Рецепти за торти

Discussion in 'Рецепти' started by white-chocolate, Mar 25, 2010.

  1. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Joined:
    Jul 15, 2012
    Messages:
    593
    Likes Received:
    2,053
    Еве нешто ако ти се допадне
    http://tortekolaci.com/kolaci/brzi-kola ... pudingom-2
     
  2. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Joined:
    Mar 25, 2013
    Messages:
    183
    Likes Received:
    43
    Чоколадни торти

    Знете ли некои рецепти за чоколадни торти, еве јас најдов една :)
    фил:
    200 ml вода
    200 gr шеќер
    100 gr какао
    1 путер, омекнат
    250 gr шеќер во прав
    8 жолчки

    тесто:
    8 белки
    200 gr шеќер, или малку помалку
    4 лажици презла
    3 лажици брашно
    прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади.

    за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено.

    за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време.

    кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните.

    [​IMG]
     
    AhThatFemaleProblems likes this.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,582
    Likes Received:
    37,978
    Gender:
    Female
    Чоколадна торта

    Тесто:

    10 белки
    100гр. шеќер
    1 пециво
    3 лажици брашно
    половина од филот

    Се матат белките и шеќерот. Се додаваат пецивото, брашното и половина од филот. Ова се мати и се пече во округло тавче 20 минути, на 200 степени. Откако ќе се испече, се сече на 3 дела и се филува тортата.

    Фил:

    10 жолчки
    100мл. млеко
    5 чоколади за готвење
    1 маргарин Кристал
    100гр. шеќер во прав

    Млекото и чоколадите се топат. Жолчките се матат. Во друг сад се матат маргаринот и шеќерот во прав. Ова се додава кај изматените жолчки и се мати. Се додава растопеното чоколадо и се мати.

    Прво се подготвува филот.
     
    luvS2 likes this.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,897
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Девојки ќе ве замолам,ако може да ми кажете рецепт за една торта или ролат незнам што беше.
    Знам само дека не се печеше и се ставаше во него ресани и крембанани.Ако може некоја да ми помогне фала однапред :)
     
  5. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Joined:
    May 29, 2013
    Messages:
    509
    Likes Received:
    2,229

    Ваков ролат има со бананчиња,така јас знам :)
     
  6. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Joined:
    Apr 6, 2010
    Messages:
    155
    Likes Received:
    88
  7. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Joined:
    Jun 10, 2012
    Messages:
    266
    Likes Received:
    137
    Не можам убаво да се сетам, можеби и ќе те излажам (извини) но како што мислам, треба мелени бисквити, еден филџан кафе, путер и се мешат со лажица
    И потоа се вцрстуват па со сукало ја сукаш смесата ги редиш бананките го виткаш ролатот и го ставаш во фрижидер.

    Така мислам
     
  8. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Joined:
    Sep 11, 2010
    Messages:
    1,266
    Likes Received:
    1,258
    Марс торта

    [​IMG]

    Состојки:

    За кора:
    200гр. бисквити
    300мл. ладно млеко
    200гр. млечна карамела

    За филот:
    5 јајца
    100гр. млечно чоколадо
    200гр. шеќер
    150г. млеко во прав
    250гр. маргарин

    За глазура:
    100гр. чоколадо
    50гр. маргарин
    1 јајце

    Подготовка: Бисквитите натопете ги во ладното млеко и наредете ги на чинија. Карамелата згответе ја во преостанатото млеко и прелејте ја преку бисквитите. Изматете ги петте јајца и шеќерот и гответе ги на пареа. Пред крај, додајте го млечното чоколадо, соединете сè и тргнете го од ринглата. Во топол крем измиксајте го млекото во прав, изладете го, измиксајте го и маргаринот, а потоа нанесете го преку слојот-карамела. Стопете ја чоколадата и маргаринот за глазура, додајте го јајцето и изматете со миксер па прелејте ја тортата со смесата. Изладете ја во фрижидер и уживајте во нејзиниот вкус.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,148
    Likes Received:
    124,518
    вчера си направив летна овошна торта,со горовите пандишпани од кам.бев скептик(иако не се како домашни)сепак се солидни за 100ден имате 3 кори,мекички се и убаво мирисаат.
    направив фил од пудинг од ванила кој откако се излади го изматив со преходно изматен маргарин и многу вишни ,а преостанатиот пудинг растопив црно чоколадо и го додадов и малку сок од вишни.корите ги испрскав со сокче од вишни и перфекција за летово. :d:
     
    Peppermint and Madonna like this.
  10. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Joined:
    Sep 6, 2012
    Messages:
    94
    Likes Received:
    39
    Женски плс ако некоја знае рецепт со кршен пандишпан??? Премногу е вкусен и така да го јадеш ама не знам што да му правам на остнатиот, ај ако некој знае нека пише? тенкју :)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    Каде можам да најдам Желатин го има по маркетите? :$
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,846
    Likes Received:
    202,910
    Gender:
    Female
    Има во сите маркети, како прашок во ќесичка. Барај кај зачините (цимет, ванилин шеќер, пециво...) сигурно има.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    ти благодарам на него сигурно пишува и како се подготвува би требало :$
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,846
    Likes Received:
    202,910
    Gender:
    Female
    Го раствораш во ладна вода и го загреваш убаво да се стопи, ама да не врие. Го додаваш во кремот, оставаш да се стегне и толку е. Нема трикови. Само битно е во ладна вода да го раствориш за да нема грутки.
     
    mime87 likes this.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,582
    Likes Received:
    37,978
    Gender:
    Female
    Медено срце

    пола чаша шеќер
    пола чаша брашно
    пола чаша млеко
    3 лажици мармалад
    пола кесичка цимет
    1 пециво
    1 чоколадо за готвење
    50гр. маргарин
    мармалад

    Се матат шеќерот, брашното, млекото, мармаладот, циметот и пецивото. Се пече во претходно загреана рерна, на 200 степени. Откако ќе се испече, се премачкува со мармалад. Се лади во фрижидер. Чоколадото и маргаринот се топат и се ставаат одозгора. Тортата пак се лади во фрижидер.
     
  16. mace4545

    mace4545 Активен член

    Joined:
    Aug 14, 2013
    Messages:
    51
    Likes Received:
    3
    Милка торта(вреди да се проба,многу е убава)

    Потребни состојки:

    12 јајца
    10 лажици шеќер
    375 г маргарин (едно и пол маргарин)
    300 г мелена плазма
    600 г обични плазма бисквити
    2 бели и 2 темни Милка чоколади



    Подготовка:

    Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да се вари на пареа за да згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки. Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со шлаг.
     
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2011
    Messages:
    2,774
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    Здраво :).Пред околу една недела гледав на телма храна и вино и правеа една бисквитна торта со алва.Е сега сакам да ја направам но незнам каде да го најдам тоа маскарпоне сирење и дали можам да го заменам со друго нешто ако е мн скапо.и која е разликата помеѓу прашок за шлаг о шлаг фикс оти тука ги ставаат како нешто различно.Еве го рецептот.
    http://www.youtube.com/watch?v=GaRdOWsFfPo
     
  18. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2012
    Messages:
    1,689
    Likes Received:
    478
    Знае ли некој рецепт од некој лесен и вкусен фил??
     
  19. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    375
    Likes Received:
    251
    Gender:
    Female
    10 крем бананчиња
    1/2 кг ресани
    1/2 кг хопла

    Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ке се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата. :)
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    посна торта со палачинки

    за кората..
    1 шоља (200мл) шеќер (мерите се со иста шоља)
    1 шоља млака вода
    2 филџанчиња (по 150мл) масло
    1 лажица мармалад
    2 шољи брашно
    1 лажица какао
    1 кесичка печиво

    за фил..
    250гр. соја млеко
    1 кесичка пудинг по избор
    3 лажици шеќер
    150 мл вода
    3 лажици гриз
    3 лажици шеќер
    150гр. маргарин
    100гр. посно чоколадо
    4-5 лажици сечкани ореви

    Ова е десерт два во еден,односно на посен колач по сопствена иницијатива додадов палачинки со мармалад,расположена за нов крој. Од сите продукти наведени за кора,се прави смеса со мешање...нема биење со миксер туку тоа оди со рачна мешалка,се излева во тавче бр.36 премачкано масло и брашно па се печи на 200 во загреана рерна .

    За филот
    Пудингот со соја млекото и шеќер се варат по стандардна процедура, мешајќи постојано кога достигне густина се лади. Што се однесува до смесата со гриз, вода и шеќер, се вари на оган заедно 2 минути,сметајќи од времето кога зоврие...и таа се лади.
    Во сад настрана се бие маргаринот,се додава од ладниот пудинг и ладната гриз смеса,заедно се изедначува така добиениот фил. Палачинките (готови -купени) ги премачкав со мармалад и ги заролав. Над ладен кекс се нанесува слојче фил, се редат во 2 реда палачинките по (краевите им ги отсеков) се става повторно одозгора фил...најгоре се премачкува топено чоколадо или глазура некоја ваша омилена и сечкани ореви.