king Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    138
    Колачи

    мајками ми купила сосем случајно на пазарење парчиња од кршена торта(кршен пандишпан)ми стои така не знам како да ја направам тортата.некој рецепт??
     
  16. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    некој да не знае рецепт за оваа торта :inlove: [​IMG]
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Васина торта

    Тесто:

    6 јајца
    6 лажици шеќер
    4 лажици брашно
    4 лажици мелени ореви

    Се матат јајцата и шеќерот. Се додаваат брашното и мелените ореви. Ова се мати. Се пече во правоаголно тавче. Откако тестото ќе се испече, се сече на 3 дела. Врз првиот дел се става кафеавиот фил, а врз вториот дел белиот фил. Тортата се премачкува со изматена шлаг-пена.

    Кафеав фил:

    2 мали филџани млеко
    200гр, чоколадо за готвење (рендано)
    2 лажици шеќер
    300гр. мелени ореви

    Состојките се варат.

    Бел фил:

    4 јајца
    4 лажици шеќер во прав
    500гр. шеќер во прав
    1 маргарин Кристал

    Јајцата се кршат и белките се одделуваат од жолчките. Жолчките се матат со 4 лажици шеќер во прав. Се додаваат 250гр. шеќер во прав и маргаринот. Ова се мати. Во друг сад се матат белките и 250гр. шеќер во прав. Ова се додава во првата смеса и се мати.

    Убава торта

    Тесто:

    5 јајца
    5 лажици шеќер
    2 лажици брашно
    пола пециво

    Се матат јајцата и шеќерот. Се додаваат брашното и пецивото. Пак се нати. Смесата се пече во правоаголно тавче. Откако тестото ќе се испече, се сече на 2 дела. Врз првиот дел се става филот. Врз тортата се ставаат мелени ореви.

    Фил:

    1/4 млеко
    3 лажици густин
    пола маргарин Кристал
    13гр. шеќер во прав
    2 жолчки
    1 лажица какао
    150гр. мелени ореви

    Се варат млекото, густинот, маргаринот, шеќерот во прав, жолчките и какаото. Откако ќе се сварат, тенџерето се трга од оган. Се додаваат мелените ореви и се меша со лажица.
     
  18. vitamince

    vitamince Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    mi treba recept za evrejska torta :) :!:
     
  19. DaddyDirectioner

    DaddyDirectioner Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Има една преубава торта што ја прави мајка ми , се вика Киндер. ВО неа има само бисквити и 2 фила и мислам едно тесто. Многу е вкусна .
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Laura87

    Laura87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    52
    Се изначитав од прва до последна страна и никој не пишал рецепт за чоколадна торта со вишни :worried:
    Ај некој ако знае нека пише... Поздрав :)