1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецепти за торти

Дискусија во 'Рецепти' започната од white-chocolate, 25 март 2010.

  1. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.064
    Малку каснам ама еве една испробана и доста вкусна.
    Лимонова торта
    Состојки
    6 јајца
    1 и пола шолја шеќер (од 250мл)
    пола шолја масло за јадење
    сок и кора од 1 лимон
    2 шолји брашно
    пола кесичка прашок за печиво
    50гр. сецкано чоколадо
    малку шеќер во прав за поросување
    Подготовка:
    Најпрво се уработуват јајцата со шеќерот во сад за матење со жица. Потоа се додава маслото за јадење, сокот и кората од лимонот, брашното и прашокот за печиво и се мати со жицата додека смесата не стане хомогена и пенеста. Смесата се префрла во тава за печење бр.30.
    Одозгора се поросува со сецканото чоколадо кое претходно сме го набрашниле малку и се печи 40 минути на 180 степени во загреана рерна. Готовата торта се поросува со шеќер во прав.
     
    На Viktorii4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.353
    Жени како беше тортата со бисквити и пудинг што се лепеа бисквитите така нешто?Многу е вкусна сум ја јадела и лесна е сигурно,а имаше и некоја финта со сечењето на парчињата да доаѓаа бисквитите на косо :?:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Свариш пудинг од чоколадо во 500мл млеко со 6 лаж шеќер. Во таа смеса додадеш 1/4 матен путер со малку прав шеќер и филот е готов. Јас додавам и 100гр топено чоколадо и 100гр сецкани ореви. Бисвитите ги топам во ладно млеко, капучино или нес кафе или што сакаш.
    На крај одозгора ставиш шлаг или од филот па нарендаш чоколада....Некогаш за да добијам на количина на фил на крај ставам и 1 матен шлаг во филот.
    За парчиња на косо е онаа финта со онаа ,,обланда елка,, рецептот што е :D е само незнам како да ти објаснам :$
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    9.064
    За бисквитите да ти испаднат на косо,лепи ги со филот бисквитите вертикално еден до друг како ролат а откако се излади сечи ги на косо.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Трилече

    Потребни состојки: 6 јајца, 300 гр шеќер, 2 ванили, 1 пециво, 400 гр брашно, 500 мл слатка павлака, 300 гр млеко во прав, литар ипол тетрапак млеко, 250 гр карамел прелив.

    Тесто: Белките (6) се матат со шеќерот и двете ванилици. Откако ќе згусне смесата, се додаваат (само) две жолчки и се меша со лажица. Се додава брашното помешано со пециво, но не одеднаш туку една по една лажица и после секоја се меша. Се пече на хартија малце намачкана со зејтинче, на 180 степени во тава 32. Тестото да се олади.

    Прелив: Во тенџере на оган се става литар ипол млекото тетрапак, 300 гр млеко во прав и 500 гр слатка павлака. Да нема грутчиња и се меша додека не се стопли малце смесата, а не да се вжешти.

    Во меѓувреме се вади тестото од тавчето и се истура пола од преливот од млеко во празната тава, се става тестото и од горе се истура и другата половина. Се сече, се прелива со карамел преливот и се става во фрижидер.

    Денес го направив, одлично испадна. Тестото всушност има речиси еднаков вкус како тестото на раванијата, но со поубав шмек е поради состојките. Млекото ќе си остане како сос во тортата, немојте да мислите дека премногу сте ставиле. :)
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Еве една брза и вкусна:

    Пандишпан:
    - половина литар јогурт
    - 2 до 3 филџани шеќер по желба
    - 2 филџани масло
    - 1 лажица какао
    - околу 5 филџани брашно
    - 1 пециво

    Се пече на 200 степени околу 15 минути.
    Откако ќе се извади пандишпанот веднаш додека е топол се премачкува со еурокрем (јас го редам цел еурокрем од 400 гр). Потоа откако ќе се излади се премачкува со шлаг крем или шлаг пена по желба :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Еве една лесна торта
    400 грама бискоти
    Пола литар јогурт
    2 кухински чоколада
    1 шлаг крем од чоколадо
    2 банани
    1 шлаг крем од ванила
    Една ванилка доколку имате

    Јогуртот и бискотите ги мешате заедно бискотите треба да бидат ускршени се додава девет лажички шеќер,пакетчето од ванила и малку изрендано кухинско чоколадо. Тоа се остава на страна.Со 200 милилитри млеко се раствата шлаг од ванила а во дтуго канче со исто толку млеко шлаг од чоколадо.Во послужавник се става смесата од бисквити,јогурт и се става првата смеса а потоа се стават врз та две банани и потоа одозгора 2 шлага.За декорација се ренда другото кухинско чоколадо. :)
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    А зошто и јогурт? Се осеќа ли после?
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ми треба рецепт за поголема торта, роденденска, по можност на 2-3 "спрата"
    Ми се ближи роденден а не можам да им го погодам вкусот на сите, едните сакаат чоколадна торта, други сакаат бели филови, некои карамел. Па ми треба некоја комбинација, со бел, со црн фил, со крембанани, или урми, може и карамел, битно тортата да биде сочна, со убав фил со преовладувачки вкус на чоколадо.
    Ако имате некој испробан рецепт, споделете.
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ја направив оваа, навистина е премногу брза и вкусна, ја препорачувам.

    Еве еден рецепт од мене.

    Кокос коцки

    Потребни состојки:

    4 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици брашно, 1 прашок за пециво, 1 дцл млеко, 1 дцл зејтин, 2 лажици какао.

    За фил:

    500 мл млеко, 100 грама кокосово брашно, 3 лажици брашно, 10 лажици шеќер.

    Глазура од чоколадо:

    200 мл хопла
    200 гр чоколадо за готвење

    Начин на подготовка:

    Се матат јајцата со шеќерот, потоа се додава зејтин, млеко и на крај брашно помешано со прашокот за пециво и се меша. Тавата (од прилика 20x30) да се намачка со зејтин, да се попрска со брашно и да се стави пола од смесата внатре. Се пече на 170 степени околу десетина минути. Во меѓувреме да се припреми филот.
    Се става млеко и шеќер на оган, а претходно малку од млекото одвоете за да го растворите брашното, да нема ниедна грутка. Кога млекото ќе се загрее се додава брашното и кокосовото брашно и кога смесата ќе згусне се премачкува врз кората и повторно се враќа во рерна уште десетина минути. После тоа се вади од рерна и се додава и другата половина од смесата во која се веќе додадени двете лажици какао. Се пече околу 10-15 минути. Кога ќе го извадите колачот од рерна, оставете малку да се олади и прелиете со глазурата која ќе ја добиете откако на оган ќе го стопите чоколадото за готвење во хоплата.

    Пријатен десерт!
     
    На An4e24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Торта си овошје

    3 јајца
    3 лажици вода
    10 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    презла
    Тавче 28 број:Се мачка со маргарин,а врз него се става презлата.
    Брз презлата се става сецкано овошје:праски,сливи...а врз овошјето матената смеса.
    Се пече,а испеченото се превртува.
    Овошјето е одозгора.
    :)
     
    На Antolinaa и lepa.milena им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Братучедка - ми се запнала јас да и правам торта за роденден. |(
    А јас немам поим ни ,,т'' од торта како се прави. :rofl:
    Госпожата сакала да биде со убав чоколаден фил, со мелени бадеми и ораси.
    Не, не знае што сака. :!: :D
    Како и да е, давајте предлози и совети луѓе!
    Од каде да купам пандишпан? Како да го направам филот, колку шеќер да ставам итн. :)
    Благодарам.

    Сакала ваква да искочи, ми ја симна и сликата од нет, еве ја кај мене у компјутер.
    Ноу комент.. :D

    [​IMG]
     
  13. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски

    Повели рецепт за чоколадна торта со ганаш фростинг ;)
    Ова е мојот go to рецепт за чоколадна торта.
    Chocolate Cake
    Original recipe makes 2 - 9 inch round cake layers
    Ingredients
    2 cups white sugar
    1 3/4 cups all-purpose flour
    3/4 cup unsweetened cocoa powder
    1 1/2 teaspoons baking powder
    1 1/2 teaspoons baking soda
    1 teaspoon salt
    2 eggs
    1 cup milk
    1/2 cup vegetable oil
    2 teaspoons vanilla extract
    1 cup boiling water

    Directions
    Preheat oven to 350 degrees F (175 degrees C). Grease and flour two nine inch round pans.
    In a large bowl, stir together the sugar, flour, cocoa, baking powder, baking soda and salt. Add the eggs, milk, oil and vanilla, mix for 2 minutes on medium speed of mixer. Stir in the boiling water last. Batter will be thin. Pour evenly into the prepared pans.
    Bake 30 to 35 minutes in the preheated oven, until the cake tests done with a toothpick. Cool in the pans for 10 minutes, then remove to a wire rack to cool completely.

    Фростингот е чоколаден ганаш и се прави со полевање на зовриена хопла врз искршено чоколадо. Колку е поквалитетно чоколадото, толку подобар ќе биде ганашот. Се остава малку да олади (малку, затоа што како што се лади брзо згуснува и потоа е тешко да се размачка). И се разматува со жица.

    Ја мачкаш тортата со ганаш. Ставаш рендано чоколадо (или ако ептен сакаш вакви како на сликата, тогаш растопено чоколадо со путер се истура во тенок слој на работната маса, можеби може и на хартија за печење, и откако ќе се зацврсти со спатула се тргаат вертикални линии).
    Воала :D
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Фала многу. Ќе видам што ќе направам со фамознава торта.
    Како што никогаш досега немам фатено миксер и лажица за матење во очекување сум на нешто ,,спектакуларно''. :D
     
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.337
    Пол:
    Женски
    Некој рецепт за торти кои се прават за пократко време :wasntme: ?
     
  16. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Тортата испадна навистина убава... Пред малку ја испеков... Превкусна е :D
     
    На erica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Ај хелп за некоја поедноставна торта и ако е можно да не е со чоколадо... :(
     
  18. Sweet888

    Sweet888 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    СЕ ТОПИ ВО УСТА: НЕСТЛЕ ТОРТА
    Состојки:

    Кора:
    6 белки
    6 лажици шеќер
    5 лажици мелени ореви
    2 лажици брашно

    Прелив за кора:
    300 гр чоколадо
    125 гр маргарин

    Фил:
    1 л млеко
    18 жолчки
    10 лажици брашно
    10 лажици шеќер
    250 гр маргарин
    200 гр Несквик

    Топ фил за цела торта:
    300 гр шлаг крем
    400 мл минерална вода

    Подготовка:

    Изматете ги со миксер потребните состојки за кора. Кората се пече на 180 степени додека не добие златно-кафена боја. Откако ќе се олади кората се филува со чоколадо и маргарин кои претходно сте ги стопиле на пареа. Изматете ги жолчките со брашно и малку млеко кое ќе го издвоите од литарот, а во остатокот млеко додадете шеќер и сварете го. Во врелото млеко додадете ги матените жолчки и добро мешајте да не загори.

    Тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете го маргаринот и додадете го во ладниот фил со жолчките. Додадете и Несквик прав и добро измешајте. Изматете ги шлаг кремите со минерална вода. Додадете од кремот врз кората со чоколадо, прво кафен крем, а потоа и шлаг крем. И така се додека не се потрошат корите.
    го има некој пробано овој рецепт ?
     
  19. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Сакам оваа торта да ја направам е сега сакам да прашам дали ке може да искоминирам со несто друго како на пример некој прелив овошен или овојше нешто друго предложете ??
     
  20. Sweet888

    Sweet888 Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    мислам дека може да се искомбинира со овојше на пр.цреши или јагоди
    Инаку имаш пробано да ја направиш тортата ?