Ми се виде лесна тортава....а може ли да се стави нешто друго наместо пудинг од ванила...чисто онака ме интересира... Патем некој да ми каже за што се користи Нишесте?
15 крем бананки 2 пакетчиња ресани 250гр бисквити 250гр маргарин 2 кесички пудинг од ванила Подготовка: Се прави пудингот и се остава да се лади. Во меѓувреме се сецкаат бананките, ресаните и бисквитите , се додава пудингот и се меша. Потоа се става во некој сад правоаголен или каков што имате. Над тоа се става растопена чоколада па се става у фрижидер да се стврдне. Пробајте многу е вкусно, а и лесно за правење
Жени дајте некој испробан рецепт на чоколадна торта. По можност повеќе крем помалку тесто ми треба за роденден на мм
ве молам ако имате некоја рецепта за помалечка торта, на дечко ми му е роденден и сакам да му направам нешто, чисто како знак на внимание и по можност да е со чоколадо или карамела
Еве и од мене една прекрасна торта СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ 6 супени лажици џем 10 супени лажици шеќер 1 кесичка цимет кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал 1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво 500 гр. брашно ¼ л. млака вода 1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми) мармалад од кајсија 150 гр. посно чоколадо за готвење Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.
Барам рецепт, се работи за торта, кекс, колач во два слоја. Долу е обична потурена раванија или така нешто, а горе е бел подебел слој од нешто меко, ми личи нешто со гриз или нишесте. Ја јадев на сега за Божиќ, ама немам рецепт, а навистина беше вкусна.
Здраво феминки, Дали некој знае рецепт за влашка торта?! Сите ја фалат многу, а никаде неможам да најдам рецепт. Се надевам некој ќе сподели
Дур се пече да ви ја пишам 4 јајца 16 лажици шеќер 16 лажици брашно 16 лажици млеко 16 лажици зејтин 1 пециво Со миксер се матат прво јајцата и шеќерот, па од кога ќе се згусне се става останатото. Се пече во тавче бр. 32 250 мл вода 250 гр. шеќер 2 лажици какао 1 ванилин шеќер Од кога ќе се испече тортата, дур се лади, се прави шербетот. Се сече тестото ладно и се попарува со шербетов. Јас не го ставам секогаш цел шербет зошто сакам кога е шарено.
Здраво. Ми треба сладок рецепт за торта. Сакам да му направам на дечко ми за св.Валентин, само да не биде чоколадна, и доколку знаете како да ја направам во форма на срце, и дајте ми идеја за декорација. Благодарам однапред.
Ако некој го интересира, најдов што било, не било баш торта, туку Ледени коцки. Има доста рецепти на интернет , се прави со густин. Многу се вкусни, и релативно лесно се прави. http://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B5% ... A%D0%B8-2/
девојки јас барам некој рецепт на чоколадна торта, ама да не биде многу скапа, некоја економична торта
Мојата омилена : - За тесто: Пола литар јогурт, 1 чаша шеќер, 2 чаши брашно, половина чаша масло, 1 пециво, 3 лажици какао. Се пече на 200 степени околу 15 мин. Откако ќе се испече се прелива со приготвениот прелив. -За прелив: 120мл млеко, 1 ипол чоколада за кување, 3 лажици какао, 5 лажици шекер и околу 100 грама маргарин. Сето тоа убаво да се растопи и соедини но не да зоврие. Откако ќе се прелие тортата се остава да се здрви преливот и одозгора се ренда преостанатата половина од чоколадата. Многу е вкусно
Еве ја рецептата за мојата омилена торта во последниов период. Се вика Карпати - според изгледот, односно површината која е нерамна и личи на планиниве. Но, слободно може да се нарече и Еклер-торта бидејќи корите се всушност тесто како за еклери. Кори Во 2дл зовриена вода се растопува пола маргарин Кристал. Се додава 180 г брашно, малку сол и убаво се меша со лажица. Откако ќе се олади се додаваат едно по едно 5 јајца и се меша со делот од миксерот кој е за тесто. Во правоаголен плех, на хартија за печење се мачка од смесата тенок слој. Се пече на 200 степени во претходно загреана рерна, околу 20 мин. Но, оставете ја уште малку во исклучена рерна да се досуши. На овој начин се прават 2 кори. Значи ќе добиете две кори кои се со многу интересн изглед со нерамнини. Филот го правам многу едноставно-варам три пудинга во 1л млако и 9 лажици шекер. Откако ќе се подолади додавам околу 100г. путер. Но, може да направите било каков фил, а во органалната рецепта од Кулинарка, во филот се редат и праски од компот. Филот е во средина, а одозгора се посипува со шеќер во прав. Еве како изгледа
Една забалешка. Во вашите рецепти за торти, мислам дека би требало да пишете и димензии на тавчето во кое се пече пандишпанот ... Инаку најубава ми е Киндер торта, имаше рецепт од една феминка во првите страници на темава, само што јас не правев пандишпан, туку купив готов од Винчини и ми испадна многу убаво тортата
Зимам 5 палачинки, им ставам обично чоколадо, банани, блага хопла. Ги превиткувам како ќе ми текне и ги оставам да се потпечат на загреана рерна 3-4 минути. Ги вадам, ако имам крем им турам Спојлер читај: истурам И ги јадам. Боље од торта.