Рецепти за торти

Discussion in 'Рецепти' started by white-chocolate, Mar 25, 2010.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    zа кората
    4 јајца
    4 лажици шеќер
    4 лажици топла вода
    4 рамни лажици брашно + 3 рамно полни лажици какао
    2 лажички цимет
    60 гр. мелени печени лешници или бадеми
    2 рамно полни лажички пециво

    Фил од вишни
    300 мл. вода
    8 лажици мед или шеќер
    2 кеси пудинг со вкус на малина
    300 гр. вишни

    Крем од ванила
    600 мл млеко
    9 лажици мед или шеќер
    60 гр. пудинг со вкус на ванила
    2 кеси бурбон ванила шеќер
    600 гр. кисела павлака
    1 гр. арома на Путер ванила (малите ампули)
    10 гр. желатин

    Обвивка
    1 трака чоколаден пресликувач
    по потреба чоколада

    КОРА
    - Со миксер изматете ги јајцата додавајки притоа шеќерот. Во добиената смеса додадете водата, брашното во кое веќе сте измешале пецивото, по што ќе ги додадете измешаните лешници со какаото и циметот. Излијте во модла бр.24, печете на 200 степени околу 10 минути. Извадете од рерната и оставете да се лади додека го спремате филот од вишните.

    ФИЛ ОД ВИШНИ
    - Водата со медот или шеќерот ставете да зоврие.
    - Вишните изблендирајте ги да добиете кашеста смеса
    - Во малку ладна вода растворете го пуднигот во хомогена смеса без грутчиња.
    - Тенџерето со водата која врие за кратко тргнете од огнот, намалете ја температурата на ринглата, во тенок млаз истурете го растворениот пудинг - измешајте и вратете повторно на огнот, варете околу 5 мин. на тивок оган. Треба да добиете леплива смеса. Тргнете од огнот и додадете ги изблендираните вишни - енергично измешајте. Веднаш со овој фил премачкајте ја кората. Оставете да се лади, продолжувате со припремата на Ванила кремот.

    ВАНИЛ КРЕМ
    - Од млекото издвојте околу 150 мл. млеко во кое ќе го растворите пудингот.
    - Останатото млеко ставете во тенџере, додајте ја бурбон ванила шекерот, медот или шекер (зависи со што сте избрале да го спремите), ставете да зоврие. Варете околу 5 мин. на тивко за цело време мешајки го со лажица. Кога е сварен додадете во него киселата павлака и со миксерот целото тоа уработувајте го да се измешат, додадете аромата на ванилата и 10 гр. спремен желатинот спрема упатството. Веднаш налијте врз филот од малини, оставете да се целото тоа олади и зацврсти. Откако веќе е се спремано, глазирајте спрема рецептот од Огледало глазурата спремете и полијте спрема упатството, треба да е доволно оладена за да може да се налива. Нека се вцврсти

    ПРЕСЛИКАЧ
    Стопете ја чоколадата, да не е топла- но ниту оладена, налијте на траката која сте ја оформиле според ваша желба, сочекајте да олади, но доволно да можете да ја подигнете и залепите околу тортата, оставете да се скроз зацврсти-одлепете. Можете да кроите како ви е желба и да налевате стопена чоколада, тоа си зависи од самите вас.

    Забелешка
    - Откако ја испеков кората ја ставив на чинијата во која ќе стои, нго поставив обрачот (прстен), ја поставив кората внатре и потоа редоследно ги налевав филот, кремот и глазурата. Откако целото тоа се зацврсти, го одкопчав прстенот и го поставив пресликувачот.
    - Пресликачот веке спремен, доволно зацврстен, но и да дозвли да го замотам околу тортата ја оставив да одстои така преку ноќ, наредниот ден ја одлепив траката и тортата веќе готова.
     

    Attached Files:

  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    3 јајца
    200грама шекер
    50 грама зејтин
    50грама млеко
    1чаша+2лаж брашно
    50грама мелени ореви
    1 пециво
    1лаж какао
    2 пудинга од ванила
    2 пудинга од чоколада
    1литар млеко
    500грама маргарин
    500грама шекер во прав

    се матат 3 јајца со 200гр шекер потоа се додава 50 грама млеко и 50 гр зејтин се мати уште малку и се додава 1чаша+2лаж брашно 50 гр ореви пецивото и1лаж какао се матат две кори воедната не се става какао корите се резат преку средината и се добиват 4 за фил1 1литар млеко се дели на 500грама за пудинкот од ванила и пудинкот од чоколада оладените пѕдинга посебно се соединуват со по 250гр маргарин и 250 грама шекер во прав исе филува целата торта црна кора бел фил бела кора црн фил на крајот се премачкува целата торта
     

    Attached Files:

  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    Урма торта

    20 јајца
    500 гр. шеќер
    225 гр. ореви сецкани
    225 гр. урми изчистени, исецкани
    75 гр. суво грозје
    4 - 5 лажици брашно
    2 пакетчиња прашок за пециво
    300 гр. чоколадо
    300 гр. путер

    За оваа торта потребни се два пандишпани :

    1 пандишпан: 10 белки се матат додека се добие снег,се додава 150 гр шеќер и се мати убаво да се добие цврста смеса.
    Потоа се додава 1 жолчка и се разматува убаво и се додава сувата смеса од 150 гр ореви сецкани , 150 гр исецкани и исчистени урми, 50гр суво грозје , 2 – 3 лажици брашно,
    1 пециво се размешува убаво и се пече во плех од 40×42 на 200 степени 30 минути.

    2 пандишпан: Постапката на изработка е иста како првиот пандишпан само што продуктите се делат на половина од количината и се пече во истиот плех само смесата се разлева до половина од плехчето печењето е исто како и претходно.

    Кога тестата се готови се сече првото тесто на половина хоризонтално се филува со крем и се става второто тесто пак крем па третото и со кремот се премачкува целата торта.

    Крем: 13 жолчки, 4 цели јајца се матат со 200гр шеќер да се добие смеса во пенеста состојба се додава 300 гр чоколадо и се вари над пареа се додека не се растопи чоколадото и да се добие густина се лади и се меша со претходно изматен 300 гр путер.
     

    Attached Files:

  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Joined:
    Apr 7, 2012
    Messages:
    897
    Likes Received:
    7,318
    [​IMG]

    сплитска торта

    150гр смокви
    150гр ореви
    150гр суво грозје
    3-4лаж брашно
    9 белки
    9 лаж. шеќер

    фил
    9 жолчки
    9 лаж.шеќер во прав
    1 ванилин шеќер
    250гр путер

    припрема
    Смоквите, оревите и сувото грозје ситно се сечкаат , се додава брашното. Настрана се матат белките со шеќерот во цврст снег и се мешаат со сувата смеса.
    Се печи во плех 35*40см , 25мин на 180 С.

    На пареа се матат жолчките со шеќерот и ванилката, додека да згусни.Откако ќе се олади се матат жолчките со маргаринот.

    Кората се дели на 3 дела и се филува...
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    1 пакетче бисквити
    1 литар млеко
    9 лажици шеќер
    3 пудинга од ванила
    Подготовка:

    Во 900 мл млеко се ставаат 9 лажици шеќер. Се остава да се свари. Настрана 3 пудинга од ванила се мешаат со малку млеко, колку да се добие смеса без грутки. Откако ќе зоврие млекото се додава пудингот и се вари додека да се згусни, но не премногу.

    Потоа во четвртасто плехче се реди еден ред бисквити малку потопени во млеко, да не бидат меки само натопени во млекото. Се мачкаат со пудингот, потоа се реди нов ред на бисквити, само сега во спротивна насока и се' така до 3 реда. На крај, за декорација, можете да ја премачкате тортата со шлаг пена или чоколаден прелив.

    Оставете ја 2-3 часа во фрижидер и уживајте.
     

    Attached Files:

    Barca-Gril likes this.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    150 грама шеќер во прав
    30 бискоти
    650 милилитри млеко
    150 грама маргарин
    2 лажици крем
    1 ќесичка капучино
    2 пудинга од ванила
    100 милилитри јогурт

    Сварете го пудингот со млекото и оставете го да се олади. Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете ја смесата со оладениот пудинг. Додадете го овошниот јогурт, овошјето, еурокремот и половина ќесичка капучино. Сето тоа добро изматете го за филот убаво да се соедини.

    Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па додадете ги и изматете ги бискотите и редете ги на сад за послужување, па преку нив фил и повторно бискоти.

    За декорација, одозгора ставете шлаг и попрскајте со капучино.
     

    Attached Files:

  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,584
    Likes Received:
    5,928
    Мерка за подготовка на оваа торта е шолја за кафе

    5 шолји брашно

    5 шолји шеќер

    5 шолји млака вода

    2 шолји гриз

    1 пециво

    2 шолји масло

    2 полни лажици џем

    2 шолји сецкани ореви

    Во млака вода се растворува шеќерот, се додава маслото, џемот и се додаваат сите суви состојки: брашното, гриз, пециво и на крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче бр. 30 посолено со брашно.

    Се остава да отстои 1 час и потоа се пече на 150 степени околу 45 мин.

    Кога е печено се премачкува со тенок слој на џем и се посолува со мелени ореви
     

    Attached Files:

  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,846
    Likes Received:
    202,910
    Gender:
    Female
    Санигрл, не мораш посебен пост за секоја торта да пишуваш, можеш и сите рецепти во еден пост да ги ставиш. Според правилата на форумов, не е дозволено пост врз пост.
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,367
    луѓе јадев раванија која не беше прелиена со шербет туку имало внатре во смесата мармалад. беше навистина преубаво ниту суво ниту премногу течно како со шербетот. дали има некој рецепт за ваков тип на раванија ? побарав на интернет и тука ама не најдов....
     
  10. pink1991

    pink1991 Активен член

    Joined:
    Sep 11, 2013
    Messages:
    57
    Likes Received:
    5
    Дали некоја од вас знае и ке сака да ми напише филови за торти некои убави чоколадни, со кафе? Ви благодарам однапред 8)
     
  11. ruzica123

    ruzica123 Нов член

    Joined:
    Sep 22, 2013
    Messages:
    22
    Likes Received:
    4
    АФИОН ТОРТА
    4 чаши брашно

    2 чаши млеко

    2 чаши шеќер

    2 чаши масло за јадење

    100 г афион во зрно

    1 кесичка ВанилаПостапка: сето добро да се измеша со лажица, се истура во подмачкан и побрашнет правоаголен сад и се пече во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин.Оладениот колач се декорира со чоколаден прелив или шеќер во прав

    1 кесичка пециво
     
  12. tina.92

    tina.92 Активен член

    Joined:
    Sep 24, 2013
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Moze li da mi kazete nekoja ne mnogu teshka no vkusna recepta za cokoladna torta ? Mnogu cokoladna :)
     
  13. skorpija12345

    skorpija12345 Активен член

    Joined:
    Sep 24, 2013
    Messages:
    29
    Likes Received:
    2
    Ми треба фил за торта кори купечки , но само незнам како средината и филот ми треба рецепт за фил лесен т.е малце по едноставен!! btw чоколаден да е :)
     
    Korija likes this.
  14. malooto

    malooto Истакнат член

    Joined:
    Apr 6, 2011
    Messages:
    641
    Likes Received:
    380
    девојки ке биде некоја добра да ми каже некоја поубава торта и така поголема ми се ближи роденден и сакам да направам :D :*
     
  15. eleonoramardzieva

    eleonoramardzieva Истакнат член

    Joined:
    Sep 28, 2013
    Messages:
    194
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    Еве еден фил кој стално го правам многу ми е убав
    3кесички шлаг крем
    1 кујнско бело чоколадо
    500 гр млеко
    2 свежи банани
    Бананите се пасират добро или во блендер да станат кашести, потоа се мати шлаг кремот во него се додава растопеното кујнско чоколадо и пасираната банана продолжувате да матите со миксер. Кремот ке биде многу течен заради чоколадата и бананата па затоа пред да филувате оладете го во ладилник. Приатен апетит
     
    Korija likes this.
  16. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2013
    Messages:
    876
    Likes Received:
    927
    Gender:
    Female
    Кажете некоја лесна,не премногу комплицирана торта... :wasntme:
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Наидов на еден интересен и лесен рецепт, па еве да го споделам со вас. Едноставн а изгледа вкусно , плус е без шеќер , супер десерт за дијбетичарите. Погледнете
    https://mkd-news.com/mozhno-e-i-vkusno- ... -bez-foto/
     
  18. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    1,015
    Likes Received:
    1,186
    Јас пред некој ден правев Еским торта. Прелесна и превкусна. :mm:
    еве рецепт:http://hrivi.blogspot.com/2012/01/eskim-torta.html
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Ми треба рецепт за ледени коцки, нека пише некој ако знае.
     
    sofijanoka likes this.
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2013
    Messages:
    2,652
    Likes Received:
    15,512
    Gender:
    Female
    Еве два рецепта,мене овие ми се нај,инаку на овие две страни имаш и други варијанти од Ледените коцки,прогуглај малце,ќе најдеш нешто по твој вкус,прекрасни се страните. :)
    https://www.coolinarika.com/recept/712050/
    http://tortekolaci.com/kolaci/ledene-kocke
     
    savana likes this.